TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Новинарот коj го гаѓаше Буш поднел жалба против обезбедувањето

А1 - 21.12.2008

Ирачкиот новинар Мунтазер ал Заиди, кој фрлаше чевли по американскиот претседател Џорџ Буш, поднел жалба против обезбедувањето на ирачкиот премиер Нури ал Малики, во која ги обвинува телохранителите за претепување за време и после неговото апсење. Ова го соопшти Дија ал Саади, адвокат на Заиди.

Семејството на Ал-Зеиди окупира парк во Багдад

Вечер Прес - 21.12.2008

Семејството на ирачкиот новинар кој беше уапсен откако го гаѓаше со чевли американскиот претседател Џорџ Буш, саботата окупира парк во Багдад, со цел да издејствува негово ослободување. "Ќе останеме тука се додека тој не биде ослободен, дури и ако војниците се обидат да не избркаат", изјави братот на Мунтадар ал Зеиди, 32-годишниот Дургам.

Семејството на новинарот кој го гаѓаше Буш со чевли окупира парк во Багдад

А1 - 20.12.2008

Семејството на ирачкиот новинар кој беше уапсен откако го гаѓаше со чевли американскиот претседател Џорџ Буш окупира парк во Багдад, со цел да издејствува негово ослободување. „Ќе останеме тука се додека тој не биде ослободен, дури и ако војниците се обидат да не избркаат“, изјави братот на Мунтазер ал Заиди, 32-годишниот Дургам.

Новинарот му се извини на премиерот Малики

Време - 20.12.2008

Канцеларијата на ирачкиот премиер Нури ал Малики вчера соопшти дека ирачкиот новинар Мунтадар ал Заиди му се извинил на ирачкиот премиер Нури ал Малики бидејќи со фрлањето чевли врз американскиот претседател Џорџ Буш го посрамотил пред светот. Братот на ирачкиот новинар ги демантира тврдењата.

Ал Заиди: Повторно би го гаѓал Буш со чевли!

Нетпрес - 20.12.2008

Ирачкиот новинар кој со чевли го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш изјавил дека повторно би направил истото доколку му се укаже прилика, соопштил извор близок на истрагата. “Во писмото до ирачкиот претседател, Мунтадар ал-Заиди му се извинил само на Нури ал-Малики“, соопштил изворот, а пренела агенцијата “Фарданјуз“. “Тој рекол дека не се ...

Буш: Тензиите меѓу САД и Русија остануваат

А1 - 19.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш верува дека со рускиот премиер Владимир Путин, со кого имаа многу сложени односи како шефови на држави, ќе се разделат пријателски, притоа прогнозирајќи дека „тензиите“ меѓу САД и Русија ќе останат и понатаму.

Ирачкиот новинар доби брачна понуда и обвинение

Време - 19.12.2008

Ирачкиот новинар Мунтадар ал Заиди, кој го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш со чевли, доби обвинение за напад врз странски државник, понуда за брак од 20-годишна ќерка на еден Египќанец и модел на чевли „мунтандар“ наречен во негова чест.

Фрлачот на чевли се извинил

Вест - 19.12.2008

БАГДАД, 19 декември (Ројтерс) - Ирачкиот новинар што ги фрли своите чевли врз американскиот претседател Џорџ Буш му се извини на ирачкиот премиер Нури ал-Малики зашто го посрамотил пред целиот свет, соопштија вчера од канцеларијата на премиерот.

Дожд од чевли врз американски маринци

Дневник - 19.12.2008

Чевли, со имиња на жртви од војната во Ирак, се оставени пред Белата куќа во Вашингтон, како протест поради политиката на Буш. Египќанецот Саад Гумаа ја понуди раката на својата 20-годишна ќерка на ирачкиот новинар Мунтазар ал-Зејди, кој го гаѓаше со чевли американскиот претседател Џорџ Буш.

Ирачкиот новинар се извинил?

Н.Македонија - 19.12.2008

Ирачкиот новинар Мунтазер ал Заиди, кој во Багдад го гаѓаше претседателот на САД Џорџ Буш со своите чевли, му пишал писмо на ирачкиот премиер во кое му се извинил за инцидентот и побарал прошка, тврди ирачката влада. Еден од браќата на Заиди изјавил дека тврдењето оти брат му се извинил е лага.

Буш: Разделбата со Путин ќе биде пријателска, но тензиите меѓу САД и Русија остануваат

Канал5 - 19.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш верува дека со рускиот премиер Владимир Путин, со кого имаа многу сложени односи како шефови на држави, ќе се разделат пријателски, притоа прогнозирајќи дека „тензиите“ меѓу САД и Русија ќе останат и понатаму.

Разделбата со Путин ќе биде пријателска, но тензиите меѓу САД и Русија остануваат

Кирилица - 19.12.2008

Буш и Путин последен пат се сретнаа во август годинава на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Пекинг, во момент кога двете држави имаа сосема спротивставени ставови, за време на руско-грузискиот конфликт. Очевидци тврдат дека двајцата соговорници тогаш размениле многу остри забелешки.

Ал Зеиди доби мерцедес, а му даваат и невеста...

Вечер Прес - 19.12.2008

Претприемач од Бахреин, Куреиш Бунири, на ирачкиот новинар Мунтадар ал Зеиди, кој во Багдад го гаѓаше со чевли американскиот претседател Џорџ Буш, му го подарил својот автомобил марка "мерцедес", пренесе РИА Новисти, цитирајќи арапски медиуми. "Ал Заиди со сигурност заслужува нешто повеќе.

Бизнисмен од Бахреин му подари “мерцедес“ на новинарот кој го гаѓаше Буш со обувки

Нетпрес - 19.12.2008

Претприемач од Бахреин, Куреиш Бунири, на ирачкиот новинар Мунтазер аз Заиди му го подарил својот автомобил марка “мерцедес“, пренесе РИА Новисти, цитирајќи арапски медиуми. На 14 декември за време на заедничка прес конференција на американскиот претсеадтел Џорџ Буш и ирачкиот премиер Нури ал Малики, Заиду своите обувки ги фрли кон лидерот на САД, ...

Уништени чевлите кои беа фрлени врз Џорџ Буш

А1 - 18.12.2008

Чевлите со кои ирачкиот новинар го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш, беа уништени по извршените анализи, кои имаа цел да го утврдат евентуално присуство на експлозиви во нив, информира истражен судија. „Чевлите беа анализирани од американски и ирачки служби за безбедност, по што беа уништени“, изјави ирачкиот судија.

Ирак ќе решава залетечкиот чевел

Време - 18.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш му препушта на Ирак да одлучи дали новинарот Мутанзер ал Заиди, кој фрли чевел кон него, ќе биде казнет или помилуван, пренесува МИА. Американскиот претседател не чувствува никаква желба за одмазда, изјави Дејна Перино, портпаролка на Белата куќа.

Буш не му е лут на новинарот што го гаѓаше со чевли

Утрински - 18.12.2008

Буш не му е лут на новинарот што го гаѓаше со чевли. Американскиот претседател „не му се лути“ на ирачкиот новинар кој ги фрли чевлите кон него, соопштија од Белата куќа. Мунтадар ал Заиди ги фрли чевлите кон Џорџ Буш за време на конференцијата за печат што се одржа во Багдад, притоа нарекувајќи го куче.

Изгорени чевлите на ирачкиот новинар

Телма - 18.12.2008

Чевлите со кои ирачкиот новинар го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш, беа уништени по извршените анализи, кои имаа цел да го утврдат евентуално присуство на експлозиви во нив, информира истражен судија. „Чевлите беа анализирани од американски и ирачки служби за безбедност, по што беа уништени“, изјави ирачкиот судија.

Ирачкиот новинар добива и брачни понуди

Н.Македонија - 18.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш не му се лути на ирачкиот новинар, кој го гаѓаше со своите чевли, изјавила портпаролката на Белата куќа, Дејна Перино, која и самата има модринка под десното око од инцидентот во Багдад. Портпаролката била погодена од држач за микрофон во моментот кога обезбедувањето го совладало новинарот, јави АФП.

Буш: Не сум се раководел од анкетни резултати при донесување одлуки

Кирилица - 18.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ изјави дека не си ја продал душата за да стане популарен, додавајќи дека претседателите кои носат решенија врз основа на анкетни резултати сигурно ...

Уништени чевлите кои беа фрлени врз Џорџ Буш

Кирилица - 18.12.2008

Чевлите, со кои ирачкиот новинар го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш, беа уништени по извршените анализи, кои имаа цел да го утврдат евентуално присуство на експлозиви во нив, изјави истражен ...

Заеднички ручек на досегашните претседатели на САД

Нетпрес - 18.12.2008

Претседателот во заминување на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш на 7-ми јануари ќе му приреди ручек на својот наследник во Белата куќа, Барак Обама, пренесуваа светските агенции. Како што е соопштено, на тој ручек во Белата куќа, покрај Обама, ќе присуствуваат и тројцата живи поранешни претседатели на САД, Џими Картер, Бил Клинтон и Џорџ ...

Му ја понудил ќерката на новинарот кој со чевли го гаѓаше Буш

Нетпрес - 18.12.2008

Египќанецот Сеад Гума му ја понудил раката на својата 20-годишна ќерка на ирачкиот новинар Мунтадар ал-Зеиди кој го гаѓаше со чевли американскиот претседател Буш. Студентката по новинарство Амал Гума се согласила на таквата идејата. “Би била почестена. Би сакала да живеам во Ирак, посебно во врска со тој херој“, рекла Гума.

Буш: Не чувствувам никаква желба за одмазда

А1 - 17.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш му препушта на Ирак одлука за казнување илил помилување на новинарот кој фрли чевел кон него и не чувствува никаква желба за одмазда, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Дејна Перино. „Претседателот смета дека тоа бил само еден чевел, и оти луѓето се изразуваат на многу различни начини“, додаде таа.

Онлајн-игра: Одбрани го Буш од летачки чевли

Време - 17.12.2008

Моментот кога ирачкиот новинар фрла чевли врз американскиот претседател Џорџ Буш на прес-конференцијата во Багдад е овековечен со компјутерска игра на интернет, пренесуваат американските медиуми. Тој што сака да ја игра играта презема улога на агент од обезбедувањето на американскиот претседател и има задача да пука во чевлите кои летаат во правец ...

Вашингтон: Претседателот Буш нема одмазнички чувства спрема ирачкиот новинар

Р.С.Европа - 17.12.2008

Белата Куќа соопшти дека претседателот Џорџ Буш немал одмазнички чувства спрема ирачкиот новинар кој ги фрли чевлите врз него на прес конференцијата во Багдад. Портапарлот на Белата Куќа Дана Перино изјави дека останува на ирачките власти да решат како ќе го казнат ...

Десет милиони долари за чевелот фрлен кон Буш

Утрински - 17.12.2008

Парите ги понудил бизнисмен од Саудиска Арабија, а над 200 адвокати се понудија да го бранат напаѓачот. Багдад - Чифтот чевли на 29-годишниот ирачки новинар Мунтадар аз Зеиди, кој фрли чевел кон американскиот претседател Џорџ Буш, предизвикаа неверојатна заинтересираност, а почетната цена од сто илјади долари достигна фантастична сума од десет ...

Џорџ Буш

Утрински - 17.12.2008

Поентираше токму во последните денови од својот втор мандат како најмоќна личност на планетата. Поподвижен отколку што тоа му го дозволуваат годините (62) кога со пар чевли го гаѓаше ирачки новинар, и со саркастичниот коментар „се' што можам да кажам е дека беа број 10“, Џорџ Буш има шанси да стане повеќе од личност на денот и многу веројатно ...

Саудиец нуди милиони долари за чевлите фрлени врз Буш

Дневник - 17.12.2008

Ирачкиот новинар што фрлаше со чевли по американскиот претседател Џорџ Буш, по инцидентот бил претепан од ирачките безбед носни служби. Скршени му се раката и ребрата, повредено му е окото и едната нога - соопшти неговиот брат, кој тврди дека новинарот е сместен во „Зелената зона“, каде што е под надзор од службениците за државна безбедност.

Претепан новинарот што го гаѓаше Буш со чевли

Н.Македонија - 17.12.2008

Ирачкиот новинар што во неделата во Багдад го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш со своите чевли, бил претепан од ирачките безбедносни сили, изјавил за АФП братот на новинарот. Дурхам Заиди, меѓутоа, не можел да потврди дали ирачките војници го претепале брат му Мунтазер (29) веднаш по инцидентот или подоцна во притвор.

Ирачкиот новинар изведен пред Суд

Алсат-М - 17.12.2008

Ирачкиот новинар кој ги фрли своите чевли кон американскиот претседател Буш, се појави пред истражен судија. Новинарот ал Зеиди е обвинет за напад. Во меѓувреме, портпаролот на Белат куќа во Вашингтон, Дана Перино, изјави дека само ирачките власти треба да одлучат дали тој треба да биде казнет или не.

Новинарот кој го нападна Џорџ Буш со чевли, ќе биде изведен пред суд

Кирилица - 17.12.2008

Ирачки правници откриваат дека против Зајди можат да се покренат неколку различни обвиненија. Едно за агресивни дејствија против странки шеф на држава во официјална посета, што може да му донесе пресуда до седум години затвор.

Новинарот кој го нападна Џорџ Буш со чевли, ќе биде изведен пред суд

Канал5 - 17.12.2008

Ирачкиот новинар Мутанзер ал Зајди, кој го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш со своите чевли и притоа го нарече "пес", денеска ќе биде сослушан од судија од кривичниот суд, што претставува прв чекор кон поднесување обвинение против него, пишува весникот "Њујорк тајмс".

Дејна Перино го извлече подебелиот крај во инцидентот со Буш во Ирак

Кирилица - 17.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш остана неповреден во инцидентот во Ирак кога еден локален новинар фрли чевли врз него, но во општиот метеж што следеше настрада неговата прес секретарка Дејна Перино, која се здоби со модрица на ...

Ирачкиот новинар има скршена рака и неколку ребра

А1 - 16.12.2008

Ирачкиот новинар Мунтадар ал Зејди, кој американскиот претседател Џорџ Буш го нарече куче и го гаѓаше со чевли, денеска е предаден на ирачката воена команда во Багдад, а неговиот брат тврди дека е претепан од припадниците на ирачките служби за безбедност.

Дали е тепан напаѓачот на Буш?

BBC - 16.12.2008

Портпарол на ирачката војска ги негираше извештаите дека е повреден новинарот Мунтадар ал-Зејди, кој на завчерашната прес-конференција ги фрли неговите чевли кон американскиот претседател Џорџ Буш. Братот на Зејди за БиБиСи изјави дека тој има скршена рака, ребра и внатрешно крвавење, иако не е јасно каде би можел да биде повреден.

Буш избегна чевел во главата

Време - 16.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш за време на неговата посета на Ирак во неделата за влакно избегна удар по главата од ирачки новинар кој неочекувано го фрли својот чевел врз американскиот претседател за време на прес-конференцијата во Багдад.

Ѓон за Буш

Вест - 16.12.2008

БАГДАД/КАБУЛ, 16 декември (АП) - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера ја заврши брзата посета на две воени зони што на многу начини беше победоносна рунда без јасна победа. Се случи и еден инцидент кога ирачки новинар фрли пар чевли по Буш, што подоцна беше опишан како "бизарен момент".

Џорџ Буш нападнат со чевли во Ирак

Утрински - 16.12.2008

За време на прес- конференцијата во Багдад, еден од ирачките новинари ги собу чевлите и ги фрли кон Буш. БАГДАТ - Кон претседателот на САД Џорџ Буш, беа фрлени чифт чевли на една прес-конференција за време на неговата последна ненадејна посета на Ирак пред заминување од функцијата во јануари следната година.

САД не се откажуваат од Авганистан

Утрински - 16.12.2008

КАБУЛ - Претседателот Џорџ Буш вчера му посочи на авганистанскиот колега Хамид Карзаи дека САД ќе и' помогнат на земјата уништена од војна и покрај транзицијата на власта во Белата куќа. Движејќи се од една во друга воена зона, Буш од Багдад во тајност замина за Кабул, слетувајќи во земјата со првиот мрак, за разговори со Карзаи и средби со ...

Фантастични 10 милиони долари за чевел на ирачкиот новинар

Телма - 16.12.2008

За парот чевли со кои што беше гаѓан американскиот претседател Џорџ Буш, настанала вистинска еуфорија. Почетната цена на чевлите на 29 – годишниот новинар Мунтадар аз Зеидија, од 100.000 долари, достигнала фантастични 10 милиони и тоа не за двете, туку само за едниот чевел.

Ирачки новинар го гаѓаше со чевли Џорџ Буш

Дневник - 16.12.2008

Во културата на исламските земји фрлањето чевел врз некого е најголема навреда и знак за презир. Ирачки новинар во неделата го нападна американскиот претседател Џорџ Буш гаѓајќи го со своите чевли, по што на арапски јазик го нарече куче.Инцидентот се случил додека Буш држел прес-конференција со ирачкиот премиер Нури ал Малики, за време на неговата ...

Чевлите за Буш го разбрануваа Ирак

Н.Македонија - 16.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш ја заврши прошталната посета на Ирак, но успеа да ја разбранува земјата откако новинар го гаѓаше со чевли. Илјадници Ирачани излегоа на улиците во земјата и побараа ослободување на новинарот Мунтазер ал Заиди од телевизијата Ал-Багдадија. Истовремено, арапскиот свет го поздрави „подарокот“ за Буш, јави АФП.

Претепан новинарот што фрлаше кондури по Буш

Алсат-М - 16.12.2008

Ирачкиот новинар кој фрлаше со кондури по американскиот претседател Џорџ Буш, по инцидентот бил претепан од ирачките безбедносни служби. „Скршена му е раката и ребрата, повредено му е окото и едната нога“, информираше неговиот брат, кој тврди дека новинарот е сместен во „Зелената зона“, каде е под присмотра на службениците ...

Не стивнуваат реакциите фрлањето кондури врз Буш

Алсат-М - 16.12.2008

Светска фама и тепачка по чевлите кои беа упатени кон главата на Џорџ Буш. Цената расте од час во час. До овој момент највеќе пари за да ги откупи понуди 60 годишен бизнисмен од Саудиска Арабија. Подготвен е да плати 10 милиони долари за само еден чевел.

Багдадскиот чевел

Форум - 16.12.2008

Што да се прави, повторно мораме да прашаме нешто во Холивуд... Чевлите кои ирачкиот новинар Мунтадар ал Зеиди ги фрли кон американскиот претседател во заминување Џорџ Буш за време на неговата проштална посета на Ирак за многумина е спектакуларен настан, и тоа во живо, каков што може да приреди само телевизискиот медиум.

Ирачкиот новинар што го гаѓаше Буш со чевли се наоѓа во воен притвор, брат му тврди дека е претепан

Кирилица - 16.12.2008

Ирачкиот новинар Мунтадар ал Зејди, кој американскиот претседател Џорџ Буш го нарече куче и го гаѓаше со чевли, денеска е предаден на ирачката воена команда во Багдад, а неговиот брат тврди дека е претепан од припадниците на ирачките служби за ...

Ирачкиот новинар што го гаѓаше Буш со чевли се наоѓа во воен притвор, брат му тврди дека е претепан

Канал5 - 16.12.2008

Ирачкиот новинар Мунтадар ал Зејди, кој американскиот претседател Џорџ Буш го нарече куче и го гаѓаше со чевли, денеска е предаден на ирачката воена команда во Багдад, а неговиот брат тврди дека е претепан од припадниците на ирачките служби за безбедност.

За чевелот кој беше фрлен кон Буш понудени десет милиони долари

Кирилица - 16.12.2008

Меѓутоа се уште не е познато каде се наоѓаат чевлите, кои беа фрлени кон Буш пред два дена на прес-конференцијата во Багдад. Според некои верзии чевлите можеби се конфискувани од ирачките служби за безбедност или се однесени како сувенир од соработниците на администрацијата на Буш.

Десет милиони долари за чевелот на ирачкиот новинар што летна кон Буш

Канал5 - 16.12.2008

Братот на ирачкиот новинар кој со чевли го гаѓаше претседателот Џорџ Буш, изјави дека потегот на брат му бил спонтан и оти ја претставувал волјата на како што рече, милиони Ирачани кои го презираат тиранинот. Според него, анти-американизмот на 29-годишниот Мунтадар Ал–Заиди, се должи на многуте негови репортажи, преку кои одблиску ги почувствувал ...

Буш му препушта на Ирак да одлучи за новинарот

Сител - 16.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш му препушта на Ирак одлука за казнување илил помилување на новинарот кој фрли чевел кон него и не чувствува никаква желба за одмазда, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Дејна Перино. - Претседателот смета дека тоа бил само еден чевел, и оти луѓето се изразуваат на многу различни начини, додаде таа.

Го искршиле новинарот кој фрли чевли по Буш!

Вечер Прес - 16.12.2008

Ирачкиот новинар Мунтадар ал Зејди, кој пред два дена, на прес конференција во Багдад, американскиот претседател Џорџ Буш го нарече "куче" и го гаѓаше со чевли, вчера е предаден на ирачката воена команда во Багдад, а неговиот брат тврди дека е претепан од припадниците на ирачките служби за безбедност.

Онлајн игра “Спречи го чевелот да не удри во Буш“

Нетпрес - 16.12.2008

Моментот кога ирачкиот новинар фрла чевли по американскиот претседател во заминување Џорџ Буш е овековечен во онлајн компјутерска игра, пренесува Дејли Телеграф. Оној кој што ќе посака да ја игра играта ја презема улогата на агент за обезбедување кој има задача да ги уништи сите чевли кои летаат во правец на Џорџ Буш.

За фрлените чевли кон Буш понудени 10 милиони долари

Нетпрес - 16.12.2008

За парот чевли со кои што бише гаѓан американскиот претседател Џорџ Буш, настанала вистинска еуфорија. Почетната цена на чевлите на 29 – годишниот новинар Мунтадар аз Зеидија, од 100.000 долари, достигнала фантастични 10 милиони. Бизнисмен од Саудиска Арабија ја понудил оваа сума само за еден чевел.

Претепан новинарот што фрлаше кондури по Буш

Макфакс - 16.12.2008

Ирачкиот новинар кој фрлаше со кондури по американскиот претседател Џорџ Буш, по инцидентот бил претепан од ирачките безбедносни служби. „Скршена му е раката и ребрата, повредено му е окото и едната нога“, информираше неговиот брат, кој тврди дека новинарот е сместен во „Зелената зона“, каде е под присмотра на службениците за државна безбедност.

Буш се сретна со Карзаи во резиденцијата во Кабул

А1 - 15.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Кабул се сретна со авганистанскиот колега Хамид Карзаи, откако синоќа допатува во ненадејна посета на Авганистан. Буш беше срдечно пречекан од Карзаи, кој истакна дека тој и авганистанскиот народ се горди и имаат чест да се сретнат во Кабул со американскиот претседател.

Ирачкиот новинар натепан, Буш насмеан

А1 - 15.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш нема да остане запаметен само по бројните гафови, туку и по вчерашниот инцидент во Багдад. За време на прес-конференцијата со ирачкиот премиер Ал-Малики, еден од присутните новинари ги фрли своите чевли кон Буш извикувајќи „Ова е бакнеж за разделба од ирачкиот народ, куче едно“.

Буш ненадејно во Авганистан

BBC - 15.12.2008

Американскиот претседател Буш му рече на претседателот на Авганистан Хамид Карзаи дека е сигурен оти новата администрација на Соединетите држави ќе ја поддржи неговата земја. Буш рече дека сака новоизбраниот претседател Барак Обама, кој вети дека ќе испрати дополнителни единици во Авганистан, да успее во неговата стратегија.

Кабул: Проштална посета на претседателот Џорџ Буш

Р.С.Европа - 15.12.2008

Американскиот претседател во заминување, Џорџ Буш синоќа допатува во ненајавена посета на Авганистан, само неколку недели пред да ја напушти претседателската функција. Буш пристигна од Багдад во Кабул со цел да разговара со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и да се сретне со американските војници ангажирани во борбата против талибанците.

Буш ќе ја спасува автоиндустријата

Утрински - 15.12.2008

Буш ќе ја спасува автоиндустријата. Вашингтон - Белата куќа соопшти дека ќе ја разгледа можноста за користење на средствата од пакетот за спас на финансиските институции вреден 700 милијарди долари за да се „спречи колапс на американските производители на автомобили кои се во финансиски тешкотии“ откако во Сенатот во четвртокот беше отфрлен планот ...

Буш во проштална посета на Ирак

Утрински - 15.12.2008

Ирачки новинар неочекувано го фрлил својот чевел врз претседателот на САД. Web Update. Ирачки новинар неочекувано го фрлил својот чевел врз претседателот на САД Џорџ Буш, додека тој се ракувал со премиерот Нури ал Малики, јави АФП. Новинарот веднаш бил изнесен од салата. Буш се наведнал и не бил погоден.

"Чевли за непопуларност" за Буш во Ирак

Телма - 15.12.2008

Aмериканскиот претседател во заминување Џорџ Буш, денеска, за време на прошталната посета на Ирак, каде (вообичаено за вакви прилики) допатува ненајавено, доживеа голема непријатност. За време на прес-конференцијата со својот домаќин, премиерот Нури ал Малиќи, кон него беа фрлени чевли, кои "тапо" удрија во ѕидот зад него, промашувајќи ...

САД од Авганистан ќе прават просперитетна држава

Телма - 15.12.2008

ки и морално заинтересирани Авганистан да посперира, да стане мирна и демократска држава. Ова денеска во Кабул го изјави американскиот претседател во заминување Џорџ Буш, кој пристигна во ненајавена посета на Авганистан.

Протести за ослободување на новинарот што го гаѓаше Буш

Телма - 15.12.2008

Илјадници Ирачани денеска излегоа на улиците и бараат ослободување на новинарот кој вчера ги фрли своите чевли кон американскиот претседател Џорџ Буш на прес конференцијата одржана во Багдад. Тие сметаат дека таквата навреда за Буш е вистинско испраќање на непопуларниот американски претседател.

Буш: САД се заинтересирани Авганистан да просперира

Алсат-М - 15.12.2008

САД се стратешки и морално заинтересирани Авганистан да посперира, да стане мирна и демократска држава. Ова денеска во Кабул го изјави американскиот претседател Џорџ Буш, кој пристигна во ненајавена посета на Авганистан.

Ирачки новинар фрли чевел врз Џорџ Буш

Алфа - 15.12.2008

Ирачки новинар, неочекувано го фрлил својот чевел врз претседателот на САД-Џорџ Буш, додека тој се ракувал со ирачкиот премиер-Нури Ал Малики. Новинарот, веднаш бил изнесен од салата. Буш се наведнал, и не бил погоден, а по инцидентот се пошегувал, дека единственото нешто што го видел, било, дека чевелот бил со големина 43.

Буш се прости од Ирак

Н.Македонија - 15.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера пристигна во ненајавена проштална посета на Ирак пред истекот на неговиот мандат. Буш рекол дека војната во Ирак била тешка, но неопходна за американската безбедност, ирачката надеж и светскиот мир, јави АФП.

Буш во посета на Авганистан

Алсат-М - 15.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави денеска во Кабул дека битката за стабилизација на Авганистан ќе биде долга. По неочекуваната посета во оваа земја Буш изјави дека престојат тешки денови за соочување со Талибанците и милитантите од Ал Каеда.

Ирак:Се бара ослободување на новинарот што го гаѓаше Буш

Алсат-М - 15.12.2008

Илјадници Ирачани денеска излегоа на улиците и бараат ослободување на новинарот Мунтадар Ал Зеиди. Тој вчера со своите чевли го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш на прес-конференцијата во Багдад. Граѓаните сметаат дека таквата навреда за Буш е вистинското збогум за него.

Џорџ Буш во проштална посета на Кабул

Кирилица - 15.12.2008

- Сакам да одам во Авганистан за да му се заблагодарам на претседателот Карзаи и да му порачам на авганистанскиот народ дека САД секогаш биле и ќе останат со нив, изјави Буш пред новинарите во авионот, непосредно пред слетувањето во воздухопловната база Баграм во близина на Кабул.

Чевли и навреди беа упатени кон Буш при неговата посета на Ирак

Кирилица - 15.12.2008

Но неговите коментари очигледно не наидоа на разбирање кај едно лице „ Ова е крајот!“ извика човекот, пред најпрво да го фрли едниот па и вториот чевел кон американскиот претседател од растојание од отприлика четири метри. Буш го избегна првиот проектил кој заврши во ѕидот зад него.

Посетата на Буш на Авганистан во сенка на фрлените чевли кон американскиот претседател

Канал5 - 15.12.2008

На прошталната посета на Авганистан, 30-на дена пред заминувањето од Белата Куќа, Џорџ Буш со ветувачка порака до Авганистанците. САД ќе останат ваши цврсти сојузници и по доаѓањето на новата американска администрација, рече Буш на средбата со пакистанскиот колега, Хамид Карзаи.

Ирачки новинар го гаѓаше Буш со чевли!

Вечер Прес - 15.12.2008

Ирачки новинар неочекувано го гаѓал со своите чевли претседателот на САД, Џорџ Буш, на прес-конференцијата во Багдад. Разгневениот Мунтазер ал-Заиди, телевизиски репортер на ал-Багдадија, притоа, Буш на арапски го нарекол "куче".

ВИДЕО: Како летаат чевли кон Џорџ Буш

Нетпрес - 15.12.2008

Вчерашната проштална посета на Буш во Ирак по се изгледа заврши исто како што и започна, со хаос и омраза, откако на прес конференцијата беше нападнат вербално од еден ирачанец кој го нарече “куче“ на Арапски за потоа да го фрли својот чевел кон него. Буш го избегна првиот проектил кој заврши во ѕидот зад него.

Повеќе од 200 адвокати во одбрана на новинарот кој го гаѓал Буш со чевлите

Нетпрес - 15.12.2008

на новинарот Мунтазер ал Заиди , кој што ги фрлил чевлите кон американскиот претседател Џорџ Буш. Како што пренесуваат локалните медиуми веста ја потврдил поранешниот адвокат на диктаторот Садам Хусен, Кхалил ал Дулавми, кој според него повеќе од 200 адвокати ирачки и странски се јавиле да застанат во одбрана на новинарот.

Буш: САД се заинтересирани Авганистан да просперира

Макфакс - 15.12.2008

САД се стратешки и морално заинтересирани Авганистан да посперира, да стане мирна и демократска држава. Ова денеска во Кабул го изјави американскиот претседател Џорџ Буш, кој пристигна во ненајавена посета на Авганистан.

Ирачаните бараат ослободување на новинарот кој го навреди Буш

Макфакс - 15.12.2008

Илјадници Ирачани денеска излегоа на улиците и бараат ослободување на новинарот кој вчера ги фрли своите чевли кон американскиот претседател Џорџ Буш на прес конференцијата одржана во Багдад. Тие сметаат дека таквата навреда за Буш е вистинско испраќање на непопуларниот американски претседател.