TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Отежнато враќањето на безбедносните сили

А1 - 16.12.2001

Мешовитите полициски патроли, придружувани од мониторите на НАТО, Европската Унија и ОБСЕ и денеска продолжија со реализација на планот за враќање на безбедносните сили во кризните региони што се предвидува да трае вкупно 55 денови.

Полициските сили и денеска ќе влегуваат во селата

А1 - 15.12.2001

Мешовитите полициски патроли, придружувани од мониторите на НАТО, Европската Унија и ОБСЕ денеска продолжија со реализација на планот за враќање на безбедносните сили во кризните региони што се предвидува да трае вкупно 55 денови.

Инцидентот во Ратае ја зголеми недовербата

Вест - 15.12.2001

И НАТАМУ БЛОКИРАН ВЛЕЗОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ПЕТТЕ ТЕТОВСКИ СЕЛА Албанците од тетовските села најавуваат дека завчерашниот инцидент кај Ратае во кој, при напад на полициски пункт, загина еден Албанец, а еден беше потешко повреден, уште повеќе ќе го отежне влегувањето на ма Вчера во тетовскиот регион ...

Полицијата ниту вчера не влезе во петте тетовски села

Дневник - 15.12.2001

БЛОКАДАТА КАЈ ДОБРОШТЕ ПРОДОЛЖУВА Првпат по осум месеци деблокиран стариот пат за Куманово Полициските патроли од мешан етнички состав ниту вчера не влегоа во тетовското село Доброште, затоа што локалните жители-Албанци се спротивставуваат на тоа.

Полицијата влезе во истите села од вчера

А1 - 14.12.2001

Етнички мешаните полициски патроли денеска влегоа во истите 10 села во Тетовско, Гостиварско, Кумановско и Скопско, во кои вчера се вратија првпат по оружениот конфликт. Полицијата денеска партолираше во селата Отушиште и Глоги.

Место во 15, полицијата влезе во 10 села

Вест - 14.12.2001

ПЛАНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ ВО КРИЗНИТЕ СЕЛА ДЕЛУМНО РЕАЛИЗИРАН Патролирањето иако повеќе симболично, без проблеми се одвиваше во селата од Скопско, Кумановско и Гостиварско. Најпроблематично во Тетовско- од планираните седум, поради блокади на месното население и с Генералниот план за ...

Добредојде со пукање во Ратае и со блокада во Доброште

Дневник - 14.12.2001

ПРВ ДЕН ОД ОПЕРАЦИЈАТА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО КРИЗНИТЕ РЕГИОНИ Мешаните полициски патроли во Тетовско се соочија со отпор, но без проблеми влегоа во скопските, гостиварските и во кумановските села Вчерашниот обид етнички мешани полициски патроли да го одржуваат мирот во Тетовско заврши ...

Полицијата не влезе во сите предвидени села

А1 - 13.12.2001

Мешовитите полициски патроли денеска влегоа во десет од вкупно 15 планирани села во четири кризни региони, соопшти центарот за менаџмент со кризи. Првата фаза од почетокот на реализацијата на генералниот план за враќање на безбедносните сили во селата што беа надвор од контрола, непречено се ...

Летоци ќе и помагаат на етничката полиција

Вест - 13.12.2001

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ СЕ ВРАЌААТ ВО КРИЗНИТЕ СЕЛА Полицијата денес ќе започне со влегување во 13 села во кумановскиот, скопскиот, тетовскиот и во гостиварскиот кризен регион , рече Александар Дончев, раководител на Центарот за менаџмент со кризи, на вчерашната прес-конференција.

Во Тетовско помирно

Вест - 13.12.2001

Спроти денешното најавено влегување на македонската полиција во 15 села, во рамки на генералниот план за враќање на безбедносните сили во кризните села во Македонија, безбедносната ситуација во Тетовско во последните 48 часа бележи тренд на извесно смирување, тврдат официјални полициски извори, ...

Полицијата денеска ќе влезе во 15 села

Дневник - 13.12.2001

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ СЕ ВРАЌААТ ВО КРИЗНИТЕ РЕГИОНИ Тимови на НАТО ќе патролираат во граничните области на кризните региони кон државната граница спрема Косово за да спречуваат да се префрлува лесно оружје Полицијата денеска треба да влезе во 15 села од кризните региони.

Полицијата утре влегува во 15 села

А1 - 12.12.2001

Полициски патроли, придружувани од мониторите на НАТО, ЕУ и ОБСЕ, утре ќе го започнат со патролирање во вкупно 15 села од четири кризни региони, со што се означува и стартот на генералниот план за враќање на безбедносните сили што се предвидува да трае вкупно 55 денови.

Безбедносната состојба во Македонија се влошува

А1 - 11.12.2001

„Стабилноста во Македонија и враќањето на граѓаните во кризните региони зависи од враќањето на безбедносните сили во подрачјата кои не се контролирани од полицијата и војската“, смета министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски.