TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Турција го поздрави планот на ОН за Кипар

А1 - 17.11.2002

Шефот на АКП, партијата која формира Влада во Турција, Реџеп Тајип Ердоган, го поздрави планот на генерланиот секретар на ОН, Кофи Анан, за Кипар. За време на посетата на турскиот дел од островот Ердоган рече дека обединетиот остров би требало заедно со Турција да влезе во ЕУ.

Планот на ОН за Кипар е задволувачки

Утрински - 14.11.2002

Булент Еџевит за предлогот на Кофи Анан за кипарското прашање Намалувањето на бројот на турските војници на островот е неприфатливо ИСТАНБУЛ - Турскиот премиер во заминување Булент Еџевит вчера изјави дека планот на ОН за обединување на Кипар е "задоволувачки" но, територијалните приспособувања и ...

Грците и Турците го прифаќаат планот на Анан, Кипарците се думаат

Дневник - 14.11.2002

МИРОВНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА КИПАР Лидерите на грчката и на турската заедница на Кипар вчера го поздравија и начелно го прифатија планот за реунификација на медитеранскиот остров што го објави генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, јави Ројтерс.

Планот за Кипар наликува на нацрт устав

А1 - 13.11.2002

Грчкото министерство за надворешни работи синоќа на новинарите им подели примероци на предлогот на генералниот секретар на ОН за решавање на хроничниот кипарски проблем, што наликува повеќе на нацрт устав на нова федерална држава под едноставно име Кипар.

Кантонизација на Кипар по теркот на Швајцарија

Утрински - 13.11.2002

План на генералниот селкретар на ОН, Кофи Анан, за решавање на кипарското прашање Планот предвидува обединет остров на кипарските Грци и Турци со заедничка државна влада која ќе опфаќа две компонентни држави ЊУЈОРК - Обединетите нации во понеделникот подготвија нов мировен план за Кипар, кој ...

Анан го крои Кипар според швајцарско јужноафрикански модел

Дневник - 13.11.2002

МИРОВЕН ПЛАН ШТО ТРЕБА ДА СЕ УСВОИ ЗА 1 МЕСЕЦ Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, вчера објави план за решавање на кипарската криза и им даде рок од еден месец на двете страни за да го решат конфликтот, јави Ројтерс.

Анан го предаде планот за решавање на кипарскиот проблем

А1 - 12.11.2002

Претставниците на генералниот секретар на ОН Кофи Анан синоќа во Никозија му го предадоа планот за решавање на кипарскиот проблем на претседателот на Република Кипар Глафкос Клеридис, а во Њујорк на водачот на кипарските Турци Рауф Денкташ, како и на амбасадорите на Велика Британија, Грција и ...