TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Храната од ОН стигна до бегалците во Конго

Вест - 15.11.2008

КИВАНЏА, Конго, 15 ноември (Ројтерс) - Хуманитарни работници вчера почнаа да ги снабдуваат со храна илјадниците цивили во областите окупирани од бунтовниците во источно Конго за прв пат по неколку недели откако конвој со храна на ОН ги помина линиите на фронтот.

Бунтовниците во Конго напредуваат на бојното поле

Форум - 14.11.2008

Бунтовниците од народот Тутси, предводени од генерал Лоран Нкунда го продолжуваат напредувањето во завојуваниот источен дел на Демократска Република Конго. Бунтовниците стигнале до пред стратегиски важниот град Кањабајонга. Владините трупи се во бекство. Конгоанската армија, според медиумски извештаи, во борбата против бунтовниците добива подршка од војници од Ангола и Зимбабве.

Се бараат дополнителни 3.000 мировници во Конго

Утрински - 13.11.2008

Сегашниот број не е доволен за да ги заштити цивилите од насилствата. БРАЗАВИЛ - Шефот на мировната мисија на ОН побара од Советот за безбедност на светската организација испраќање дополнителни 3.000 војници за да ги заштитат цивилите во источниот дел на Демократска Република Конго.

Ангола и Зимбабве се вмешаа во војната во Конго

Алсат-М - 13.11.2008

Војници од Ангола и Зимбабве почнале да навлегуваат на територијата на Демократска Република Конго каде неколку месеци се во тек борби меѓу конгоанските владини сили со војската на нивен поранешен генерал. Се засилуваат стравувањата од реприза на војната која се водеше од 1998 до 2003 година во овој регион богат со рудници за дијаманти и бакар. Во неа тогаш беа вмешани девет африкански нации.

Њујорк: ОН разгледуваат можност за испраќање дополнителни трупи во Конго

Р.С.Европа - 12.11.2008

Советот за безбедност на Обединетите Нации ја разгледува можноста за дополнителни мировни трупи во Демократската Република Конго каде страдаат цивили во борбата меѓу владините сили и бунтовниците.Шефот на мировната мисија Алан ле Рој изјави дека владините сили во повлекување силувале и ограбувале цивили.

Се разгорува судирoт во Конго

Утрински - 12.11.2008

Светот стравува од повторно избувнување војна, која беснееше од 1998 до 2003 година. Киншаса- Најмалку 50 цивили се убиени во источниот дел на ДР Конго, соопшти вчера невладината организација Хјуман Рајтс воч и побара повеќе војници на Обединетите нации.

ОН - засилување на трупите за Конго?

Форум - 12.11.2008

Со оглед на континуираното насилство на истокот на Демократска Република Конго, Советот за безбедност на ОН планира засилување на мировните трупи ангажирани во таа земја. Во Советот постои принципиелна согласност околу тоа, се дознава од дипломатски кругови.

Се продлабочува конфликот во Африка

Алсат-М - 12.11.2008

Можно е Ангола да се вклучи во конфликтот во Конго. БиБиСи се повикува на серија непотврдени извештаи дека анголски војници пристигнуваат во кризниот регион. Заменик министерот за надворешни работи на Ангола, Џорџ Чикоти, изјави дека земјата будно ги следи случувањата во случај да треба да интервенира.

Се разгоруваат судирите во ДР Конго

А1 - 11.11.2008

Најмалку 50 цивили се убиени во источниот дел на ДР Конго, соопшти денеска невладината организација Human Rights Watch и побара повеќе војници на Обединетите нации. „Според локалните извори и цивилите што побегнале пред убиствата во градот Кивању, таму се убиени најмалку 50 цивили, а повеќето убиства ги извршиле силите на бунтовничкиот лидер Лорен Нкунде, како одмазда кон оние што ги сметаат за ...

Бунтовниците во Конго најавуваат напад на мировниците

Утрински - 11.11.2008

Бунтовниците во Конго најавуваат напад на мировниците. НАЈРОБИ - Лидерот на бунтовниците, Лорен Нкунда, вчера изјави дека е подготвен да се бори против регионалните мировници ако тие влезат во источниот дел на Демократска Република Конго и ги поддржат вооружените сили на Конго и нивните сојузници.

Судирите во Конго на прагот да прераснат во регионални

Алсат-М - 11.11.2008

Се разгоруваат борбите во Демократска Република Конго во кои во последните 24 часа се убиени најмалку 50 цивили. Повеќето убиства ги извршиле силите на одметнатиот лидер од војската Лорен Нкунда, како одмазда кон оние што ги смета за соработници на непријателот, односно на конгоанската влада.

Се разгоруваат судирите во ДР Конго

Макфакс - 11.11.2008

Најмалку 50 цивили се убиени во источниот дел на ДР Конго, соопшти денеска невладината организација Human Rights Watch(ХРВ) и побара повеќе војници на Обединетите нации. „Според локалните извори и цивилите што побегнале пред убиствата во градот Кивању, таму се убиени најмалку 50 цивили, а повеќето убиства ги извршиле силите на бунтовничкиот лидер Лорен Нкунде, како одмазда кон оние што ги сметаат ...

Мировни трупи за Конго?

Форум - 10.11.2008

Државите од југот на Африка искажаа начелна подготвеност за испраќање мировни трупи на истокот на Демократска Република Конго. Заедницата за развој на југот на Африка нема пасивно да го набљудува насилството што се одвива таму, се вели во завршната декларација од кризниот самит на шефовите на држави, што се одржа во Јоханезбург.

ЕУ нема да испрати мировна мисија во ДР Конго

Алсат-М - 10.11.2008

Франција не успеа да добие поддршка од земјите-членки на Европската унија за испраќање на мировна мисија во Демократска Република Конго. На денешната средба миистерите за надворешни работи и за одбрана, претставниците на Германија и на Велика Британија биле против испраќање на мировна мисија на ЕУ во ДР Конго.

Екстремистот Лоран Нкунда им се закани на мировниците во Конго

Кирилица - 10.11.2008

Воениот конфликт во Конго принуди стотици илјади луѓе да ги напуштат своите домови што го привлече меѓународното внимание кон земјата и доведе до изјавата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, дека конфликтот може да се прошири во целиот ...