TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одбележување на 91 година од смртта на Сандански

А1 - 23.04.2006

Не сакаме повеќе бугарски ќотек. Нехумани се вашите пресии и затворски казни со кои не измачувавте со децении. Само поради тоа што сме Македонци, секој трет тврдокорен од Пиринскиот дел, ја почувствува суровоста на еклатантното кршење на човековите права од страна на бугарската држава.

МНР: Вложивме протест, чекаме одговор

Време - 21.04.2006

ДИПЛОМАТСКО РАЗНОГЛАСИЕ ЗА РОЖЕН Министерството за надворешни работи во понеделникот вложи протест до бугарскиот амбасадор во земјава, Михо Михов, и од него во најскоро време ги очекува бараните објаснувања за случувањата во неделата на гробот на Јане Сандански, возвраќаат од МНР на изјавите на ...

Настаните кај Рожен се срам за бугарската држава

Дневник - 21.04.2006

Настаните крај Роженскиот манастир се срам за бугарската држава, а постапките на Обвинителството и на општинскиот кмет на градот Сандански се нов доказ за политиката на двојни стандарди кон малцинствата, му напишаа во отворено писмо Македонците од Бугарија на државниот обвинител Борис Велчев.

Михов: Не сум добил нота од МНР

Време - 20.04.2006

ДЕМАНТ Соопштението објавено во електронските и во печатените медиуми во Македонија дека сум бил повикан во македонското МНР за да ми биде врачена протестна нота не одговара на вистината, изјави бугарскиот амбасадор Михо Михов за бугарската новинска агенција БТА.

Со бугарски воз кон Македонците

Дневник - 20.04.2006

Ако сака и ако ја слуша својата професионална совест, окружниот обвинител од Благоевград ќе може да собере многу докази за неделниот конфликт кај Роженскиот манастир. Имаше таму и премногу сведоци, како од Македонците од ОМО Илинден-Пирин така и од ултранационалистичката ВМРО-БНД, од цивилната и ...

Алити во бугарското МНР, Михов ја премолча македонската нота

Време - 19.04.2006

ПО ИНЦИДЕНТОТ КАЈ РОЖЕНСКИОТ МАНАСТИР Бугарскиот амбасадор во Скопје Михо Михов ја премолча завчера протестната нота на македонското МНР за последното попречување на Македонците од Бугарија да се поклонат на гробот на Јане Сандански.

За Софија „илинденците“ се виновни за инцидентот на Рожен

Утрински - 19.04.2006

Односите меѓу Македонија и Бугарија на нови искушенија по настаните во неделата Амбасадорот Абдурахман Алити вчера ретерираше во своите изјави и рече оти не знае дали воопшто се случил инцидент Димитар Чулев Бугарското обвинителство има намера да ги тужи активистите на ОМО "Илинден - Пирин" поради ...

Бугарија ќе го тужи ОМО Илинден

Дневник - 19.04.2006

Се најавува тужба против активистите на ОМО Илинден - Пирин, а на разговор бил повикан и амбасадорот Алити Инцидентот на чествувањето на годишнината од смртта на Јане Сандански на Рожен ги заостри односите помеѓу Софија и Скопје.

Алити повикан на "дообјаснување"

Вечер Прес - 19.04.2006

Абдурахман Алити, македонскиот амбасадор во Софија, завчеравечер бил повикан во бугарското Министерство за надворешни на разговор околу случувањата на чествувањето на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир. - Луѓето беа особено коректни за време на разговорот, кој е вообичаена работа, така ...

Под дрво и под камен се бараше бугарскиот амбасадор!

Време - 18.04.2006

МНР СО ПРОТЕСТ ЗА РОЖЕН Боби Христов Протест против непочитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија за слободно изразување на националната и културна припадност вчера му врачија на Михо Михов, бугарскиот амбасадор во Скопје од Министерството за надворешни работи.

„Б'лгарската страна“ на погрешна страна!

Време - 18.04.2006

БОБИ ХРИСТОВ Се повторува историјата на најнецивилизациското газење по достоинството на македонското малцинство во Бугарија. И годинава, како и лани, како и со години наназад, тие беа спречени да се поклонат на гробот на македонскиот херој Јане Сандански.

Македонците исчезнуваат на европскиот пат на Бугарија

Дневник - 18.04.2006

Македонското МНР протестира кај бугарскиот амбасадор поради постојаниот негативен однос кон Македонците во Бугарија Ние само сакаме да создадеме подемократска и потолерантна Бугарија, во која ќе бидат признаени македонското и сите други малцинства и ќе се исчисти темната дамка од демократијата, ...

И Алити повикан на разговор во бугарското МНР

Канал5 - 18.04.2006

Македонскиот амбасадор во Софија Абдурахман Алити вчера бил повикан во бугарското Министерство за надворешни работи на разговор околу случувањата во Роженскиот манастир по повод чествувањето на гробот на Јане Сандански. Софија, 18 април (МИА) - Македонскиот амбасадор во Софија Абдурахман Алити ...

Бугарија одговара реципрочно - властите го повикаа амбасадорот Алити на разговор

Канал5 - 18.04.2006

Шест месеци откако Европскиот суд за човекови права ја осуди Бугарија за непочитување на правата на македонското малцинство таму, бугарското обвинителство најави дека ќе ги тужи активистите на ОМО Илинден Пирин. Шест месеци откако Европскиот суд за човекови права ја осуди Бугарија за непочитување ...

Михов се правдаше

Вечер Прес - 18.04.2006

Бугарскиот амбасадор во земјава Михо Михов беше во МНР вчера попладне за да ги објасни завчерашните случувања на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир, дознава "Вечер". Според нашите извори, нашето министерство го повикало бугарскиот министер за да му упати жесток протест за последните ...

Алити: Нецивилизиран напис на гробот на Сандански

Утрински - 17.04.2006

Македонците спречени да положат цвеќе во Рожен "Македонија е бугарска”, било испишано на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир во Бугарија, каде што вчера се одбележа 91- годишнината од неговата смрт. За графитот посведочи македонскиот амбасадор во Бугарија, Абдурахман Алити, кој положил ...

Бугарските националисти не дозволија помен за Сандански

Дневник - 17.04.2006

Македонците од Бугарија добија дозвола за чествување, но мораа да се тргнат оти кметот на Сандански им дал предимство на ултранационалистите од ВМРО-БНД Гробот на Јане Сандански пред Роженскиот манастир, на 91-вата годишнина од неговото убиство од бугарските врховисти, вчера беше прекриен со ...

Чествување на паркинг

Дневник - 17.04.2006

Повторно иста слика на чествувањето на годишнина од смртта на македонскиот великан Јане Сандански. Локалните власти од бугарскиот град што го носи името на револуционерот и годинава, како и лани, не им дозволија на Македонците од овој крај достојно и без провокации да ја одбележат годишнината.

МНР и врачи протестна нота на Бугарија за инцидентот кај Роженскиот манастир во Бугарија

Канал5 - 17.04.2006

Скопје и врачи официјален протест на Софија поради вчерашниот инцидент кај Роженскиот манастир во Бугарија, кога на Македонците во земјата беа спречени да се поклонат пред споменикот на Јане Сандански Скопје и врачи официјален протест на Софија поради вчерашниот инцидент кај Роженскиот манастир во ...