TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш "голем оптимист" за мир на Блиски Исток

Вест - 06.10.2007

ДУБАИ, 6 октомври (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш во коментарите што беа објавени вчера рече дека е голем оптимист дека може да се формира палестинска држава што ќе се граничи со Израел и дека Конференцијата за Блискиот Исток што ќе се одржи следниот месец може да води кон помирување ...

Буш нема да го бомбардира Иран оваа есен

Утрински - 06.10.2007

Каиро - Американскиот претседател Џорџ Буш во интервју за арапската телевизија "Ал Арабија" ја исклучи можноста оваа есен да биде извршен воздушен напад врз Иран. Американскиот претседател изјави дека во соработка со Европската унија и Русија ќе се бараат дипломатски средства за да биде надминат ...

Амбасадорот на САД во Јапонија го предупреди Буш

Макфакс - 06.10.2007

Токио Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) испратил писмо до претседателот Џорџ Буш со предупредување дека евентуално склучување на нуклеарен договор со Северна Кореја може да ги расипе односите со Јапонија. Весникот „Вашингтон Пост“ денеска објави дека амбасадорот Томас Шифер се ...

Здравството за децата стана главна тема

Време - 05.10.2007

АМЕРИКАНСКА ПРЕДИЗБОРНА ПОЛИТИКА Здравствената заштита на децата стана главно прашање во предизборната трка во САД, откако американскиот претседател Џорџ В. Буш најави дека ќе стави вето на планот за зголемување на програмата за државна здравствена заштита за децата.

Буш стави вето на законот за здравствено осигурување на децата

Дневник - 05.10.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш четври пат го искористи правото на вето и го спречи усвојувањето на законот за здравствено осигурување на децата, со кој значително би се подобрила здравствената зашти на најмладата популација.

Буш, Клинтон, Буш, Клинтон...

Време - 04.10.2007

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО САД Првата дама на САД, Лаура Буш, реши да ја напушти својата церемонијална функција и почна да дава серија остри изјава во врска со задушувањето на востанието против армискиот режим во азиската држава Мјанмар (поранешна Бурма).

Буш подготвува нова закана до Куба

Макфакс - 04.10.2007

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш планира да испрати остро предупредување дека САД нема да ја прифатат политичката промена во Куба, при која што Фидел Кастро ќе ја предаде власта на својот брат Раул, наместо на кубанскиот народ.

Војните во Ирак и Авганистан ќе чинат 2.400 млрд. долари до 2017 год.

Макфакс - 04.10.2007

Вашингтон Војните што Соединетите Американски Држави (САД) ги водат во Ирак и Авганистан, до 2017 година би можеле државата да ја чинат 2.400 милијарди долари. Ова се наведува во извештајот на буџетната комисија на американскиот Конгрес објавен денеска.

Буш побара дополнителни 46 милијарди долари за војна

Макфакс - 03.10.2007

Вашингтон Дополнителни 46 милијарди долари за финансирање на воените операции во Ирак и Авганистан, побара американскиот претседател Џорџ Буш од Конгресот. „Мораме на нашите единици да им пружиме помош и поддршка која им е неопходна за да ја завршат задачата“, изјави Буш.

Телефонски разговор Буш-Путин

Макфакс - 02.10.2007

Москва Претседателите на САД и Русија, Џорџ Буш и Владимир Путин, ја нагласија денеска во телефонски разговор неопходноста од зацврстување на соработката за стратегиските проблеми. Постигната согласност се случува во време на потполно разногласие меѓу двајцата светски лидери за американскиот ...

Кастро го повика Буш да се откаже од заканите кон Куба

Макфакс - 02.10.2007

Хавана Кубанскиот претседател Фидел Кастро го повика американскиот претседател Џорџ Буш да престане со заканите кон Куба. „Вие никогаш нема да не исплашите со заканите за изненаден напад. Престанете со нападите на наша адреса и не го заплашувајте човештвото со нуклеарна војна, која може да прерасне ...

Средба Буш-Саркози наредниот месец

Макфакс - 01.10.2007

Вашингтон Средба меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и шефот на француската држава Николас Саркози ќе се одржи наредниот месец во Вашингтон, соопшти синоќа Белата куќа. Ова ќе биде прва официјална посета на Саркози на Вашингтон во рамките на, како што е објавено,„најновиот знак за обнова на ...

Буш во конфликт со Конгресот поради државниот буџет

Макфакс - 01.10.2007

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш остро го нападна Конгресот, во кој мнозинство имаат демократите, поради тоа што не донел ниту еден закон за буџетот. Според Буш, Конгресот постојано „губи време за истраги и неуспешно гласање за повлекување на војската од Ирак, а не работи на буџетот ...