Партизацијата во полицијата е јавна, МВР зборува за добра кадровска политика. Горан Адамовски. Башким Бајрами е полицаец од станицата во скопски Чаир. Кога не е на работа, е дел од група која се занимава со ликвидација на полицајци. Бајрами го возел автомобилот „опел астра“, од кој беше пукано во полицискиот „ленд ровер“ во јануари годинава, при што беше убиен „тигарот“ Зоран Марковски.
Полицаецот Башким Бајрами, еден од петтемина осомничени за убиството на полицискиот специјалец Зоран Марковски во јану ари годинава, единаесет месеци работел како полицаец, додека МВР водеше истрага за убиството на „тигарот“.Бајрами работи во МВР од 20 јануари 1999 година. По приправничкиот стаж, бил полицаец во станицата на Бит-пазар.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање и приведување на полицаецот Башким Бајрами, кој се сомничи за учество во убиството на полицаецот Зоран Марковски. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информираше дека веднаш по неговото пронаоѓање со оглед на тоа што му е одреднеа мерка притвор, „Бајрами ќе биде предаден во истражниот затвор“.
Скопјанецот Башким Бајрами (29), службеник во МВР, е петтиот осомничен за убиството на полицискиот специјалец Зоран Марковски, кое се случи во јануари годинава во населбата Автокоманда. Бајрами, чиј идентитет МВР го држеше во најстрога тајност, бил вработен како полицаец во полициската станица „Чаир“ и имал неколкугодишен стаж. Тој бил примен на работа во Министерството според Рамковниот договор.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната средба со новинарите информира и дека се преземаат мерки за пронаоќање и приведување на полицаецот Башким Бајрами кој се сомничи за учество во убиството на полицаецот Зоран Марковски. Веднаш по неговото пронаоѓање со оглед на тоа што му е одреднеа мерка притвор, Бајрами ќе биде предаден во истражниот затвор.
Полицијата продолжува со потрага по Башким Бајрами, инспектор во полициската станица во Чаир кој бил член на групата која пукаше во полицискиот џип на специјалците на МВР и го уби Зоран Марковски. Откако полицијата минатата седмица приведе двајца од вооружената група, осомничениот инспектор Бајрами не се појавил на работа, иако по убиството на специјалецот доаѓал на работното место.
Башким Бајрами, полицаец од полициската станица Чаир ја возел „Опел Вектрата“ од која беше пукано кон полицискиот џип, при што загина специјалецот на единицата „Тигри“ Зоран Марковски. Бајрами е во бегство, а судот викендов во отсуство му одреди мерка притвор.
Аналитичарите реагираат на се' почестото мешање на партиите во судските одлуки. Партиите мора да престанат да вршат притисок врз судската власт, бидејќи со мешањето во одлуките и работата на судот можат само лошо да влијаат на интеграционите процеси на земјава, но и на севкупната клима, која се создава околу владеењето на правото.
Полицијата ги уапси Исмаил Аќеми и Беким Дардишта осомничени за убиството на полицаецот Зоран Марковски .Сеуште се трага по орагинизаторот на групата Харул Алиу и по уште еден учесник во нападот на полицискиот џип на бензиската пумпа во Автокоманда на 3 Јануари годинава, кога полицаецот од Миладиновци им подлегна на повредите, а двајца негови колеги беа ранети.
Полицаец обвинет за убиството на специјалецот Марковски. Башким Бајрами, еден од петте осомничени за убиството на полицискиот „тигар“ Зоран Марковски, кому му е изречена мерката притвор, а е во бегство, е полицаец. Во МВР ни потврдија дека Бајрами е полицаец, но понатаму ништо не коментираа. Марковски беше убиен на почетокот на јануари годинава во Скопје, а двајца негови колеги беа ранети.
Полицаецот Башким Бајрами е дел од групата која го уби специјалецот Зоран Марковски во Автокоманда. МВР потврди дека се уште трага по полицаецот од станицата во Чаир за кого е утврдено дека ја возел Опел Вектрата од која беше отворен оган кон полицискиот џип. Недостапен за полицијата останува и Харун Алиу кој ја организирал групата што го уби специјалецот на МВР.
Полициски службеник бил возач на автомобилот од кој беше пукано кон полициската патрола во Автокоманда. Башким Бајрам, полицаец во станицата во Чаир, управувал со возилото во кое биле и останатите осомничени. Не пукал, но ги возел, веројатно тој бил задолжен за утврдување на маршрутата по која се движеле неговите колеги.
Уапсен Башким Бајрами. Башким Бајрами, по кого полицијата трагаше за убиство на полицаецот Зоран Марковски, е уапсен вчера. Полицијата трагаше по него, откако викендов уапси тројца од осомничените а по двајца, односно Бајрами и Харун Алиу, се трагаше. Полицијата го уапси вчера поради сомнение дека Бајрами го управувал возилото марка опел вектра од кој е отворен оган врз полицискиот џип.
Катерина Гетева Беќим Дардишта и Исмаил Аќеми се приведени во саботната акција на МВР под сомнеж дека во јануари годинава го убиле Зоран Марковски, специјалец од единицата „Тигри“. Харун Алиу, претседател на Национална алтернатива, осомничен дека го нарачал убиството, и возачот на автомобилот од кој е пукано, на кого не му се открива идентитетот, се во бегство.
ДУИ вети фер судење на осомничените за убиениот„тигар“. На поранешниот командант на ОНА Беким Дардишта и на Исмаил Аќеми, осомничени за убиството на полицискиот „тигар“ Зоран Марковски, им е одреден 30-дневен притвор. Притвор е изречен и за Харун Алиу, претседател на партијата Национална алтернатива, поранешен припадник на ОНА познат како командант Куштрими, и на Б.Б., кои се во бегство.