TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Суперлигата отсега со 11 екипи

Вест - 14.11.2003

СТРУМИЦА И ОФИЦИЈАЛНО ВО "АУТ" Струмица го официјализираше своето истапување од машката ракометна Суперлига откако со факс ја извести нашата ракометна федерација дека поради незавидната финансиска состојба не е во можност да го доигра остатокот од тековната сезона.

Нема пари за патики - нема играње во првенството

Вест - 13.11.2003

РАКОМЕТ - СТРУМИЦА СЕ ОТКАЖУВА ОД СУПЕРЛИГАТА СТРУМИЦА. - Последнопласираната екипа во машката ракометна Суперлига, Струмица, нема да го продолжи своето учество во елитата. Ракометарите на Струмица не го одиграа заостанатиот натпревар од четвртото коло со екипата на Младост ни во новиот термин ...

Струмица се откажа од Суперлигата

Дневник - 13.11.2003

До крајот на сезонава, машката ракометна Суперлига за мажи ќе брои 11 екипи, бидејќи екипата на Струмица го откажа учеството поради беспарица. Синоќа струмичани не го одиграа ниту заостанатиот меч од 4. коло против Младост од Богданци.

Струмица пред колапс

Вест - 10.11.2003

МАШКА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА СТРУМИЦА. - Натпреварот помеѓу Струмица и Борец Тедико не се одигра. Според зборовите на директорот на струмичани, Ѓорѓи Врешков, овој натпревар, наместо во Струмица, било договорено да се одигра во Штип по повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.