TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Работнички К. го победи Вардар во дербито на двете водечки екипи

А1 - 31.10.2004

Работнички Кометал значително се издвои и направи голема предност на врвот на прволигашката фудбалска табела во домашното првенство. Го победи Вардар во дербито на двете водечки екипи досега, а и Победа освои само бод на гости кај Брегалница, во денешното 11 коло.

Тренерот Жилдо испратен на одмор во Бразил

Вест - 29.10.2004

По вчерашната седница на УО на Вардар На вчерашната седница на Управниот одбор на Вардар е одлучено на шефот на стручниот штаб, Бразилиецот Жилдо Родригез, да му се издаде решение за одмор, со што барем за сега паднаа во вода сите шпекулации дека тој ќе биде сменет.

Родригез "на мраз", го менуваат помошниците

Утрински - 29.10.2004

Тренерот на Вардар доби одмор по поразот и од Работнички К. во Купот По вчерашниот маратонски речиси четиричасовен состанок на раководството на црвено-црните, беше решено првиот тренер на Вардар, Бразилецот Гилдо Родригез да биде испратен на привремен одмор, а на неделниот дерби натпревар против ...

РОДРИГЕШ “НА ОДМОР”, ПОМОШНИЦИТЕ - ГЛАВНИ

Вечер Прес - 29.10.2004

Под притисок на јавноста, а по последниот пораз од Работнички К. и во реваншот од Купот на Македонија, раководството на Вардар го смени тренерот Жилдо Родригеш. На вчерашниот бурен состанок , на кој присуствуваа фудбалерите, стручниот штаб и Управата на чело со Брацо Вујчиќ, е договорено Бразилецот ...

Мирко Петров обвинет за корумпираност и за насилство

Време - 28.10.2004

ФУДБАЛ - РОДИТЕЛИ НА ВАРДАРОВИ ПЕТЛИЊА ГО ОБВИНУВААТ ТРЕНЕРОТ Никола Богојевски <> Мирко Петров, тренерот на вардаровите петлиња (фудбалери родени 1989 и 1990 година), е корумпиран насилник и не е никаков тренер и педагог, бидејќи со своите вулгарности отскокнува во младинската школа, давајќи им ...

Вардар брка огромна негатива против Работнички К.

Време - 27.10.2004

ФУДБАЛ - КУП НА МАКЕДОНИЈА, ОСМИНАФИНАЛЕ Напаѓачка игра во која ќе уживаат гледачите најавија соседските ривали Вардар и Работнички Кометал пред денешниот реванш-дуел од осминафиналето во македонскиот фудбалски куп, на кој актуелниот лидер Работнички влегува со позитива од три гола во битката за ...

Вардар ќе брка три гола против Работнички

Вест - 27.10.2004

Денеска се играат реванш мечевите од 1/8-финалето на Купот Со три гола предност ќе истрчаат фудбалерите на Работнички Кометал на денешниот реванш натпревар од осминафиналето на националниот Куп против Вардар на "Градски". Сепак тренерите и на двете екипи, Жилдо Родригез и Ѓоре Јовановски се убедени ...

Вардарците веруваат во чудо, "романтичарите" го исклучуваат

Утрински - 27.10.2004

Црвено-црните бркаат 0:3 на реванш натпреварот од осминафиналето на Купот против Работнички К. Емил Китановски Денешниот реванш натпревар од 1/8 финалето на Купот на Македонија во фудбал (мечот започнува во 17.30 часот) кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Скопје помеѓу лутите ривали Вардар и ...

На Градски двојна офанзива

Дневник - 27.10.2004

ФУДБАЛ: ВАРДАР И РАБОТНИЧКИ К. ОПТИМИСТИ ПРЕД ДЕНЕШНата КУП-пресметка Вардар најавува сензација, Работнички потврда на "сигурниот" пласман во четврт-финалето на Купот на Македонија Офанзивната игра ќе биде по мерак на публиката, на денешниот реванш осминафинален натпревар од фудбалскиот Куп на ...

ГРАДСКИ - ЧИСТИЛИШТЕ ЗА ГРАДСКИТЕ СОСЕДИ

Вечер Прес - 27.10.2004

"Ни на крај на памет не ни е да се прогласиме за четврт-финалисти", вели тренерот на Работнички К., Ѓоре Јовановски, пред денешниот (17:30 ч.) реванш-осминафинален натревар, против својот најголем ривал Вардар, на Градски. По првата средба, "романтич арите" имаат огромна предност, бидејќи ...

Работнички офанзивно против Вардар во реваншот од фудбалскиот куп

А1 - 26.10.2004

За пет дена претстојат две пресметки меѓу вечните скопски фудбалски ривали, двете водечки екипи во нашиот фудбал досега оваа сезона. Вовед на неделниот првенствен натпревар меѓу Вардар и Работнички Кометал ќе биде утрешниот реванш од осминафиналето на купот.

Вардар - Работнички К. од 17.30 часот

Вест - 26.10.2004

Промена на сатницата на мечот на "Градски" По барање на двата клуба, комесарот за натпреварување при ФФМ, Миле Спиркоски прифати, наместо од 14 часот како што првично беше одлучено, реванш мечот од осминафиналето на Купот на Македонија, помеѓу Вардар и Работнички Кометал да се одигра утре со ...

"Романтичарите" прва опција за највисок пласман

Утрински - 26.10.2004

Работнички Кометал најмногу покажа во првите десет кола на домашното првенство НИКОЛА БУРАГЕВ Демонстрацијата на фудбалската моќ што резултираше со уверлив триумф од 3:0 во саботниот дуел на Градски против Цементарница 55 и дефинитивно го промовираа Работнички Кометал како прва опција за ...

Родригеш не дава оставка, Станојковиќ и Костов чекаат расплет

Дневник - 26.10.2004

ФУДБАЛ - КРИЗАТА ВО ВАРДАР ПРОДОЛЖУВА Резултатската криза во редовите на фудбалскиот клуб Вардар продолжува. Очекуваната оставка на тренерот Жилду Родригеш нема да се најде пред челниците на "црвено-црните" за да им ја олесни работата.

Се чека црвен картон од Брацо за Жилдо

Вест - 25.10.2004

По поразот на "црвено -црните" во Прилеп По поразот на саботниот натпревар против Победа, мечот во Прилеп треба да биде последен за Жилдо Родригез на вардаровата тренерска клупа. Според најавите пред овој дуел, токму од неговиот осход требаше да зависи дали Бразилецот и натаму ќе остане на ...

Жилдо не знае дали се уште е тренер на Вардар

Време - 25.10.2004

ФУДБАЛ - ПО ПОРАЗОТ ОД ПОБЕДА Бразилскиот стратег Жилдо Родригес не знае дали останува тренер на Вардар и се подготвува да се извади за дебаклот во последниве седум дена на двојната дерби-програма во оваа недела, со лидерот Работнички Кометал - в среда во реванш-осминафиналето од Купот (0-3) и в ...