TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вкупно 118 жртви на заложничката криза во Москва

А1 - 27.10.2002

Вкупно 118 заложници на чеченските терористи загинале при акцијата за нивно ослободување која започна во саботата наутро во московскиот театар, објави денеска руското министерство за здравство. Во акцијата на специјалните сили во театарот „Дубровка“ е употребен гас, од кој загинале најголем делод ...

Заврши заложничката драма во Москва

А1 - 26.10.2002

Заложничката драма во Москва заврши рано изутрината, откако специјалните сили на полицијата и армијата во акција убија 34 чеченски терористи, вклучувајќи го и нивниот водач Мовсар Барајев, а останатите се уапсени. Вкупно 67 заложници ги загубија животите, а 750 се спасени.

Стресот ги сроди 600-те заложници

Вест - 26.10.2002

ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО МОСКОВСКИОТ ТЕАТАР ПРОДОЛЖУВА Сите станаа еден вид семејство. Некои дури и се караат меѓу себе. Се обидуваат да се шегуваат. Да опстанат. Многумина од нив страдаат од стрес. Не можете да замислите под какви услови живеат.

Како е донесено оружјето

Утрински - 26.10.2002

Детали Најчестото прашање во разговорите околу терористичката акција во зградата на Домот на културата е - како Чеченците успеале да донесат толку оружје и експлозив. Очигледно терористите одамна се префрлиле и се криеле во Москва. Оружјето со сигурност не го донеле од Чеченија.

Трета чеченска војна

Утрински - 26.10.2002

Чеченските екстремисти го префрлија антирускиот фронт во центарот на Москва Димитар Чулев Губитнички потег е чеченскиот терористички упад во московскиот театар и креирањето на една од најтешките заложнички драми со неизвесна, но засега песимистичка завршница.

Светот се соочува со терористичка интернационала

Утрински - 26.10.2002

Откако терористичката Ал Каеда се пресели во Њујорк, а Чеченија во Москва Слободанка Јовановска "Чеченија" се пресели во Москва - е првата реакција на светските медиуми за кризата што го тресе главниот руски град овие денови.

Терористите измачуваат и понижуваат

Утрински - 26.10.2002

Црниот список на драматичната терористичка акција во Москва почна да се зголемува Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Црниот список на терористичката акција на групата од 40 вооружени Чеченци кои од средата навечер држат во заложништво повеќе од 600 луѓе, почна да се зголемува.

Почна војна на нерви меѓу руските сили и терористите

Дневник - 26.10.2002

ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО МОСКОВСКИОТ ТЕАТАР Од минираниот театар вчера биле пуштени на слобода седум лица, па уште осум деца, а во текот на ноќта побегнале четири жени Руските власти вчера им порачаа на чеченските терористи дека ќе им ги поштедат животите ако ги ослободат стотиците луѓе што ги држат ...

Чеченците ќе започнат со убивање на заложниците

А1 - 25.10.2002

Чеченските сепаратисти се заканија дека од утре ќе започнат со убивањето на заложниците, доколку не биде исполнето нивното барање за повлекување на руската војска од Чеченија. Киднаперите сега поставуваат нов рок. Наместо една недела, тие бараат повлекувањето на руската војска да започне во рок од ...

600 заложници во московски театар

Вест - 25.10.2002

НОВ УДАР НА ТЕРОРИСТИТЕ ВО СВЕТОТ Чеченските герилци се заканиле дека ќе пукаат во луѓето и ќе ја минираат зградата доколку руското обезбедување упадне во зградата и бараат Русија во рок од една недела да се повлече од Чеченија и да ја ...

Чеченски терористи држат 600 заложници во театар во Москва

Утрински - 25.10.2002

Голема драма во московскиот Дом на културата, терористи држат во заложништво околу 500 - 600 лица Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Околу 40 чеченски терористи во средата околу 21 часот го зазеле московскиот Дом на културата на Дубровка, на улицата "Мелников", каде што во тек бил детскиот ...

Планот е направен во странство

Утрински - 25.10.2002

Путин "Планот за терористичката акција во Москва е направен во еден од терористичките центри во странство, а потоа нашле извршители. Тоа го потврдува и фактот дека првата информација за терористичкиот чин стигнала од странство", изјави вчера попладне Владимир Путин.

Чеченци грабнаа 700 луѓе во театар во Москва

Дневник - 25.10.2002

голема ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО РУСИЈА Амбасадата на Македонија во Русија соопшти дека меѓу заложници нема македонски државјани Чеченски терористи вооружени со автоматски пушки и експлозив прексиноќа грабнаа околу 700 луѓе во театар во Москва и се заканија дека ќе ги застрелаат сите заложници или ќе ја ...

Заложничка драма во московски театар

А1 - 24.10.2002

Седумстотини посетители и вработени во театарот „Дубровка“ во Москва цели 24 часа се заложници на четириесетина вооружени чеченски бунтовници, кои имаат само едно барање - прекин на војната и повлекување на руската војска од Чеченија во рок од седум дена.