Јордан е подготвен да испрати хеликоптер кој ќе го однесе палестинскиот лидер Јасер Арафат на божиќната миса во Витлеем, која ќе се одржи во понеделник, соопштија јордански извори денеска откако израелците го забранија присуството на Арафат во Витлеем.
По Хамас и палестинската радикална група Исламски Џихад објави дека ги прекинува самоубиствените напади во Израел и нападите на израелски мети. Раководството на Исламски Џихад својата одлука за запирање на насилствата ја образложи со фактот дека ова движење не сака да биде виновно за создавање на ...
Тел Авив, 22 декември- Милитантната исламистичка организација Хамас вчера соопшти дека привремено ги запира нападите на атентаторите-самоубијци и минофрлачките напади. Одлуката е донесена по средбата во текот на изминатата ноќ меѓу организацијата која стои зад последниот бран самоубиствените ...
ГАЗА Најмалку 40 лица биле повредени во вчерашната престрелка меѓу палестински полицајци и милитанти во камп за бегалци во Газа, јави Ројтерс. Полицајците биле испратени да уапсат свои припадници на радикалните палестински групи кои дејствувале во бегалскиот камп.
Еден Палестинец е убиен, а 14 се застрелани во престрелките меѓу приврзаниците на Хамас и палестинска полиција во појасот Газа. Насилствата еруптираа откако беа уапсени пет припадници на исламистичко милитантно движење. Во меѓувреме, на Западниот Брег израелска армија се врати на позициите на кои ...
БЛИСКИ ИСТОК Седум Палестинци биле ранети во престрелка откако полицијата на палестинските автономни власти вчера се обидела да уапси висок челник на терористичката организација Хамас во градот Газа, јави Ројтерс. Додека полицијата се распоредувала околу домот на Абдел Азиз ал Рантиси дотрчале ...
Раководството на Хамас одлучи да бидат сопрени сите самоубиствени напади врз Израелците, но тоа нема јавно да биде објавено, изјави висок преставник на организацијата. Палестинските власти уапсиле 15 припадници на сопствените безбедносни сили за првпат од нивното постоење како дел од нивните напори ...
Израел се подготвува да го олесни воениот притисок околу најголемиот палестински град на Западниот Брег за да му се помогне на Јасер Арафат да се справи со милитантите во палестинските редови, соопштија изрелски воени извори.
„Се преземаат конкретни мерки за спречување напади врз Израелците’, изјави шефот на палестинските сили на редот во појасот Газа, Мохамад Дахлан во интервју за израелскиот весник „Једиот ахаронот“. „Преземаме мерки во областа на сигурноста за да ги запреме судирите, да го зајакнеме примирјето и да ...
ЕРУСАЛИМ, 18 декември (АП) - Израелските војници вчера убија еден палестински милитант на Западниот Брег, по што палестинскиот лидер Јасер Арафат ги обвини Израелците дека ги зајакнуваат воените акции. Престрелката во Хеброн се случи еден ден откако Арафат преку телевизија ги повика милитантите да ...
БЛИСКИ ИСТОК Водачот на Палестинците Јасер Арафат апелираше до сите палестински милитантни групи и поединци да ги запрат терористичките напади врз израелската армија и цивилите, јави Ројтерс. - Особено сакам да апелирам за запирање на самоубиствените бомбашки напади, кои отсекогаш најостро сум ги ...
Израелската полиција уапси двајца водечки палестински политичари, како и нивни заменици поради непочитување на наредбата за неодржување на националистички собири во Ерусалим. Околу 150 луѓе се собраа пред хотелот каде требаше да се одржи средбата, очигледно неупатени на израелските забрани.
НАБЛУС, Западен Брег, (Ројтерс) - Палестинската власт вчера затвори барем 12 канцеларии на Западниот брег кои биле поврзани со муслиманските милитнтни груп Хамас и Исламски Џихад. Овој чекор е преземен по затворањето на 13 канцеларии што им припаѓаа на овие две исламски групи во областа Газа во ...