TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прилепските екипи за исклучување на струја имаат проблеми со граѓаните

А1 - 12.10.2003

Прилепските екипи за исклучување на струја покрај многуте пцовки и закани тие се соочуваат и со многу инциденти. На улицата „Цане Конањаре“ работник од Електро Прилеп бил спречен во намерата да ја исклучи струјата од како му се заканиле дека ќе го испрскаат со вода, а домаќинот земал дури и секира.

Пожар на далноводот Дуброво-Скопје

Утрински - 07.10.2003

ЕСМ го отстрани дефектот поради што Скопје завчера остана кратко време без струја Причина за прекинот во напојувањето на 400-киловолтниот далновод Дуброво-Скопје 4, што завчера предизвика проблеми во електроенергетскиот систем во Скопје, во Полошкиот регион и во Куманово, е локален пожар во близина ...

Браќата не настрадале крадејќи струја

Дневник - 07.10.2003

ПО СМРТТА НА БРАЌАТА ЕТЕМИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ЕСМ обвинува дека браќата Етеми настрадале при обид со жица да се приклучат и да крадат струја, а МВР вели дека при увидот на местото на несреќата не пронашле никакви предмети што укажуваат на кражба Двете момчиња од ромска националност што завчера загинаа ...

ЕСМ ги обвинува загинатите Роми дека краделе струја

А1 - 06.10.2003

Браќата Арбен и Алберт Етеми, кои вчера загинаа во Шуто Оризари од струен удар, ЕСМ денеска ги обвини дека краделе жица од далекуводот. Ваквите обвинувања ги отфрла МВР со тврдење дека на местото на настанот во близина на кампот за бегалци не се најдени никакви алатки кои би укажале на тоа дека ...

Прекинот на струјата во Скопско и Кумановско предизвикан од пожар

А1 - 06.10.2003

Вчерашниот прекин на струјата во Скопско и Кумановско најверојатно е предизвикан од пожар во близина на далноводот Дуброво - Скопје 4, кој ги поврзува Неготино и Скопје. Локалниот пожар, помогнат од силниот ветер, се приближил до далноводот, што направило дефект во преносниот систем.

Бугарите за 18 месеци со струја ќе и го вратат долгот на Македонија

Вест - 06.10.2003

ЕСМ УБЕДЕНО ВО ИСПЛАТЛИВОСТА НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ЗА КРЕДИТОТ ОД ЕБОР ЗА ДАЛНОВОДОТ ДО ЦРВЕНА МОГИЛА ЕСМ во текот на 18 - те месеци додека трае изградбата на далноводот, од Бугарија ќе увезува струја која ќе им ја продаде на потрошувачите и за една и пол година ќе ги поврати 15, 25 милиони евра ...

Скопје пола час без струја

Утрински - 06.10.2003

ДЕФЕКТ Вчера во вечерните часови поголемиот дел од Скопје во два случаи остана без електрична енергија. Освен во централното градско подрачје струја немаше во Козле, Карпош, Автокоманда, Маџари, Аеродром, Ново Лисиче, Лисиче, Кисела Вода...

Далноводите остануваат државни, производството и дистрибуцијата на струја ќе се приватизираат

Утрински - 06.10.2003

Во ЕСМ од идната година ќе почне вистинскиот процес на реструктуирање ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ Трите дејности на ?Електростопанство на Македонија" - преносот, дистрибуцијата и производството на електрична енергија, од почетокот на идната година ќе бидат сметководствено-финансиски одвоени, што ќе биде и прв ...