Меѓународна изложба со 233 фотографии од 126 автори од 35 земји вечерва (20ч.) во галеријата "Чифте амам" Фотомедиа ја отвора својата традиционална изложба. За изложбата, што има биенален карактер,пристигнале 1113 фотографии од 286 автори.
ИЗЛОЖБА "ФОТОМЕДИА" Фотографот Јохан Холдингер од Австрија е добитник на наградата Гран при - плакета на град Скопје на биеналната изложба на уметничка фотографија "Фотомедиа". Изложбата ќе биде отворена вечерва во 20 часот во галеријата, во "Простор 2", во Чифте-амам.
ГАЛЕРИЈА ЧИФТЕ-АМАМ Во галеријата во Чифте-амам во Старата скопска чаршија, вечерва во 20.00 часот свечено ќе биде отворена деветтата меѓународна изложба на фотографии, "Фотомедиа 2002". Во изложбениот простор свое место ќе најдат 235 фотографии, од автори од 35 земји.