TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски предложи нов член за Судскиот совет

Макфакс - 07.10.2007

Скопје - Претседателот Бранко Црвенковски го предложи Насер Хаџи-Ахметагиќ за член на Судскиот совет. Предлогот Црвенковски го доставил вчера доцна попладне до претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, се наведува во соопштението што денеска го достави кабинетот на Црвенковски.

Кандидатите на Црвенковски ги скараа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА

Време - 06.10.2007

КАНЗОСКИ НЕ ГО ИЗБРАА ЗА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ Пратениците не го избраа кичевскиот судија Абдулселам Канзоски за член на Судскиот совет. Тој е единствениот кандидат што не помина во Собранието откако поддршката ја добија останатите четворица кандидати Љубомир Богески, Лина Петровска, Бујар Сабриу ...

И по изборот на судиите, проблемите останаа

Утрински - 06.10.2007

Судијата Абдулселам Канзовски е колатерална штета на политичките математики Гордана Дувњак Еден проблем се реши, другиот проблем не само што не се затвори туку се влошува. Со изборот на четворицата преостанати членови на Судскиот совет, освен еден кој е предлог на претседателот на државава, Бранко ...

Етничкиот клуч го елиминира Канзоски од Судскиот совет

Утрински - 06.10.2007

Канзоски, кој е Турчин, е единствениот од петтемина кандидати кој не ја доби поддршката За парламентарното мнозинство фактот дека Абдулселам Канзоски бил Турчин беше аргумент да не гласа за него ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Шефот на државава, Бранко Црвенковски, од Брисел порача дека стравува оти Абдулселам ...

Американците не' искараа и за Судскиот совет

Дневник - 06.10.2007

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли сите обвинувања и тврди дека доследно го почитувала договореното со опозицијата и со претседателот Црвенковски Иако се очекуваше дека комплетирањето на Судскиот совет барем малку ќе ги смири страстите меѓу власта и опозицијата, неизгласувањето на Абдулселам Канзоски, вториот ...

Груевски: Новите членови на Судскиот совет не се партиски луѓе

Канал5 - 06.10.2007

„Новите членови на Судскиот совет не се партиски луѓе“, - одговара премиерот Груевски по изборот на Сабриу, Богески и Петровска кои ги предложи и ги изгласа парламентарното мнозинство. ,,Новите членови на Судскиот совет не се партиски луѓе , - одговара премиерот Груевски по изборот на Сабриу, ...

Извиси само Турчинот Канзоски

Вечер - 06.10.2007

Се чувствувам навреден бидејќи Канзоски не помина поради неговата етничка припадност, реагираше Кенан Хасипи од ДПТ Владејачките партии се поделија за време на гласањето на двајцата кандидатите за Судскиот совет, што ги предложи претседателот Бранко Црвенковски.

Различни ставови во владината коалиција за Судскиот совет

А1 - 05.10.2007

И покрај различното гласање за Судскиот совет, парламентарното мнозинство не признава дека има криза во владината коалиција. Разединувањето настана по предлозите на претседателот Црвенковски. „Ментор Ќоку приближно 1.000 години затвор има изречено за политичките албански затвореници.

Канзоски не е избран за член во РСС

А1 - 05.10.2007

Последниот кандидат за член на Републичкиот Судски Совет, Абдулселам Канзоски, синоќа ги подгреа страстите на пратениците на власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот Црвенковски да предложи друг кандидат Македонец.

Каснете блага пченица

Вест - 05.10.2007

СДСМ ВО ТРАОР ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ "Ова е црн ден за Македонија!". " Кога ќе се честите за партискиот Судски совет, каснете блага пченица, зашто со изборот на тројцата предложени партиски војници за членови на Советот ја закопавте Македонија".

Опозицијата повика на блага пченица за реформите

Време - 05.10.2007

БАДЕНТЕР ПРОРАБОТИ ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ Сунчица Стојановска Бујар Сабриу од Тетово ќе биде член на Судскиот совет. За останатите четворица кандидати власта и опозицијата жестоко се расправаа на вчерашната собраниска седница на која требаше да се изјаснат и за Лина Петровска, Љубомир Богески, ...

Шестпати се сретнаа, шестпати се скараа

Време - 05.10.2007

МАРАТОНОТ „СУДСКИ СОВЕТ“ Мери Јордановска Дваесет политичари, експерти, лидери на партии, меѓународни претставници, шест неуспешни средби, десет пораки од меѓународната заедница, уште толку препратени писма, безброј кавги, предлози и несогласувања во последниве 10 месеци се само дел од случувањата ...

Собранието ги избра партиските предлози за Судскиот совет

Утрински - 05.10.2007

Гласовите на Стоиљковиќ, Мустафа и Рахиќ клучни за Бадентер Се' оди според планот, како да сака да каже Бесим Догани ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Судскиот совет вчера повторно ја вжешти атмосферата во парламентот, откако предлогот за негово докомплетирање со преостанатите петмина членови - тројца предложени ...

Собраниските кандидати добија виза за Судскиот совет

Дневник - 05.10.2007

Нови членови на Советот се Лина Петровска, Бујар Сабриу и Љубомир Богески, кои од помалите етнички заедници ги добија и потребните 18 гласа по Бадентеровиот принцип Напнато, со дофрлувања, вулгарни гестови и со паузи за да се обезбеди Бадентерово мнозинство, вчера пратениците расправаа за ...

Реакции на на помалите етнички заедници за РСС

Канал5 - 05.10.2007

Навредени. Вака се чувствуваат припадниците на помалите етнички заедници по воздржаното гласање на ВМРО - ДПМНЕ за Абдулселам Канзоски кој, како кандидат на претседателот Црвенковски, не беше избран за член на Судскиот совет. Навредени.

Судскиот совет не е комплетен

Макфакс - 05.10.2007

Скопје Собранието на Македонија не успеа да го комплетира составот на Судскиот совет, откако пратениците на позицијата беа воздржани или не гласаа за кандидатот на претседателот на државата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани, а ДПА ја напушти салата, при гласањето доцна синоќа, по ...

Судскиот совет доби нови членови

Вечер - 05.10.2007

Кога ќе се честите по седницата, земете и една лажица блага пченица за Македонија, им порача потпретседателот на СДСМ Игор Ивановски на пратениците од власта Со гласовите на пратениците од помалите етнички заедници, владејачкото мнозинство вчера ги избра Љубомир Богески, Лина Петровска и Бујар ...

Избрани тројца членови на Судскиот Совет

А1 - 04.10.2007

Љубомир Богески, Бујар Сабриу и Лина Петровска се новите членови на Судскиот Совет, ги изгласа владеачкото мнозинство со помош на гласовите на помалите етнички заедници. Изборот беше проследен со бурни реакции на опозицијата.

Претседателот повторно ги предложи Ќоку и Канзовски за членови

Време - 04.10.2007

СУДСКИОТ СОВЕТ ЗАГЛАВЕН ВО ЌОР-СОКАК Претседателот Бранко Црвенковски вчера до Собранието ги достави истите два предлога за кандидати на Судскиот совет што претходно беа жестоко отфрлени. Станува збор за Абдулселам Канзовски и за Ментор Ќоку, поранешни членови на Републичкиот судски совет.

Црвенковски ги предложи истите кандидати за Судскиот совет

Утрински - 04.10.2007

Засега, е неизвесно кога спикерот Георгиевски ќе закаже нова седница за избор на судиите Може ли Собранието да ги избере преостанатите членови на Судскиот совет и да ја извага својата одлука партиски непристрастно Гордана Дувњак Непосредно пред заминувањето во Брисел, шефот на државата Бранко ...

Црвенковски со старите предлози за Судскиот совет

Дневник - 04.10.2007

Претседателот Бранко Црвенковски вчера повторно ги предложи Абдулселам Канзоски и Ментор Ќоку за членови на Судскиот совет. Тој ги достави истите кандидати до претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, откако собраниската комисија завчера ги усвои старо-новите предлози Лина Петровска, Бујар ...

Во парламентот жесток дебата за докомлетирањето на судскиот совет

Канал5 - 04.10.2007

Мнозинството, без гласовите на опозицијата, ги избираше новите членови на Судскиот совет предложени од собраниската комисија за избори и именувања. Иако без донесен изборен законик, како што беше договорот, во бадентерот им помогнаа припадниците на помалите етнички заедници.

Канзоски и Ќоку повторно адути на Црвенковски

Вечер - 04.10.2007

Од одлуката на Комисијата да даде предлози за членови на Судскиот совет е изненадена и амбасадорката на САД во Македонија Џилијан Миловановиќ, која вели дека веројатно има причини, зошто тоа е направено, а не е почитуван договорот од последната лидерска средба Абдулселам Канзоски и Ментор Ќоку се ...

Собранието за членовите на Судскиот совет

Макфакс - 04.10.2007

Скопје Македонското собрание на денешната седница треба да избира членови на републичкиот Судски совет. Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски деновиве за членови на Судскиот совет ги предложи Абдулселам Канзоски и Ментор Ќоку, а собраниската комисија за избори и именувања како членови на ...

Расправа во Собранието за избор на членови на Судскиот совет

Макфакс - 04.10.2007

Скопје Собранието на Македонија денеска на пленарна седница започна расправа за избор на преостанатите пет члена од Судскиот совет, тело задолжено за спроведување на реформите во судството. Седницата се одржува откако на седница на надлежно собраниско тело беа поддржани тројца од кандидатите што ги ...

Собранието изгласа тројца членови на Советот

Макфакс - 04.10.2007

Скопје Македонското Собрание денеска со парламентарно мнозинство избра тројца членови на Судскиот совет. Љубомир Богески, Бујар Сабриу и Лина Петровска се нови членови на Советот, а останува Собранието да ги изгласа уште двајцата кандидати предложени од шефот на државата - Абдулселам Канзоски и ...

Црвенковски предложи два кандидата за Судскиот совет

А1 - 03.10.2007

Претседателот Црвенковски денеска ги предложи Абдулселам Канзоски и Ментор Ќоку за членови на Судскиот совет. Црвенковски, како што соопшти неговиот кабинет, предлозите веќе ги доставил до претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски.

Опозицијата обвини за партизација на судството

Време - 03.10.2007

СУДСКИСОВЕТ Лина Петровска, Љубомир Богески и Бујар Сабриу се предлозите на владејачкото мнозинство за членови на Судскиот совет. Нивниот избор вчера помина на собраниската комисија за избори и именувања, и покрај противењето на опозицијата дека власта повторно го партизира судството.

Власта без опозицијата ќе избира членови на ДСС

Вест - 03.10.2007

ПРОПАДНА ОБИДОТ НА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ЗА КОНСЕНЗУС ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕТО НА ДРЖАВНИОТ СУДСКИ СОВЕТ Кандидатите на парламентарното мнозиство за членови на Судскиот совет се Лина Петровка, Љубомир Богески и Бујар Сабриу Премиерот Никола Груевски вчера ја оствари заканата дека ако ДУИ брзо не се изјасни ...

Експресно предложени тројца членови за Судскиот совет

Утрински - 03.10.2007

Опозицијата гласаше против, бидејќи ги смета за партиски решенија „договорени на тајна средба меѓу Груевски, Тачи и Петковски“ Комисијата била ненадејно свикана по СМС, а членовите не биле информирани за имињата на кандидатите ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Нови тензии и лавина реакции од опозицијата го следат ...

Црвенковски повторно со истите имиња за Судски совет

Канал5 - 03.10.2007

Претседателот Црвенковски одговори на барањето на спикерот Георгиевски - ден откако власта изненади со тројцата кандидати за членови на судскиот совет, и шефот на државата предложи свои - Абдулселам Канзоски и Ментор Ќоку се неговите предлози.

Бујар Сабриу, Лина Петровска и Љубомир Богески се предлозите на власта за членови на судскиот совет

Канал5 - 03.10.2007

Изненадувачки потег на власта – на итна седница на комисијата за избори и именувања се утврдени кандидати за тројца членови на судскиот совет со поддршка само од ВМРО ДПМНЕ, НСДП и ДПА. Опозицијата шокирана го дочека образложението зошто власта одлучила да постапи спротивно на договорот за ...

Петровска, Богески и Сабриу во Судскиот совет

Вечер - 03.10.2007

Собраниската комисија за избори и именувања вчера одлучи Лина Петровска, Бујар Сабриу и Љубомир Богески да бидат тројцата кандидати за членови на Судскиот совет. Претставниците на опозициските СДСМ и ЛДП гласаа против овие предлози и обвинија за партизација на судството.

Црвенковски предложи двајца членови за Судскиот совет

Макфакс - 03.10.2007

Скопје Претседателот Бранко Црвенковски ги предложи Абдулселам Канзоски и Ментор Ќоку за членови на Судскиот совет. Црвенковски, како што соопшти неговиот кабинет, предлозите веќе ги доставил до претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски.

Три предлози за членови на Судскиот совет

А1 - 02.10.2007

Љубомир Бобевски, Лина Петрова и Бујар Сабриу се предлозите на владејачкото мнозинство за нови членови на Судскиот совет. Вака одлучи собраниската Комисија за избори и именувања. На неочекуваната седница, одржана денеска, опозицијата жестоко обвини дека со ваквиот пресврт Груевски сака да го ...

Лидерски средби пред Црвенковски да оди во ЕУ

Канал5 - 02.10.2007

Непроизнесувањето на ДУИ за предлогот на претседателот по пат на елиминација да се изберат преостанатите пет члена на Судскиот совет – е објаснувањето на премиерот Груевски зошто владејачкото мнозинство решило да отстапи од договорот и да понуди свои три решенија за комплетирање на Судскиот совет.

Власта предложи тројца кандидати за Судскиот совет

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Власта денеска предложи тројца кандидати за членови на Судскиот совет со што пропадна предлогот на шефот на државата, по пат на елиминација да се постигне меѓупартиски консензус за кандидатите. Собраниската Комисија за избори и именувања на итна седница ги изгласа правникот Бујар Сабриу од ...