Вирусот на САРС може да опстане со часови надвор од човечкото тело, дури и до четири дена во човечките отпадоци, пишува денешен „Вашингтон Пост“. Смртоносниот вирус опстанува најмалку 24 часа на пластична површина на собна температура, а во студена средина и подолг период.
Во Албанија се заразени 22 лица од САРС, објави денеска грчкиот весник „Аповѓевматини“, повикувајќи се на изјава на албанскиот заменик министер за здравство Танас Почи. Весникот, што излага во пограничниот град Јанина на грчко-албанската граница, во уводникот под наслов „Опасноста од епидемијата ...
Во текот на денешниот ден како последици на инфекција од тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) во Кина починаа 18 лица, а се регистрирани уште 181 новозаболени. Кинеското Министерство за здравство соопшти дека од новозаболените дури 114 се во Пекинг.
Посебна заштита од смртоносниот вирус на САРС нема и поради тоа македонското Министерство за здравство препорачува да не се патува во ризичните земји-Кина, Сингапур и Канада. Единствена заштита е да не се патува во овие земји нагласуваат епидемиолозите.
Едно лице за кое постои сомневање дека е заболено од акутниот респираторен синдром, САРС, денеска е хоспитализирано во болница во Љубљана. Лицето, чиј идентитет не се соопштува, и кое неодамна се вратило во Словенија од Австралија преку Сингапур, има висока температура.
Единаесет лица починаа во Кина од акутниот респираторен синдром САРС, со што бројот на жртвите на овој вирус достигна 181. Во Кина се потврдени 176 нови случаи на заболени луѓе од оваа акутна респираторна пневмонија. Од САРС во Кина се заболени 3.799 лица од кои 96 се регистрирани во ...
Лекарите во Хонк Конг за првпат откриле траги на вирусот САРС во изметот и урината кај пациенти за кои се сметало дека се излекувани и пуштени од болница. Кај овие лица, чиј број не е мал, направени се тестови за да се утврди дали тие повторно можат да ја пренесуваат болеста.
Кина денеска соопшти дека од смртоносниот вирус САРС починале уште 11 лица, а заразени се нови 166 лица, со што бројот на починати од последиците на атипичното воспаление на белите дробови во Кина се зголеми на 159, а заболени на 3.460 лица.
Денеска напладне на скопскиот аеродром пристигна патник кој на пропатување од Мелбурн накратко престојувал во Банкок. Откако беа известени аеродромските служби патникот од авионот го превзеде медицинска екипа. Откако беше констатирано дека нема зголемена температура, кашлица или гушење, лицето го ...
ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА СЕ ОПРЕМИ СО МАСКИ И ОЧИЛА ЗА ЗАШТИТА ОД СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА Клиниката засега не се опремува и со заштитна облека, бидејќи таа е неопходна исклучиво за лабораториски услови и за работа во ризични здравствени институции, а доколку притреба, заштитната облека се чува ...
Директорот тврди дека на Инфективната клиника има основни средства за заштита "Клиниката за инфективни болести ги има основните заштитни средства и тие во секое време се во функција на превенција и лекување на пациентите од доменот на инфектологијата.
Вирус ПЕКИНГ - Официјални лица вчера јавија дека избиле безредија во градот во близина на Пекинг откако луѓето го дознаа планот дека напуштеното училиште ќе се користи како карантин за пациентите од САРС, со што се истакна стравот за тоа како Кина се справува со оваа болест.
ПО ОБВИНУВАЊАТА НА ИНФЕКТОЛОЗИТЕ На Клиниката за инфективни болести има основни средства за заштита од смртоносната пневмонија, но единствено не располагаме со заштитни маски Х-95 и со специјални очила, изјави на вчерашната прес-конференција д-р Димитар Димитриев, в.д. директор на клиниката.
Во Кина се регистрирани 9 нови смртни случаи од САРС и уште 202 новозаболени, со што официјалниот број на починатите од смртоносниот вирус во земјата изнесува 148, а на заболените над 3.300, соопштија денеска кинеските здравствени власти.
Албанија ги зајакнува мерките за безбедност на своите граници со цел спречување на ширењето на САРС, иако во земјата не е забележан ниту еден случај на смртоносниот вирус. Министерството за здравство го зголеми бројот на здравствените работници на сите гранични премини, кои деноноќно ги ...
Изолаториумот кој ќе се користи во случај да се појави заболен од САРС има двокреветната соба, a освен тоалет нема никакви други услови кои би ја изолирале од другите болни. Се наоѓа во приземје и нема посебна вентилација, како што препорачува СЗО, а за да користат бања евентуаните болни од САРС ...
Белодробната епидемија никако да се стави под контрола ХОНГ КОНГ, 29 април, (Ројтерс) - Светската здравствена организација соопшти вчера дека предупредувањето да не се патува во Кина и Хонг Конг, ќе остане во сила барем уште неколку недели, бидејќи, според последните извештаи, епидемијата сеуште не ...
ИМПРОВИЗИРАНА ЗАШТИТА ОД СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА Место под строго контролирани услови за преглед, лекарот и медицинската сестра на аеродромот Петровец немаат ниту каде да седнат, освен неупотребливо расклатено биро, на кое некогаш била сместена касата за Патниците што доаѓаат во Македонија од ...
И покрај огромните напори за утврдување на причината за создавање на смртоносниот вирус ЦИРИХ - Швајцарската здравствена група вчера соопшти дека "Роше холдинг АГ" се надева дека до крајот на јули ќе пласира тест за дијагностицирање на причините кои го предизвикуваат вирусот САРС.
Коментар - Диана Младеновска Синдромот на тешкото заболување ги зарази и креаторите на здравствената политика кај нас. Пред чумата на новиот век, опструктивното белодробно заболување наречено САРС, и пред стравот тоа физички да ги премине границите на Македонија носителите на таа политика затаија.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО Во Македонија се преземени сите мерки во согласност со препораките на Светската здравствена организација за превенција и ширење на вирусот САРС во земјава, тврдат во Министерството за здравство. Станува збор за нов, досега неидентификуван вирус што ги напаѓа белите дробови ...
Кина денеска пријави уште 9 смртни случаи и 203 новозаболени од САРС. Новите податоци за вкупниот биланс на починати во Кина од вирусот изнесува 139 лица, а бројот на заболени е 3.106, соопшти кинеското Министерство за здравство.
Македонскиот амбасадор во Кина, најпогодената земја од САРС, Георги Ефремов, има впечаток дека властите во Скопје се крајно неодговорни во подготовките за заштита од евентуална појава на смртоносниот вирус во Македонија. Ефремов, во разговорот за А1, вели дека ваквиот однос му наликува на ...