TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Деветмина повредени во ново делумно уривање училиште на Хаити

Канал5 - 13.11.2008

Порт-о-Пренс, 13 ноември (МИА) - Во престолнината на Хаити Порт-о-Пренс делумно се урна уште едно училиште, при што са повредени девет лица. Настанот се случи нецела недела по уривањето на училиште во предградие на престолнината, во кое загинаа околу 90 лица, пренесоа светските агенции.

На Хаити се урна уште едно училиште

Форум - 12.11.2008

Само пет дена откако се урна трикатната училишна зграда во сиромашното предградие на Портопренс, денеска истот се случи во центарот на главниот град на Хаити Светските агенции ја пренесоа информацијата дека во главнито град на најсиромашната држава на американскиот континет повторно се урнала училишна зграда.

Бројот на загинатите во хаитското училиште достигна 90

Алфа - 11.11.2008

Бројот на децата кои загинаа при уривање на училиште во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е 90, јавија локалните медиуми. - Голем број од жртвите остануваат затрупани под урнатините. Камерите откриваат тела под урнатините, но не можеме да ги извадиме, бидејќи е тешко, изјави претставник на спасувачките тимови. Сопственикот на училиштето беше уапсен.

Се трага по преживеани во срушено училиште на Хаити

Алфа - 11.11.2008

Колапсот на црковното училиште со име „Ла промеса“ или „ветување“ предизвика трагедија на карипската држава Хаити. Најмалку 58 луѓе загинаа, од кои повеќето деца и неколку наставници, а повеќе од 120 се повредени. Бројот на жртвите се очекува да расте, бидејќи околу 200 други ученици се уште се наоѓаат заглавени под урнатините. "Под овие урнатини, има се уште многу деца.

Најмалку 88 мртви и повеќе од 200 повредени

Време - 10.11.2008

Бројот на жртвите при уривањето на црковното училиште во предградие на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, се зголеми на 88 лица, додека над 200 се повредени, соопштија официјални претставници на карипската држава. Спасувачките екипи вчераутро пронашле една просторија со 21 мртов, од кои поголем дел деца.

Уапсен сопственикот на урнатото школо во Хаити, бројот на загинати над 90

Вест - 10.11.2008

ПОРТ-О-ПРЕНС, Хаити, 10 ноември (АП) - Полицијата го уапси сопственикот на училиштето на Хаити што се урна врз учениците и учителите во текот на наставата, при што најмалку 90 луѓе загинаа. По уривањето следеше очајна потрага по преживеаните под тоните урнатини од бетон.

Под урнатините на училиште во Хаити загинаа 88 деца

Утрински - 10.11.2008

Свештеникот Фортин Августин, сопственик на колеџот, е уапсен и обвинет за убиство од небрежност. ПЕТИОНВИЛ - Полицијата на Хаити вчера соопшти дека го уапси сопственикот на училишната зграда што се урна, при што загинаа најмалку 88 лица, и поведе очајна потрага по преживеани затрупани под тоните урнатини.

Стотина деца загинаа во училишни клупи

Дневник - 10.11.2008

Над 92 лица, меѓу кои поголемиот дел деца, загинаа, а околу 200 се повредени при уривање на црковно училиште во предградието на главниот град на Хаити, Порто-о-Пренс.Зградата на училиштето „Ла промес колеџ“, со капацитет од 700 ученици, се урнала во петокотво време кога во неа се изведувала настава.

Бројот на децата кои загинаа при уривање на училиште во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е 90

Канал5 - 10.11.2008

Порт-о-Пренс, 10 ноември (МИА) - Бројот на децата кои загинаа при уривање на училиште во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е 90, јавија локалните медиуми. - Голем број од жртвите остануваат затрупани под урнатините. Камерите откриваат тела под урнатините, но не можеме да ги извадиме, бидејќи е тешко, изјави претставник на спасувачките тимови. Сопственикот на училиштето беше уапсен.

90 деца загинаа под урнатините на училиштето во Порт-о-Пренс

Кирилица - 10.11.2008

Три дена по трагедијата точниот број на ученици што се под урнатините не може да се прецизира. Околу 150 деца беа хоспитализирани. Податоците на медиумите се дека во училиштето во момент на уривањето имало од 500 до 700 деца и ...