TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пораз во рамноправна игра

Вест - 23.11.2007

Квалификации за ЕП - Нашата фудбалска репрезентација загуби од Израел Во 71. минута Новески го погоди дирекот на гостинскиот гол. - Катанец: Не заслуживме пораз, но, од друга страна, па и не можеме да се надеваме на победа ако не знаеме да дадеме гол.

Мирсад Јонуз - најсериозен кандидат за селектор

Вест - 23.11.2007

Ако си замине Катанец Актуелниот селектор на нашата млада репрезентација, Мирсад Јонуз, е најсериозниот кандидат за преземање на селекторската функција во македонскиот национален тим, под услов Сречко Катанец да не го продолжи договорот кој му истекува на крајот на месецов.

Уште едни квалификации ги завршивме со пораз

Време - 23.11.2007

ЗАВРШИЈА НАТПРЕВАРИТЕ ЗА ЕВРО 2008 ГОДИНА: ИЗРАЕЛ - МАКЕДОНИЈА 1-0 (1-0) Фудбалската репрезентација на Македонија, традиционално, со пораз заврши уште еден квалификациски циклус, откако завчера загуби од Израел со 0-1 во последното коло од Групата Е, за пласман на Евро 2008 година.

Крај на европската приказна со пораз

Утрински - 23.11.2007

Израелците постигнаа гол од единствената поизгледна шанса во 35. минута Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз го заврши квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2008 година, откако завчеравечер на стадионот „Рамат Ган“ во Тел Авив, нашите момчиња во рамноправен меч загубија од ...

Раководството продолжи за Дурбан

Дневник - 23.11.2007

Поголемиот дел од интернационалниот македонски фудбалски состав, од Тел Авив замина во своите клубови во повеќе европски земји. Селекторот Катанец се врати во Љубљана, без да се произнесе дали ја прифаќа новата понуда на претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески под исти услови да одработи ...

Јалови и исцедени „жолти“

Дневник - 23.11.2007

Избраниците на селекторот Катанец не ја прекинаа лошата традиција против Израел За Македонија нема трета среќа во дуелите со Израел. Поразена е и на премиерното претставување во „светата земја“ (0-1), со голот на Барда, постигнат во 36. минута.

Блесоци и падови

Вечер Прес - 23.11.2007

Против најсилните одигравме добро, но со рамноправните со себе и послабите загубивме драгоцени бодови Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Европското првенство наредната година во Австрија и Швајцарија ги заврши на 5.

Барда ја скина низата

Вечер Прес - 23.11.2007

"Црвено-жолтите" и на гостувањето во Тел Авив не беа надиграни од Израел, но сепак загубија минимално Избраниците на селекторот Сречко Катанец не успеаја да ја продолжат низата на победи. Македонските репрезентативци и на гостувањето во Тел Авив не беа надиграни од Израел, но на крајот се минимално ...

Осврт за фудбалската репрезентација

А1 - 22.11.2007

Во Тел Авив со пораз ги затворивме квалификациите за европскиот шампионат во Австрија и во Швајцарија. Покрај домаќините уште 14 репрезентации ќе влезат во битка за континенталниот фудбалски трон. Ние сме далеку од елитата, па за жал повторно сме на дебатерската линија на фудбалскиот фронт.

ЕП 2008: Израел - Македонија 1:0

А1 - 22.11.2007

Македонските фудбалери немаа сили во Тел Авив успешно да го завршат квалификацискиот циклус и загубија од Израел со 1:0. Стабилноста и организираност од саботната претстава на Градски изостанаа на Рамат Ган и домаќините лесно ја официјализираа теренската предност.

Меч за наплата на долговите

Вест - 21.11.2007

Квалификации за ЕП - Нашата фудбалска репрезентација денеска (18 ч.) му гостува на Израел Главно обележје на последниот наш дуел во квалификациите е 50. репрезентативен натпревар на голманот Петар Милошевски. - Катанец: Со победата над Хрватска се врати самодовербата во репрезентацијата.

Седлоски и другарите по хет-трик во Тел Авив

Утрински - 21.11.2007

Натпреварот против Израел почнува во 18 часот со директен ТВ-пренос на МТВ Дарко Тасевски во дуел Гал Алберман на првиот меч во Скопје во кој Израелците славеа со 2:1 ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Вечерва со почеток во 18 часот (со директен пренос на МРТВ) фудбалската репрезентација на Македонија во Тел Авив ќе ...

Израелците одушевени од македонската бизнис-клима

Дневник - 21.11.2007

Условите за инвестирање во Македонија се одлични, а потенцијалот особено во земјоделскиот сектор не е доволно искористен, сметаат израелските бизнисмени. Тие вчера во Стопанската комора се сретнаа со македонски стопанственици, јави МИА. - Одушевени сме од можностите за вложување во Македонија.

Израел „црвено-жолт“ должник

Дневник - 21.11.2007

Без двајцата стандардни напаѓачи Пандев и Наумоски, избраниците на Катанец со голема самодоверба ќе бркаат прва победа против овој ривал Македонската фудбалска репрезентација вечерва (18 ч. пренос на МТВ) во Тел Авив против Израел ќе го заврши квалификацискиот циклус за ЕП 2008.

Израелците не задолжија на Градски

Вечер Прес - 21.11.2007

Желбата да се продолжи серијата добри резултати и враќање на долгот за поразот во Скопје, може да се исполни само со борбена и пожртвувана игра на стадионот Рамат Ган Македонските фудбалски репрезентативци на последната средба од квалификацискиот циклус за ЕП 2008 против Израел денеска во Тел Авив ...

Се бараат партнери за идни вложувања

Вечер Прес - 21.11.2007

Претставници на шест врвни израелски компании од областа на земјоделството, водостопанството и пречистувањето на отпадни води два дена ги детектираа можностите за соработка со македонски фирми, како прв чекор за идни нивни потфати во земјава и евентуално вложување.

Фудбалерите пристигнаа во Израел

А1 - 20.11.2007

Славјето по големата победа на Хрватска заврши. Задоволството на македонската фудбалска јавност ќе трае долго но, нашите репрезентативци со истото чувство веќе се фокусираат на одбрана на овој резултат за паметење. Утре во Тел Авив против Израел, Македонија го игра последниот натпревар од ...

Израелски агробизнисмени во Македонија

А1 - 20.11.2007

Имате огромен потенцијал за инвестирање и развој на земјоделството, порачаа израелските агробизнисмени. Првите луѓе на шесте водечки израелски компании, кои работат со вкупен годишен промет од над 2 милијарди долари, дојдоа во земјава лично да се уверат во можностите за инвестирање во македонскиот ...

Залетани одиме на победа и во Израел!

Време - 20.11.2007

НЕМА ПАУЗА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ, УТРЕ ИГРААТ СО ИЗРАЕЛ Со силен утрински тренинг вчера македонските фудбалски репрезентативци се подготвуваа за утрешниот мегдан со Израел, меч што нема никакво резултатско значење, но со оглед на тоа што Македонија брка добар ранкинг на ФИФА, секој позитивен ...

Победничката атмосфера ќе се пренесе во Тел Авив

Вест - 20.11.2007

Нашата фудбалска репрезентација утре игра со Израел Во победничка атмосфера, нашата фудбалска репрезентација ќе го пречека утрешниот последен квалификациски натпревар против Израел во Тел Авив. По денот одмор, селекторот Сречко Катанец повторно ги собра своите избраници на тренинг на стадионот во ...

Израелци ги испитуваат можностите за инвестиции во земјоделството

Утрински - 20.11.2007

Можностите за инвестирање во македонското земјоделско производство, во откупот, дистрибуцијата и во преработувачкиот сектор беа само некои од темите за кои вчера разговараа вицепремиерот Живко Јанкуловски и претставниците на стопанската делегација од Израел, која престојува во Македонија.

Седлоски_ Игравме со срце за себе и за својот народ

Утрински - 20.11.2007

Големата победа веднаш по завршувањето на мечот на Градски на колегите им ја честита и Пандев Седлоски во силен ритам го одработи мечот против Хрватска ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Дуелот и големата победа на фудбалската репрезентација на Македонија против силниот состав на Хрватска е веќе зад нас, а три дена ...

Хет-трик за најдобра завршница

Дневник - 20.11.2007

По двете победи над Андора и Хрватска, избраниците на селекторот Катанец без Наумоски и Пандев, патуваат по ново изненадување Нема еуфорија во македонската фудбалска репрезентација по победата над лидерот во Е-квалификациската група за ЕП 2008 Хрватска (2-0) на тешкиот терен во Скопје.

Израелците заинтересирани за земјоделството

Дневник - 20.11.2007

Земјоделското производство и преработувачкиот сектор во Македонија се интересни за израелските бизнисмени. За ова вчера тие разговараа со вицепремиерот Живко Јанкулоски, јави МИА. - На израелските бизнисмени им го претставивме и големиот потенцијал за производство на еколошки здрава храна.

Израелските бизнисмени пројавија интерес за инвестирање во земјава

Канал5 - 20.11.2007

Земјоделството и водните ресурси. Овие гранки се најпривлечни за израелските бизнисмени. Директните инвестиции во земјава ќе ги направеле во отворање на капацитети за земјоделски производи и менаџирање со водите. Бараат домашни бизнис партнери за реализација на инвестициите.

Нема да се посрамотиме во Тел Авив

Вечер Прес - 20.11.2007

Израел е добра репрезентација, но мислам, а тоа го покажаме на изминатите два натпревари, дека можеме да се носиме со секого, вели капитенот Гоце Седлоски Македонските фудбалски репрезентативци претпладнево со чартер заминуваат за Тел Авив, каде утре против Израел ќе го одиграат последниот ...

Играчите сакаат Катанец да остане

Вечер Прес - 20.11.2007

Натпреварот против Израел е последен за селекторот Сречко Катанец на клупата на Македонија. Нему со ова му завршива договорната обврска. Иако имаше најави од претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески дека престојот во Скопје пред средбата со Хрватска ќе биде искористен и за разговори со Катанец за ...

Им ја презентиравме нашата еко-храна

Вечер Прес - 20.11.2007

Стопанска делегација од Израел ги испитува можностите за инвестирање во земјоделско-прехранбениот сектор. Вицепремиерот Живко Јанкуловски вчера ги прими гостите од Израел за да им го претстави македонскиот потенцијал во производството на еколошки здрава храна.

Тежок е поразот на Градски за Хрватска

А1 - 19.11.2007

Иако се уште можат да си дозволат да поуживаат во задоволството што си го приредија себеси, но и на целата наша спортска јавност со саботниот голем триумф над селекцијата на Хрватска, македонските фудбалски репрезентативци веќе целосно се насочија кон последната обврска во квалификациите за пласман ...

Заглави укинувањето на визите за Израел

А1 - 19.11.2007

Укинувањето на визите за Израел заглави во технички детали. Владини одлуки за заемно укинување на визниот режим меѓу Македонија и Израел има, но бавните бирократски работи го одолговлекуваат укинувањето на визите за македонските државјани, кое беше најавено уште во мај оваа година.

Победија од инает на Панчев

Време - 19.11.2007

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2008: МАКЕДОНИЈА - ХРВАТСКА 2-0 Македонската фудбалска репрезентација ја победи Хрватска со 2-0 од инает на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев и на неговите истомисленици, кои речиси две недели пред завчерашниот дуел ги оцрнуваа и ги омаловажуваа нашите фудбалери со ...

Аплаузите за нашите, визата за Хрватите

Вест - 19.11.2007

Квалификации за ЕП - Нашата фудбалска репрезентација ја совлада Хрватска Паднаа во вода сите шпекулации дека натпреварот ќе заврши нерешено. - Катанец: Овој резултат е одговор на сите кои претходно не потценуваа. - Седлоски: Со ваква публика тешко кој ќе не победи на "Градски".

Македонска победа за паметење

Утрински - 19.11.2007

Избраниците на Катанец го направија најголемиот успех совладувајќи ја моментно 10. фудбалска сила во светот, Хрватска, со 2:0 САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Македонија ја извојува највредната победа во својата репрезентативна фудбалска историја. На Градски ја поразивме Хрватска, моментно позиционирана на 10.

Катанец не се изјаснува

Дневник - 19.11.2007

Не сум размислувал за нов ангажман - со насмевка на лицето возврати Сречко Катанец на прашањето дали ова му е последната прес-конференција во Скопје како кормилар на македонската репрезентација. Словенецот Катанец има договор со ФФМ до 1 декември годинава, а му преостанува да го одработи уште ...

Хрватска на колена во калта на Градски

Дневник - 19.11.2007

Израел сепак им обезбеди пласман на коцкестите на ЕП со победата против Русија Со голема победа од 2-0 против лидерот во групата Хрватска, Македонија за последен пат играше пред своите навивачи во квалификацискиот фудбалски циклус за пласман на ЕП.

Израелски компании го разгледуваат економскиот потенцијал на земјава

Канал5 - 19.11.2007

Најголемите израелски компании денеска на средба во владата со вицепремиерот Живко Јанкуловски го разгледуваа економскиот потенцијал на земјава. Најголемите израелски компании денеска на средба во владата со вицепремиерот Живко Јанкуловски го разгледуваа економскиот потенцијал на земјава.