TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски не е загрижен за бојкотот на ДУИ

А1 - 28.01.2007

Криза во политичкиот дијалог нема, вели премиерот Груевски и по заминувањето на ДУИ од Собранието. Тој не е загрижен од одлуката на Ахмети за бојкот на институциите. Нивна одлука е како ќе дејствуваат во опозиција. „Тоа е нивно демократско право и се додека е во рамките на демократијата, јас тоа го ...

ДУИ одлучи да го напушти Парламентот

А1 - 27.01.2007

Ахмети соопшти, ДУИ го напушти Парламентот. Ваквата одлука, според партијата, се должи на блокадата на дијалогот, надгласувањето на Албанците во Собранието, уништувањето на Охридскиот договор. „Ние не сакаме да бидеме дел од институции кои сакаат оваа земја да ја вратат назад.

ДУИ непоколеблива за бојкотот

Дневник - 27.01.2007

Ахмети изјави дека гласачите и членовите на ДУИ инсистираат пратениците да го напуштат Собранието Извесно е дека Централниот одбор на ДУИ денеска ќе ја потврди одлуката партијата да го напушти Собранието. Пратениците и членовите на Претседателството, предводени од лидерот Али Ахмети, од Струга до ...

ДУИ ја враќа Македонија назад

Вечер Прес - 27.01.2007

ДУИ контра препораките на странските дипломати. Ниту евроамбасадорот Ерван Фуере не успеа да го премисли Ахмети околу напуштањето на Парламентот. Собраниските клупи на пратениците на ДУИ во понеделник ќе останат празни. Денеска Централниот одбор на партијата само формално ќе ја потврди одлуката на ...

Претседателствата на ДУИ и на ПДП го поддржаа бојкотот на Собранието

Утрински - 26.01.2007

Се' се сведуваше на наметнување на волјата врз Албанците, изјави Ермира Мехмети ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - На заедничка седница централните претседателства на ДУИ и на ПДП биле едногласни дека одлуките за напуштање на работата на Собранието од двете пратенички групи била оправдана.

Фуере не го предомисли Ахмети да не го напушти Собранието

А1 - 25.01.2007

Фуере не го предомисли Ахмети за бојкотот на ДУИ. ДУИ си остана на ставот да ја напушти работата на Собранието. Ваквата одлука треба да ја потврди во сабота Централниот одбор на партијата. Фуере вечерва, од пред партиското седиште на ДУИ во скопски Чаир, испрати апел до сите партии да ги остават ...

Бојкотот на ДУИ ќе не чини 12 илјади евра месечно

Време - 25.01.2007

ТАКТИКИ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД ПАРЛАМЕНТОТ Околу 12 илјади евра ќе издвојува парламентот за секој месец отсуство на пратениците од албанскиот опозициски блок, доколку ДУИ остане на ставот за напуштање на законодавниот дом, по примерот на ПДП.

Бојкотот на Собранието не е добра идеја за никого

Дневник - 25.01.2007

Одлуката за излегување на пратеничките групи на ДУИ и ПДП од Собранието не е добра ниту за Македонија ниту за партиите, рекол британскиот амбасадор Роберт Четерсон Диксон при вчерашната посета на партиското седиште на ДУИ во Тетово.

ДУИ и ПДП едногласни за одлуката за напуштање на Парламентот

А1 - 24.01.2007

Одлуката за напуштање на Парламентот е едногласно оправдана и наметната од актуелната политичка клима, ова е ставот на коалицијата ДУИ-ПДП, по состанокот на претседателствата на двете партии, кои повеќе од три часа заседаваа во Мала Речица.

Мајтап со Собранието

Време - 24.01.2007

ПОЕНТА Сунчица Стојановска ДУИ и ПДП излегоа од Собранието. Клупите на кои седеа нивните пратеници од понеделник ќе останат празни. Причина е незадоволството од одлуката на Комитетот за односи меѓу заедниците, да не се применува Бадентеровиот принцип при донесувањето на измените на Законот за ...

Груевски: Ако сакаат, ќе им дадеме техничка помош

Вест - 24.01.2007

ПО НАЈАВИТЕ НА ДУИ ЗА НАПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ Демократско право на секоја партија е да одбере дали ќе напушти седница на Собранието, коментираше вчера премиерот Груевски, по најавите на ДУИ дека го напушта Парламентот. "И ние во минатото сме применувале такви начини на демократско изразување на ...

Премиерот и' нуди „техничка помош“ на ДУИ

Дневник - 24.01.2007

Премиерот Никола Груевски вчера и' понуди „техничка помош“ на ДУИ ако таа реши да го напушти Собранието, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе имала такво искуство. - Во минатото сме применувале и такви начини. Ако смеам да се пошегувам, може да им понудиме и техничка помош.

За ДУИ и ПДП напуштањето на Собранието е оправдано

Канал5 - 24.01.2007

Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Партијата за демократски просперитет (ПДП) на денешниот заеднички состанок на централните претседателства што се одржа во седиштето на ДУИ во Тетово едногласно констатираа дека напуштањето на Собранието е оправдано и дека тоа е на неодреден рок.

Албанската опозиција игра на картата на политичка криза

Време - 23.01.2007

ПДП ЈА ПРЕТРКА ДУИ ВО БЕГСТВОТО ОД ВЛАСТА Александра М. Митевска ПДП ги претрка коалициските партнери од ДУИ во одлуката за излегување од парламентот, наспроти очекувањата партијата на Абдулади Вејсели да стане дел од власта.

Мајтап демократија

Утрински - 23.01.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ГОРДАНА ДУВЊАК Пратениците од Демократската унија на Македонија и на Партијата за демократски просперитет одлучија во иднина парламентарните дебати да ги следат од телевизиските екрани. Решија да ја напуштат говорницата и работата на законодавниот дом, а расправата непречено да ја ...

За спикерот Георгиевски бојкотот на пaрламентот било бирократско прашање!

Утрински - 23.01.2007

Георгиевски смета дека потегот на ПДП е политички мотивиран и не гледа можност на каков било начин да влијае на одлуката ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Бојкотот на Собранието од страна на пратениците на ПДП и најавата дека тоа ќе го сторат и парламентарците од ДУИ, за спикерот Љубиша Георгиевски е „бирократско ...

Груевски допрва ќе решава за средба со лидерот на ДУИ

Дневник - 23.01.2007

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе одлучи дали лидерот Никола Груевски ќе иницира средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети по нивната најава дека ќе го напуштат Собранието и оти ќе ја прекинат комуникацијата со централната власт.

Ахмети ќе им објаснува на странците зошто го напушта Собранието

Дневник - 23.01.2007

ДУИ ВО ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА Теута Арифи вели дека мали се шансите меѓународните претставници да ги разубедат во намерата да излезат од законодавниот дом Зошто ДУИ да остане во Собранието, кога власта не ги почитува Уставот и Бадентеровиот принцип и ги дерогира институциите, вели потпретседателката ...

ПДП и се оддолжи на ДУИ?!

Вечер Прес - 23.01.2007

Додека во ДУИ се уште се чека потврда на ставот на централното претседателство да не учествува во работата на Парламентот, пратениците на ПДП го напуштија Собранието. Образложенијата на партијата на Вејсели исти со оние на ДУИ, одлуката на комитетот за односи меѓу заедниците измените во законот за ...

ДУИ од следниот понеделник го напушта Собранието

А1 - 22.01.2007

Централното претседателство на опозициската Демократска унија за интеграција донесе одлука пратениците од оваа партија од следниот понеделник да не учествуваат во работата на Собранието, изјави денеска Џевад Адеми, пратеник од ДУИ.

Георгиевски не е загрижен што собранието ќе остане без ДУИ и ПДП

А1 - 22.01.2007

Спикерот Георгиевски не е многу загрижен што собранието ќе остане без пратеничките групи на ДУИ и на ПДП. Нема намера да го свика Претседателството на собранието, за да ја преиспита одлуката на Комитетот за меѓуетнички односи, законот за радио дифузија да се носи без Бадентер.

ДУИ и ПДП го напуштаат Собранието

Утрински - 22.01.2007

Идната сабота дефинитивна одлука ќе донесе Генералниот совет на ДУИ ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - ДУИ и ПДП ќе ги напуштат парламентарните клупи и учеството во институциите на системот. Претседателството на ДУИ на седницата одржана зад затворени врати во саботата во доцните попладневни часови оценило дека ...

ПДП излегува од Собранието

Дневник - 22.01.2007

Партијата за демократски просперитет на вчерашното централно претседателство одлучи тројцата пратеници на оваа партија да не учествуваат во работата на парламентот, се' додека власта не почне да го почитува Баденетеровиот принцип.

ДУИ на чекор до излегување од собраниските клупи

Дневник - 22.01.2007

Поголеми се шансите да излеземе од Собранието отколку да останеме, изјави вчера Теута Арифи по завршувањето на централното претседателство на Демократската унија за интеграции . За ова ќе одлучува највисокиот партиски орган, Централниот одбор, на седница што ќе се одржи во сабота во Тетово.

За половина година, втор бојкот на ПДП на Парламентот

Канал5 - 22.01.2007

Политичка одлука да се опструира работата на Собранието – вака од кабинетот на спикерот Георгиевски ја толкуваат одлуката на ПДП да ја бојкотираат работата на парламентот. Иако велат дека ваквата одлука е легитимна, ги отфрлаат критиките дека комитетот за односи меѓу заедниците го суспендирал ...