Криза во политичкиот дијалог нема, вели премиерот Груевски и по заминувањето на ДУИ од Собранието. Тој не е загрижен од одлуката на Ахмети за бојкот на институциите. Нивна одлука е како ќе дејствуваат во опозиција. „Тоа е нивно демократско право и се додека е во рамките на демократијата, јас тоа го ...
Ахмети соопшти, ДУИ го напушти Парламентот. Ваквата одлука, според партијата, се должи на блокадата на дијалогот, надгласувањето на Албанците во Собранието, уништувањето на Охридскиот договор. „Ние не сакаме да бидеме дел од институции кои сакаат оваа земја да ја вратат назад.
Ахмети изјави дека гласачите и членовите на ДУИ инсистираат пратениците да го напуштат Собранието Извесно е дека Централниот одбор на ДУИ денеска ќе ја потврди одлуката партијата да го напушти Собранието. Пратениците и членовите на Претседателството, предводени од лидерот Али Ахмети, од Струга до ...
ДУИ контра препораките на странските дипломати. Ниту евроамбасадорот Ерван Фуере не успеа да го премисли Ахмети околу напуштањето на Парламентот. Собраниските клупи на пратениците на ДУИ во понеделник ќе останат празни. Денеска Централниот одбор на партијата само формално ќе ја потврди одлуката на ...
Се' се сведуваше на наметнување на волјата врз Албанците, изјави Ермира Мехмети ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - На заедничка седница централните претседателства на ДУИ и на ПДП биле едногласни дека одлуките за напуштање на работата на Собранието од двете пратенички групи била оправдана.
Фуере не го предомисли Ахмети за бојкотот на ДУИ. ДУИ си остана на ставот да ја напушти работата на Собранието. Ваквата одлука треба да ја потврди во сабота Централниот одбор на партијата. Фуере вечерва, од пред партиското седиште на ДУИ во скопски Чаир, испрати апел до сите партии да ги остават ...
ТАКТИКИ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД ПАРЛАМЕНТОТ Околу 12 илјади евра ќе издвојува парламентот за секој месец отсуство на пратениците од албанскиот опозициски блок, доколку ДУИ остане на ставот за напуштање на законодавниот дом, по примерот на ПДП.
Одлуката за излегување на пратеничките групи на ДУИ и ПДП од Собранието не е добра ниту за Македонија ниту за партиите, рекол британскиот амбасадор Роберт Четерсон Диксон при вчерашната посета на партиското седиште на ДУИ во Тетово.
Одлуката за напуштање на Парламентот е едногласно оправдана и наметната од актуелната политичка клима, ова е ставот на коалицијата ДУИ-ПДП, по состанокот на претседателствата на двете партии, кои повеќе од три часа заседаваа во Мала Речица.
ПОЕНТА Сунчица Стојановска ДУИ и ПДП излегоа од Собранието. Клупите на кои седеа нивните пратеници од понеделник ќе останат празни. Причина е незадоволството од одлуката на Комитетот за односи меѓу заедниците, да не се применува Бадентеровиот принцип при донесувањето на измените на Законот за ...
ПО НАЈАВИТЕ НА ДУИ ЗА НАПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ Демократско право на секоја партија е да одбере дали ќе напушти седница на Собранието, коментираше вчера премиерот Груевски, по најавите на ДУИ дека го напушта Парламентот. "И ние во минатото сме применувале такви начини на демократско изразување на ...
Премиерот Никола Груевски вчера и' понуди „техничка помош“ на ДУИ ако таа реши да го напушти Собранието, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе имала такво искуство. - Во минатото сме применувале и такви начини. Ако смеам да се пошегувам, може да им понудиме и техничка помош.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Партијата за демократски просперитет (ПДП) на денешниот заеднички состанок на централните претседателства што се одржа во седиштето на ДУИ во Тетово едногласно констатираа дека напуштањето на Собранието е оправдано и дека тоа е на неодреден рок.
ПДП ЈА ПРЕТРКА ДУИ ВО БЕГСТВОТО ОД ВЛАСТА Александра М. Митевска ПДП ги претрка коалициските партнери од ДУИ во одлуката за излегување од парламентот, наспроти очекувањата партијата на Абдулади Вејсели да стане дел од власта.
ЕДИТОРИЈАЛ ГОРДАНА ДУВЊАК Пратениците од Демократската унија на Македонија и на Партијата за демократски просперитет одлучија во иднина парламентарните дебати да ги следат од телевизиските екрани. Решија да ја напуштат говорницата и работата на законодавниот дом, а расправата непречено да ја ...
Георгиевски смета дека потегот на ПДП е политички мотивиран и не гледа можност на каков било начин да влијае на одлуката ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Бојкотот на Собранието од страна на пратениците на ПДП и најавата дека тоа ќе го сторат и парламентарците од ДУИ, за спикерот Љубиша Георгиевски е „бирократско ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе одлучи дали лидерот Никола Груевски ќе иницира средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети по нивната најава дека ќе го напуштат Собранието и оти ќе ја прекинат комуникацијата со централната власт.
ДУИ ВО ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА Теута Арифи вели дека мали се шансите меѓународните претставници да ги разубедат во намерата да излезат од законодавниот дом Зошто ДУИ да остане во Собранието, кога власта не ги почитува Уставот и Бадентеровиот принцип и ги дерогира институциите, вели потпретседателката ...
Додека во ДУИ се уште се чека потврда на ставот на централното претседателство да не учествува во работата на Парламентот, пратениците на ПДП го напуштија Собранието. Образложенијата на партијата на Вејсели исти со оние на ДУИ, одлуката на комитетот за односи меѓу заедниците измените во законот за ...
Централното претседателство на опозициската Демократска унија за интеграција донесе одлука пратениците од оваа партија од следниот понеделник да не учествуваат во работата на Собранието, изјави денеска Џевад Адеми, пратеник од ДУИ.
Спикерот Георгиевски не е многу загрижен што собранието ќе остане без пратеничките групи на ДУИ и на ПДП. Нема намера да го свика Претседателството на собранието, за да ја преиспита одлуката на Комитетот за меѓуетнички односи, законот за радио дифузија да се носи без Бадентер.
Идната сабота дефинитивна одлука ќе донесе Генералниот совет на ДУИ ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - ДУИ и ПДП ќе ги напуштат парламентарните клупи и учеството во институциите на системот. Претседателството на ДУИ на седницата одржана зад затворени врати во саботата во доцните попладневни часови оценило дека ...
Партијата за демократски просперитет на вчерашното централно претседателство одлучи тројцата пратеници на оваа партија да не учествуваат во работата на парламентот, се' додека власта не почне да го почитува Баденетеровиот принцип.
Поголеми се шансите да излеземе од Собранието отколку да останеме, изјави вчера Теута Арифи по завршувањето на централното претседателство на Демократската унија за интеграции . За ова ќе одлучува највисокиот партиски орган, Централниот одбор, на седница што ќе се одржи во сабота во Тетово.
Политичка одлука да се опструира работата на Собранието – вака од кабинетот на спикерот Георгиевски ја толкуваат одлуката на ПДП да ја бојкотираат работата на парламентот. Иако велат дека ваквата одлука е легитимна, ги отфрлаат критиките дека комитетот за односи меѓу заедниците го суспендирал ...