TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бакојани: Грција и Турција ќе го продолжат дијалогот, Караманлис ќе ја посети Анкара

Канал5 - 09.12.2007

Грција и Турција ќе го продолжат дијалогот со цел решавање на проблемите и подобрување на билатералните односи, изјави шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани во интервју за атинскиот весник „Елефтерос типос“. Атина, 9 декември (МИА) - Грција и Турција ќе го продолжат дијалогот со цел решавање ...

Катимерини: Нимиц ги насочува преговорите кон двојната формула

Макфакс - 09.12.2007

Атина Специјалниот посредник на Обединетите нации(ОН) Метју Нимиц ги насочува македонско-грчките преговори за името кон двојната формула што ја предлага Македонија. Ова денеска се наведува во грчкиот весник „Катимерини“, кој потенцира дека Атина категорично се противи на идејата за двојната формула.

Дора Бакојани не дава ни ПЈРМ во алијансата

Дневник - 08.12.2007

Решавањето на спорот за името е услов Македонија да влезе во НАТО, изјави вчера министерката Дора Бакојани. Таа изрази задоволство што во заклучоците на НАТО влезе и реченица што се однесува на спорот. Запрашана дали Република Македонија во НАТО може да влезе со референцата Поранешна Југословенска ...

„Нафтемборики“: Косово и Македонија главни теми на средбата Бакојани-Рајс во Брисел

Канал5 - 08.12.2007

Идниот статус на Косово и спорот околу името на Македонија, беа главни теми на средбата на шефот грчката дипломатија Дора Бакојани со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во Брисел, објави денеска електронското издание на грчкиот весник „Нафтемборики“.

„Охридски договор“ за името

Утрински - 07.12.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ДИМИТАР ЧУЛЕВ Еден по еден и испаѓаат од рака „адутите“ на официјална Атина, со кои се обиде да ја притисне Македонија на конечна отстапка за промена на уставното име. Завчера Метју Нимиц во Атина побара уште една средба по Нова година, што значи маневарски простор за заедничко ...

Од јануари директни преговори за името

Вест - 06.12.2007

За долгогодишниот спор за името помеѓу Македонија и Грција во јануари двете страни ќе продолжат со директни преговори, соопшти вчера во Атина специјалниот пратеник на ООН за ова прашање Метју Нимиц. Тој и преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис во јануари во Охрид ќе се сретнат со ...

Преговорите се селат од Њујорк во Охрид

Време - 06.12.2007

ПО БОЖИЌ, ВАСИЛАКИС НА ГОСТИ КАЈ ДИМИТРОВ Преговорите за решавање на спорот со името се интензивираат и од Њујорк во почетокот на идната година се селат во Охрид, а потоа и во Атина. Ваквиот пресврт во разговорите вчера го најавил медијаторот Метју Нимиц по средбите со шефицата на грчката ...

Нимиц по Нова година пак во Скопје и во Атина

Утрински - 06.12.2007

Нимиц и Бакојани Медијаторот во Атина изјави дека периодот пред самитот на НАТО е „идеално“ време за решавање на проблемот Димитар Чулев Постојат различни интерпретации, но двете страни сакаат да постигнат заемно прифатливо решение, оцени вчера во Атина посредникот во грчко- македонскиот спор, ...

За името ќе се преговара во Скопје и во Атина

Дневник - 06.12.2007

Го охрабруваме Нимиц да ги поттикне нашите грчки пријатели да имаме и директна средба на министерско ниво, изјави министерот Милошоски Грција и Македонија ќе ги продолжат преговорите за името во јануари в година во Скопје, но засега не се знае дали посредникот Метју Нимиц ќе даде нов предлог или ќе ...

Милошоски: Зајакнатите средби со министри не значат и брзо решение за името

Канал5 - 06.12.2007

Подигнувањето на политичкото ниво на разговорите за името во кои од јануари се вклучуваат и шефовите на македонската и грчката дипломатија, според Милошоски, не значи и брзо затворање на прашањето. Иницијативата на медијаторот Нимиц за интензивирање на разговорите зајакнати со министерско присуство ...

Средба Рајс – Бакојани на министерска средба на НАТО

Макфакс - 06.12.2007

Брисел/ Атина Шефиците на дипломатиите на САД и Грција, Кондолиза Рајс и Дора Бакојани, ќе имаат средба на маргините на министерската средба на НАТО, која започнува денеска во Брисел. Состојбата на Косово и во западен Балкан, како и проширувањето на НАТО со Македонија, Албанија и Хрватска, ќе бидат ...

Њујорк се заменува со Охрид и Атина

Вечер Прес - 06.12.2007

Македонско-грчките преговори за името, наместо како досега во Њујорк, ќе продолжат по Божиќ во Охрид, а потоа и во Атина. Ова е исходот од посетата на медијаторот Метју Нимиц на двете земји, која заврши вчера со средбите во Атина со грчкиот премиер и со шефицата на дипломатијата, Костас Караманлис ...

Милошоски ја покани Бакојани на директни разговори

А1 - 05.12.2007

Министерот Милошоски денеска упати покана до неговата грчка колешка Дора Бакојани да дојде во Скопје на директни преговори за името. Ова не е првпат македонски министер да кани грчки, но досега официјална Атина ниту еднаш не одговорила на поканата.

Нимиц се сретна со Бакојани

А1 - 05.12.2007

Шатл дипломатијата на Нимиц навидум успева. По средбата со грчкиот шеф на дипломатијата, американскиот дипломат објави дека го добил посакуваниот резултат - интензивирање на преговорите за името. По Нова година министерот Милошоски во Скопје ќе ги пречека преговарачите Василакис и Димитров, а ...

Во Скопје Нимиц бил преплавен од аргументи

Време - 05.12.2007

ПОСРЕДНИКОТ ЈА ИСЛУША МАКЕДОНСКАТА СТРАНА Македонската страна со аргументи „за“ и „против“ го бомбардирала медијаторот Метју Нимиц на завчерашната средба во Скопје за тоа кои предлози на рамката се прифатливи, а кои не се. Како што тврдат дипломатски извори, Нимиц бил импресиониран од ...

Македонија во НАТО под привременото име

Утрински - 05.12.2007

Американскиот амбасадор во Грција сред Атина изјави дека името не се смета за предуслов за членство ДИМИТАР ЧУЛЕВ „САД сметаат дека додека не се најде соодветно решение за името, треба да се почитува Привремената спогодба од 1995 година и Македонија во НАТО да влезе под привременото име", вели ...

Грција со воздржан оптимизам го дочека Нимиц

Дневник - 05.12.2007

Новиот американски амбасадор во Атина, Даниел Спекхард, изјавил дека додека не се најде соодветно решение за името на Македонија земјата да се прими во НАТО под привременото име Со воздржан оптимизам, грчката влада го дочека Метју Нимиц, посредникот во спорот за името, по неговата посета на ...

Нимиц најави засилени разговори за името

Канал5 - 05.12.2007

Разговорите за името се во круцијална фаза. Скопје и Атина на сугестија на медијаторот Нимиц го подигаат политичкото ниво на преговорите, во кои се вклучуваат и министрите за надворешни работи на двете земји Милошоски и Бакојани. Разговорите за името се во круцијална фаза.

Преговорите за името продолжуваат во Скопје и Атина

Макфакс - 05.12.2007

Атина Преговорите за разликите за името меѓу Македонија и Грција кои досега редовно се одржуваа во Њујорк, по Нова година ќе продолжат во Скопје и Атина. Ова, како што пренесува Макфакс, го јавија денеска грчките медиуми, повикувајќи се на посредникот Метју Нимиц, кој во Атина имаше средба со ...

Нов предлог за името по Нова година

Вечер Прес - 05.12.2007

Во меѓувреме, грчката дипломатска офанзива се интензивира. Бакојани веќе в петок, само два дена по средбата со Нимиц, во Брисел ќе се сретне со американската колешка Кондолиза Рајс Новата рунда од македонско-грчките разговори околу употребата на уставното име на земјава ќе се одржи веднаш по ...

Спекхарт: Во НАТО под привременото име

А1 - 04.12.2007

По вчерашната изјава на медијаторот Нимиц, дека спорот за името не може да влезе во завршна рунда без поддршка од двете земји за ваков план, денеска уште една непријатна вест за грчката јавност, од страна на американскиот дипломат-амбасадор во Атина Данијел Спекхарт.

Атина и Анкара ќе создадат заеднички единици во рамки на НАТО

А1 - 04.12.2007

Грција и Турција усвоија нови мерки за билатерална доверба, што предвидуваат создавање заеднички единици во рамките на НАТО, објави денеска грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани по средбата во Атина со нејзиниот турски колега Али Бабаџан.

Нимиц: "Напредокот е во новите идеи"

Вест - 04.12.2007

ПОСРЕДНИКОТ ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО ВО СКОПЈЕ Според разговорите, мошне брзо, веќе во јануари може да се очекува нова средба со посредникот Нимиц. Ова не е последна рунда од преговорите за името помеѓу Македонија и Грција, а напредокот е во тоа што беа слушнати и искажани некои идеи и сугестии од двете ...

Напредок во преговорите, статус кво во ставовите

Време - 04.12.2007

ПОСРЕДНИКОТ МЕТЈУ НИМИЦ ВО МАКЕДОНИЈА Елизабета С. Илиевска Посредникот во спорот за името Метју Нимиц вчера и официјално го слушна ставот на македонскиот државен врв во врска со неговиот предлог за решавање на спорот со Грција. - Ова воопшто не е лесно прашање.

Преговорите ќе продолжат до решавање на проблемот со името

Утрински - 04.12.2007

По средбата со државниот врв, Нимиц рече дека разговорите биле конструктивни и слушнал нови идеи ДИМИТАР ЧУЛЕВ „Нема последна рунда преговори се' додека прашањето не биде решено“, изјави вчера во Скопје медијаторот во грчко-македонскиот спор околу името, Метју Нимиц.

Уставното име да влезе во рамката на Нимиц

Дневник - 04.12.2007

НА ПОСРЕДНИКОТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Средбата со македонскиот државен врв Метју Нимиц ја оцени како „суштинска и конструктивна“ Македонија прифаќа да се зајакне процесот на разговори за името, но не отстапува од уставното име на земјата и не прифаќа прашањето да се реши до самитот на НАТО.

Можна е директна средба Бакојани-Милошоски

Дневник - 04.12.2007

Дипломатски извори не ја исклучуваат можноста од директна средба на министрите за надворешни работи на Македонија, односно на Грција, Антонио Милошоски и Дора Бакојани, во процесот на преговори. На својата последна куса средба во Мадрид и двајцата ги изнесле своите ставови, при што Бакојани ...

Спекхарт: Решете го името со до Букурешт

Канал5 - 04.12.2007

Метју Нимиц има ден пауза пред средбите со грчките власти во Атина, по вчерашниот состанок со македонскиот државно-владин врв на кој најави нова рунда разговори со преговарачите Димитров и Василакис по празниците во јануари. Метју Нимиц има ден пауза пред средбите со грчките власти во Атина, по ...

Нимиц задоволен заминува во Атина

Вечер Прес - 04.12.2007

Тој признава дека прашањето е навистина тешко, но не се предава. Ќе ги води преговорите под покровителство на ОН се додека не се изнајде компромис Метју Нимиц вчера излезе задоволен од кабинетот на македонскиот претседател, иако не објасни зошто.

Нимиц: Има прогрес во разговорите, но не и решение

А1 - 03.12.2007

Прогрес има, но само во атмосферата околу преговорите, напредок во однос на приближување на ставовите нема. Тоа е впечатокот на медијаторот Нимиц, кој денеска се сретна со државно владиниот врв. Два дена пред состанокот во Атина в среда, Нимиц не можеше да даде детали за неговите, но и за идеите и ...

Медијаторот Нимиц денес на разговори во Скопје

Утрински - 03.12.2007

Договорија став: Бранко Црвенковски, Никола Груевски и Антонио Милошоски За Македонија останува неприфатливо друго име освен уставното за меѓународна употреба За Македонија е неприфатливо да се согласи на име за меѓународна употреба кое е различно од уставното и кое е веќе прифатено од над 120 ...

Македонија со старите забелешки за предлогот за името

Дневник - 03.12.2007

Грчкото МНР не очекува „Скопје“ да го смени ставот за името, а од посетата на Нимицне очекува пресврт , пишуваат медиумите во Грција Македонија не прифаќа име за меѓународна употреба што е различно од уставното е позицијата со која, според најавите, државниот врв денеска ќе настапи пред посредникот ...

Нимиц најверојатно во јануари ќе излезе со конкретен предлог за името

Канал5 - 03.12.2007

Разговорите во Скопје денеска и во Атина в среда за Нимиц се само увертира за нова суштинска рунда преговори. Медијаторот планира во јануари по празниците одново да ги свика преговарачите Димитров и Василакис. Разговорите во Скопје денеска и во Атина в среда за Нимиц се само увертира за нова ...

Нимиц задоволен од средбата во Скопје

Макфакс - 03.12.2007

Скопје Специјалниот посредник Метју Нимиц во разговорите за името меѓу Македонија и Грција денеска во Скопје слушнал “повеќе идеи и го видел ставот во врска со нацрт-рамката“ што ја понуди на последната рунда разговори во Њујорк. „Прашањето не е лесно за решавање.

Македонија нема простор за отстапки

Вечер Прес - 03.12.2007

Нашата преговарачка позиција, по петочниот консензус меѓу власта и опозицијата околу реформите што се дел од критериумите за прием во НАТО, е значително поцврста, сметаат експертите Нема ниту минимални промени на македонската позиција околу прашањето за името.

Димитров – Македонија конструктивна во преговорите за името

Макфакс - 03.12.2007

Скопје Република Македонија е посветена активно и конструктивно да учествува во процесот на надминување на разликите за името со Грција, но нема да прави отстапки за уставното име. Ова го изјави македонскиот преговарач во разликите за името со Грција, Никола Димитров по средбата на државниот врв со ...

Нимиц во Македонија на разговори за името

Макфакс - 03.12.2007

Скопје Специјалниот пратеник на ОН во разговорите за разликите околу името со Грција, Метју Нимиц денеска во Скопје треба да се сретне со македонскиот државен врв. Нимиц ќе има средба со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, а на средбата ќе присуствува и министерот за ...