Ова е првата банка што оди во директна ликвидација по налог на НБРМ, без стечај Раководството поднесе тужба до Врховниот суд поради неоснованата одлука за ликвидација на солвентна банка: граѓаните во неизвесност, експозитуреите на Македонска банка затворени МАЈА ТОМИЌ Македонска банка е првата ...
За разлика од акционерите и од штедачите, кои мора да чекаат да заврши пописот на ликвидационата маса и назначувањето ликвидатор за да си ги повратат парите, должниците на Македонска банка имаат законска обврска веднаш во целост да ги вратат кредитите и другите долгови.
Вредноста на акцијата ќе биде пресметана според номинална цена, бидејќи тргувањето на берзата е запрено Граѓаните што поседуваат акции во Македонска банка се во паника по отворањето на постапката за ликвидација. Тргувањето со акциите на оваа банка на Македонската берза е запрено така што тие немаат ...
По одлуката на гувернерот да ја ликвидира Македонска банка ликвидаторот од понеделник ќе ги попишува штедните влогови на близу 180.000 луѓе. Ќе утврдува на кому колку пари му се заглавени во банката. По одлуката на гувернерот да ја ликвидира Македонска банка ликвидаторот од понеделник ќе ги ...
Гувернерот Петар Гошев и стави клуч на Македонска банка. Тоа го направи без око да му трепне, објавувајќи ја својата одлука лежерно и како да се работи за затворање на некоја сендвичарница. Јас сум еден од оние 180 илјади, т.н.
Само експресна продажба може да ја спаси „Македонска банка“ од пропаст. Зоран Трпески, поранешен директор на банката тврди, дека договор меѓу Гошев, Нини и нов купувач, кој е подготвен преку ноќ да ја купи, е единствената можна солуција да не згасне „Македонска банка“.
РЕАКЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАКЕДОНСКА БАНКА Синдикатот на Македонска банка, реагира на решението за ликвидација донесено од страна Народната банка на Македонија и бара истото да биде повлечено, а гувернерот да распише тендер за избор на нов доминантен сопственик на акциите.
СИНДИКАТ НА МАКЕДОНСКА БАНКА Со ликвидирањето на Македонска банка казнети се само вработените кои ќе останат на улица - реагираше вчера синдикатот на банката. "Дали мора да се уништи банката за да се реши проблемот што Народна банка го има со акционерот "јака 80".
Штедачите нема да се обесштетат целосно. За Министерот затворањето е логична последица на активностите на НБРМ. Вработените, како и менаџментот, тврдат дека банката има здрав капитал за работење и најавуваат штрајк МАЈА ТОМИЌ АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ На сите штедачи и клиенти на Македонска банка ќе им се ...
Се појави, живееше и заврши со проблеми. Тоа беше деловниот пат на Македонска банка, произлезена од некогашната Љубљанска. Првиот скандал во врска со оваа банка се појави кога нејзините директори станаа и најголеми акционери , операција што за тогашниот гувернер Љубе Трпески беше матна.
Премиерот се дистанцира од случајот Македонска банка. Додека раководството на банката од Владата и од Собранието бара да се одложи постапката за ликвидација, Груевски упатува на независноста на гувернерот да одлучува за Македонска. Премиерот се дистанцира од случајот Македонска банка.
Народната банка вчера го достави предлогот за ликвидација на Македонска банка до Основниот суд Скопје 2, кој ја спроведува ликвидационата постапка. Судот треба да донесе решение за отворање ликвидациона постапка во рок од три работни дена, од денот на доставување на предлогот, изјави вчера за Вечер ...
Кој подигнал плата или пензија до 15 октомври, до решението на гувернерот подигнал, кој не парите ќе ги добие од ликвидаторот. Пензионерите би требало да се обратат во Фондот за пензиско и да побараат нивните пензии од идниот месец да им пристигнуваат во друга банка или на домашна адреса Гувернерот ...
Српските менаџери си заминаа, вработените во „Македонска банка“ се во паника. Бараат гувернерот Гошев да ја смени одлуката и „Македонска“ да продолжи со работа, НБМ да ја продава, наместо да ја ликвидира. Се заканија со протести и штрајк со глад пред Централната банка.
СО ОДЛУКА НА НАРОДНАТА БАНКА Македонска банка оди во ликвидација, одлучи Народната банка. Гувернерот Петар Гошев соопшти дека Македонска банка повеќе нема дозвола за работа. Тој информира дека штедачите нема од што да стравуваат бидејќи во банката има доволно средства за исплата на сите штедни ...
МАКЕДОНСКА БАНКА ЌЕ СЕ ЛИКВИДИРА Македонска банка ќе се ликвидира, но штедачите ќе бидат целосно обесштетени. Во вторникот, гувернерот на Народната банка Петар Гошев донесе решение со кое се укинува дозволата за основање и работење на Македонска банка АД Скопје.
Штедачите и клиентите не треба да стравуваат за своите пари, смирува раководството на банката Одлуката на НБМ за одземање на лиценцата ќе биде обжалена, но нема каде да се достави поради тоа што не е конституиран Управен суд МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Македонска банка има доволно пари да ги исплати сите свои ...
Има доволно пари да се обесштетат сите граѓани и правни лица, уверуваат во Народната банка на Македонија Штедните влогови на граѓаните и парите на доверителите во Македонска банка се безбедни и има доволно пари да се обесштетат сите, порачаа гувернерот на Народната банка Петар Гошев и вториот ...
Вработените од Македонска со глад ќе протестираат пред Народната банка, наредната недела. Гневни се на гувернерот Петар Гошев оти со решението за ликвидација на банката, 230 вработени сега остануваат на улица. Вработените од Македонска со глад ќе протестираат пред Народната банка, наредната недела.
Од банката уверуваат дека од понеделник ќе почне обесштетувањето на штедачите кои во Македонска имаат околу 26 милиони евра, а без работа ќе останат 230 вработени Македонска банка од вчера е под клуч, откако завчера доцна попладне гувернерот на Народната банка, Петар Гошев, донесе одлука за нејзина ...
Има доволно пари за обесштетување на штедачите и на правните лица, тврдат од НБМ НБМ утврдила низа неправилности во трансакциите со акциите на доминантниот акционер во Македонска банка, "Јака 80" од Радовиш Мирче Јовановски Народна банка на Македонија вчера и' ја одзеде дозволата за основање и за ...
Гувернерот Петар Гошев вчера попладне и' ја одзеде дозволата за работа на Македонска банка . Како причина монетарните власти ги посочуваат последните трансакции, со кои капиталот на доминантниот сопственик на банката, српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини, заврши кај фирми со кои тој е поврзан.
Затворени вратите на сите експозитури на Македонска банка. Откако вчера гувернерот ја одзема дозволата за работа, банката денеска е под клуч. Започнува ликвидационата постапка. Затворени вратите на сите експозитури на Македонска банка.
Како централна банка сакавме да и ги дадеме сите шанси на Македонска да опстои, да се консолидира и да дојде во рацете на одговорен и инвестиционо потентен акционер. Затоа нивното барање за продолжување на рокот за корективните мерки го прифаќавме.