TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Иран ќе продолжи да преговара за нуклеарната програма

А1 - 03.09.2006

Иран ќе продолжи да преговара, но нема да се откаже од нуклеарната програма, ова е одговорот што иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изутринава му го дал на генералниот секретар на ОН Кофи Анан. Првиот човек на ОН кој во Техеран пристигна во последен обид да го убеди Иран да соработува пред ...

Анан: Иран е спремен за преговори

Канал5 - 03.09.2006

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го информирал генералниот секретар на ОН Кофи Анан дека е спремен да преговара за иранската нуклеарна програма, но нема да прифати прекин на процесот на збогатување уран пред разговорите.

Анан: Ахмадинеџад сака решение на спорот преку разговори

Макфакс - 03.09.2006

Техеран Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на денешната средба во Техеран со генералниот секретар на ОН Кофи Анан изјави дека сака преку преговори да се изнајде решение за спорот со Запад, околу развојот на нуклеарната програма.

ЕУ ја предупреди Турција на прекин на преговорите

Макфакс - 03.09.2006

Хелсинки Финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја, ја предупреди Турција дека понатамошното одбивање на нормализацијата на односите со Кипар би можело да има сериозни последици врз преговорите за членство кон Европската Унија(ЕУ).

Иран не остапува од својата нуклеарна програма

А1 - 02.09.2006

Последен обид на меѓународната заедница да го убедат Иран да ја прекине нуклеарната програма пред воведувањето санкции. Министрите за надворешни работи на ЕУ му дадоа нов рок на Иран од две седмици да прекине со збогатувањето на ураниум.

Иран бара атомски преговори, Русија против санкции

Вест - 02.09.2006

ТЕХЕРАН, 2 септември (Ројтерс) - Иран вчера соопшти дека нуклеарната криза со Западот би можела да се реши само низ преговори додека Русија не се согласува да се наметнат казнени санкции за Техеран зашто не ги прекина чувствителните атомски активности.

Иран не се откажува од збогатувањето ураниум

Време - 02.09.2006

И ПО ИСТЕКОТ НА РОКОТ НА ОН Иран вчера по истекот на рокот на Советот за безбедност на ОН за стопирање на збогатувањето ураниум нагласил дека нема да ја почитува резолуцијата на меѓународната организација, јави новинската агенција АФП.

ЕУ претпочита разговори, а не санкции спрема Иран

Утрински - 02.09.2006

ЛАПИНРАНТА - Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ сакаат дополнителни разговори со Иран, наместо моментално воведување санкции, откако Техеран му пркосеше на крајниот рок поставен од ОН за стопирање на чувствителната нуклеарна работа, изјавија вчера официјални лица.

Светските сили се надеваат на дипломатско решение за Техеран

Дневник - 02.09.2006

Британија вчера соопшти дека и покрај одбивањето на Техеран да прекине со нуклеарната програма, Лондон се' уште се надева на дипломатско решение за спорот, јави Ројтерс. - За ова прашање ќе ги консултираме нашите партнери во Советот за безбедност на ОН, кој ќе одлучи што да се преземе понатаму - ...

Екстра време за Иран од ЕУ за запирање на нуклеарната програма

Канал5 - 02.09.2006

Министрите за надворешни работи на Европската унија му дадоа на Иран уште две недели да ги појасни своите ставови за нуклеарната програма по истекот на рокот од Советот за безбедност на ОН да прекине со збогатувањето уран, пренесува МИА.

Солана: Без санкции против Иран за време на преговорите со Лариџани

Макфакс - 02.09.2006

Брисел Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Хавиер Солана, предупреди да не се наложуваат санкции против Иран додека тој ги води преговорите со главниот ирански преговарач Али Лариџани. „Додека ги водам преговорите, нема да биде разумно во тој период да се преземаат ...

Иран одбива да го прекине обогатувањето на ураниумот

Макфакс - 02.09.2006

Виена Иран и натаму одбива да го суспендира процесот на збогатување на ураниум, се додека не започнат преговорите за нуклеарната програма на земјата, што е клучно барање што Техеран го постави пред меѓународниот преговарачки тим.

Прерано е за санкции кон Иран

Вечер Прес - 02.09.2006

Европската унија предупреди вчера дека е прерано да се воведуваат санкции кон Иран, иако Техеран не го исполни барањето на Обединетите нации до 31 август да ги прекине нуклеарните активности. - За ЕУ дипломатијата останува број еден во изнаоѓањето на решение, изјави финскиот министер за надворешни ...

Иран поставил услови за запирање на нуклеарната програма

Макфакс - 02.09.2006

Виена Иран поставил повеќе услови за да го прекине времено збогатувањето на ураниум, изјави анонимен западен дипломат. Главниот ирански преговарач за нуклеарната програма Али Лариџани, на средбата викендов со високиот претставник на Европската унија за безбедност и надворешна политика, Хавиер ...

Иран предупреди за молскавичен удар, доколку биде нападнат

Макфакс - 02.09.2006

Техеран: Иран ќе им возврати на непријателите со молскавичен удар, доколку го нападнат, предупреди иранскиот заменик претседател. „Сакаме мир, но ги предупредуваме сите експанзионисти да не мислат за напад врз Иран, затоа што ние можеме да си го заштитиме општеството и исламот“, изјави Парвиз ...

Ахмадинеџад – Не ни треба нуклеарна бомба

Макфакс - 02.09.2006

Њујорк Иран нема потреба од атомска бомба и не се стреми да се здобие со таков вид оружје, изјави синоќа иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. “Реалноста е дека ние немаме потреба од атомска бомба, за разлика од тоа што го тврдат некои други“, рече Ахмадинеџад, на прес – конференција на ...

Иран не го испочитува рокот за запирање на нуклеарната програма

А1 - 01.09.2006

Иран се уште не го прекинал збогатувањето на ураниум и покрај истекувањето на рокот, кој обединетитие нации му го даде на Техеран, соопшти меѓународната агенција за атомска енергија. Во последниот извештај на МААЕ се вели дека нема докази дека иранската нуклеарна програма е со воени цели.

Запад незадоволен од одговорот на Иран

А1 - 01.09.2006

САД и Франција изразија незадоволство со одговорот на Иран кој збогатува ураниум и покрај ултиматумот на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН). Техеран продолжува да збогатува ураниум соопшти вчера преставник на Меѓународната агенција за атомска енергија ( ИАЕА).

Иран пред санкции

Време - 01.09.2006

СПОР ЗА ИРАНСКАТА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМА Иран одби да ја прекине програмата за збогатување ураниум, иако денес истекува рокот што му го даде Советот за безбедност на Обединетите нации. САД вчера соопштија дека ќе бараат санкции против Иран.

Отфрлен притисокот за прекин на атомската програма

Утрински - 01.09.2006

ВИЕНА - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави вчера дека Иран нема да потклекне на притисокот од западните земји за неговите права, на денот кога истекува крајниот рок од ОН за запирање на неговите атомски активности.

Иран продолжува со нуклеарната програма

Дневник - 01.09.2006

Техеран го игнорираше ултиматумот на ОН, кој истече вчера, да прекине со збогатување на ураниум Иран нема да отстапи пред притисокот на Западот и да ја запре нуклеарната програма за мирни цели, изјави вчера иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, јави Ројтерс.

Иран не отстапува од нуклеарната програма

Канал5 - 01.09.2006

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека Иран нема да отстапи ниту една педа од своите нуклеарни права, јави ИРНА пренесувајќи прва реакција по истекот на рокот од Советот за безбедност на ОН за запирање на нуклеарната програма на Иран.

Лариџани-Иран би можел привремено да ја прекине нуклеарната програма

Макфакс - 01.09.2006

Виена Иран би можел да ја разгледа опцијата за привремено сопирање на нуклеарната програма за збогатување на ураниум, изјави иранскиот главен преговарач за нуклеарни прашања Али Лариџани за весникот „Куриер“. Тој изминатиот викенд во Виена одржа разговори со високиот претставник на Европската ...

ЕУ за продолжување на разговорите со Иран

Макфакс - 01.09.2006

Брисел Европската унија и понатаму е за продолжување на разговорите со Техеран во врска со иранската нуклеарна програма, сметајќи дека уште не е време за санкции. „ЕУ смета дека треба да и се даде предност на дипломатијата“, изјави финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја, кој ...

Запад не е задоволен од одговорот на Иран

Макфакс - 01.09.2006

Њујорк САД и Франција изразија незадоволство со одговорот на Иран кој збогатува ураниум и покрај ултиматумот на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН). Техеран продолжува да збогатува ураниум соопшти вчера преставник на Меѓународната агенција за атомска енергија ( ИАЕА).

Анан:Постои страв од војна со Иран

Макфакс - 01.09.2006

Париз Лидерите на државите од блискиот исток стравуваат дека нерешениот спор помеѓу западните земји и Иран би можел да прерасне во војна, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан. Тој во интервју за француското радио повика на решавања на кризата со преговори, бидејќи ако се тргне ...

Рајс - САД инсистира на санкции против Иран

Макфакс - 01.09.2006

Њујорк Меѓународната заедница ќе се соочи со „проблемот на веродостојноста“, доколку Обединетите Нации (ОН) не наметнат санкции за Иран. Ова синоќа го изјави американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс, на Генералното собрание на ОН, во Њујорк.

Шесте земји на 6 септември ќе расправаат за Иран

Макфакс - 01.09.2006

Москва Средба на министрите за надворешни работи на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и Германија, а во врска со иранската нуклеарна програма, ќе се одржи на 6 септември во Виена. Ова денеска го соопшти рускиот вицепремиер и министер за одбрана Сергеј Иванов, кој ...

Барадеи-Иран не ги исполни барањата

Макфакс - 01.09.2006

Виена Иран не ги исполни барањата на Советот на гувернери на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (ИАЕА) и на Советот за безбедност на Обединетите нации, до 31 август да ја прекине програмата за збогатување на ураниум, изјави главниот директор на ИАЕ, Мохамед Ел Барадеи.

Продолжуваат преговорите за иранското нуклеарно прашање

Макфакс - 01.09.2006

Виена Европските и иранските преговарачки тимови денеска ги продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна политика. Цел на преговорите, кои започнаа вчера, е да се избегне продлабочување на кризата и евентуално воведување санкции за Иран.

Иран мува не го лази?!

Вечер Прес - 01.09.2006

Вчера истече рокот што Обединетите нации му го дадоа на Иран да ги запре нуклеарните активности, јавува БиБиСи. Се очекува Меѓународната агенција за атомска енергија да достави извештај до ОН и доколку Техеран не покаже некакви знаци за да ја прекине атомската програма, Иран ќе се соочи со санкции.

Истекува ултиматумот до Иран за нуклеарната програма

А1 - 31.08.2006

Обединетите нации денеска ќе бидат известени дали Иран ги исполнил условите за прекин на збогатувањето ураниум, поставени на 31 јули. Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Мохамед Ел Барадеј ќе го извести Советот за безбедност на Обединетите Нации за активностите на Иран.

Ахмадинеџад: Иран нема да отстапи пред притисокот на Западот

А1 - 31.08.2006

Иран нема да отстапи пред притисокот на Западот, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. „Западот треба да разбере дека иранскиот народ нема да отстапи пред притисокот и нема да се согласи да бидат нарушувани неговите права“, изјави Ахмадинеџад во обраќање преку државната ...

Иран останува на своите позиции за нуклеарната програма

Канал5 - 31.08.2006

Иран нема да отстапи пред притисокот на Западот, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, пренесува МИА. Техеран, 31 август (МИА) - Иран нема да отстапи пред притисокот на Западот, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, пренесува МИА.

Иран не се откажува од нуклеарната програма, тврди Ахмадинеџад

Канал5 - 31.08.2006

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска најави дека Иран нема да се одрекне од производство на нуклеарна енергија за мировни цели, на денот кога истекува рокот од Советот за безбедност на ОН даден за прекин на нуклеарната програма.

Нема ТВ-дуел: Буш - Ахмадинеџад

Вечер Прес - 31.08.2006

Белата куќа вчера ја одби понудата на Техеран за телевизиска дебата меѓу претседателите на САД и Иран, Џорџ Буш и Махмуд Ахмадинеџад, посветена на иранската нуклеарна програма, нарекувајќи ја како "обид за свртување на вниманието од проблемот".

Вашингтон Пост: Иран продолжува да збогатува уран

А1 - 30.08.2006

Иранските експерти за атомска енергија започнаа нова серија на збогатување уран, објавува весникот Вашингтон Пост, повикувајќи се на официјални американски и европски претставници. Според весникот, инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утре планираат да објават нов ...

Ахмадинеџад го повика Буш на ТВ дуел

Вест - 30.08.2006

ТЕХЕРАН, 30 август (Ројтерс) - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и натаму е непоколеблив додека се ближи рокот за Иран да ги прекине нуклеарните активности за кои западот се плаши дека се чекор кон изградба на нуклеарна бомба, и го предизвика американскиот претседател Џорџ Буш на телевизиска ...

Иран објави тендер за изградба на две атомски централи

Дневник - 30.08.2006

Иран објави меѓународен тендер за изградба на две атомски централи, изјави висок претставник на Техеран, јави Макфакс. - Објавивме меѓународен тендер за изградба на две атомски електроцентрали и би сакале на тендерот да се пријават и западни компании.

Франција е подготвена да го обнови дијалогот со Иран

А1 - 29.08.2006

Франција е подготвена да го обнови дијалогот со Иран за неговата нуклеарна програма, но при тоа нема да се откаже од барањето Техеран да ги прекине ризичните активности, порача денеска францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст Блази.

Иран објави меѓународен тендер за изградба на две атомски централи

А1 - 29.08.2006

Иран објави меѓународен тендер за изградба на две атомски централи, изјави висок ирански претставник. „Објавивме меѓународен тендер за изградба на две атомски електроцентрали и би сакале на тендерот да се пријават и западни компании“, потенцира истиот извор.

Иран од подморница истрела ракета со долг дострел

Дневник - 29.08.2006

Иран истрела ракета со долг дострел од подморница во Персискиот Залив, во рамките на воените вежби на армијата кои почнаа овој месец, јави МИА. На 19 август, кога почнаа маневрите, Иранската државна телевизија јави дека армијата истрелала неколку тактички ракети, додавајќи оти во план е тестирање и ...

Администрацијата на Буш подготвува казнени мерки за Иран

Утрински - 28.08.2006

Американската Влада настојува да обезбеди согласност од своите сојузници, да не стопанисуваат со Иран Лондон- Поранешниот американски претседател Џими Картер тврди дека администрацијата на сегашниот претседател Џорџ Буш подготвува алтернативен план против Иран.