TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш - нов закон за економска изолација на терористите

А1 - 23.09.2001

Во Вашингтон е најавено дека претседателот Буш наскоро ќе издаде наредба со која определени групи и индивидуи ќе бидат означени како терористи со цел да бидат забранети нивните економски активности во САД и да останат без финансиска подршка.

Осама бин Ладен е исчезнат

А1 - 23.09.2001

Најбараниот терорист во последниве две недели, Осама бин Ладен е исчезнат некаде во Авганистан, јавува приватната новинска агенција „Авган исламиц прес“ цитирајќи ја изјавата на талибанскиот портпарол Мутмаен. Осаман бин Ладен е исчезнат и ние сме во потрага по него, изјави талибанскиот портпарол ...

Хрватска и Словенија во борба против тероризмот

А1 - 23.09.2001

Хрватска ја потврди својата подготвеност да учествува во борбата против тероризмот одговарајќи на повикот на Советот на Европа до земјите членки упатен во петокот од состанокот во Стразбур. Министерството за надворешни работи на Хрватска соопшти дека состанокот на Советот на Европа ја потврдил ...

Дали Џафери е во мрежата на Бин Ладен?

А1 - 22.09.2001

Приврзаници на Ладен и негови блиски соработници престојувале не само во Албанија и Косово, туку тие биле и се уште се во Македонија и раководеле со некои од акциите на албанските терористи. Како таква се посочува грозоморното убиство на македонските бранители во реонот на Вејце, тетовско.

Муџахедините ја финансирале ОНА

А1 - 22.09.2001

Муџахедините ја иницирале и ја финансирале структурата на ОНА, пишува скопски „Утрински Весник“, повикувајќи се на разузнавачки извори. Весникот објавува имиња на соработници на најбараниот терорист на светот, саудискиот милионер Осама бин Ладен, кои дејствуваат во Македонија.

Муџахедините присутни и во Македонија

А1 - 22.09.2001

„Терористичките групи на Осама Бин Ладен на Балканот најлесно се пробија преку Албанија, а денеска се присутни на Косово и во Македонија“, изјави поранешниот министер за надворешни работи Павле Трајанов во интервјуто за А1. „ОВК во својата основа го има фундаментализмот бидејќи првенствено се ...

ЕУ усвои акционен план против тероризмот

А1 - 22.09.2001

Лидерите на ЕУ во Брисел усвоија акционен план за европска и меѓународна борба против тероризмот соопштувајќи дека резолуцијата 1368 на Советот за безбедност на ОН им дава легитимно право на САД да возвратат на ударот на тероризмот.

Прогон на Бин Ладен

А1 - 22.09.2001

„Соединетите Американски Држави имаат доволно докази за прогон на саудискиот дисидент Осама бин Ладен пред американскиот суд“, изјави американскиот државен секретар, Kолин Пауел. „САД нема да запрат на Бин Ладен, туку ќе сторат се за да ја уништат неговата организација "Ал Каида" како и било кај ...

Ултиматум на Буш до Талибанците: Предајте го бин Ладен или ќе имате војна со целиот свет

Вест - 22.09.2001

САД ќе го репрограмира пакистанскиот длг од 600 милиони долари и ќе ги укине нуклеарните санкции за Индија и Пакистан. Талибанците не сакаат да го предаде бин Ладен на САД без цврсти докази и велат дека никогаш Вашингтон, 22 септември - Американскиот претседател Џорџ Буш, во прексиноќешното ...

Предизвикувачко парадирање на варваризмот

Дневник - 22.09.2001

Стеван Салтцман - Војна против тероризмот Сега, кога ова им се случува на САД, телевизиските гиганти ги нарекуваат напаѓачите терористи, а не "милитанти" или "активисти" Сега, кога ова им се случува на САД, Белата куќа не повикува на "воздржаност.

Буш им даде ултиматум на талибанците, тие најавија дека нема да се предадат

Дневник - 22.09.2001

ВАШИНГТОН И КАБУЛ БИЈАТ ВО ВОЕНИТЕ БАРАБАНИ Талибанците оценија дека Вашингтон настојува да го спроведе планираниот воен удар врз Авганистан, за да може повторно да ја демонстрира огромната воена моќ Авганистанските владејачки талибанци вчера најавија дека нема да го предадат осомничениот терорист ...

Босанец во организацијата на терориститките напади на САД

А1 - 21.09.2001

Еден државјанин на Босна и Херцеговина, со име Амир, учествувал во организацијата и реализацијата на терористичките напади извршени во Њујорк и Вашингтон минатата недела, јави агенцијата Срна, повикувајќи се на извор близок на властите во Сараево.

Буш: „Правдата ќе биде задоволена“

А1 - 21.09.2001

Американскиот претседател Џорџ Буш во својот говор пред Конгресот ги повика сите нации да започнат војна против тероризмот, порачувајќи дека "правдата ќе биде извршена" против сите оние кои што убија илјадници во минатонеделните напади.

Талибанците нема да го предадат Осама

А1 - 21.09.2001

„Талибанците не се подготвени да го предадат Осама Бин Ладен на Вашингтон без докази за неговата вина за теророт во Њујорк и Вашингтон“, изјави авганистанскиот амбасадор во Пакистан, Мула Салам. Со ова тој го отфрли предупредувачкото барање на американскиот претседател за итно предавање на главниот ...

Талибанците бараат бин Ладен да си оди од Авганистан, САД бараат акција а не зборови

Вест - 21.09.2001

КАБУЛ, (Ројтерс) - Лидерот на талибанските авганистански власти веројатно ќе ја прифати наредбата на исламскиот клер, со која се бара најбараниот човек на светот, Осама бин Ладен да ја напушти земјата... КАБУЛ, (Ројтерс) - Лидерот на талибанските авганистански власти веројатно ќе ја прифати ...

Талибан му изрече фатва на Бин Ладен и им подаде рака на САД

Дневник - 21.09.2001

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ ВО АВГАНИСТАН Духовниот лидер на талибанците и неговите советници побараа од "гостинот" Бин Ладен да го напушти Авганистан и му понудија на Вашингтон да разговараат за "големото недоразбирање" Авганистанските исламски свештеници по долги консултации вчера побараа од талибанските ...

"Албанија не е база на Бин Ладен"

Дневник - 21.09.2001

ТИРАНА ДЕМАНТИРА Албанскиот министер за јавен ред, Илир Ѓони, ги демантираше тврдењата дека во Албанија дејствуваат луѓе поврзани со најбараниот терорист на светот, Осама бин Ладен. Тој изјави дека низ цела Албанија се раширени фотографии на 16 сомнителни лица за кои ЦИА и ФБИ јавиле дека можеби ќе ...

Бин Ладен ја замени Памела Андерсон, сексот го губи приматот

Дневник - 21.09.2001

СТАТИСТИКИ ЗА ИНТЕРНЕТ Првпат во кусата историја на Интернет, популарните пребарувачи известуваат дека "сексот" испаднал од нивната листа "топ-10" на најбарани теми во деновите по терористичките напади на Светскиот трговски центар и на Пентагон Осама бин Ладен ја замени Памела Андерсон во ...

Ладен доброволно да си оди

А1 - 20.09.2001

Исламските свештеници го повикаа терористот Осама Бин Ладен да го напушти Авганистан доброволно, јавуваат талибански агенции. „Улемата сака исламскиот емират на Авганистан да го охрабри Осама да го напушти Авганистан, но по своја сопствена волја“, се вели во соопштението на советот на стотиците ...

Ахмети се дистанцира од Бин Ладен и муџахедините

А1 - 20.09.2001

Политичкиот лидер на таканаречената ОНА Али Ахмети категорично се дистанцира од идеите на Осама Бин Ладен и демантира учество на муџахедините во нејзините редови. Во соопштението, што денеска го објавуваат весниците на албански јазик „Фљака“ и „Факти“, Ахмети за овие измислици ги обвинува „славо - ...

САД подготвува офазива против терористите и земјите што ги поддржуваат

Вест - 20.09.2001

ЊУЈОРК, (АП) - Властите изјавуваат дека федералниот истражен суд во Њујорк отворил истрага. Законодавните власти велат дека четворица се уапсени како материјални сведоци. ФБИ привел барем 75 луѓе за испрашување и дека трага по речиси 200.

Талибанците спремни за разговор со САД, Исламскиот совет одлучува за бин Ладен денеска

Вест - 20.09.2001

Колони бегалци од Авганистан чекаат на авганистанско-пакистанската граница ИСЛАМАБАД, (Ројтерс) Лидерот на Талибанците изјави вчера дека е подготвен за разговори со САД за Осама бин Ладен, јавува агенцијата "Авган исламик прес" од Пакистан.

Бин Ладен сака да ја контролира Македонија преку албанските наркотерористи

Дневник - 20.09.2001

АНАЛИЗА НА КАНАДСКИОТ ЦЕНТАР ЗА МИР Канадскиот Центар за мир на Балканот тврди дека Осама бин Ладен знае дека албанскиот наркотероризам може да му помогне да стане уште помоќен и да контролира една или повеќе земји во нашиот регион.

Бин Ладен е граѓанин на Босна и Херцеговина?

Дневник - 20.09.2001

СПОРЕД НЕПОТВРДЕНИ ИЗВОРИ ВО САРАЕВО Американскиот државен непријател број 1 Осама бин Ладен во 1993 година добил пасош на Босна и Херцеговина, јави Бета, пренесувајќи ги шпекулациите во Сараево. БХ се уште нема детална евиденција за сите издадени пасоши и затоа министерот за цивилни работи и ...

Светските лидери бараат од Буш да го смири одмаздничкиот бес

Дневник - 20.09.2001

ПРИ ФОРМИРАЊЕТО ГЛОБАЛНА АНТИТЕРОРИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА Иако вниманието на светската јавност е концентрирано на воената опција, САД најави и други средства за уништување на терористите, како откривање и блокирање на каналите за финансирање на екстремистичките групи Речиси сите шефови на држави во ...

Израчување на Бин Ладен или Џихад

А1 - 19.09.2001

Во Кабул започна средбата меѓу исламските и племенските старешини околу донесување конечна одлука за израчување на Осама Бин Ладен. Шурата или советот кој брои неколку стотини членови треба да реши дали ќе одговори на барањето на меѓународнта заедница или во спротивно може да го подржи повикот на ...

Странците повеќе кокетираа со терористите отколку што соработуваа со нас

Вест - 19.09.2001

ПРЕМИЕРОТ ГЕОРГИЕВСКИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БУГАРИЈА Насер Селмани, специјално за ВЕСТ од Софија Борбата против теророизмот мора да биде глобална во сите точки на Земјината топка. Македонија во изминатиот период беше изложена на класични терористички напади.

Авганистан би го предал бин Ладен ако му се суди во исламска земја?

Вест - 19.09.2001

Пакистан изјави дека талибанските лидери ја разгледуваат можноста за предавање на Осама бин Ладен под услов да му се суди во трета, исламска, земја. Авганистанскиот исламски совет го вчера одложи ... ВАШИНГТОН, (АП) - Откако претседателот Џорџ В.

Масакрот кај Вејце води кон Бин Ладен

Вест - 19.09.2001

МУЏАХЕДИНИТЕ СЕ МЕЃУ НАС Во 1999 година, за време на воената криза во Косово, македонската полиција уапси припадник на армијата на Бин Ладен, откако тој заедно со неколкумина етнички Албанци неуспешно организирал атентат врз ...

Буш го сака саудискиот дисидент жив или "оладен"

Дневник - 19.09.2001

АМЕРИКАНСКИТЕ АГЕНТИ добиЈа ОДВРЗАНИ РАЦЕ Американските власти размислуваат дали да им дозволат на своите агенти да вршат атентати, да регрутираат криминалци и убијци и да почнат масовно прислушување на сите сомнителни лица Властите на САД предводени од претседателот Џорџ В.

Стапицата на Хантигтон за наивни и злонамерни

Дневник - 19.09.2001

Колумна - Ферид Мухиќ По овој трагичен, фантазмагоричен настан сите светски држави треба да се обединат во борбата за искоренување на тероризмот. Но, не едните против другите! Наместо заемно да ги конфронтира (наместо да биде изговор за конфронтирање!) тероризмот треба да ги зближи и да ги обедини ...

Отровниот коктел за САД

Дневник - 19.09.2001

ПРОФИЛ НА АРАПСКИТЕ ТЕРОРИСТИЧКИ ГРУПИ Исламските фундаменталистички групи повторно се во центарот на светското внимание, по минатонеделните терористички напади врз Њујорк и врз Вашингтон, за кои е осомничена групата Ал Каида на Осама бин Ладен.

Талибанците би го уапсиле Бин Ладен ако му се суди во исламска земја

Дневник - 19.09.2001

СООЧЕНИ СО КАЗНЕНА ЕКСПЕДИЦИЈА ОД САД Талибанското раководство се повлече на консултации по кои веројатно ќе објави џихад Авганистанското владејачко талибанско движење, соочени со воени напади од САД, постави услови за предавање на саудискиот дисидент Осама бин Ладен, главниот осомничен за ...

Тероризмот е закана за целиот Балкан

Дневник - 19.09.2001

Премиерот Георгиевски во БугариЈа Тероризмот им се заканува на сите балкански држави и затоа е потребно заедничко спротивставување, констатираа премиерите на Република Македонија и Република Бугарија, Љубчо Георгиевски и Симеон Саксобурготски, на вчерашната средба во Софија.

Муџахедините ќе ги нападнат американските бази на Петровец и на Косово

Дневник - 19.09.2001

АКО САД СЕ ОДМАЗДАТ ВО АВГАНИСТАН Откриена врска меѓу хуманитарната организација "Јета", која дејствува во Македонија, со банката од Џеда на Осама бин Ладен Доброобучени муџахедински групи се подготвени да нападнат американски објекти во регионот ако САД го нападнат Авганистан, дознава "Дневник" од ...

Георгиевски во Софија

А1 - 18.09.2001

„Нема лош и добар тероризам. Нема тероризам во големи и мали држави.“, изјави македонскиот премиер Љубчо Георгиевски при посетата на Софија, на покана на бугарскиот колега Симеон Саксобурготски. Георгиевски истакна дека Македонија веќе беше изложена на терористички акции, но за жал, според него, ...

Исламистите повикуваат на Џихад

А1 - 18.09.2001

Талибанските власти во Авганистан го одложија донесувањето на конечната одлука околу израчувањето на Осама Бин Ладен. Повеќе од 5.000 исламски студенти денеска се собраа во Карачи на протест поради планираниот напад на САД врз Авганистан. Ова е најголемиот протест воопшто направен во Пакистан.

Американски командоси против тероризмот

А1 - 18.09.2001

„Елитните единици на американските командоси ќе имаат значителна улога во евентуалниот воен одговор на терористичките напади“, изјави американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Тој образложи дека специјалните единици ќе го понесат најголемиот дел од товарот, бидејќи терористите немаат свои ...

Пакистан: На Талибанците им истекува рокот за предавање на бин Ладен

Вест - 18.09.2001

ИСЛАМАБАД, 18 септември (Ројтерс) - Пакистан вчера изјави дека на Талибанците им истекува рокот за предавање на бин Ладен и да избегнат одмазда од САД. "Времето е клучно. Нема ултиматум, но времето дефинитивно истекува", - изјави пакистанскиот минстер за надворешни работи Абдул Сатар.

Вол Стрит се отвори со голем пад на берзата

Вест - 18.09.2001

Буш ги повика Американците да не се плашат од тероризмот Си Ен Ен -- Вол Стрит вчера повторно отвори, а американските лидери ги повикаа Американците да се обидат да му се вратат на бизнисот како пред минатонеделните терористички напади.

Талибанците подготвуваат "пречек" за крстоносниот поход на моќниот џин

Дневник - 18.09.2001

ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ МОБИЛИЗИРААТ СИТЕ СИЛИ ЗА ОДМАЗДНИЧКА АКЦИЈА Талибанците вчера распоредиле меѓу 20.000 и 25.000 војници покрај пакистанската граница - тенкови, пешадија, но и системи "скад" за пресретнување балистички проектили Белата куќа вчера истакна дека терористичките напади врз Њујорк ...

ОНА е алка во синџирот на Ладен

Дневник - 18.09.2001

Коментар - Христо Ивановски Веќе не ни е потребна лупа за да ги видиме врските меѓу албанските терористи во редовите на ОНА и борците на "светскиот непријател број 1", Осама бин Ладен. Работите се гледаат многу јасно, за тоа постојат цврсти докази, иако можеби ќе треба да се исклучи веројатноста ...

За ОНА се борат фундаменталисти и муџахедини

Дневник - 18.09.2001

СЕ ЗБОГАТУВА ДОСИЕТО НА АЛБАНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ Али Ахмети соработува со оџата од Слупчане, кој неодамна донел муџахединска група, а под водство на еден муџахедин што се борел во Чеченија е извршен и масакрот во Вејце Припадниците на ОНА имаат цврсти врски со исламските фундаменталисти, како ...

Затворена Емпаер Стејт Билдинг

А1 - 17.09.2001

Едно од најпознатите обележја на Њујорк, облакодерот Емпаер Стејт Билдинг, беше затворен по анонимното известување дека во зградата е поставена бомба, јавија западните агенции. Градоначалникот на Њујорк, Рудолф Џулијани изјави дека „авторите на лажните тревоги, кои од вторникот ги има веќе ...

Пакистанска делегација кај Талибанците

А1 - 17.09.2001

Пакистанска висока делегација се наоѓа во Авганистан во обид да ја убеди талибанската Влада, да го предаде саудискиот милионер Осама бин Ладен, првоосомничен за нападите во САД. Пакистанската делегација ќе се сретне со лидерот на Талибанците Мулах Мохамед Омар, кој се прогласи за амир-ул-моминен, ...

Буш: Терористите ќе се обидат да се скријат, а ние нема да им дозволиме

Вест - 17.09.2001

ВАШИНГТОН, 17 септември - Додека во Њујорк бројот на можните жртви од терористичките напади во вторникот расте, претседателот Буш го посочи како "главен осомничен" за терористичките напади Осама бин Ладен. ВАШИНГТОН, 17 септември - Додека во Њујорк бројот на можните жртви од терористичките напади ...

Осама бин Ладен — од штитеник на ЦИА до најголем непријател на САД

Дневник - 17.09.2001

ПРОФИЛ НА ГЛАВНИОТ ОСОМНИЧЕН ЗА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ЊУЈОРК И ВАШИНГТОН Во поемата посветена на нападот врз "Кол" и смртта на 17-те маринци, Бин Ладен напишал: "Делови од нивните тела летаа како честички прав. Да го видевте тоа со свои очи, ќе ве обземеше задоволство и вашите срца ќе беа ...

Буш ги мобилизираше сите средства за напад

Дневник - 17.09.2001

ПО ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ЊУЈОРК И ВАШИНГТОН Државниот секретар Колин Пауел побара од светските земји да ја изберат страната на која ќе # помогнат, со што практично побара сојузници за евентуалната интервенција врз Авганистан Соединетите Американски Држави вчера ги подготвуваа своите воени сили ...

ОНА има директни врски со терористите на Бин Ладен

Дневник - 17.09.2001

ШОКАНТНИ ОТКРИТИЈА ЗА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ МРЕЖИ Постојат докази за поврзаноста на командантите Хоџа и Тели со терористите на Бин Ладен, како и за тоа дека ОНА од Ладен добила 6-7 милиони долари финансиска поддршка Терористи на Осама бин Ладен дејствуваат во Македонија заедно со албанските терористички ...