TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пописот во Македонија помина без поголеми инциденти

А1 - 17.11.2002

Меѓународната набљудувачка мисија за описот во Македонија соопшти дека тој поминал во добра атмосфера и без поголеми инциденти. Претседателот на мисијата, Халгримур Снорасон, рече дека најзначајната фаза од попишувањето допрва претстои.

Постпописно истражување на случајно избрани 1.600 домаќинства

Утрински - 16.11.2002

Од 16 до 22 ноември Поради големото значење на податоците прибрани со пописот, со Законот за попис на населението, домаќинствата и становите е предвидена евалуација, односно согледување на успешноста на спроведениот попис, како од аспект на опфат на единиците на пописот, така и од аспект на ...

Постпописното истражување ќе ја даде оцената за успешноста на акцијата

Дневник - 16.11.2002

ПОПИСИТЕ ЗАВРШИЈА, НО ЌЕ ИМА ДОПИШУВАЊЕ Државниот завод за статистика призна дека попишувањето со фотокопирани документи на лица што се повеќе од 12 месеци надвор од земјава било масовна појава, особено во западниот дел од земјава Најобемната статистичка акција, "Пописот на населението, ...

Заврши пописот на населението

А1 - 15.11.2002

Пописот на населението, кој траеше 15 дена, денеска завршува. Од Заводот за статистика тврдат дека организираноста на акцијата придонесе да нема продолжување на пописните активности по 15-ти ноември. Најголемата статистичка операција ќе овозможи детални демографски, социолошки, економски и други ...

Катастрофален одѕив на пописот во Германија

Утрински - 15.11.2002

Долгогодишните гастарбајтери револтирани, оние кои ги исполнуваат условите- незаинтересирани за пописот Борис Георгиевски Бон - Многу слаб одѕив на оние со право на попишување и големо незадоволство кај долгогодишните гастарбајтери го одбележаа пописот на македонските државјани во Германија.

Во Тетово и Струга масовно ги попишуваат и отсутните Албанци

Дневник - 15.11.2002

ПОПИСОТ ЗАВРШУВА ДЕНЕСКА Етнички Албанци што живеат во странство деновиве масовно биле попишувани во Тетово и во Струга, а Државниот завод за статистика добил докази за појавата. Отсутните биле попишувани со фотокопирани документи, а во претходните два дена таквото попишување станало помасовно, ...

Во делови од државата попишувани лица кои се во странство

А1 - 14.11.2002

До сега беа само индиции, но сега поседуваме и докази дека најчесто во струшкиот и тетовскиот регион се попишуваат лица кои не се во државава, а нивните семејства за пописот приложуваат фотокопирани лични исправи, потврди денеска Заводот за статистика.

Попишувачите седат во амбасадата и чекаат иселеници, а нив ги нема

Утрински - 14.11.2002

Во тек е пописот на македонските државјани во 27 странски земји, но одѕивот е под очекуваното Даниела Трпчевска Паралелно со пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, во тек е и пописот во повеќе странски земји на наши државјани кои до 12 месеци се наоѓаат надвор од Македонија.

Попишувањето отсутни нема да влијае на крајниот успех

Дневник - 14.11.2002

ПРЕД КРАЈОТ НА ПОПИСОТ Лица што живеат во странство и лица со фотокопирани документи се попишуваат во тетовскиот и во струшкиот регион, тврдат меѓународните набљудувачи. Тие сепак сметаат дека пописот на сите други места се одвива одлично и оти ќе заврши навреме.

Непознати напаѓачи од попишувач одзеле две ќесиња со пописен материјал

Вест - 13.11.2002

ЗАВЧЕРАНОЌ ВО ТЕТОВО Две непознати лица, завчера, на улицата Киро Ристовски - Дрнц, во Тетово го нападнале Блерим И. (36) и му одзеле две најлонски ќесиња со комплетна пописна документација од попис што го извршил во 100 куќи во Тетовско.

Вооружени лица претепале попишувач

Утрински - 13.11.2002

тетово ТЕТОВО - Две вооружени лица од албанска националност во понеделникот навечер, околу 22,15 часот, на улицата "Киро Ристоски-Дрнц" во Тетово пречекале и претепале попишувач. Притоа, му одзеле 100 оригинални обрасци од пописот, дознавме од полициски извори.

Македонците-муслимани со фалсификат стануваат Турци и Албанци?

Дневник - 13.11.2002

ПРОБЛЕМИ СО ПОПИСОТ Сојузот на Македонци со исламска вероисповед тврди дека пописниците се пополнуваат со молив, а потоа се препишуваат на турски или албански Македонците-муслимани присилно и со фалсификати се попишуваат како Турци или Албанци, тврди Сојузот на Македонци со исламска вероисповед.

Македонците Муслимани се попишуваат како Турци и Албанци

А1 - 12.11.2002

Македонците со исламска религија во Дебар и Дебарско попишувачите ги попишуваат со молив, а подоцна вршат фалсификат и граѓаните ги попишуваат најповеќе како Турци, но и Албанци, се` со цел ова население да стане што помалубројно, обвини денеска Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците ...

Албанците се попишуваат со фотокопии од лични документи

Вест - 12.11.2002

ПОПИСОТ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ОДВИВА ЗАБАВЕНО Ако зачестат информациите за попишување на населението во Гостиварско со фотокопии од лични исправи, во пописната комисија велат дека ќе мора да се направи проверка на самото место и тие попишани лица не Околу стотина македонски семејства, во првите десет ...

Стотина Македонци одбиле да се попишат

Утрински - 12.11.2002

Досега попишано околу 80 отсто од вкупното население МАЈА ТОМИЌ Во првите десет дена од почетокот на пописната акција во земјава се попишани вкупно 1.387,452 лица, 396.323 домаќинства и 465.586 стана и, според досегашните резултати обработени во Заводот за статистика, едно просечно семејство во ...

Стотина кавадарчани одбиваат да се попишат

Дневник - 12.11.2002

ПОПИСОТ ПРИ КРАЈ Денес ќе заврши пописот во неколку реони, од каде што ќе бидат однесени попишувачи во Шутка зашто таму ги немало доволно Стотина лица одбиваат да се попишат и ќе бидат казнети. Во скопската населба Шуто Оризари во пописниот реон Чаир ќе бидат донесени уште попишувачи зашто во таа ...

Пописот со мали исклучоци минува успешно

А1 - 11.11.2002

„Пописот на целата територија на земјата се одвива успешно, а пописните активности секаде се одвиваат со исто темпо“, оцени заменик-претседателот на Државната пописна комисија, Благица Новковска на денешната прес-конференција.

Во Дебар попишувачи фотокопирале делови од обрасците?

Дневник - 11.11.2002

ПОПИС Попишувачи во Дебар ги фотокопирале деловите од обрасците каде што граѓаните се изјаснувале за верската и за националната припадност, тврдат извори на "Дневник". Надлежните за пописот во тој реон тврдат дека чуле, но немаат цврсти докази за појавата.