TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Генералниот секретар на Советот на Европа во посета на Македонија

А1 - 12.11.2005

Генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис, денеска го започнува официјалниот дел на повеќедневната посета на Македонија. Дејвис, како што соопшти неговиот кабинет во Стразбур, е во посета на Македонија на десетгодишнината од зачленувањето на земјата во Советот на Европа.

Тери Дејвис: На Македонија и остануваат уште многу обврски

А1 - 12.11.2005

Советот на Европа нема да прекине да ги надгледува проектите во кои е инволвиран во Македонија. По средбата со министерката за надворешни работи Митрева, Дејвис рече - дека на домаќините им честита за досега преземени активности, но во исто време порача дека остануваат уште многу обврски кои ...

Тери Дејвис: Децентрализацијата во Македонија се одвива успешно

А1 - 12.11.2005

Во Советот на Европа знаат кои се проблемите со кои се соочуваат градоначалници. Парите се уште се проблем, доцни и фискалната децентрализација, вели министерот за локална самоуправа Ризван Сулејмани по денешната средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис.

Тери Дејвис во Скопје

Дневник - 12.11.2005

СОВЕТ НА ЕВРОПА Во посета на Македонија од вчера е генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис. За време на четиридневната посета, Дејвис ќе се сретне со претседателот Бранко Црвенковски и со претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, како и со министрите во Владата.

Дејвис: Локалните власти се многу важни особено во вашата земја

Канал5 - 12.11.2005

Децентрализацијата на власта во Македонија доби позитивна рецензија од генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис. Оценката ја даде по денешната среда во Скопје со министерот за локална самоуправа Ризвам Сулејмани.