TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Командант Хоџа стражари пред Танушевци

Време - 25.08.2007

ПО БЕГСТВАТА ОД ЗАТВОРИТЕ „ДУБРАВА“ И „ИДРИЗОВО“ Огнен Чанчаревиќ Сотир Ристо Вооружени лица предводени од Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа неколку дена патролираат во и околу селото и не им дозволуваат влез на полициските патроли.

Многу случајности пред новите преговори за Косово

Утрински - 25.08.2007

Дали најавата за референдум во Танушевци не е дел од добро фингирано сценарио кое одново треба да го застраши регионот: Груевски и Црвенковски на Советот за безбедност Македонија мора да ги елиминира оние кои сметаат дека рецептот со кој Косово е пред независност се применливи и тука Димитар Чулев ...

Зголемена будност на граница поради Јакупи и Шити

Утрински - 25.08.2007

Состојбата будно се следи на македонската граница, а српската и албанската полиција го зголемија бројот на полицајците Поради бегството на затворениците од затворот „Дубрава“, околните земји ги зајакнаа мерките за безбедност на границите со Косово.

Хоџа_ Танушевци сака да се присоедини кон Косово

Утрински - 25.08.2007

Ваквата одлука наскоро треба да ја донесат жителите на селото на референдум, вели Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа „Танушевци сака да се присоедини кон Косово. Ваквата одлука наскоро треба да ја донесат жителите на селото на референдум“, најавува Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа.

Јанкуловска_ Нема закана за безбедноста

Утрински - 25.08.2007

Гордана Јанкуловска Министерката потврдува дека има нелогичности при бегството на Џејми Шеј од „Идризово“ „Во моментов не постојат сериозни безбедносни индикатори што би ја загрозиле безбедноста на Македонија. Со оглед на случувањата во регионални рамки, МВР внимателно ги следи состојбите и доколку ...

Јанкулоска: Полицијата е секаде каде што треба

Дневник - 25.08.2007

Полицијата е присутна секаде каде што проценките кажуваат дека треба да биде, изјави вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по тврдењата на поранешниот пратеник Џезаир Шаќири дека МВР три месеци не смее да влезе во Танушевци.

Танушевци ќе се отцепува

Дневник - 25.08.2007

Ова погранично село подготвува референдум за припојување кон Косово затоа што Владата на Македонија не покажала интерес за тој дел од земјата, изјави за Радио „Слободна Европа“ поранешниот пратеник Џезаир Шаќири Танушевци бара да се припои кон Косово, изјави за Радио „Слободна Европа“ поранешниот ...

Полицијата 5 ти ден трага по избеганиот Џејми Шеј осуден на 7 години затвор за тероризам

Канал5 - 25.08.2007

Аналитичарите се поделени дали бегството на седумтемина терористи од косовскиот затвор Дубрава и на Џејми Шеј од Идризово безбедносно ќе ја рани Македонија. политикологот Билјана Ванковска се сомнева дека Нацист, Шити и Џејми Шеј во овој момент случајно не се најдоа на слобода.

Танушевци ќе се присоединува со Косово!?

Вечер Прес - 25.08.2007

Како причина за ваквата одлука тој ја наведува незаинтересираноста на македонската влада за решавање на нивните проблеми. Ги малтретирала полицијата и немале струја Дали се повторува приказната од 2001 година? Танушевци, местото од каде започна воениот конфликт во 2001 година, повторно се јавува ...

Џемаил Исени се крие во Прешево

А1 - 24.08.2007

Од Прешево по телефон, Џемаил Исени алијас Џејми Шеј бара, македонските власти да го затворат неговиот предмет, но не и него. „Зошто да се предадам, јас не сум направил ништо, никаква грешка немам, зошто да одам, немам проблем, но не сакам да ми дојдат дома, зошто да се предадам.Нека ги земат ...

Џезаир Шаќири: Танушевци да се припои кон Косово

А1 - 24.08.2007

Танушевци бара да се одвои од Македонија и да се припои кон Косово, за што се планира да се одржи и референдум од жителите на ова скопско планинско село, пишува „Факти“. Ова, според денешниот број на весникот „Факти“, го соопшти потпретседателот на Националната Демократска унија, Џезаир Шаќири, ...

Нацист, Шити и Шеј не се опасни, ама може да станат

Време - 24.08.2007

БЕГСТВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ ГИ ПОДЕЛИЈА ЕКСПЕРТИТЕ Огнен Чанчаревиќ Сотир Ристо Лирим Јакупи-Нацист и шесте членови на неговата терористичка група се кријат во Македонија, но за Рамадан Шити тоа се уште не е утврдено, потврдуваат безбедносни извори за „Време“.

Џејми Шеј го пуштиле со седум потписи

Вест - 24.08.2007

НИ ТРАГА ОД ИЗБЕГАНИОТ ТЕРОРИСТ Одделот во МВР за потрага го бара избеганиот затвореник Џемаил Исеини (Џејми Шеј), против кого е распишана потерница, а други инспектори ја испитуваат точноста на изјавите на двајцата затворски обезбедувачи, етнички Албанци, кои тврдат дека со оружје биле спречени во ...

Бегствата од „Дубрава“ и „Идризово“, најверојатно, се поврзани

Утрински - 24.08.2007

Ништо не е случајно. Постои поврзаност меѓу бегството од „Дубрава“ и од „Идризово“, како и испишувањето графити за Илирида во Тетовско, сметаат политичарите: Од апсењето на Џемаил Исени МВР треба да одговори кој го пушти Џејми Шеј да избега од „Идризово “ ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Наивно би било да се ...

Хотел „Идризово“

Дневник - 24.08.2007

Терористот Џемаил Исени алијас Џејми Шеј, кој е осуден на седум години затвор за бомби на пругата Скопје-Белград кај Ваксинце и во центарот на Куманово, повторно е на слобода, благодарение на неспособноста на затворската и на управата за санкции да проценат кому и под какви услови му дозволуваат да ...

Чуварите му помогнале на криминалецот Џејми Шеј?

Дневник - 24.08.2007

Управата на затворот тврди дека бегството било веднаш пријавено, а МВР соопшти дека била известена дури во следниот ден Полицијата трага по избеганиот затвореник, терорист Џемаил Исени, алијас Џејми Шеј, и истовремено ја испитува веродостојноста на приказната на двајцата чувари од „Идризово“, кои ...

СДСМ подготвува интерпелација за Маневски и за Јанкуловска

Дневник - 24.08.2007

По бегството на Џемаил Исеини, алијас командант Џејми Шеј, од затворот „Идризово“, опозицискиот СДСМ подготвува интерпелација за министрите за правда и за внатрешни работи, Михајло Маневски и Гордана Јанкуловска, најави вчера потпретседателот Јани Макрадули.

Дозволата ја потпишал директорот на затворот Идризово

Вечер Прес - 24.08.2007

Директорот на затворот Идризово, Александар Донев, вели дека во затворската управа била доставена целокупна документација по што предлогот за неколкучасовното отсуство бил позитивно решен. Донев тврди дека двајцата стражари за настанот ја исвестиле ПС Куманово, а со вооружената група која го ...

Полицијата не знае каде е Исени

А1 - 23.08.2007

Потерница и внатрешна истрага во затворот Идризово, но Џемаил Исени го нема. МВР од вчера го бара, затворската управа испитува зошто осудениот за тероризам добил дозвола за да присуствува на погребот на мајка му и како им избегал на затворските чувари.

Исеини избегал од Идризово

Вест - 23.08.2007

ПОТЕРНИЦА ПО ЏЕЈМИ ШЕЈ Џемаил Исеини, познат како Џејми Шеј, кој од седумгодишната затворска казна за тероризам одлежал само две, од завчера не е во затворот "Идризово". Директорот на затворот Александар Донев вчера потврди дека Исеини не е во ќелијата и оти, најверојатно, е дома, чуван од ...

По бегството на Шити и Јакупи, се актуализираат мрачни сценарија

Утрински - 23.08.2007

МВР се' уште нема одговор дали во Танушевци се кријат избеганите Јакупи и Шити МВР нема сознанија дали бегалците, по кои се распишани меѓународни потерници, се стационирале околу Танушевци ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА По бегството на Рамадан Шити и Лирим Јакупи - Нацист од косовскиот затвор „Дубрава“, во ...

Шумски „ѕверки“ за политички кризи

Дневник - 23.08.2007

Лирим Јакупи-Нацист, Рамадан Шити и Џавид Морина алијас командант Дреница, тројца од седумтемина избегани затвореници од косовскиот затвор , се кријат во шумите во околината на Танушевци, тврдат безбедносни извори за „Дневник“.

Косово ќе се брани во Танушевци

Дневник - 23.08.2007

Според сите индикатори што ги имаме, не случајно избегале од затворот токму тие седуммина и токму сега, велатбезбедносни извори Со поситни инциденти во Македонија и во јужна Србија, избеганите косовски затвореници ќе се обидат да го свртат вниманието на меѓународната јавност кон Косово во ...

Можни провокации, но не и дестабилизација?!

Вечер Прес - 23.08.2007

Македонскатата полиција нема сознанија дека Рамадан Шити и Љирим Јакупи-Нацист, кои во саботата избегаа од косовскиот затвор "Дубрава", се на територијата на Македонија. Дел од дневниот печат, повикувајќи се на разузнавачки извори од МВР објавија дека затворениците пребегале во Танушевци и ...

МВР нема сознанија за Шити и Јакупи

А1 - 22.08.2007

Македонското Министерство за внатрешни работи засега нема сознанија дека Рамадан Шити и Љирим Јакупи-Нацист кои избегаа од косовскиот затвор „Дубрава“, се на територијата на Македонија. „Засега нема никакви сознанија дека двајцата се на македонска територија во околината на Танушевци.

Џемаил Исени избега од Идризово

А1 - 22.08.2007

Не е дома, но не е ниту во затворот Идризово. Веќе едно деноноќие Џемаил Исени, кој себеси се нарекува Џејми Шеј, е во бегство. Затворската управа му дозволила вчера да дојде на погребот на својата мајка. Го донеле двајца чувари, но кога околу 18 часот сакале да го приберат назад, им рекол дека ...

Нема фатени затвореници од Дубрава

А1 - 22.08.2007

Ниту еден од седумтемина затвореници, кои избегаа од затворот Дубрава кај Исток во Косово, не е фатен. Косовската полиција во меѓувреме уапси девет лица кои се осомничени дека им помогнале на затворениците да избегаат од затворот.

Пет илјади евра за информација за избеганите затвореници од косовскиот затвор

Утрински - 22.08.2007

Косовската полиција вети награда од 5.000 евра за секој што ќе понуди информација за седумте затвореници кои во саботата попладне избегаа од затворот „Дубрава“ во местото Исток кај Пеќ. Тамошното МВР соопшти дека во близина на затворот било откриено и запленето огромно количество нелегално оружје, ...

Косовските затвореници се кријат во Танушевци!?

Дневник - 22.08.2007

Лирим Јакупи-Нацист требало да подготви терен за дестабилизација на Македонија, ако не успеат преговорите за независност на Косово Рамадан Шити (24) и Лирим Јакупи-Нацист (30), заедно со другите петмина што во саботата избегаа од затворот „Дубрава“ во Косово, се на македонска територија, во ...

Уапсен уште еден стражар во Дубрава

А1 - 21.08.2007

Косовската полициска служба уапси уште еден стражар во затворот во Дубрава поради сомневање дека помагал при бегство на седуммината затвореници пред два дена, потврди синоќа портпаролот на КПС за регионот Ветон Ељшани. „Полицијата уапси уште еден стражар во затворот во Дубрава.

Косовската полиција бара помош за наоѓање на бегалците

Време - 21.08.2007

ПО СПЕКТАКУЛАРНОТО БЕГСТВО ОД ЗАТВОР Огнен Чанчаревиќ Косовската полициска служба (КПС) веќе и официјално се обратила до своите колеги во соседните земји, вклучувајќи ја и Македонија, барајќи помош за наоѓањето на седумте затвореници што во саботата избегаа од затворот „Дубрава“ во Косово.

Чувари им помогнале на осудените да побегнат од косовскиот затвор

Утрински - 21.08.2007

Затворот „Дубрава“ Косовските власти се сомневаат дека затворениците се кријат на планините зад затворот во местото Исток кај Пеќ Четворица чувари на косовскиот затвор „Дубрава“ се уапсени поради сомневање дека помогнале при бегството на седумте затвореници во саботата попладне.

И македонската полиција во потера по седумтемина затворски бегалци

Дневник - 21.08.2007

КФОР ниту знае ниту трага по бегалците,зашто тоа било надлежност на полиција Македонската полиција ќе им помага на косовските колеги, кои бараат седуммина бегалци од косовскиот затвор Дубрава. Двајца од бегалците, Рамадан Шити и Лирим Јакупи, се бараат за убиства и за обиди за убиства во ...

Косово бара помош за фаќање на избеганите затвореници

А1 - 20.08.2007

Косовската полициска служба побара помош од Македонија, Црна Гора и од Албанија во потрагата по седуммината избегани затвореници, осудени за тероризам или тешки кривични дела од затворот Дубрава, кај Исток. Портпаролот на КПС Ветон Ељшани синоќа изјави дека косовската полиција интензивно трага по ...

Лирим Јакупи - Нацист избега од затворот „Дубрава“

Утрински - 20.08.2007

Лирим Јакупи – Нацист, кого Македонија го бара поради ранување на тројца полицајци во 2004 година во Скопје, е меѓу седумтемина кои завчера избегаа од најголемиот косовски затвор „Дубрава“. Бегството на Јакупи го потврди и портпаролот на косовската полициска служба, Ветон Елшани.

Рамадан Шити и Лирим Јакупи избегаа од затвор во Косово

Дневник - 20.08.2007

Косовецот Рамадан Шити (24), осомничен за убиство на скопскиот таксист Зоран Трајковски(37) во септември 2004 година во селото Визбегово, вчера избегал од најголемиот косовски затвор „Дубрава“. Заедно со Шити избегал и Косовецот Лирим Јакупи-Нацист, осомничен дека учествувал во престрелка со ...

Засега нема резултати од потрагата по седумтемина побегнати криминалци од затворот во Дубрава

Канал5 - 20.08.2007

Косово побара помош од Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија во потрагата по седумтемина криминалци кои спектакуларно избегаа од затворот во Дубрава. Косово побара помош од Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија во потрагата по седумтемина криминалци кои спектакуларно избегаа од затворот во ...

Лирим Јакупи избега од затвор

Вечер Прес - 20.08.2007

Седуммина затвореници, меѓу кои бил и Лирим Јакупи, викан - Нацист, од Бујановец ,завчера попладне избегаа од најголемиот косовски затвор "Дубрава". Нацист во нашата земја се бара поради ранување на тројца полицајци во 2004 година во Скопје.