TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Зградите во Реонски центар наскоро вселиви

Утрински - 04.10.2006

Објектите ќе се подготват за технички прием, по што становите, конечно, ќе бидат вселиви Градските власти почнаа со приклучување на зградите во Реонскиот центар на топловодната и на електричната мрежа. Монтирањето на овие приклучоци е планирано да заврши за десетина дена.

Зградите од Реонски центар вселиви за еден месец

Дневник - 04.10.2006

Четирите згради во Реонскиот центар Аеродром за еден месец комплетно ќе бидат приклучени на топловодната и на електричната мрежа, на која се чекаше цели пет години, информираат градските власти. - Долгогодишните проблеми со кои се соочуваа жителите од Реонскиот центар наскоро ќе бидат решени.

Мрак околу социјалните згради во Бутел

Време - 03.10.2006

СЕ ЧЕКА УРЕДУВАЊЕТО Станарите во социјалните згради во Бутел се уште чекаат надлежните да изградат пристапна улица до објектите, да ги затворат отворените шахти и да наместат улично осветлување, зашто просторот тоне во мрак. Од општината Бутел велат дека прво градот мора да ја изгради патеката, за ...

Конечно струја во зградите од Реонски центар

Време - 03.10.2006

ПРИВРШУВА УРЕДУВАЊЕТО Новите згради во Реонскиот центар во Аеродром за десетина дена ќе се приклучат на електричната и на топловодната мрежа, информираат од градската управа. За еден месец, додаваат оттаму, објектите ќе се приклучат и на водоводната, фекалната и на атмосферската канализација.

Реонски центар Аеродром ќе добие парно и струја

Вест - 03.10.2006

ЗА 10 ДЕНА Откако ќе се направат приклучоците за струја и парно ќе остане само асфалтирањето на улиците и хортикултурно уредување на просторот Градот и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор(ЈПССДП) најавуваат дека неделава ќе почне изведувањето на приклучоците за струја ...

Новите станови, конечно, вселиви

Вечер Прес - 03.10.2006

За десетина дена новите згради во Реонскиот центар Аеродром ќе бидат приклучени на топловодната и електрична мрежа, а за еден месец и на водоводната, фекална и атмосферска канализација, со што околу 200 станови во четирите висококатници, велат надлежните, конечно ќе бидат вселиви.