TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Семејството Велиу не дава крв за ДНК-анализа?

Време - 22.05.2004

СЛУЧАЈ „ЈАМА“ Дел од роднините на Албанците киднапирани за време на воениот конфликт одбиле да дадат крв за ДНК-анализа на телата пронајдени во јамата на планината Бистра, дознаваме од полициски извори. - Знам дека денеска роднините на киднапираните Албанци даваа крв за ДНК-анализа, но некои од нив ...

Идентификацијата на телата се врши во соработка со Еуропол

Утрински - 22.05.2004

Заврши обдукцијата на четирите тела пронајдени на Бистра, кај месноста Јама Томислав Кежаровски "Обдукцијата на четирите пронајдени тела на планината Бистра, кај месноста Јама, на стариот пат меѓу Кичево и Дебар, е завршена по што почнува идентификациската", изјави проф.

Роднините на исчезнатите Албанци ќе дадат примероци за ДНК анализа

А1 - 21.05.2004

Роднините на исчезнатите Албанци ќе дадат примероци за ДНК анализа, за да се утврди дали некој од четирите тела извлечени од Јама е од седуммината исчезнати во конфликтот 2001. Дел од роднините бараат средба со мандатарот Хари Костов, а соработката со македонските власти ќе ја прекинат, доколку ...

Идентификувани две од четирите тела извадени од јама на Бистра

Утрински - 21.05.2004

Неофицијални изјави на надлежните по откривањето на масовната гробница во месноста Јама Роднините на киднапираните македонски Албанци не сакаат да коментираат кому му припаѓаат телата најдени на Бистра КОСТА ПОПОВСКИ Неофицијално, две од четирите тела најдени во јамата во истоимената месност на ...

Обдукцијата не одговори чии се телата од Јама

Дневник - 21.05.2004

ИНСТИТУТ ЗА СУДСКА МЕДИЦИНА Ќе бараме државата што побрзо да ги пронајде сторителите, велат роднините на Албанците исчезнати во војната Идентификацијата на четирите тела пронајдени во месноста Јама кај Кичево ќе се прави со анализа на ДНК.

Дел од блиските на исчезнатите албанци денес се согласиле да дадат крв за днк анализа

Канал5 - 21.05.2004

Дел од блиските на исчезнатите албанци денес се согласиле да дадат крв за днк анализа заради идентификација на четирите тела што беа извлечени од бездната кај месноста Јама на Бистра. Идентификацијата според делови од облеката не било доволен доказ за Дел од блиските на исчезнатите албанци денес се ...

Привршува обдукцијата на телата извадени од Јама

А1 - 20.05.2004

Привршува обдукцијата на четирите тела кои беа извадени од месноста Јама на планината Бистра. За идентификација на телата ќе биде потребна анализа со ДНК за што ќе бидат побарани примероци од роднините на исчезнатите Албанци.

Црвенковски, Бучковски и Митрева знаеле за случајот „Јама“ уште од 2001-ва

Време - 20.05.2004

ПРАТЕНИКОТ ХАЛИМИ ОБВИНИ Емил Зафировски Бранко Црвенковски, Владо Бучковски и Илинка Митрева најверојатно знаеле за случајот „Јама“ уште за време широката коалиција во 2001 година, изјави вчера Иљаз Халими, пратеник и потпретседател на ДПА.

Почна идентификацијата на телата од Јама

Вест - 20.05.2004

СЕ РАСВЕТЛУВА МИСТЕРИЈАТА НА ИСЧЕЗНАТИТЕ АЛБАНЦИ Се претпоставува дека три од извлечените тела се на исчезнатите Албанци - Ислам Велиу од струшкото село Делгожди и на двајцата браќа Ибрахим и Зекир Велиу од Скопје, а четвртото - на бугарскиот државјанин Рад По наредба на кичевскиот истражен судија ...

Демолиран станот на кичевскиот обвинител

Време - 20.05.2004

ПО ВАДЕЊЕТО НА ТЕЛАТА ОД ЈАМА Станот на Костадин Кизов на булеварот Ослободување во Кичево, јавен обвинител на тој град, кој ја води истрагата за извлечените тела во месноста Јама, бил демолиран од засега непознати лица, завчера попладне, потврдија полициски извори.

Идентификацијата ќе помогне да се откријат злосторниците

Утрински - 20.05.2004

Се расплетува тајната на четирите пронајдени трупа во месноста Јама Киднапираните со хеликоптер биле пренесени на Бистра, а потоа наводно биле фрлени во јама длабока 55 метри КОСТА ПОПОВСКИ Врз четирите тела најдени во јама во месноста Јама, во близина на мијачкото село Гари, во понеделникот и во ...

СУДИИТЕ ЗНААТ И ПОИНАКУ

Утрински - 20.05.2004

ГОРДАНА ДУВЊАК На кичевскиот истражен судија Танче Софрониевски, кој заедно со новинари, експерти и странски претставници се искачи на планината Бистра, не му беа потребни посебни упатства од неговите претпоставени за да одговори на барањата на "седмата сила" и на интересот на јавноста.

Роднините не ги препознаа телата од Јама

Дневник - 20.05.2004

поЧна обдукциЈата во Институтот за судска медицина Сите тела што ги извлековме од јамата се пренесени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, соопшти вчера Танче Софрониевски, истражен судија што го води случајот.

Нападната куќата на кичевскиот обвинител

Дневник - 20.05.2004

Прозорците на куќата на јавниот обвинител Костадин Кизов во Кичево, завчера биле искршени од засега непознати сторители. Кизов е вклучен во истрагата за пронајдените тела во месноста Јама. - Се вратив во 19 часот, а демолирањето на куќата било извршено околу 15 часот.

Роднините на исчезнатите албанци сеуште не прифаќаат дека во Јама беа телата на нивните роднини

Канал5 - 20.05.2004

Роднините на Ислам Велиу и Ибрахим и Зекир Велиу сеуште не прифаќаат дека во бездната кај месноста Јама се пронајдени телата на нивните најблиски. -Ќе ги чекаме официјалните извештаи од обдукцијата со кои ќе се утврди дали меѓу четирите пронајдени тел Роднините на Ислам Велиу и Ибрахим и Зекир ...

Започна обдукцијата на телата извадени од Јама

А1 - 19.05.2004

Обдукцијата треба да покаже дали четворицата пронајдени во Јама биле убиени пред да бидат фрлени во неа или живи се спуштени во камениот кратер. „Професорите рекоа дека ништо не може да се каже додека не се обработат. Телата се целосни“, рече Танче Софрониевски истражен судија.

Каменувана куќата на обвинителот кој работи на случајот Јама

А1 - 19.05.2004

Непознати лица синоќа ја каменувале куќата на кичевскиот јавен обвинител Константин Кизов кој работи на истрагата за смртта на лицата пронајдени во месноста „Јама“. Кизов за А1 изјави дека кога се враќал синоќа од ексхумацијата на телата од Јама, ги пронашол прозорците од неговиот стан скршени.

Извлечено уште едно неидентификувано тело

Време - 19.05.2004

ПРОДОЛЖУВА ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА ЧЕТИРИТЕ ТРУПА КАЈ ЈАМА Емил Зафировски Вчера полицијата извлече остатоци од уште едно човечко тело кај месноста Јама во високите предели на планината Бистра, недалеку од Кичево. МВР вчера го извлече првото од четирите пронајдени тела, по анонимната дојава дека во ...

Во јамата има и Бугарин

Вест - 19.05.2004

ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА ТЕЛАТА НА БИСТРА Вчера на планината Бистра продолжи извлекувањето на пронајдените тела за кои само се претпоставува дека се Албанци, киднапирани во војната пред три години Во педесетметарската јама во близина на Лопушник, на планината Бистра, меѓу четирите тела било и телото ...

Пронајдените тела се на тројца Албанци и на еден Бугарин?

Утрински - 19.05.2004

Вчера беа извадени сите четири трупа на киднапираните од длабоката јама на планината Бистра Во месноста Јама на планината Бистра, во недостапен терен, во јама длабока 55 метри вчера беа извлечени три тела. За нив се претпоставува дека се телата на киднапираните македонски граѓани од воениот ...

Чии се распаднатите тела во Јама?

Дневник - 19.05.2004

ПРИВРШУВА АКЦИЈАТА каЈ киЧево Одговорите на прашањата за идентитетот, за времето од кога се во јамата и за причините за смртта треба да ги даде обдукцијата Вчера околу 15.30 часот беше извадено и второто тело од вкупно четирите пронајдени во дупката длабока 55 метри, во месноста Јама во близина на ...

Демолирана куќата на обвинителот одговорен за случајот Јама

Канал5 - 19.05.2004

Непознати лица ја демолирале куќата на Костадин Кизов, кичевскиот јавен обвинител кој го води случајот „извлекување на телата од месноста Јама“. Кизов рече дека по враќањето од месноста Јама, каде се врши ексхумацијата, ги нашол сите прозорци од Непознати лица ја демолирале куќата на Костадин ...

Извадени телата кај Јама

А1 - 18.05.2004

Полициските специјалци денеска ги извлекоа и останатите три тела откриени вчера на дното на Јама, кај Кичево. Повеќе од 4 часа траеја подготовките за извлекување на телата од планинската бездна длабока 55 метри. Истражните органи и полициските специјалци го напуштија местото.

Се ископуваат тела на Бистра

Вест - 18.05.2004

ПО НАЛОГ НА ИСТРАЖЕН СУДИЈА ОД КИЧЕВО По налог на истражен судија од Основниот суд во Кичево, вчера претпладне, судски, медицински и полициски екипи почнаа со копање на планината Бистра во месноста Јама. Налогот на истражниот судија бил издаден по По налог на истражен судија од Основниот суд во ...

МВР трага по остатоците на исчезнатите Албанци на Лопушник

Утрински - 18.05.2004

Во близина на месноста Јама, Кичевско, постојат индиции за можна масовна гробница Кај месноста Јама, во близина на Лопушник, истражните органи пронашле остатоци на човечки тела, се дознава неофицијално. Ископувањето на масовната гробница ќе продолжи денеска.

Најдени тела на исчезнатите Албанци?

Дневник - 18.05.2004

НА ПАТОТ ПОМЕЃУ КИЧЕВО И ДЕБАР Полицијата вчера била информирана од анонимно лице дека во месноста Јама, на патот помеѓу Кичево и Дебар, има закопани човечки тела. На местото веднаш се упатиле полициска екипа, јавен обвинител и истражен судија.

На Бистра пронајдени 4 тела, најверојатно од исчезнатите Албанци

А1 - 17.05.2004

Во јама длабока 55 метри широка 4 метри утрово полицијата пронајде 4 тела во распаѓање. Најверојатно тоа се тела на исчезнатите Албанци, но обдукцијата ќе покаже кој е нивниот идентитет. Денеска од јамата е извлечено едно тело и е однесено на обдукција на Судска медицина.