TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Уапсени 50-тина лица поради кражби во Канкун

А1 - 23.10.2005

Педесет лица беа уапсени синоќа поради кражби во туристичкото место Канкун, кое во изминатиот ден беше погодено од ураганот Вилма, јавува дописникот на МИА од САД. Уапсените, според државниот обвинител на Куинтана Ро, пљачкосувале во продавници чии прозорци и излози биле искршени од налетот на ...

Ураганот Вилма се движи кон Флорида - шест лица загинаа

А1 - 23.10.2005

Најмалку шест лица загинаа при налетот на ураганот „Вилма“ низ мексиканските одморалишта на Карипското Море, на неговиот пат кон Флорида. Како што јави дописникот на МИА од САД, повеќе од 350.000 лица, претежно туристи, веќе втор ден се затворени во хотелите или засолништа во Канкун.

На Флорида и на Јукатан прогласена вонредна состојба пред налетот на “Вилма”

Канал5 - 23.10.2005

Гувернерот на Флорида Џеб Буш денеска прогласи вонредна состојба поради наближувањето на ураганот “Вилма”, кој се очекува да стигне до јужниот дел на таа американска држава меѓу недела навечер и понеделник наутро. Гувернерот на Флорида Џеб Буш денеска прогласи вонредна состојба поради наближувањето ...

„Вилма“ однесе шест животи во Мексико

Канал5 - 23.10.2005

Ураганот „Вилма“ на мексиканско-карипското подрачје однесе најмалку шест човечки животи. Иако ослабна до втората категорија, ветриштата од 100 километри на час, брановите и поројните дождови предизвикале голема материјална штета.

Ураганот „Вилма“ стигна до Јукатан

А1 - 22.10.2005

Ураганот „Вилма“, што се движи со брзина од 280 километри на час, ноќеска пристигна до бреговите на мексиканскиот полуостров Јукатан, предизвикувајќи обилни врнежи од дожд и бранови високи од пет до осум метри. Како што соопштија мексиканските власти, големите бранови го поплавиле познатото ...

Вилма дојде до Мексико, евакуирани 22.000 туристи

Вест - 22.10.2005

КАНКУН, 22 октомври (Ројтерс) - Силни ветрови и дожд вчера ги погодија крајбрежните летувалишта во Мексико, а илјадници туристи се сместија во засолништа за да го избегнат ураганот Вилма кој ги погоди летувалиштата во Карипското Море движејќи се кон густо населениот јужен дел на Флорида.

"Вилма° го погоди мексиканското крајбрежје

Утрински - 22.10.2005

Ураганот кој од метеоролозите беше опишан како екстремно опасен КАНКУН - Силните ветришта и обилните дождови вчера ги погодија мексиканските туристички локации, и илјадници туристи избегаа во засолништата за да се спасат од ураганот "Вилма°, кој на патот кон густо населената Флорида погоди ...

Илјадници се евакуираат пред Вилма

Време - 21.10.2005

УРАГАНОТ ЗЕМА ЗАМАВ Ураганот Вилма вчера продолжил да ита кон мексиканскиот полуостров Јукатан и кон крајбрежјето на САД, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади жители и туристи, јави АФП. Дождовите предизвикани од ураганот вчера убиле најмалку десет жители на Хаити.

"Вилма" најсилен досега забележан ураган

Утрински - 21.10.2005

Евакуација пред уште едно катастрофално невреме Ураганот со ветришта со брзина од околу 270 километри на час се заканува на Мексико, Куба и на Флорида откако на Хаити уби десет лица Официјални претставници во Мексико, Куба и Флорида почнаа со евакуација на илјадници лица од областите на кои им се ...

Одложено доделувањето на "MTV Video Music Awards Latin America"

Дневник - 21.10.2005

по УРАГАНОТ ВИЛМА Музичката телевизија Ем-ти-ви вчера ја одложи церемонијата на доделување на своите "Video Music Awards Lati America" за 2005 година, што требаше да се одржи на мексиканското крајбрежје, поради ураганот Вилма.

Американците не паметатпосилен ураган од Вилма

Дневник - 21.10.2005

СИЛНО НЕВРЕМЕ Во МЕКСИКАНСКИОТ ЗАЛИВ Властите во Мексико, Куба и во американската сојузна држава Флорида евакуираат илјадници луѓе од областите на кои им се заканува ураганот Вилма, јави МИА. Вилма, кој завчера достигна петта категорија и беше посилен од кој било досега измерен ураган, вчера ...

Куба и Мексико се евакуираат

Вечер Прес - 21.10.2005

Ураганот Вилма во текот благо ослабе и стана ураган од четврта категорија. Вчера Вилма, со ветер со брзина од 280 километри на час стана најсилен ураган некогаш регистриран над Атлантскиот Океан. Ураганот сега се приближува кон Куба, полуостровот Јукатан во Мексико и кон југозападниот дел на ...

Евакуација на населението во Мексико, Куба и Флорида

А1 - 20.10.2005

Властите во Мексико, Куба и во американската држава Флорида објавија евакуација на илјадници лица од областите на кои им се заканува ураганот Вилма, кој има најголем интензитет досега регистриран, јави дописникот на МИА од САД.

Вилма - најсилен ураган досега

Вест - 20.10.2005

ВАШИНГТОН, 20 октомври (Ројтерс) - Ураганот Вилма, кој предизвика лизгања на земјиште и уби 10 луѓе на Хаити, доби на сила и стана бура од категорија 5 додека се движеше кон западна Куба и полуостровот Јукатан во Мексико. Со тоа Вилма стана најсилниот ураган во Атлантикот досега, посилен и од ...

Вилма и се заканува на Флорида

Време - 20.10.2005

УРАГАНОТ ДОСТИГНА ПЕТТА КАТЕГОРИЈА Ураганот Вилма, кој се движи низ Карипско Море, вчера бил прогласен за ураган од петта, највисока категорија. Со ветрови што дуваат со брзина од 282 километри на час, Вилма стана најсилниот ураган годинава, пострашен и од убиствените Катрина и Рита, јави МИА.

Ураганот "Вилма° достигна петта категорија

Утрински - 20.10.2005

Ново катастрофално невреме во Мексиканскиот Залив ВАШИНГТОН - Ураганот “Вилма° што предизвика лизгање на земјиштето од кое загинаа 10 лица на Хаити ја достигна катастрофалната петта категорија на невреме, како што се приближува кон западна Куба и мексиканскиот полуостров Јукатан. Рекордното 21.

И Вилма е од петта категорија

Дневник - 20.10.2005

НОВО НЕВРЕМЕ НА КАРИБИТЕ Ураганот Вилмам, кој предизвика лизгање на земјиштето на Хаити, во кое загинаа 10 луѓе, станува се посилен и веќе ја достигна највисоката - петта категорија, јави МИА. Според метеоролошката служба на Хондурас, Вилма, најсилен ураган годинава, веќе има брзина на ветерот до ...

Ураганот Вилма зајакна до петта категорија

А1 - 19.10.2005

Ураганот Вилма во Карипско Море се интензивира и утрово достигна највисока петта категорија. Според метеоролошката служба на Хондурас, Вилма е најсилниот ураган годинава со брзина на ветерот од 282 километри на час. Ураганот се движи кон Хондурас, Никарагва и Полуостровот Јукатан во Мексико.

На метеоролозите им снемаа букви за именување урагани

Вест - 19.10.2005

ВАШИНГТОН (ДПА) - Првпат во досегашната историја целосно се исцрпи списокот на имиња за тропски бури во Атланскиот Океан. Со именувањето на тропската бура Вилма завчера наутро, списокот од 21 име кои беа употребени оваа година се исцрпи.