TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракомет СП: Русија - Македонија 27:22

А1 - 02.12.2007

Пораз на македонските ракометарки на отворањето на Светското првенство, што се одржува во Франција. Нашата репрезентација играше добро против бранителот на мундијалскиот трон, Русија, но на крајот сепак загуби со 27:22. Ветувачки настап на премиерата во Сент Бри на Македонија.

Македонија против шампионот Русија на СП за ракометарки

Макфакс - 02.12.2007

Скопје Светското првенство за ракометарки на кое настапува и македонската репрезентација започнува денеска, натпреварите на турнирот што завршува на 16 декември ќе се одржуваат во 11 градови во Франција. Македонија денеска во 17 часот го игра првиот натпревар со Русија, која ја брани титулата ...

Ракометарките пред дуелот со Русија

А1 - 01.12.2007

Најдобрата македонска женска селекција во Франција одбројува до стартот на мундијалот и дуелот со Русија. Утре во 17 часот во Сент Бри, нашите ракометарки го отвораат петтото досие од светските првенства, русинките тргнуваат во одбрана на тронот.

Се кали тимот за ЕП 2008

Вест - 01.12.2007

УТРЕ СТАРТУВА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ВО ФРАНЦИЈА (2-16.12) Проектот на создавање тим за Европското првенство 2008 во Македонија почнува со утрешниот натпревар против Русија (17 часот). На 12 месеци до најголемото натпреварување што на нашата држава и било доверено досега женската ракометна ...

Мундијалот го отвораме со светскиот првак Русија

Време - 01.12.2007

УТРЕ ПОЧНУВА 18. СП ЗА ЖЕНИ ВО ФРАНЦИЈА Александра Мазнева-Бундалевска Петтиот настап на ракометното Светско првенство (СП) во Франција, кое почнува утре, македонската женска сениорска репрезентација го отвора токму против бранителот на титулата, светскиот првак Русија (17 часот, МТВ-пренос).

Русинките за почеток на мундијалската приказна во Сан Бруик

Утрински - 01.12.2007

Македонија в недела го почнува својот настап на СП во ракомет за жени со желба да го изненади бранителот на титулата Од нашиот известувач РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ САН БРИУК - Не можеа ни да замислат посилен противник македонските ракометарки за својот утрешен старт на 18.

Франција - калење за новата генерација

Дневник - 01.12.2007

Нашите стартуваат утре против Русија (17 ч) на првенството на кое градиме нов тим Настапот на СП во Франција, што од утре до 16 декември ќе се одржува во девет градови, за женската сениорска репрезентација на Македонија треба да биде почеток на создавање и форсирање на една нова генерација што ...

Се бара подвиг за пласман во вториот круг

Вест - 30.11.2007

ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФРАНЦИЈА Во женската ракометна репрезентација немаше песимисти во "мугрите" на Светското првенство во Франција, кое се отвора утре. Само се свесни дека ќе им треба еден подвиг за да се пласираат во вториот круг.

Прва цел - пласман во вториот круг

Време - 30.11.2007

СЕНИОРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА НА СП ВО ФРАНЦИЈА Александра Мазнева -Бундалевска Добрата атмосфера, желбата за подвиг и изненадување на барем еден од фаворитите во групата е она што ќе ги води во следните денови најдобрите македонски ракометарки кои денеска патуваат за Франција, каде ...

Вториот круг на СП рамен на подвиг

Утрински - 30.11.2007

Според селекторот Савевски, адути на Македонија се атмосферата во тимот и тоа што ривалите не ни ги знаат можностите За македонските ракометарки Светското првенство во Франција е почеток на подготовките за ЕП 2008 во Македонија РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ За македонските ракометарки, кои утрово заминуваат ...

Кон Франција само со добра атмосфера

Дневник - 30.11.2007

Без контролни средби и со куси подготовки, женската репрезентација на Македонија има само голема желба и позитивна атмосфера за добар пласман Единствената позната работа пред заминувањето на СП во Франција (2-16 декември) за македонските ракометарки е дека имаат мотив, желба и добра атмосфера.

Мотивирани и орни за борба

Вечер Прес - 30.11.2007

Според селекторот Љупчо Савевски нашата репрезентација се наоѓа во тешка група, со светскиот првак Русија, силниот Бразил и Австралија, но желбата за докажување е голема - Кога се нафатив да работам бев свесен дека ќе биде тешко, но да се води репрезентација на Светско првенство е голем предизвик ...

Ракометарките заминуваат на Светското првенство

А1 - 29.11.2007

Пласман во главната фаза по групи е проектираниот дострел на македонската женска ракометна селекција на светското првенство во Франција што почнува в недела. Сепак, за остварување на целта ќе треба подвиг против Русија или триумф над Бразил во воведниот дел од натпреварите, со оглед дека успехот ...

Опрема од 15.000 евра за СП

Вест - 29.11.2007

АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ГИ "ОБЛЕЧЕ" РАКОМЕТАРКИТЕ Агенцијата за млади и спорт вчера го исполни вториот дел од ветувањето што им го дала на нашите најдобри ракометарки кога обезбедија пласман на Светското првенство во Франција.

Ракометарките да ги следат фудбалерите

Утрински - 29.11.2007

Директорот на АМС на приемот пред СП им порача на репрезентативките да се инспирираат од победата над Хрватска Валентина Радуловиќ и Ивица Георгиевски РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ „Хрватска можеби е подобра од нас на фудбалски план, па, сепак, ја победивме на Градски“.

Ракометарките добија нова опрема

Дневник - 29.11.2007

Ракометот заслужува многу повеќе поддршка од таа што досега ја имаше и за в година се планирани повеќе пари како донација за Федерацијата и за репрезентациите, изјави Ивица Георгиевски директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Ова е најекспериментална репрезентација

Дневник - 29.11.2007

Охоланга конкурира за прва постава, на пример, а нема доволно искуство, а и Ламбевска ќе мора да игра во одбраната, вели Савевски Изненадување беше за јавноста, но и за него самиот назначувањето на Љубомир Савевски за тренер на екипата на Кометал ЃП и селектор на женската репрезентација.

Девојките во ново руво

Вечер Прес - 29.11.2007

На СП во Франција (2-16 декември) нашата женска репрезентација ќе настапи со спортска опрема што ја обезбеди АМС Челниците во Агенцијата за млади и спорт вчера ја врачија новата спортска опрема наменета за македонската, женска, ракометна репрезентација во која ќе настапи на претстојното Светско ...

Елена Ѓорѓиевска отпадна од списокот за Франција

Време - 28.11.2007

ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Младата Елена Ѓорѓиевска е последната ракометарка што отпадна од поширокиот список на Љубомир Савевски, селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, која в петок патува за Франција каде што в недела почнува Светското првенство (СП).

Истекува времето за Кресоја

Вест - 28.11.2007

САВЕВСКИ ГИ ИЗБРА ПАТНИЦИТЕ ЗА ФРАНЦИЈА Новото засилување за репрезентацијата, Драгица Кресоја, е во опасност да го пропушти претстојното Светско првенство во Франција, откако Агенцијата за млади и спорт се уште не дала мислење како прв чекор кон издавањето македонско државјанство.

Селекторот Савевски се мисли за Ѓорѓиевска

Утрински - 28.11.2007

Младиот десен бек на Кометал Ѓорче Петров, Елена Ѓорѓиевска, останува во конкуренција за составот од 16 ракометарки што ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Светско првенство во Франција. Селекторот Љубомир Савевски веќе беше решил да ја изостави од патниците за Сан Бриук, но го ...

Кресоја остана без македонски пасош

Дневник - 28.11.2007

Драгица Кресоја (19) ќе почека додека го добие македонскиот пасош и сигурно нема да патува за Франција на СП, барем во првата фаза. Процедурата за добивање на пасош е во тек, но нема навреме да заврши, па селекторот Љубомир Савевски мораше да бара замена.

Светска опрема за ракометарките

Вечер Прес - 28.11.2007

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Ивица Георгиевски, денеска ќе ја прими женската ракометна репрезентација во пресрет на настапите на Светско првенство во Франција. Средбата ќе ја искористи да и ја врачи ветената, комплетна, спортската опрема од светски познатата марка Најк, во вредност од ...

Кресоја неизвесна за Франција

Вечер Прес - 28.11.2007

Селекторот Љупчо Савевски го одреди списокот на репрезентативки за Париз, од кој отпаднаа Е. Георгиевска, Илкова и Ристовска, а ситуацијата со Србинката Кресоја е статус кво - чека државјанство Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љупчо Савевски, по вчерашниот претпладневен тренинг ...

Бековите единствена енигма за селекторот

Дневник - 27.11.2007

Александра Ристевска е третата сениорка што отпадна од списокот на селекторот Љубомир Савевски пред заминувањето на СП во Франција. Савевски се реши за три крила - Пецевска, Радуловиќ и Тодоровска - сакајќи повеќе да може да комбинира со бековите.

Савевски денеска ќе пресече

Вечер Прес - 27.11.2007

Новиот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љупчо Савевски во пеколен ритам ги спроведува кусотрајните подготовки на неговите избранички за настап на претстојното Светско првенство, што ќе се одржи од 2 до 16 декември во Франција.

Познати патници за СП се само двајцата голмани, Колесник и Андрејева

Дневник - 26.11.2007

Откако прво не знаеше кој состав ќе го има на располагање на подготовките за Светското првенство во Франција (2-16 декември), новата мака за селекторот Љубомир Савевски сега е - на кои ракометарки да им се заблагодари за да го направи списокот од 15 или 16, што ќе патуваат на завршниот турнир.