TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Домашните арсенали на оружје ќе останат

А1 - 23.03.2003

Доброволно собирање на нелегалното оружје во Македонија ќе има, но домашните арсенали ќе останат. Ова може да се заклучи по изјавата на амбасадорот на НАТО Николас Бигман дадена на семинарот за собирање на мало и лесно оружје одржан на крајот на оваа недела во Скопје.

Владата е цврсто решена да се собере оружјето

Утрински - 21.03.2003

Изјава на заменик-министерот во МНР Македонската Влада цврсто стои на определбата за собирање на малото и на лесното оружје што нелегално го поседува населението, е ставот што произлезе од првиот ден од дводневниот семинар што на оваа тема почна вчера во Скопје.

Македонија и ОН ќе соберат 700.000 парчиња оружје?

Дневник - 21.03.2003

СЕМИНАР ЗА СОБИРАЊЕ НЕЛЕГАЛНО ОРУЖЈЕ Македонија и Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП) ја почнаа програмата за собирање на нелегалното оружје во земјава. Се проценува дека 600.000 до 700.000 парчиња нелегално оружје се наоѓаат само во Македонија, а го поседуваат криминалци и ...

Семинар за собирање на нелегалното оружје

А1 - 20.03.2003

Македонската Влада цврсто стои на определбата за собирање на малото и лесно оружје што нелегално го поседува населението, е ставот што произлезе од првиот ден на семинарот што на оваа тема се одржува денеска и утре во Скопје.

За десет години одземени 12.059 парчиња оружје

Утрински - 20.03.2003

Кои се приоритетите на Македонија за собирање на малото и лесно оружје Сашко Димевски Во периодот од 1991 до 2001 година МВР од граѓаните официјално одзело 12.059 парчиња мало и лесно оружје. Тоа, се верува, е само мал процент, од вкупното оружје кое илегално е во посед на граѓаните.

Трајковски: Земјава е преплавена со оружје

Дневник - 20.03.2003

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СОБИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО Нелегалната трговија со мало и лесно оружје во Македонија и во регионот ги доведува во опасност стабилноста и безбедноста не само на земјава, туку и на Европа во целина, изјави македонскиот претседател Борис Трајковски во говорот на тркалезната маса "Мало и ...

Нелегалното оружје ќе почне да се собира за три месеци

А1 - 19.03.2003

Aкцијата за собирање на нелегалното оружје во Македонија ќе започне за 3 месеци, најави МВР. Причините се започнување на силна медиумска кампања и усвојување на законот за разоружување од Владата и Парламентот. Првиот човек на полицијата најави амнестија за оние кои доброволно ќе го предадат ...

Семинар за собирање на лесното оружје

Утрински - 18.03.2003

На 20 и 21 март во Скопје Скопје - На 20 и 21 овој месец во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи семинар за собирање на мало и лесно оружје ?НАТО-евроатлантски партнерски совет" (ЕАПС), во организација на Македонија, Кралството Норвешка и Кралството Холандија, информира на вчерашната ...

Семинар за собирање на илегалното оружје

А1 - 17.03.2003

Во четврток и петок во Скопје ќе се одржи семинар на НАТО и ЕАПС за собирање на мало и лесно оружје. Македонските власти кои се организатори на овој семинар се надеваат дека на него ќе бидат презентирани практични решенија и модели за доброволно предавање на илегалното оружје во земјава.