ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ РАСЛОЈУВА Приврзаниците на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, се убедени дека, како што велат, со или без претседателот Никола Груевски наскоро ќе има вонреден конгрес на кој ќе се избере ново партиско раководство.
Се заоструваат и продлабочуваат разликите во ВМРО-ДПМНЕ Шест комитети на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, контра ставовите на претседателот Игор Гиевски, му дадоа поддршка на Никола Груевски СаШко Димевски Хаосот во најголемата опозициска партија продолжува.
ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД НОВИ ПОТРЕСИ Љубчо Георгиевски и неговите приврзаници, најверојатно, до крајот на месецов ќе организираат вонреден конгрес за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дознава "Дневник". Конгресот ќе биде свикан врз основа на потписите на партиското членство, кои веќе ги ...
Љубчо Георгиевски и неговиот Извршен Комитет се решени да свикаат вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за смена на лидерот Никола Груевски без разлика дали тоа ќе биде сторено со амин на раководството на партијата, односно Централниот Комитет.
Општинските комитети на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, Виница, Велес, Битола, Вевчани и Кичево не се согласуваат со завчера донесената одлука на Централниот комитет на УМС со која се бара оставка од лидерот на партијата Никола Груевски или свикување вонреден конгрес за негово ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски уште еднаш ги повика осумтемина поранешни членови на ИК да ги смират страстите, и проблемите да ги решаваат интерно во партијата, а не да им одмагаат во работата на актуелното раководство.
За надминување на кризата во ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од актуелното раководство, вондреден конгрес, и враќање на Љубчо Георгиевски за лидер на партијата. " Кризата во партијата е предизвикана од тесна партиска олигархија, побудена од лични мотиви, и затоа бараме ...
ПОДМЛАДОКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МУ ОТКАЖА ПОСЛУШНОСТ НА ГРУЕВСКИ Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да даде оставка, да се одржи вонреден конгрес и Љубчо Георгиевски да се врати на чело на партијата. Тоа е резимето на заклучоците од завчерашната седница на централниот комитет на Унијата на млади ...
Потрага по поддршка СТРУМИЦА - Барајќи ја поддршката на членовите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, завчеравечер ги посети сите општински комитети во Струмичкиот регион. Пред партискиот штаб во Струмица тој одржа мини-митинг и преку озвучување им се обрати на околу 150 члена и симпатизери ...
И Унијата на млади сили на најголемата опозициска партија контра актуелното раководство Сашко Димевски Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ им даде безрезервна поддршка на ИК и на претседателот Игор Гиевски во ставот да се побара оставка од актуелното раководство.
ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СТРУМИЦА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги обвини противниците дека со обидите да воспостават паралелни органи во партијата всушност работат за СДСМ. Тој нагласи дека ја има мнозинската поддршка од општинските комитети во земјава.
Извршниот комитет на Љубчо Георгиевски, коj функционира паралелно со тој на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска реши да му го врати членството на поранешниот потпретседател Марјан Ѓорчев, кого раководството го исклучи од партијата поради фракционерство.
Единствено решение за излез од кризата во ВМРО-ДПМНЕ е оставка на актуелното раководство на партијата, одржување на вонреден Конгрес и враќање на Љубчо Георгиевски на позицијата лидер на партијата, е ставот на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ што денеска на прес конференција го соопшти ...
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА ЗА ПРЕВЛАСТ Грујовистите легитимитетот го црпат од статутот, а љубчовистите од базата Во опозиционата ВМРО-ДПМНЕ не стивнуваат страстите и битката за лидерската фотелја. Таму веќе паралелно дејствуваат два извршни комитета.
ПАРАЛЕЛИЗАМ ВО ВМРО-ДПМНЕ Диана Младеновска Ние продолжуваме да ја вршиме функцијата на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи бевме избрани со полн легитимитет од базата и во полн состав, по партискиот конгрес - рече Ден Дончев, доскорашен генерален секретар на партијата.
Најголемата внатрешна криза во ВМРО-ДПМНЕ се продлабочува и добива во интензитет Паралелниот ИК ќе работи на свикување вонреден конгрес и враќање на Љупчо Георгиевски на чело на партијата Сашко Димевски Осумтемина членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, приврзаници на екслидерот Љупчо Георгиевски, кои на ...
ПРОТИВНИЦИТЕ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Побунетите членови на Извршниот комитет ќе организираат партиски конгрес за да го вратат Љубчо Георгиевски на кормилото Осумтемина доскорешни членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера го почнаа внатрепартискиот удар за да организираат ...
Осумтемина приврзаници на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски кои до неодамна беа дел од единствениот Извршниот Комитет предводен од претседателот Никола Груевски денеска најавија дека ќе функционираат како паралелно раководно тело кое својот легитимитет, според нив, го црпи од ...
НЕ СЕ ГЛЕДА РЕШЕНИЕ НА КРИЗАТА ВО ВМРО-ДПМНЕ Диана Младеновска Никола Груевски успеал да го придобие пратеникот Илија Сибиновски, иако овој неодамна се изјасни против актуелниот лидер, заедно со групата приврзаници на Љубчо Георгиевски.
Незадоволниците собираат потписи за смена на лидерот Никола Груевски Караџоски изјави дека во изјаснувањето на месните и општинските комитети Георгиевски доби поддршка од над 80 отсто од членството Сашко Димевски Приврзаниците на екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, деновиве собирале ...
ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД НОВА ПРЕСМЕТКА Поранешниот почесен претседател не сака да го напушти кабинетот во штабот Осумдесет отсто од партиското членство се потпиша зад барањето за свикување вонреден конгрес за смена на водачот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа треба да се прифати, изјави вчера Жарко Караџоски, доскорашен ...
ЧЕСТЕЊЕ ВО СОБРАНИСКОТО БИФЕ Љубчо Георгиевски, доскорешниот почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вчера се појави во Собранието. Не седеше на вообичаеното место, во првиот ред до лидерот Никола Груевски и до потпретседателката Ганка Самоиловска - Цветанова, туку во вториот ред до координаторот на ...
ВМРО-ДПМНЕ Диана Младеновска Љубчо Георгиевски „треба да ја поправи грешката што ја направи пред една година“. Тоа го велат повеќето пратеници и постари членови на ВМРО-ДПМНЕ алудирајќи на неговиот предлог Никола Груевски да биде претседател на партијата.
Судирот во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се отслика во пратеничката група САШКО ДИМОВСКИ Разидувањето во врвот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ најдобро се отслика на вчерашната седница на парламентот, во која пратеничката група видливо се подели на приврзаниците на актуелниот претседател Никола Груевски и ...
ВМРО-ДПМНЕ ПОДЕЛЕНО ВО СОБРАНИСКИТЕ КЛУПИ Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера и јавно ја покажа поделеноста во партиските редови, откако поголемиот број пратеници ги следеа инструкциите на поранешниот лидер Љубчо Георгиевски.
ГЕОРГИЕВСКИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ВРАЌАЊЕТО НА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО ВО ВМРО-ДПМНЕ Пратениците, кои му се лојални на Љубчо Георгиевски, велат дека во парламентот ќе настапуваат како пратеници на народот и на партиското членство, а не на ставовите на лидерот Никола Груевски Приврзаниците на Љубчо Георгиевски ...
ВМРО-ДПМНЕ СЕ КОНСОЛИДИРА Диана Младеновска Раководството на ВМРО-ДПМНЕ очекува наскоро да ја обедини и да ја консолидира партијата која минува низ досега најголемата внатрешна криза во која засега најголема „жртва" е долгогодишниот лидер Љубчо Георгиевски.
Љубчо Георгиевски од денеска го замени местото на седење во собраниската сала - наместо во првиот ред, до најтесното раководство, се смести во вториот , меѓу своите приврзаници.. Средбата на закараните Грувески - Георгиевски заврши со ладен поздрав..