TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Десетина дена "гратис" од министерот Стефановски

Вечер Прес - 20.08.2005

После десетината денови гратис од министерот за култура, ќе се види дали битолчани ќе имаат опера или не. Министерот Благој Стефановски вчера имаше средба со претставници од дирекцијата на битолската опера за да се расчисти дилемата дали на Македонија навистина и се потребни две оперски куќи.

Прво замрзнување на средства на потенцијален "перач"

Вечер Прес - 20.08.2005

Дирекцијата за спречување перење пари деновиве откри неколку нови случаи за кои постои основано сомнение дека се работи за перење пари. Првпат Дирекцијата изврши замрзнување на сметката и на една фирма од земјава што до сега не беше практика во работењето на Дирекцијата, поради сомневање дека се ...

Овен се враќа на "Енфилд"?

Вечер Прес - 20.08.2005

Европскиот шампион Ливерпул е подготвен во своите редови за сума меѓу 10 и 12 милиони фунти од Реал Мадрид да го врати Мајкл Овен. За да се обезбедат средства за трансфер "црвените" ќе треба на Астон Вила да и го продадат Милан Барош, која за чешкиот напаѓач понуди 7 милиони фунти.

ВМРО-ДПМНЕ воздржани, Демократски сојуз "за"

Вечер Прес - 20.08.2005

Во ВМРО-ДПМНЕ не се премногу загреани за формирањето на нова партија од страна на скопскиот градоначалник, коишто го поддржаа на локалните избори. Така барем вели потпретседателот на партијата, Трајко Слававески. "Костовски е сега градоначалник и барем јас досега не сум имал никакви контакти со ...

Од "Автомакедонија" украле камион, гуми и масла

Вечер Прес - 20.08.2005

Поради извршена тешка кражба во продавницата за автоделови "Автомакедонија" во Охрид, полицијата ги приведе Т.Т. (24) и Р.Л. (26), двајцата од Куманово. Полицијата двајцата кумановци ги сомничи дека ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец насилно влегле во продавницата за авто делови.

Малдунг на "тест за идиоти"

Вечер Прес - 20.08.2005

Дефанзивецот на Херта, Александар Малдунг, ќе биде подложен на тест за идиоти, соопшти германскиот "Кикер". Причината е несовесното управување со моторно возило и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Во јули на Малдунг му била одземена возачката дозвола во времетраење од еден месец, бидејќи ...

"Белене" да стане балканска нуклеарка

Вечер Прес - 20.08.2005

Бугарскиот претседател Георги Прванов ги повика своите колеги од Македонија, Србија и Црна Гора, Грција и Турција заедно да ја изградат нуклеарната централа "Белене" во Бугарија. Ова го пишува бугарскиот весник “Капитал”, додавајќи дека Прванов верува оти заедничката инвестиција на петте соседни ...

Бугари - "терористи" за дневница од 45 лева!

Вечер Прес - 20.08.2005

Селаните од Мокрен, во близина на бугарскиот град Сливен, кои земаа учество во бугарско-американската воена вежба на полигоните во Ново Село ќе заработат 21.600 лева хонорар. Тоа е буџетот што “јенките” го наменија за “мештаните-статисти”, кои имаа улога на терористи во вежбата наречена “Бдеечка ...

Филм под отворено небо ("Златниот Леопард" кај Родриго Гарсија)

Вечер Прес - 19.08.2005

Филмот "Девет животи" на режисерот Родриго Гарсија го доби овогодишниот "Златен леопард" - главна награда на Филмскиот фестивал во швајцарскиот град Локарно. Приказната за пресвртниците во животот на девет жени ја доловија Глен Клоуз, Холи Хантер, Сиси Спејсек, а се појавува и малата Дакота Фенинг.

"Преку Бразил" во ЕУ!

Вечер Прес - 19.08.2005

Хрватска се надева дека ќе ги започне преговори со ЕУ за време на австриското претседателство со Унијата следната година, изјави хрватскиот премиер Иво Санадер, по средбата со австрискиот канцелар, Волфганг Шисел. Шисел пристигна во Хрватска по покана на хрватскиот премиер за да го гледа ...

Шарапова се "ѕирка" со пејачот на "Марун 5"

Вечер Прес - 19.08.2005

Ете, се случи и тоа, за коешто буквално сите светски таблоиди беа на "штрек" сите овие две години, откако на светската тениска сцена почна да владее Марија Шарапова. Попусти беа, и се уште се, обидите на белосветските папараци да ја фатат преубавата Русинка во некоја секси поза, или пак со момче, ...

Милошевиќ , Бора Чорба и "Леб и сол"!

Вечер Прес - 19.08.2005

Првите примероци на новиот учебник по историја за осмоодделенците во Србија, во издание на Заводот за учебници и наставни средства, деновиве излезе од печат. Но, изненадувањето не е во тоа, туку во "збирот" на личности, ставени на едно место: од светот на филмот, музиката, спортот, и секако, ...

Стопирани сите летови на "МИ-8"

Вечер Прес - 19.08.2005

Руските военовоздухопловни сили ги стопираа сите летови на хеликоптерите од типот "Ми-8", откако четири лица загинаа, а пет се повредени во две одделни несреќи што вчера се случија во земјата."Ми-8" што превезувал осум падобранци и три члена на екипажот, се урнал во близина на градот Хабаровск ...

Почнува "тресењето" на обрачите

Вечер Прес - 19.08.2005

Трката со времето, подигнување на натпреварувачката форма, за кошаркарите на селекторот Јорданчо Давитков почнува денеска со стартот на меѓународниот турнир "Охрид 2005", на кој ќе играат уште селекциите на Бугарија, БиХ и колеџот Атлетс ин екшн од Америка.

"Тетовски фолк-фест" повторно во Лешок

Вечер Прес - 19.08.2005

На 27 август, ноќ спорти големиот христијански празник Света Богородица, македонската фолк-елита во Лешок ќе пее на новото издание на "Тетовскиот фолк фест". Околу 25 песни со Сузана Спасовска, Блага Петерска, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Екрем Зенуловски, група "Хармонија", ансамблот на Стевче ...

Календарот "виновен" за поразот

Вечер Прес - 19.08.2005

МАКЕДОНИЈА - ФИНСКА 0:3 (0:2) Градски стадион. Гледачи 7.000. Време и терен одлични за игра. Главен судија: Дејвид Месијас (Англија). Жолт картон: Васоски (М.) - Пасанен, Калио, Хекинен, Лагерблом (Ф.). Стрелци: Ерменко 7', 45' и Раика 87'. МАКЕДОНИЈА: Маџовски, Г.

И Лион го "мерка" Овен

Вечер Прес - 18.08.2005

Францускиот шампион Лион се вклучи во трката по ангажирање на англискиот репрезентативен напаѓач од редовите на Реал Мадрид, Мајкл Овен. Раководството на овој клуб на ваков чекор се реши по обезбедувањето на неопходната сума пари преку продажбата на Есиен на Челзи за 38 милиони евра.

"Рурална" урбана девојка

Вечер Прес - 18.08.2005

Веројатно, веќе и самите сте забележале, било на улица, било по излози, било кај своите познаници и колеги: плетеното е во мода. Ако ги следите модните ревии, тогаш сосема сигурно сте виделе дека плетената облека ја носат сите водечки манекенки на модните ревии.

"Горили" ќе се грижат за безбедноста во ZОО

Вечер Прес - 18.08.2005

На само десет дена по крвавиот настан, што на почетокот на месецов се случи во скопската Зоолошка градина, кога на ѕверски начин беа убиени три срни, а потоа беа фрлени на мечките, градоначалникот Трифун Костовски го исполни ветувањето.

Нов “необоен експерт" на Костовски

Вечер Прес - 18.08.2005

Скопскиот градоначалник, конечно, го скрши мразот, па иако со неколкумесечно задоцнување реши да ги именува експертите, кои се "политички необоени и со долгогодишно искуство" и кои во иднина успешно ќе директоруваат со јавните претпријатија.

Дневници ќе ги печати "Киро Дандаро"?

Вечер Прес - 18.08.2005

Дневниците за водење училишна евиденција, веројатно, ќе ги печати печатницата "Киро Дандаро" од Битола. На тендерот што го распиша Министерството за образование и наука, се пријавиле пет фирми. Како што не информираше Нуман Салаи, советник за односи со јавноста во ресорното Министерство, иако ...

Малолетник "мајсторисувал" по сендвичарници

Вечер Прес - 17.08.2005

Полицијата од Скопје во неделата вечерта, во моментот кога извршувал кражба во сендвичарницата "Аркадија", лоцирана на Булевар "ЈНА", го уапси петнаесетгодишниот Б.Ј. од Скопје. Момчето, како што се наведува во полциската пријава, се обидувало да ги извади алуминиумските профили од дуќанот, иако во ...

Белградска "Делта" го мерка и "Типо"

Вечер Прес - 17.08.2005

Повторената лицитација за купување на државното земјиште спроти НБРМ ќе биде денеска, а кој се ќе достави понуда се уште е непознато, со оглед дека меѓу тројцата главни играчи од поништената постапка има и такви кои се на “два ума” и се со свои стратегии за добивање на атрактивната локација.

"Лордот" се продава како алва

Вечер Прес - 17.08.2005

Гостувањето на спектакуларната балетска трупа “Lord of the dance”, дефинитивно, ќе биде централниот настан следниот месец. Лордот гостува на 13, 14, 15 септември во Универзална сала. Куриозитет за што од целата Балканска турнеја единствено во Скопје тие ќе имаат три последователни настапи.

Во Турција паднаа 260 кг “бело"

Вечер Прес - 17.08.2005

Над 260 килограми хероин, 179 илјади таблетки синтетички дроги и 15 килограми хашиш се откриени во три одделни операции на турската полиција, јави новинската агенција Анадолија. Началникот на истанбулската полиција Џењалетин Џерах изјави дека во врска со случајот се задржани 15 лица, меѓу кои и ...

"Георги Шарески трио" и "Тони Китановски груп"

Вечер Прес - 17.08.2005

В петок, од 21 часот, триото Георги Шарески (џез гитарист), Оливер Дуев (џез тапанар) и Иван Бејков (џез контрабас) ќе имаат свирка во скопскиот “Имес”. Нивната програма е зацртана како тричасовна, од кои два и пол часа заеднички ќе свират со “Тони Китановски груп”.

"Салата на страста" и "Срце на летото"

Вечер Прес - 17.08.2005

Докажете и на саканата дека до нејзиното срце може да се стигне и преку стомакот. За “Салатата на страста” подгответе голема полудлабока чинија или овал со жолта боја и прекријте го со ситно исечкан магдонос. Во големина на коцка од шеќер исечете ананас и диња и едно поголемо парче лубеница.

Средниот ред го "убива" Сантрач

Вечер Прес - 17.08.2005

Македонската фудбалска репрезентација, вечерва ( 20 часот) на Градскиот стадион во Скопје ќе го одигра квалификацискиот натпреавар за СП 2006 против Финска. Противникот е исклучително силна екипа ( се наоѓа на 43. место на ФИФА ранг-листата), со која имаме одиграно два пријателски натпревара.

Екстра силна конкуренција за "Букер"

Вечер Прес - 16.08.2005

Со објавувањето на списокот на 17 автори, започна трката за годинашниот лауреат на престижната книжевна награда "Букер". Стручното жири, предводено од претседателот Џон Сатерленд, оценило дека ќе има мошне тешка задача, бидејќи станува збор за најсилна конкуренција по 1969 година, кога наградата е ...

Превентивното "уривање" заврши со тупаници

Вечер Прес - 16.08.2005

Долгонајавуваната акција на Кисела Вода за уривање на дивоградби, која започна вчера со интервенција на улицата "Банско", во населбата Црниче, каде градежната инспекција спречи понатамошна изградба на бесправен објект со затрупување на направениот ископ, заврши со непријатен инцидент.

Договорот со "Ситигруп" за еврообврзниците

Вечер Прес - 16.08.2005

Лондонската “Ситигруп” е избрана за банка агент на македонските еврообврзници. До крајот на неделава се очекува и официјално Владата и "Ситигруп" да го потпишат и договорот со кој оваа банка презема обврска да го презентира можностите на Македонија во седум до девет европски центри.

Се "запали" Арена!

Вечер Прес - 16.08.2005

Лудите забави за викендите во Охрид продолжуваат и понатаму. Дефинитивно, летово приматот на место со најлуди забави ја презеде дискотеката Арена. Стоте метри квадратни во клубот во саботаата беа исполнети до последниот сантиметар.

За Јелена Карлеуша Црна Гора е "туѓа" земја!

Вечер Прес - 16.08.2005

Јелена Карлеуша својот летен одмор го поминува на Црногорско приморје, но не многу пријатно. Имено, ноќта меѓу минатата среда и четврток, специјалната единица на црногорската полиција, во акцији која потсетувала на сцена од холивудски филм, ја опколила свитата на српската естрадна ѕвезда на влезот ...

"Хелиос" приземјен

Вечер Прес - 16.08.2005

Кипарската авиокомпанија "Хелиос" донесе одлука да ги задржи на земја сите свои авиони, јави кипарската агенција ЦНА. Според истите извори, ниту еден авион во сопственост на компанијата нема да полета, а "Хелиос" изнајмил други авиони каде би ги префрлил патниците.

Петар Ренџов има готова песна за "Мама бенд"

Вечер Прес - 16.08.2005

Пролетва, по објавувањето на неговото инструментално цеде "Сонот на невестата" музичкиот мајстор Петар Ренџов одржа неколку концерти за своја душа. Посебно добро помина концертот на Матка, по кој повод дојде и брат му Павел Ренџов од Германија за да ги изведе ударните инстументи, а веднаш по ...

Пијан чувар со камења "гаѓал" автобус

Вечер Прес - 16.08.2005

Во атарот на Визбегово, кај индустриската зона на патот за Блаце, ноќта меѓу неделата и понеделникот, "алфите" го уапсија Е.К. (25) од Скопје. Тој со камен фрлил по туристички автобус и му ја скршил шофершајбната. Потоа го натепал и шоферот на автобусот, којшто запрел и излегол надвор да види што ...

Опустошена охридска "Авто - Македонија"

Вечер Прес - 16.08.2005

Тешка кражба е извршена меѓу неделата и понеделникот во Охрид. Ограбени се службените простории на "Авто - Македонија Охрид". Материјалната штета првично се проценува на повеќе од еден милион денари. Крадците по кои веќе трага полицијата го скршиле излогното стакло, влегле внатре и направиле р'шум.

“Лукоил" ги зеде под закуп складовите на “Нико Петрол"

Вечер Прес - 16.08.2005

ШТИП.- Рускиот нафтен гигант “Лукоил" и официјално стартува на 17 август во Македонија. Тогаш е закажано свечено отворање на складот на нафта и нафтени деривати во Штип, што, според најавите, ќе го отвори премиерот Владо Бучковски.

Елена Исинбаева "летна" 5,01 метри

Вечер Прес - 15.08.2005

Русинката Елена Исинбаева уште еднаш покажа дека и нема рамна во дисциплината скок со стап. Таа во петокот стана светска првенка и сопственичка на осумнаесеттиот светски рекорд во низа, откако ги прескокна фамозните 5 метри. До титулата, Елена стаса со само пет скокови - еднаш ја бутна летвичката ...

Самарџиството беше "златна белезица"

Вечер Прес - 15.08.2005

Во минатиот век самарџискиот занает бил важен дел од општественото живеење. Магарето, коњот и маската им служеле на луѓето најбрзо да патуваат и да пренесуваат стока. Самарите тогаш биле барани, а самарџискиот занает бил доходовен.

Струшки "бисери" во фустаните на Есма

Вечер Прес - 15.08.2005

Угледни струшки дами, жени со свој печат, успешни во она што им е професија и цел, во петокот вечерта во улога на манекенки дефилираа со скапоцените фустани, кои во својата петдецениска кариера ги носела нашата музичка кралица и пејачки гениј Есма Реџепова-Теодосиевска, на концерти, турнеи, при ...

Вранишковски крштавал "грешници" во Идризово

Вечер Прес - 15.08.2005

Расколникот Јован Вранишковски не мирува ни додека е в затвор. Според информации до кои стигна "Вечер" од затворот "Идризово", тој веќе неколку дена, крстел затвореници и им ги простувал гревовите. Според нашите извори, Вранишковски наводно не сакал да ја искористи својата повластена положба во ...

Јана, Кољо, Месечината... ја "запалија" публиката

Вечер Прес - 15.08.2005

ОХРИД. - Дека музиката навистина може да дејствува позитивно и духовно отворено и дека може да ги сублимира позитивните човекови реакции, се докажа на концерот на Драган Даутовски квартет, одржан во петокот, во рамките на Офф програмата на "Охридско лето", во оригиналниот амбиент на охридскиот ...

"Солено" возење со "дивите"

Вечер Прес - 15.08.2005

На адреса на Организацијата на потрошувачите на Македонија се почесто се јавуваат незадоволни граѓани кои се жалат од наездата на "дивите" таксисти по скопските улици. Најчесто корисниците на овие услуги, не знаат кои се легални таксисти, а кои од нив работат на црно и во своите возила немаат ...