TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јуниорките на Русија го освоија првото место на СРП

А1 - 17.08.2003

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Русија ја одбрани титулата светски првак на Светско првенство кое во минатите две недели се одржуваше во Македонија. Во финалето кое се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, Русија ја победи Унгарија 26:24.

Утре се одигрува финалето меѓу Русија и Унгарија во СРП за јуниорки

А1 - 16.08.2003

Светското ракометно првенство за јуниорки што се одржува во земјава ќе го има крајот утре со финалниот натпревар меѓу селекциите на Русија и на Унгарија. И покрај тоа што за нашиот ракомет мундијалот заврши уште вчера со пласманот на Македонија на осмото место, сепак ќе имаме и директен учесник во ...

Македонија на крајот осма

Утрински - 16.08.2003

Домаќинот со пораз и од Данска (24:25) го заврши настапот на 14. СП во ракомет за јуниорки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ ОХРИД - Македонската женска јуниорска ракометна репрезентација го освои осмото место на 14. Светско првенство што в недела завршува во Охрид, откако во натпреварот за седмото место загуби ...

Осмо место за нашите јуниорките на СП во ракомет

А1 - 15.08.2003

Македонските ракометни јуниорки го завршија Светското првенство во земјава на осмото место во конечниот пласман, по денешниот пораз од Данска во борбата за седмата позиција на турнирот. Минимално, со 25:24 загуби македонската селекција во последниот мундијалски настап во Охрид.

Хан: Најдобро јуниорско СП досега

Утрински - 15.08.2003

"Медиа деј" на слободниот ден на СП ОХРИД - "Ова е најдобро организирано Светско првенство за јуниорки досега. Сакам да им се заблагодарам на сите што дадоа свој придонес во организацијата. Работиме во многу добри услови и тоа е ваша препорака за некое следно СП.

И со луксуз-пораз до меч со Данска за седмото место

Утрински - 15.08.2003

Македонија загуби и од Португалија (31:32) во втората фаза на 14. СП во ракомет за јуниорки ОХРИД - Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија "успеа" да загуби и од Португалија со 31:32 (15:17) во третото и последно коло во рамките на групата 1 од втората фаза на 14.

Крај на приказната за медалите

Утрински - 14.08.2003

Македонија поразена и од Хрватска (27:31) во втората фаза на 14. СП во ракомет за јуниорки ОХРИД - Фаворитот Хрватска ја разби илузијата на домашната селекција дека ќе се вмеша во борбата за медалите на 14. Светско првенство во ракомет за јуниорки што од 4 до 17 август се одржува во Македонија, ...

Ракомет:Победа против Португалија ќе го потврди 4. место во групата

А1 - 13.08.2003

Со победа вечер против Португалија македонската репрезентација ќе треба да го потврди четвртото место во четвртфиналната група „М-1“ на Светското ракометно првенство за јуниорки чиј домаќин е нашава земја што ќе значи дуел со Данска в петок за седмата позиција на мундијалот.

Македонските јуниорки ќе се борат за 7 место на СП во ракомет

А1 - 13.08.2003

Македонија ќе се бори за седмото место на Светското ракометно првенство за јуниорки чиј домаќин е нашава земја. Полуфиналните двојки на шампионатот се Русија - Норвешка и Хрватска - Унгарија. Македонските рперезентативки в петок против Данска ќе играат за седмото место на ракометниот шампионат, ...

Полуфиналето сведено на теорија

Утрински - 13.08.2003

Македонија - Шведска 20:23 во стартот од втората фаза на 14. СП во ракомет за јуниорки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ ОХРИД - Со поразот од Шведска од 20:23 (10:11) уште во стартот на втората фаза на 14. Светско првенство, женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија си ги сведе на теорија ...

Нашите ракометарки - јуниорки може да се надеваат на четвртото место

А1 - 12.08.2003

Променливите игри и нестабилната форма ја исфрлија македонската репрезентација од борбата за највисок пласман на Светското ракометно првенство за јуниорки што се одржува во земјава. По синоќешниот пораз од Шведска, нашиот национален состав реално може да се надева најмногу на четвртото место во ...

Ракомет: Македонските јуниорки ќе мораат да се изборат за четвртото место на СП

А1 - 12.08.2003

Македонската репрезентација ги загуби сите шанси да се вмеша во борбата за највисок пласман на Светското ракометно првенство за јуниорки што се одржува во земјава. Ќе мораат нашите ракометарки допрва да се изборат и за четвртото место во четвртфиналната група „М-1“, што води во разигрување за ...

Да се биде или не против Хрватска

Вест - 12.08.2003

Ракомет - Светско првенство за јуниорки Женската јуниорска репрезентација на Македонија вечерва против селекцијата на Хрватска, во салата "Билјанини извори" во Охрид, со почеток од 21 часот, го игра најзначајниот натпревар, кој можеби ќе го реши првиот патник во полуфиналето на Светското првенство.

Можеби решавачки дуел за полуфиналето

Утрински - 12.08.2003

Македонија вечерва игра против Хрватска во втората фаза на 14. СП во ракомет за јуниорки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ ОХРИД - Во зависност од исходот на синоќешното прво коло во рамките на групата 1 од втората фаза, вечерашниот дуел од 21 ч.

Ракомет: Јуниорките загубија од Шведска на СП

А1 - 11.08.2003

Македонските ракометни јуниорки прокоцкаа голема шанса да останат во борба за пласман меѓу најдобрите шест селекции на Светското првенство што се одржува во земјава. И покрај тоа што на моменти имаа водство, тие во Охрид загубија од Шведска, директниот конкурент за третото место во четвртфиналната ...

Ракомет: Нашите јуниорки вечерва го играат клучниот натпревар на СП

А1 - 11.08.2003

Македонската репрезентација вечер против Шведска го игра најверојатно клучниот натпревар од четвртфиналната фаза по групи на Светското јуниорско првенство чиј домаќин е нашава земја. Со победа против шведскиот состав македонските репрезентативки ќе бида многу блиску до пласман меѓу најдобрите 6 ...