TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Цесната“ летала премногу ниско

Време - 30.08.2008

Причините за падот на авионот во близина на селото Лескоец, Охридско, во кој загинаа пилотот и тројцата патници, се уште се непознати, а владина комисија ги утврдува околностите и условите за несреќата.

Зошто цесната летала пониско од дозволеното?

Вест - 30.08.2008

Истражниот судија при Основниот суд во Охрид Весна Кичеец вчера изјави дека се уште не се утврдени причините за авионската несреќа која завчера се случи за време на црковно-народниот собир во селото Скребатно во близината на Охрид, во која четири лица ги загубија животите.

За 17 години 8 несреќи и 230 мртви

Вест - 30.08.2008

Од осамостојувањето на Македонија се случија седум воздухопловни несреќи на територија на државата. Дополнително, како авионска несреќа на македонската авијација се смета и падот на владиниот авион во Босна и Херцеговина, кога загина претседателот Борис Трајковски, шестмина негови соработници и ...

Кобното брзо свртување на „цесната“

Утрински - 30.08.2008

Сопругата на Ѓорѓи Ристевски не полетала со цесната бидејќи немала лична карта Симон Илиевски Даниела Трпчевска ОХРИД - По авионската несреќа кај Скребатно, во близина на Охрид, што се случи во саботата напладне, вчера специјална комисија формирана од Владата ја започна истрагата и најави дека ...

Статистика

Утрински - 30.08.2008

Завчерашното уривање на авионот од типот „цесна“ во близина на селото Лескоец кај Охрид, во која четири лица го загубија животот, е деветта поголема воздухопловна несреќа што се случила на територијата на Македонија.

„Цесната“ летала на 50 наместо на 300 метри

Н.Македонија - 30.08.2008

Човечки фактор или техничка неисправност и понатаму остануваат двете можни причини за завчерашниот пад на авионот „цесна 172 Н“, кога загинаа пилотот Славчо Георгиев и уште тројца патници.

Владина комисија ја истражува авионската несреќа

Кирилица - 30.08.2008

Владата ги очекува резултатите од нивната комисија која била формирана веднаш по авионската несреќа во охридско. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески , истакнал дека се анализираат сите аспекти од несреќата по што набрзо ќе биде соопштен официјален став.

НАПРАВЕНИ ПРВИТЕ АНАЛИЗИ ЗА НЕСРЕЌАТА

Сител - 30.08.2008

Остатоците од урнатиот авион вчера се пренесени во Скопје. Во приватен хангар под деноноќно обезбедување пилотската академија е задолжена да ги обезбедува. Тимот инспектори на Агенцијата за цивилно воздухопловство веќе ги напрвил првите анализи. Земени се мостри од горивото и од моторното масло.

Остатоците од Цесната што се урна во Охрид се на анализа во Скопје

Канал5 - 30.08.2008

Остатоците од авионот на пилотската академија од местото на несреќата се пренесени во Скопје. Складирани се во магацин на старата фабрика Купром.

Се анализира авионската несреќа крај Охрид

Макфакс - 30.08.2008

Владината комисија, формирана веднаш по авионската несреќа што во четвртокот се случи во близина на Охрид, е на терен и работи на расветлување на случајот.

Зошто се урна „цесната“?

А1 - 29.08.2008

Се очекуваат официјални детали од истрагата за причините за авионската несреќа во која вчера во околината на Охрид загинаа четири лица.

Сите македонски авионски несреќи

А1 - 29.08.2008

Вчерашното уривање на авионот од типот „Цесна“ во близина на селото Лескоец кај Охрид, во која четири лица го загубија животот, е деветта воздухопловна несреќа што се случила на територијата на Македонија.

Дедо и внук загинаа во авионска несреќа

Време - 29.08.2008

Четири лица, меѓу кои и едно малолетно момче, загинаа во авионска несреќа што вчера се случи во атарот на селото Лескоец, во близина Охрид.

Авион удри во "фиќо", четворица загинати

Вест - 29.08.2008

Во авионска несреќа која се случи вчера напладне над селото Скребатно во близина на Охрид загинаа четири лица. Според првичните неофицијални информации, во распаднатото летало животите ги загубиле тројца патници и пилотот на авионот Славчо Ѓоргиев, главен менаџер на приватниот Воздухопловен ...

АВИОНОТ ЛЕТАЛ ПРЕМНОГУ НИСКО, А СЕ ЧИНИ, БИЛ ИСПРАВЕН

Телма - 29.08.2008

Вчера на ден 28.08 2008 година, во 12,44 минути во реонот на месноста Скребатно близу селото Лескоец, Охрид, се случи авионска несреќа во која се сруши Авион од типот Цесна 172 Н, управуван од пилотот Славчо Георгиев, воедно и сопственик на приватната воздухопловна академија ЕР Скопје, во чие ...

Четворица мртви во авионска несреќа

Дневник - 29.08.2008

Во несреќата загинаа пилотот и сопственик на Пилотската академија од Скопје, Славчо Ѓоргиев и сопственикот на хотелот „Ловец“ во Охрид, Ѓоре Ристески, а идентитетот на другите двајца загинати се' уште не е познат Четири лица загинаа вчера кога авион „цесна 172“ се урна при обид да ја надлета ...

Втор увид на урнатиот авион

Форум - 29.08.2008

Екипи од полицијата во Охрид, Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и Министерството за транспорт по вчерашниот првичниот увид денеска на пладне повторно ќе одат на местото на авионската несреќа во Скребатно, Охрид.

Не била почитувана процедурата на летање?!

Форум - 29.08.2008

Непридржување на стандардната процедура на летање е причината за падот на авионот ЦЕССНА 172 М во Скребатно, Охрид од кој вчера загинаа 4 лица, нефоицијално дознава forum.com.mk од извори во Комисијата што ја истражува несреќата.

Загинаа четворица во авионска несреќа кај Охрид

Н.Македонија - 29.08.2008

Кобен беше празникот Успение на Пресвета Богородица за пилотот и тројцата патници што вчера загинаа во авионска несреќа во месноста Скребатно во близината на Охрид.

Црна недела за авионскиот сообраќај

Форум - 29.08.2008

Со вчерашното уривање на авионот “Цесна“ во Скребатно крај Охрид при што загинаа 4 лица, Македонија се придружи на црната листа на авионски несреќи кои се случија во последните осум дена низ светот.

Пилотот летал на 50 метри, а имал дозвола за 300

Форум - 29.08.2008

Првичните индиции за можните причини за несреќата не се во авионот и неговата исправност, соопштуваат од Сектор за сигурност и воздухопловни стандарди од Агенцијата за цивилновоздухопловство.

Авионот летал на 50 наместо на 300 метри

Дневник - 29.08.2008

Сопственикот на Академијата беше искусен пилот со 16 години летачки стаж, велат неговите колеги Пред падот на спортскиот авион „цесна 172“ не биле забележани физички оштетувања или пламен на леталото, ниту невообичаен звук на моторот.

Се очекуваат детали за авионската несреќа кај Охрид

Кирилица - 29.08.2008

Детали од истрагата за причините за авионската несреќа во која вчера во околината на Охрид загинаа четири лица се очекува да бидат познати денеска.

Засега без официјални информации за причините за авионската несреќа кај Лескоец

Канал5 - 29.08.2008

Скопје, 29 август (МИА) - Во текот на денов се очекуваат официјални информации за причините за авионската несреќа што се случи вчера напладне во близина на Охрид, во која загинаа четири лица.

ХРОНОЛОГИЈА НА ВОЗДУХОПЛОВНИ НЕСРЕЌИ ВО МАКЕДОНИЈА

Сител - 29.08.2008

Вчерашното уривање на авионот од типот „Цесна“ во близина на селото Лескоец кај Охрид, во која четири лица го загубија животот, е девета поголема воздухопловна несреќа што се случила на територијата на Македонија.

Пилотот на авионот што се урна кај Охрид бил здрав

Кирилица - 29.08.2008

Здравствената состојба на пилотот во авионот ЦЕССНА 172 М што вчера се урна во излетничкото место Скребатно во близина на Охрид, не е причина за авионската несреќа, јавува порталот охридњус.цом.

Ниско летал авионот на Славчо Ѓорѓиев пред да падне-само 50 метри над земја

Канал5 - 29.08.2008

Ниско летал авионот на Славчо Ѓорѓиев пред да падне- само 50 метри над земја. Токму на ова е фокусирана истрагата- да утврди дали пилотска грешка е причина за несреќата и зошто авионот летал толку ниско и наспроти сугестиите од контролата на летање да лета на висина од 300 метри.

МОЛК НА НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ ВО ОХРИД ЗА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА

Сител - 29.08.2008

МОЛК НА НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ ВО ОХРИД ЗА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА Пилотот на авионот Цесна и сопственик на пилотската академија Скопје Ер Славчо Георгиев.

ВИСИНАТА НА КОЈА ЛЕТАЛА ЦЕСНАТА Е МОЖНА ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌАТА

Сител - 29.08.2008

ВИСИНАТА НА КОЈА ЛЕТАЛА ЦЕСНАТА Е МОЖНА ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌАТА Првичните индиции за можните причини за несреќата, укажуваат на тоа дека пред падот на водухопловот, не биле забележани физички оштетувања (чад, пламен), или аномалии на авионот.

Истрагата трае, причините за падот на авионот непознати

Вечер Прес - 29.08.2008

Бол, тага и црнило, три дена по охридската воздухопловна несреќа на Успение на Пресвета Богородица, ги исполни домовите на четворицата загинати, кај Скребатно во близината на Охрид.

Идентификувани жртвите од авионската несреќа кај Охрид

Нетпрес - 29.08.2008

Шеесет годишниот Ѓорѓија Ристески сопственик на хотелот “Ловец“ во Охрид, Јонче Савески (28), Гоце Тасески (25) и пилотот на “Цессната 172 М“, Славчо Ѓеоргиев ги загубија животите во вчерашната авионска несреќа што беше во близина на охридското село Лескоец.

Според првичните индиции не биле забележани физички оштетувањa на авионот

Нетпрес - 29.08.2008

Првичните индиции за можните причини за вчерашната авионска несреќа, укажуваат на тоа дека пред падот на воздухопловот не биле забележани физички оштетување (чад, пламен), аномалии на авионот.

Погребани две од жртвите во авионската несреќа

Макфакс - 29.08.2008

Телата на Ѓорѓи Ристески )60) и Гоце Тасески (25), кои загинаа во четвртокот во авионската несреќа, денеска беа погребани на градските гробишта во Охрид. Телото на третиот загинат охриѓанец, Јонче Савески (28), ќе биде погребано во сабота.

Првични резултати од истрагата за авионската несреќа идната недела

Макфакс - 29.08.2008

Првични резултати од истрагата за авионската несреќа идната недела Скопје /29/08/ 15:04 Идната седмица се очекуваат првичните резултати од истрагата за авионската несреќа во која во околината на Охрид во четвртокот загинаа четири лица.

Авионска несреќа кај Охрид - четворица загинати

А1 - 28.08.2008

Четворица луѓе загинаа кога мал авион се урна денеска во близина на селото Скребатно кај Охрид. Според првичните информации во несреќата повредено е уште најмалку едно лица, а од падот на авионот запалени се и два автомобили.

Моторот на „цесната“ бил сменет само пред два месеци

А1 - 28.08.2008

Моторот на авионот што падна близу Охрид бил нов, само пред два месеци бил донесен од Србија и вграден. Допрва ќе се утврдува дали можеби е тоа причината за несреќата. Официјално од Цивилната воздушна пловидба од каде ги одобруваат летовите нема информации.

Авионска несреќа близу Охрид

BBC - 28.08.2008

Мал авион од типот „Цесна-172" сопственост на аеро-клубот „Скопје-ер" денеска околу 12 часот и 45 се урна кај месноста Скребатно, на петнаесетина километри од Охрид.

СЕ УРНА МАЛ АВИОН КАЈ ОХЈРИД - ЧЕТИРИ ЛИЦА ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ

Телма - 28.08.2008

Четири лица го загубија животот во авионска несреќа што денеска се случи кај месноста Скребатно во близина на селото Лескоец кај Охрид, јави дописникот на телевизија “ Телма ” од Охрид .

Авионска несреќа во Охрид

Форум - 28.08.2008

Охрид, 28 август (МИА) - Четири лица загинаа денеска во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид кога мал патнички авион со ознаки Z-3 ДЦВ удрил во паркирано патничко возило застава 750 при обид ниско да го надлета местото каде се одржувал голем црковно-народен собир по повод ...

Најтешките авионски несреќи при полетување и слетување

Кирилица - 28.08.2008

Во последните десет години се случија шеснаесет авионски несреќи при полетување и слетување, со катастрофални последици.

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАГИНАА ПРИ УРИВАЊЕ НА АВИОН ВО БЛИЗИНА НА СЕЛОТО СКРЕБАТНО КАЈ ОХРИД

Сител - 28.08.2008

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАГИНАА ПРИ УРИВАЊЕ НА АВИОН ВО БЛИЗИНА НА СЕЛОТО СКРЕБАТНО КАЈ ОХРИД Четворица загинаа во авионска несреќа во близина на охридското село Скребатно. Според првичните сознанија станува збор за авион на Академијата за воздухопловни кадри од типот Цесна 172 М. со регистарска ознака _З3-ДЦЛ.

Загинаа четири лица при пад на авион „Цесна“ во охридско

Кирилица - 28.08.2008

Малиот патнички авион се срушил при обид ниско да го надлета познатиот манастир во селото Скребатно, охридско, каде имало голем црковно-народен собир по повод празникот Голема Богородица.

КИРИЛ КАЕВСКИ ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА НЕСРЕЌАТА

Сител - 28.08.2008

Кирил Каевски, искусен пилот и член на пилотската академија Скопје еар, чиј авион попладнево се сруши во близина на охридското село Скребатно, за Сител потврдува дека моторот бил променет пред скоро два месеци во сервисот во Смедерево.

Четворица загинаа во авионска несреќа во месноста Скребатино кај Охрид

Канал5 - 28.08.2008

Во близина на селото Скребатно што се наоѓа на 8 км. од селото Лескоец, на патот Охрид-Битола, денеска околу 12 часот се урна авион Цесна при што на лице место животите ги загубија пилотот Славчо Ѓоргиев, охриѓанецот Ѓорѓи Ристевски и уште две лица за кои до сега нема потврда на идентитетот.

Во пилотската академија шок и молк по трагедијата

Канал5 - 28.08.2008

Во пилотската академија во Скопје молк за авионската несреќа. Неколку часа по трагедијата во Охрид професорите од академијата заедно со семејството на сопственикот на пилотската школа Славчо Ѓорѓиев, пилотот кој управувал со авионот, пристигнаа на Факултетот за туризам, каде што се сместени ...

Авион се урна во Охрид

Нетпрес - 28.08.2008

Авион од типот "цесна", во кој имало четири лица, се урнал днеска напладне во близина на охридското село Лескоец. Полицијата ја потврди информацијата и додаде дека нејзини екипи се упатени кон местото на несреќата и треба да почнат увидни дејствија.

Школски авион се урнал во близина на Охрид

Нетпрес - 28.08.2008

Во авионска несреќа што се случило денеска околу 12,50 часот во близина на местото Скребатно, во близина на Охридското село Лесковец, неофицијално животот го загубиле четири лица. Според полицијата увид на лице место вршат екипи на МВР.

Мал авион се урна во охридско

Макфакс - 28.08.2008

Мал авион се урна денеска во околината на Охрид, потврдија за Макфакс официјални извори. Засега нема потврда дали во несреќата има жртви и колку лица биле во авионот.. Леталото било во сопственост на пилотска академија. (следува поширока верзија) Copyright 2008 makfax . Сите права се задржани.

Четири лица загинаа во авионска несреќа во охридско

Макфакс - 28.08.2008

Четири лица загинаа во авионска несреќа што денеска се случи во атарот на селото Лескоец, близу Охрид. Во авионот од типот „цесна“ имало четири лица и според официјални извори сите загинале на самото место на несреќата. Засега не се познати причините поради кои се урнал авионот.

Четири загинати во авионска несреќа во охридско

Макфакс - 28.08.2008

Четири лица загинаа во авионска несреќа што денеска се случи во атарот на селото Лескоец, близу Охрид. Мал авион од типот Z3-DCL се урнал во 12 часот и 40 минути на ливада во излетничкото место Скребатно каде денеска илјадници луѓе го прославува празникот успение на пресвета Богородица Во авионот ...

Детали за авионската несреќа

Макфакс - 29.08.2008

Официјални детали се очекува да бидат познати денеска од истрагата за причините за авионската несреќа во која во четвртокот во околината на Охрид загинаа четири лица.

Авионот имал проблем со вентилот за воздух

А1 - 26.08.2008

Екипажот на авионот што се урна во Мадрид се откажал од првиот обид да полета поради прегревање на влезниот вентил за воздух, но дефектот бил поправен по второто, фатално полетување.

Стјуардесата ја спасило чудо

Време - 26.08.2008

Приказната на стјуардесата Антонија Мартинез Хименез (27), единствената преживеана припадничка на десетчлениот екипаж на авионот на „Спанер“, кој минатата недела се сруши на мадридскиот аеродром и однесе 154 човечки животи, за тоа како ја преживеала несреќата се граничи со чудо.

Падна авион со хуманитарци во Гватемала

Утрински - 26.08.2008

Во несреќата загинаа 10 лица ГВАТЕМАЛА СИТИ - Петмина американски хуманитарци се меѓу десеттемина кои загинаа во авионската несреќа што во неделата се случи во Гватемала, соопшти полицијата на оваа централноамериканска држава.

Авионот на „Спанер“ немал сила да полета

Макфакс - 26.08.2008

Авионот на компанијата „Спанер“, што се урна во средата на аеродром во Мадрид, при што загинаа 154 лица, „нема сила да полета“. Ова за весникот „Ел Паис“ го тврди стјуардесата од авионот Антониа Мартинез, едиствен преживеан член на екипажот.

Авионската несреќа во Мадрид зеде уште една жртва

Утрински - 25.08.2008

Авионската несреќа во Мадрид зеде уште една жртва МАДРИД - Еден од 19-темина преживеани од авионската несреќа што се случи во средата на аеродромот „Барахас“ во близина на Мадрид почина, со што бројот на загинатите се зголеми на 154 лица.

Десетмина загинати во авионска несреќа во Јута

Н.Македонија - 25.08.2008

Десет лица загинале при уривањето на мал двомоторен авион во близината на планинското гратче Моаб во сојузната американска држава Јута, јави АФП. Според претставник на локалната полиција, авионот се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот, на само три километри од пистата за полетување.

Десетмина загинати во авионска несреќа во Гватемала

Кирилица - 25.08.2008

Тој уште рекол и дека не е позната националноста на загинатите, но се смета дека најверојатно биле странци. Повредените пак, од кои двајца се наоѓале во критична состојба, итно биле префрлени во болница.

Во авионска несреќа во Гватемала десет загинати

Нетпрес - 25.08.2008

Во несреќа во Гватемала денес се срушил помал авион, десет луѓе загинале, а четири се повредени, пренесува српскиот “Пресс”. Полицаецот Луис Алберто изјавил дека загинале осум луѓе, пилотот и копилотот, како и тоа дека несреќата се случила на 100 километри од главниот град.

Идентификувани 86 од жртвите во авио несреќата во Мадрид

Макфакс - 25.08.2008

Идентификувани се 86 од вкупно 153 – те жртви во авионската несреќа што се случи на аеродром во Мадрид, минатата седмица, соопшти денеска шпанскиот министер за внатрешни работи.