TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ:„Народна“ одолжува за СДСМ

Време - 25.03.2006

РАСПРАВА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ВМРО-ДПМНЕ смета дека постои таен договор меѓу СДСМ и ВМРО-НП за одложување на изборите, откако завчера беше прифатен амандманот на изборниот законик - претседателот на ДИК да се избира со двотретинско мнозинство.

Груевски со ултиматум до Бучковски

Утрински - 25.03.2006

По прифаќањето на амандманот на ВМРО-Народна, ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира седницата Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера ја бојкотираа собраниската седница посветена на финалната верзија на изборниот законик, лути поради тоа што власта претходниот ден доцна попладнето неочекувано го прифати амандманот на ...

Народна се смири, ВМРО-ДПМНЕ се налути

Дневник - 25.03.2006

Опозициските партии ја бојкотираа седницата, а ВМРО-НП - кворумот, па седницата беше непродуктивна Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доведе во прашање поддршката на изборниот законик ако претседателот на Државната изборна комисија не го предлага опозициската партија што на последните ...

ВМРО-ДПМНЕ револтирани поради прифаќањето на амандманот на Народна

А1 - 24.03.2006

Бучковски во Брисел му вети чуда на Шефер, чудото веќе беше испорачано со газењето на компромисот, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, револтирани што Владата го прифати амандманот на Народна, ДИК да се избира со двотретинско мнозинство.

Продолжи собраниската расправа за Предлог изборниот законик

А1 - 24.03.2006

Македонското Собрание расправата по амандманите на Предлог-изборниот законик во рамки на 128-та седница ќе ја продолжи по паузата прогласена на барање на ВМРО-НП. Расправата ќе продолжи во 15 часот, бидејќи паузата ќе биде поврзана со редовната попладневна пауза.

Мажите не им дават на жените

Вест - 24.03.2006

ВО ПАРЛАМЕНТОТ Парламентарците и од власта и од опозицијата не се расположени во новиот изборен законик да постои можност на изборните листи во секоја прва тројка задолжително да има по една жена Пратениците мажи, назависно дали се од парламентарното мнозинство или од опозицијата, се ежат од ...

Ништо од избори во јули, ќе гласаме во септември

Време - 24.03.2006

АКО ПРОДОЛЖИ РАСПРАВАТА Минимални се шансите изборите да се одржат во почетокот на јули, ако расправата за изборниот законик продолжи со досегашното темпо. Затоа во СДСМ веќе се размислува дали да се преговара со ВМРО-НП, чии пратеници се револтирани што на овие избори во изборните тела ќе има и ...

Изборниот законик ќе биде донесен најрано до 5 април?

Утрински - 24.03.2006

За два дена се разгледани само десет амандмани. Ваквото темпо не ветува брзо завршување на расправата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Парламентот за два дена амандманска расправа разгледа едвај десет амандмани. Доколку дебатата продолжи со такво темпо, речиси се исклучени шансите изборниот законик да биде ...

Сто илјади евра за обуката на изборната администрација

Утрински - 24.03.2006

ДИК разработува детален план за едукација на службениците КАТИЦА ЧАНГОВА За едуцирање на 18.000 државни и јавни службеници колку што ќе бидат вклучени во општинските изборни комисии и во избирачките одбори (тука не се вклучени 12.000 партиски претставници), се потребни 100 професионални инструктори.

Изборната забава зависи и од ВМРО-Народна

Дневник - 24.03.2006

Не тераме расправа од инает, и ние сакаме изборите да се одржат што побрзо, но само со европски закон, вели координаторот Жарко Караџоски Ако пратениците од ВМРО-Народна партија продолжат со долгите дискусии за секој амандман на изборниот законик, нема шанси до јули да има избори, пресметаа ...

ВМРО ДПМНЕ се налути за изборен законик

Канал5 - 24.03.2006

Дебатата за изборниот законик денеска повеќе се водеше во канцеларии отколку во собраниската сала. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивни колеги од опозицијата, со исклучок на ВМРО Народна, не дојдоа на денешното продолжение на седницата.

Народна ги успа сите

Вечер Прес - 24.03.2006

Пратениците од ВМРО-Народна ја сменија тактиката за одолговлекување на гласањето на изборниот законик. Караниците и дофрлувањата, карактеристични за првиот ден од расправата, вчера се претворија во долги дискусии на сите од пратеничката група, за секој амандман поединечно.

ВМРО-НП продолжи со обвинувања за изборниот законик

А1 - 23.03.2006

Втор ден од собраниската расправа за изборниот законик, во кој во исто темпо, говорницата главно резервирана за пратениците на Георгиевски. Народна, како што и најави, ќе ги користи сите методи да ја опструира седницата, незадоволни што и тие не зедоа дел од колачот во избирачките одбори.

ВМРО-НП го скара Јордановски со Младеновска

Време - 23.03.2006

НАПНАТА РАСПРАВА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Во кавгаџиска атмосфера Собранието вчера ја почна расправата за новата изборна регулатива, поради инсистирањата на ВМРО-НП Владата да образложи зошто суштински го сменила законикот со тоа што овозможила во изборните органи да има партиски претставници.

Собраниската дебата почна со жесток напад на љупчовистите

Утрински - 23.03.2006

Подготовките за изборите влегоа во својата завршна фаза Колкава е цената на дилот Бучковски- Груевски, прашува ВМРО-Народна Собраниската дебата за финалната верзија на изборниот законик, како што се очекуваше, вчера стартуваше со жесток напад од ВМРО-Народна, чии пратеници не издејствуваа ...

ВМРО-Народна навести маратонска расправа за изборниот законик

Дневник - 23.03.2006

Владата да каже зошто се премисли во избирачките одбори да има и партиски претставници и зошто тоа да важи само за овие избори, побара Оровчанец од ВМРО-НП Долга и напната дебата за изборниот законик навести ВМРО-НП на вчерашниот прв ден од собраниската расправа за новите правила за избори.

ВМРО НАРОДНА не се предомислува – со долги и опширни дискусии ги брани своите амандмани

Канал5 - 23.03.2006

ВМРО НАРОДНА не се предомислува – со долги и опширни дискусии ги брани своите амандмани. – Има и нова тактика – пратениците на Георгиевски излегуваа од собраниската сала пред секое гласање, со што го уриваа кворумот за гласање.

ВМРО-Народна опструира

Вечер Прес - 23.03.2006

Караници, дофрлувања од место, паузи, директни интервенции кај потпретседателот на Собранието. Пратениците од ВМРО-Народна вчера ги користеа сите деловнички и неделовнички можности да го оневозможат нормалниот старт на седницата за предлог-изборниот законик.

Амандманска расправа по Предлог изборниот законик

А1 - 22.03.2006

Ги сменија улогите. За уставните измени за судството притискаше ВМРО-ДПМНЕ, сега за изборното законодавство Народна, незадоволни од договорот Бучковски-Груевски, нивните партиски претставници да бидат дел од избирачките одбори.

Пратеничките се обединија околу женскиот амандман

Утрински - 22.03.2006

Пред денешната промоција на изборниот законик на пленарна собраниска седница Јордановски најави дека нема да ги ограничува пратеничките говори, потсетувајќи дека парламентот има лошо искуство со лимитирањето на дискусиите Долги дискусии и исцрпувачка амандманска расправа за новите правила, според ...

Пратеничките лути поради изборните квоти

Дневник - 22.03.2006

Не се знае ставот на Владата, откако заменик-министерот за правда Субхи Јакупи го прифати старото решение, една третина од кандидатите да се жени, независно каде ќе бидат на листите Пратеничките и пратениците во Собранието се скараа за прашањето дали во новиот изборен законик точно ќе се регулира ...

Во Парламентот започна дебатата по предложениот изборен законик

Канал5 - 22.03.2006

Заглави расправата во собранието уште на стартот од дебатата за изборниот законик. Се дискутираше едвај за само неколку амандмани. Со многу паузи, дофрлања и бурни реакции на пратениците од ВМРО Народна. Заглави расправата во собранието уште на стартот од дебатата за изборниот законик.

Клуб на пратенички: Повеќе жени на пратеничките листи

А1 - 21.03.2006

Збрка околу учеството на жените на избирачките листи. Да се поправи грешката во новиот изборен законик со кој генерално се предлага фиксни места за понежниот пол на изборите: 30%. Жените пратенички овојпат не гледаа политичка и верска припадност, се здружија.

Пратеничките погласни од мнозинството пратеници

Време - 21.03.2006

КВОТИТЕ ВНЕСОА КОНФУЗИЈА Власта, соочена со револтот на пратеничките од различни партии, се повлекува од идејата во новиот изборен закон да го остави старото решение за присуство на жените на кандидатските листи со минимум 30 проценти, без да им се гарантира место во добитните комбинации.

Изборниот законик го помина тестот на Венециската комисија

Утрински - 20.03.2006

Новиот изборен закон го помина експертскиот филтер. В среда започнува пратеничкото чешлање Давитковски: Направија мала отстапка при разгледувањето на текстот, и одлучија да го толерираат учеството на политичките партии во изборните органи, но само за овие избори, како што беше најавено и од Владата ...

Ќе се одолговлечи ли дебатата за ибзорниот законик поради незадоволството на ВМРО Народна

Канал5 - 20.03.2006

Два дена пред почетокот на дебатата за изборниот законик, власта ги пресметува роковите за избори. Дали несогласувањето на ВМРО Народна, поради договорот на Бучковски и Груевски за избирачките одбори, може да ги одолговлечи трите дена расправа, колку што пресмета премиерот дека се потребни пред да ...