TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обид за деблокирање на Анкетната комисија

А1 - 21.10.2007

Претседателот на македонското Собрание, Љубиша Георгиевски за утре свикал состанок со координаторите на парламентарните партии со цел да се изнајде начин за деблокирање на работата на Комисијата, задолжена за расветлување на неодамнешните инциденти во Парламентот.

Експерти: Анкетната комисија мора да продолжи со работа да ги расветли инцидентите

Канал5 - 21.10.2007

Партиите итно да ги повикаат на одговорност инволвираните во инцидентите – немаат право да ги штитат сопствените интереси на сметка на интересите на граѓаните - професорите на Правниот факултет во Скопје се единствени во ставот дека анкетната комисија мора да продолжи со работа, да ги расветли ...

Андов: Ќе дадам оставка ако не се врати ДПА

Вест - 20.10.2007

ШЕФОТ НА АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ВО СОБРАНИЕ БАРА ПОМОШ ОД СПИКЕРОТ НА СОБРАНИЕТО Стојан Андов, претседател на Анкетната комисија за расветлување на инцидентите во Собранието, вчера се закани дека ќе поднесе оставка ако ДПА не се врати во работата на Анкетната комисија.

Нов заплет - Стојан Андов се повлече од Анкетната комисија

Утрински - 20.10.2007

Тој побара од Љубиша Георгиевски побрзо да се избере нов претседател на Комисијата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Пратеникот Стојан Андов вчера побара колку што може побрзо да се избере нов претседател на Анкетната комисија за утврдување на околностите за настаните во Собранието што се случија на 25 септември и ...

Андов ќе си оди ако не дојде Рамадани

Дневник - 20.10.2007

Ако членот на ДПА, Агим Рамадани, не се врати во Анкетната комисија задолжена за испитување на тепачката во Собранието, Стојан Андов ќе поднесе оставка од функцијата претседател на комисијата. Тој вчера од претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски побара да обезбеди присуство на сите членови ...

Координација на пратеничките групи в понеделник за деблокада на истрагата за инцидентите

Канал5 - 20.10.2007

На координација на пратеничките групи в понеделник, спикерот Љубиша Георгиевски ќе се обиде истрагата за инцидентите во парламентот да ја извлече од ќор-сокакот во кој западна откако претседателот на анкетната комисија Стојан Андов најави повлекување.

Или ДПА да се врати или си одам

Вечер Прес - 20.10.2007

Со свој став се јави и членот во Комисијата и поранешен лидер на ЛДП, Ристо Пенов. И тој очекува Тачи да се премисли и да го врати Рамадани во Анкетната комисија Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски да избере нов претседател на Анкетната комисија што ги испитува собраниските инциденти, ...

Андов најави повлекување од Комисијата

А1 - 19.10.2007

Дали Анкетната комисија, која треба да ги расветли тепачките во Собранието, ќе успее да ја заврши работата? откако Комисијата вчера не одржа седница, поради неприсуството на претставникот на ДПА, Андов најавува дека ќе се повлече.

Истрагата за тепачките ќе продолжи без Тачи

Време - 19.10.2007

ДПА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД АНКЕТНАТА КОМИСИЈА Анкетната комисија за инцидентите во Собранието ќе продолжи да ги истражува тепачките од пред нецел месец и без присуството на ДПА, по заканите на Мендух Тачи дека тој нема да даде исказ пред комисијата и ќе го повлече членот од неговата партија Агим Рамадани.

Тачи одбива да сведочи пред Анкетната комисија

Вест - 19.10.2007

Анкетната комисија за расветлување на тепачките во Собранието ќе продолжи со работа в понеделник. Вчера Комисијата ја одложи седницата, а ни денеска нема да работи поради бојкотот на ДПА. Лидерот на оваа партија Мендух Тачи уште е лут што Комисијата на два пати му го одлага сведочењето за што се ...

Блокирана Анкетната комисија за тепачките

Утрински - 19.10.2007

Анкетарите вчера прекинаа со работа откако Тачи го повлече Рамадани од ова тело ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Анкетната комисија што го испитува собранискиот скандал од вчера е во блокада откако лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ја оствари заканата и го повлече учеството на пратеникот од ДПА, Агим Рамадани, во ова ...

Андов чека Тачи да се премисли

Дневник - 19.10.2007

Тачи пред три дена, револтиран од одлуката Собранието да прекине со работа поради трагичната смрт на Тоше Проески , најави оти ќе го повлече од комисијата нивниот член Анкетната комисија што ги испитува тепачките во Собранието вчера ја прекина седницата бидејќи членот на ДПА Агим Рамадани ...

Андов се повлекува од претседател на Анкетната комисија ако не ја продолжи работата во полн состав

Канал5 - 19.10.2007

Се комплицира работата на анкетната комисија – по ставот на ДПА да го прекине учеството во неа, Стојан Андов најави повлекување од претседателската позиција во комисијата задолжена да ги расветли инцидентите во парламентот. Се комплицира работата на анкетната комисија по ставот на ДПА да го прекине ...

Блокирана работата на анкетната комисија за тепачките

А1 - 18.10.2007

Блокирана работата на анкетната комисија која го испитува скандалот со тепачките во Собранието. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, лут поради тоа што не беше сослушан од комисијата дента кога загина Тоше Проески, го повлече својот член од комисијата и најави дека нема да сведочи.

Блокада на анкетна комисија за инциденти

Канал5 - 18.10.2007

Блокада во работата на анкетната комисија која истражува за инцидентите во Собранието. Не дојде Агим Рамадани од ДПА. Блокада во работата на анкетната комисија која истражува за инцидентите во Собранието. Не дојде Агим Рамадани од ДПА.

Со или без ДПА?!

Вечер Прес - 18.10.2007

Неизвесно е дали ДПА ќе продолжи да учествува во работата на Анкетната комисија за утврдување на виновниците за септемвриските тепачки во Собранието. Нивниот лидер Мендух Тачи завчера најави дека ќе го повлече членот на ДПА од Комисијата бидејќи не му беше дадена можност да сведочи, откако ...

Сите во шок, Тачи побара да се работи

Време - 17.10.2007

СОБРАНИЕТО ЈА ПРЕКИНА РАБОТАТА ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ Сунчица Стојановска Собранието вчера ја прекина работата поради загинувањето на Тоше Проески. Сите пратеници ја почитуваа одлуката, освен лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој направи сцена со тоа што инсистираше да работи комисијата за тепачките во ...

Тачи и' се налути на Анкетната комисија и не сака да сведочи

Утрински - 17.10.2007

Андов верува дека станува збор за импулсивна реакција на Тачи и дека тој ќе се премисли По трагичната смрт на Тоше Проески, Комисијата прекина со работа, поради што Тачи соопшти дека веќе нема да сведочи ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Анкетната комисија што го испитува собранискиот скандал вчера ја прекина ...

Уцена на Тачи до Анкетната комисија

Дневник - 17.10.2007

Лидерот на ДПА инсистираше вчера да сведочи за инцидентот иако Собранието ја прекина работата поради трагичната смрт на Тоше Проески Во Анкетната комисија што ги испитува собраниските тепачки вчера се случи скандал кога претседателот на ДПА Мендух Тачи најави дека нема да сведочи за инцидентот и ...

Тачи без почит

Вечер Прес - 17.10.2007

И покрај официјалната одлука Собранието да не работи поради трагичната смрт на Тоше Проески, претседателот на ДПА и пратеник Мендух Тачи вчера инсистираше да даде исказ пред Анкетната Комисија за собраниските тепачки. На претседателот на Комисијата Стојан Андов му посочил дека има службени обврски, ...