TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

НСДП ќе го прифати во целост извештајот на анкетната комисија

А1 - 10.11.2007

НСДП ќе го прифати во целост извештајот на анкетната комисија за тепачките во Собранието, изјави денеска лидерот на партијата Тито Петковски. Наспроти таквиот став, другите две партии од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, за да го поддржат извештајот за собраниската тепачка што се случи на ...

Власта го оспорува извештајот

Време - 10.11.2007

РАБОТАТА НА АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ИДНАТА НЕДЕЛА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Сунчица Стојановска ВМРО -ДПМНЕ и ДПА не се задоволни од извештајот за тепачките во Собранието што го усвои Анкетната комисија, а за кој идната недела ќе расправаат пратениците.

Рефет Елмази побитен од НАТО и ЕУ

Вест - 10.11.2007

ВЛАСТА НЕ САКА ДА ГИ СЛУША СУГЕСТИИТЕ ОД БРИСЕЛ ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се закануваат дека нема да го гласаат извештајот на Анкетната комисија за тепачките во Собранието ако не се омекне ставот за одговорноста на Рефет Елмази Партиите од владината коалиција се закануваат дека нема да го гласаат извештајот ...

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ќе го моделираат извештајот на Анкетната

Утрински - 10.11.2007

Стојан Андов препорачува Собранието да ги усвои заклучоците онака како што се донесени Извештајот на Анкетната комисија за тепачките во парламентот е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и за ДПА, па двете владејачки партии најавуваат негово амандманско дотерување на пленарната седница.

Извештај заплеткан меѓу тепачите

Утрински - 10.11.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Анкетната комисија за инцидентот со тепачките меѓу пратениците од албанскиот политички блок, по неколкукратно пробивање на рокот и блокади, едвај стаса до финалето. Но, на последната пречка остана без здив, па усвои извештај во нецелосен состав - без присуство на ...

Пазарење за одговорноста на Ахмети и на Елмази

Дневник - 10.11.2007

Извештајот за тепачките треба да биде усвоен во пакет без амандмански интервенции, порача претседателот на Анкетната комисија Стојан Андов Одговорност од лидерот на ДУИ Али Ахмети и ублажување на одговорноста за заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази се условите што ги поставија ...

Собранието на испит за Извештајот

Вечер - 10.11.2007

За ВМРО-ДПМНЕ и ДПА е неприфатлив Извештајот на Анкетната комисија за утврдување одговорност за септемвриските тепачки во Собранието. По напуштањето на Комисијата за време на гласањето, тие најавуваат амандмани на текстот усвоен од опозициските членови.

Наместо консензус, надгласување за виновниците

Време - 09.11.2007

АНКЕТНА КОМИСИЈА Членовите на Анкетната комисија вчера со гласање одлучуваа кој ќе биде виновен за тепачките во Собранието, откако пропадна обидот одговорноста да се утврди со консензус од сите партии. За синоќа се очекуваше конечен извештај за инцидентите.

Анкетната комисија ја заврши работата без ДПА и ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 09.11.2007

Анкетната комисија вчера ја заврши работата за утврдување на фактите за тепачките во Собрание минатиот месец со усвојување на заклучоци, со кои се бара од сите надлежни органи да утврдат одговорност за сите учесници во инцидентите.

Усвоен извештајот за тепачките, но без ВМРО-ДПМНЕ и ДПА

Утрински - 09.11.2007

Судбината на извештајот е неизвесна, владејачкото мнозинство може да не го изгласа на пленарка ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА По едномесечна работа, Анкетната комисија вчера го усвои извештајот за тепачките во парламентот во атмосфера на комплетна поделба меѓу членовите на власта и на опозицијата.

Анкетната усвои извештај за тепачките во Собранието

Дневник - 09.11.2007

Анкетната комисија го усвои извештајот за собраниските тепачки, иако ја напуштија претставниците на владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Трајко Велјановски и Агим Рамадани. Претседателот на комисијата Стојан Андов вели дека со усвојувањето на извештајот си ја завршил работата.

ВМРО ДПМНЕ и ДПА со амандмани ќе побараат од списокот виновни да се избришат првите луѓе на ДПА

Канал5 - 09.11.2007

Не прифаќаме извештај без одговорност за Али Ахмети. Ова се денешните реакции на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА за извештајот на анкетната комисија кој вчера, во финишот, беше усвоен без присуство на членовите од овие две партии. Не прифаќаме извештај без одговорност за Али Ахмети.

Опозицијата сама донесе заклучоци

Вечер - 09.11.2007

Без членовите на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната комисија вчера го изгласа Извештајот за расветлување на септемвриските инциденти во Собранието. Владејачките партии ја напуштија седницата поради претходно изгласаниот заклучок од опозициското мнозинство во Комисијата, во кој се бара одговорност за ...

Анкетна го усвои извештајот за инцидентите во Собранието

А1 - 08.11.2007

Да се бара одговорност од заменик министерот Рефет Елмази, но не и раководна одговорност за лидерите на ДУИ и ДПА Ахмети и Тачи, во инцидентите од 25 септември. Ова стои во извештајот на Анкетната комисија, кој беше усвоен денеска, но без присуството на пратениците од владеачките ДПА и ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетната одложена поради ДУИ

Дневник - 08.11.2007

Полициската акција против криминалните групи во потшарпланинските села Бродец, Вешала и Вејце вчера ја одложи работата на Анкетната комисија за собраниските тепачки. Комисијата не заседаваше бидејќи претставникот на ДУИ Тахир Хани замина на вонредна седница на своето партиско претседателство, кое ...

Елмази, Тачи, Дураку, Алити – на списокот одговорни за инцидентите во Парламентот

Канал5 - 08.11.2007

Садула Дураку, Рафиз Алити и Блерим Беџети од ДУИ, Мендух Тачи, Гарип Каба и Ружди Матоши од ДПА, како и заменик- министерот за внатрешни работи Рефет Елмази се одговорни за инцидентите во собранието. Садула Дураку, Рафиз Алити и Блерим Беџети од ДУИ, Мендух Тачи, Гарип Каба и Ружди Матоши од ДПА, ...

ДПА го брани Елмази

Време - 07.11.2007

АНКЕТНА КОМИСИЈА Али Ахмети, претседател на ДУИ, не се чувствува виновно за тепачките во и пред Собранието. ДУИ инсистира да не се бара одговорност од Ахмети, а ДПА го брани заменик министерот за внатрешни работи, Рефет Елмази.

Жестока кавга меѓу Гордана Јанкуловска и Рефет Елмази

Време - 07.11.2007

СКАНДАЛ ВО МВР Емил Зафировски Жестока кавга со пцости, навреди и меѓусебни обвинувања се случила минатата недела во Министерството за внатрешни работи откако министерката Гордана Јанкуловска побарала од заменик-министерот Рефет Елмази да си поднесе оставка, дознаваме од извори во МВР.

ДПА ja блокираше Анкетната комисија

Утрински - 07.11.2007

Работата на Комисијата за тепачките се заплетка како Гордиев јазол. Прашање е дали ќе има извештај Никој од Комисијата не сака неговите партиски првенци да бидат наведени како дел од виновниците за скандалот ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Наместо извештај за собранискиот скандал со тепачките, Анкетната комисија ...

Анкетната комисија повторно блокирана од ДПА

Дневник - 07.11.2007

Претставникот на ДПА Агим Рамадани ја напушти седницата откако не му беше прифатено барањето да се преиспита одговорноста на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази ДПА вчера пак ја блокира Анкетната комисија. Нејзиниот претставник Агим Рамадани ја напушти седницата откако не му беше ...

Анкетната комисија влезе во најдлабока криза до сега

Канал5 - 07.11.2007

Скандалозен епилог на обидите собранието да лоцира вина за инцидентите – Анкетната комисија не е во комплетен состав – ДПА се повлече. Претставникот на Тачи Агим Рамадани барал комисијата да го поништи вчера утврдениот заклучок во негово присуство, во кој заменик министерот за внатрешни работи од ...

Одложено заседавањето на Анкетната комисија за инцидентите во Собранието

Канал5 - 07.11.2007

Анкетната комисија која ги испитува инцидентите во Собранието денеска не заседаваше. Членот на ДУИ од оваа комисија Тахир Хани го информираше претседателот на комисијата Стојан Андов дека не е во можност да учествува во денешната седница на анкетната комисија поради вонредни партиски обврски.

ДПА не го дава Елмази, Ахмети бега од одговорност

Вечер - 07.11.2007

ДПА не прифаќа одговорност за заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази за учеството во инцидентите во Собранието од 25 септември. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, не презема вина за насилничкото однесување на партиското обезбедување, кое дента со оружје се обиде да го блокира Парлментот.

ДПА не прифаќа одговорност за Елмази

А1 - 06.11.2007

ДПА не прифаќа одговорност за заменик министерот Рефет Елмази. Нивниот член во комисијата Агим Рамадани денеска го напуштил состанокот на анкетната комисија, откако не било прифатено барањето комисијата одново да утврдува, има ли одговорност за Елмази.

ДУИ и ДПА се пазарат за виновниците

Време - 06.11.2007

АНКЕТНА КОМИСИЈА Наместо да ги посочат виновниците за тепачките во Собранието и да излезат со конечен извештај, членовите на Анкетната комисија и вчера се расправаа за тоа кои функционери да се стават на листата одговорни за инцидентите. Спорот е меѓу ДУИ и ДПА.

Анкетната заглави кај Тачи и Ахмети

Дневник - 06.11.2007

и Ахмети Или лидерите на ДПА и на ДУИ Мендух Тачи и Али Ахмети да понесат политичка одговорност за тепачките во Собранието или нема консензус за извештајот на Анкетната комисија. Поради овие ултимативни ставови на ДПА и на ДУИ, комисијата вчера цел ден не можеше да го усвои извештајот за ...

Анкетната комисија не може да ја лоцира одговорноста

А1 - 05.11.2007

Формулирањето на евентуална одговорност на заменик министерот Рефет Елмази и на лидерите на ДУИ и ДПА, Ахмети и Тачи, биле главната пречка што ниту денеска членовите на анкетната комисија не успеаја да постигнат договор за конечниот извештај околу инцидентите од 25 септември.

Ривалството на Елмази и на Јанкуловска причина за инцидентите

Време - 05.11.2007

ДУИ Серијата инциденти покажуваат дека во полицијата функционираат две паралелни структури, а тоа ги компромитира МВР и Владата. Ривалството меѓу Рефет Елмази и Гордана Јанкуловска го поткопува кредибилитетот на МВР. Никола Груевски треба да ја спречи војната на кланови во полицијата, бара ...

Парализирана анкетна комисија

Канал5 - 05.11.2007

Барањата за одговорност на заменик - министерот за внатрешни Eлмази и на лидерите на ДПА и на ДУИ, Тачи и Ахмети, комплетно ја парализира работата на анкетната комисија. Ни денеска, по осум часа работа, нема извештај за инцидентите во Собранието.

Каде запна договорот во анкетната комисија – Канал 5 открива детали од нацрт- извештајот

Канал5 - 05.11.2007

Утре, конечно, Анкетната комисија треба да излезе со листата и заклучоците за учесниците и одговорните во инцидентите во парламентот на 25 - ти септември. Ќе успеат ли партиите да постигнат консензус? Канал 5 дојде до сознанија како се одвивала расправата на последната затворена седница на ...

Извештај за инцидентите во Собранието денеска

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Анкетната комисија се очекува денеска да го презентира конечниот извештај за инцидентите во македонскиот Парламент што се случија на 25.септември годинава. “Сега имаме точен преглед кој член од комисијата како го замислува секој ред од извештајот“, изјави претседателот на Комисијата Стојан ...