TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Пакистан уапсени 250 опозиционери

А1 - 11.11.2007

Пакистанската полиција во Карачи денеска уапси 250 активисти на партијата на поранешниот премиер Беназир Буто во обид да ги ограничи протестите против воведената вонредна состојба, јави Франс-прес. Пакистанската народна партија на Буто закажа серија активности во Карачи и други градови со ...

Укинат домашниот притвор за Беназир Буто

А1 - 10.11.2007

Беназир Буто денеска излезе од својот дом во Исламабад за првпат откако во текот на ноќта беше укината наредбата за домашен притвор за поранешниот пакистански премиер. Буто замина во централата на нејзината Пакистанска народна партија за да разговара со сопартијците, а ќе се сретне и со ...

Буто во куќен притвор

Вест - 10.11.2007

ИСЛАМАБАД, 10 ноември (Ројтерс) - Пакистанската полиција вчера ја спречи лидерката на опозицијата Беназир Буто да излезе од својот дом во Исламабад и го блокираше главниот град и соседниот Равалпинди за да го спречи митингот против претседателот Первез Мушараф.

Избори ќе се одржат најдоцна до 9 јануари

Време - 10.11.2007

ПАКИСТАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Пакистанскиот парламент ќе биде распуштен во четврток, а парламентарни избори ќе се одржат најдоцна до 9 јануари, изјави пакистанскиот претседател Первез Мушараф на првата прес-конференција по воведувањето на вонредна состојба.

Буто во домашен притвор

Време - 10.11.2007

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ПАКИСТАН Поранешната премиерка Беназир Буто вчера била ставена во домашен притвор и спречена да учествува на масовните протести против одлуката на претседателот Первез Мушараф да прогласи вонредна состојба во земјата.

Буш со совет за Мушараф во врска со вонредната состојба

Утрински - 10.11.2007

Сатиричари на Мушараф му дадоа совет како да ја одврати критиката на САД за вонредната состојба Сатиричарите на Первез Мушараф му предлагаат да го фати Осама бин Ладен за да го одоброволи Џорџ Буш ИСЛАМАБАД - Сатиричари од Лахоре до Вашингтон му дадоа на пакистанскиот претседател Первез Мушараф, ...

Буто во притвор

Вечер - 10.11.2007

Пакистанската полиција го обиколи домот на поранешниот премиер Беназир Буто во Исламабад и околу него постави бодликава жица. Претставник на Владата демантираше дека таа е во домашен притвор. Единствено и било забрането да се појави на митингот што во Равалпинди го организираше нејзината партија, ...

Мушараф закажа избори за февруари

Вест - 09.11.2007

ИСЛАМАБАД, 9 ноември (АП) - Парламентарните избори во Пакистан ќе се одржат до средината на февруари, еден месец подоцна од планираното, соопшти вчера воениот лидер на државата, еден ден откако американскиот претседател Џорџ Буш бараше од него изборите да ги одржи навреме.

Буто повикува на протести, полицијата апси

Време - 09.11.2007

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ПАКИСТАН Пакистанската полиција масовно апси членови на опозициската Пакистанска народна партија на поранешната премиерка Беназир Буто пред планираните протести против одлуката на пакистанскиот претседател Первез Мушараф да прогласи вонредна состојба во земјата.

Рација за апсење на противниците на Мушараф

Утрински - 09.11.2007

Проблемот е што генералот сака да биде и армиски командант и претседател Пакистанската народна партија на Беназир Буто (ППП) има поддршка за одржување протестен митинг и покрај официјалната забрана, и повика на „долг марш“ следната недела доколку генералот Мушараф не го промени курсот: брутална ...

Буто се обиде да го напушти домот во Исламабад, но полицијата ја спречи

Канал5 - 09.11.2007

Поранешниот премиер на Пакистан Беназир Буто поставена во домашен притвор во својот дом во Исламабад, изјави по телефон за АФП дека ќе ги продолжи обидите да замине на митингот, кој нејзината опозициона партија планира да го одржи во Равалпинди и покрај забраната на полицијата.

Мушараф предложи избори на 8 јануари

Макфакс - 09.11.2007

Исламабад Пакистанскиот претседател Первез Мушараф и предложи денеска на изборната комисија да распише предвремени парламентарни избори за 8 јануари, одбивајќи притоа да каже дали претходно ќе биде укината вонредната состојба.

Полицијата ја опколи куќата на Беназир Буто

Макфакс - 09.11.2007

Исламабад Пакистанската полиција денеска ја опколи куќата на поранешната премиерка Беназир Буто во Исламабад со цел да ја спречат да одржи протестен собир во соседниот град Ревалпинд. Локалните медиуми јавуваат дека Буто е опколена со полиција, која што не дозволува никој да излезе ниту да влезе во ...

Буш му порачал на Мушараф да закаже избори

А1 - 08.11.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш му препорачал лично на пакистанскиот претседател Первез Мушараф по телефон да ги закаже парламентарните избори во државата и да ја напушти функцијата главен командант на пакистанската армија.

Буто му даде ултиматум на Мушараф

Вест - 08.11.2007

ИСЛАМАБАД, 8 ноември (Ројтерс) - Некогашната пакистанска премиерка Беназир Буто му поставила ултиматум на претседателот Первез Мушараф за да ја укине вонредната состојба. Таа повторила дека за утре се планира митинг, иако постои официјална забрана за одржување митинзи, и повика да се одржи долг ...

Укинување на вонредната состојба по две-три недели

Време - 08.11.2007

СОПАРТИЕЦ НА МУШАРАФ ТВРДИ Пакистанскиот претседател Первез Мушараф може да ја укине вонредната состојба по две-три недели, изјавил Шујат Хусеин, претседател на владејачката партија Пакистанска муслиманска лига, во интервју за пакистанскиот весник на англиски јазик „Дон“, пренесува МИА.

Партијата на Беназир Буто тврди дека илјада нејзини активисти биле уапсени минатата нoќ

Канал5 - 08.11.2007

Партијата на поранешниот пакистински премиер Беназир Буто денеска објави дека минатата ноќ биле уапсени илјада нејзини активисти во операцијата против противниците на претседателот Первез Мушараф. Исламабад, 8 ноември (МИА) - Партијата на поранешниот пакистински премиер Беназир Буто денеска објави ...

Изборите во пакистан ќе се одржат во февруари

Макфакс - 08.11.2007

Исламабад Парламентарните избори во Пакистан ќе се одржат во февруари, изјави Јавниот обвинител на државата, шести ден откако е прогласена вонредната состојба. Тој додаде дека вонредната состојба ќе биде укината за еден или најдоцна два месеци.

Мушараф ќе ја укине вонредната состојба

Макфакс - 08.11.2007

Исламабад Пакистанскиот претседател Первез Мушараф најверојатно ќе ја укине вонредната состојба во земјата во рок од 36 часа додека се подготвува да положи заклетва за уште еден петгодишен претседателски мандат, јавија светските агенции.

Мушараф отстапи од воената должност

Макфакс - 08.11.2007

Равалпинди Пакистанскиот претседател Первез Мушараф денеска официјално се повлече од функцијата началник на Генералштабот на пакистанската војска, јавија локалните медиуми. Мушараф на официјална церемонија во Равалпинди, каде што е седиштето на Генералшатбот, му ја предаде должноста на генералот ...

Беназир Буто ги дигна Пакистанците

Вечер - 08.11.2007

"Доколку нашите барања не бидат исполнети до 9 ноември, на 13 ноември ќе почнеме долг протестен марш од Лахоре, а следната етапа ќе ни биде Исламабад", рече Буто Поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто вчера ги повика сограѓаните да се придружат на протестниот марш поради одлуката на ...

Пакистан го обвини Ки-мун за мешање во внатрешните работи

А1 - 07.11.2007

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун влезе во вербален судир со пакистанскиот амбасадор во ОН Мунир Акрам поради воведувањето на вондредна состојба во Пакистан од страна на претседателот Первез Мушараф, јави Би-Би-Си. Акрам оцени дека Бан Ки-мун се меша во внатрешните работи на Пакистан со своите ...

Секој четврти адвокат е во затвор

Време - 07.11.2007

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ПАКИСТАН Пакистанската полиција вчера продолжи да апси адвокати што протестираат против одлуката на претседателот Первез Мушараф да прогласи вонредна состојба во земјата. Околу 3.000 од вкупно 12.000 адвокати во Пакистан во моментот се во затвор, а судството е тотално ...

Разрешениот врховен судија го повикува народот во заштита на уставот

Утрински - 07.11.2007

Стотици адвокати и политички противници се уапсени ИСЛАМАБАД - Разрешениот врховен судија на Пакистан го повика народот „да се крене“ и да го заштити уставот. Ифтикар Чаудри, во телефонското обраќање до адвокатите од Исламабад, го критикуваше претседателот Первез Мушараф кој во неделата воведе ...

Одлуката за изборите во Пакистан пред 14. ноември

Макфакс - 07.11.2007

Исламабад Одлуката за одржување на парламентарните избори ќе биде донесена пред 14 ноември, изјави денеска пакистанскиот премиер Шаукат Азиз. „Одлуката ќе биде донесена пред 14. ноември“, рече Азиз на состанокот во Исламабад меѓу владини претставници и пратениците од претседателската партија ...

Адвокати удрија на полицијата

Вечер - 07.11.2007

Околу 1.000 адвокати во пакистанскиот град Мултан вчера фрлаа камења врз вооружената со палки полиција, која се обиде да ја разбие толпата. Најмалку тројца адвокати и исто толку полицајци се повредени, а речиси десетина правници се уапсени, пренесе МИА.

Полицијата употреби сила против демонстрациите на адвоктите во Пакистан

Утрински - 06.11.2007

Мушараф почна да апси и адвокати, наведувајќи дека реагира за да го заузди екстремизмот Адвокатите изјавија дека голем број нивни колеги се уапсени по разбивањето на протестите во Лахоре, Карачи и Равалпинди ИСЛАМАБАД - Полицијата употреби солзавец и палки за разбивање на демонстрациите од ...

Амнести интернешнал со критики до Мушараф заради вонредната состојба

Канал5 - 06.11.2007

Вонредната состојба што ја објави пакистанскиот претседател Первез Мушараф во државата е нарушување на меѓународното право и непочитување на правата на човекот, објави Амнести интернешнал. Лондон, 6 ноември (МИА) - Вонредната состојба што ја објави пакистанскиот претседател Первез Мушараф во ...

Претседателот на пакистанскиот Сенат – привремен премиер

Макфакс - 06.11.2007

Исламабад Пакистанскиот претседател Первез Мушараф ќе го номинира в петок претседателот на Сенатот Мохамедмиан Сумро за премиер на преодната Влада. Ова синоќа го соопшти извор од кабинетот на Мушараф, пренесуваат западните агенции.

Парламентарни избори во Пакистан во јануари

Макфакс - 06.11.2007

Исламабад Парламентарните избори во Пакистан ќе се одржат во средината на јануари идната година, соопшти пакистанскиот премиер Шаукат Азиз. „Следните парламентарни избори ќе се одржат во предвидениот термин“, појасни тој без притоа да даде било какви детали околу изборите.

Укинат домашниот притвор за Буто

Макфакс - 06.11.2007

Исламабад Пакистанската влада го укина домашниот притвор за поранешната премиерка и актуелен опозиционен лидер Беназир Буто, соопшти полицијата. „Владата ја повлече наредбата за домашен притвор и таа од сега ќе може слободно да се движи“, информираше полицијата, која и понатаму поради заштита ќе ...

Пакистан ги отфрли обвинувањата поради вонредната состојба

Макфакс - 06.11.2007

Исламабад Пакистанските власти ги отфрлија обвинувањата од некои држави поради воведувањето на вонредната состојба и нагласија дека се работи за внатрешно прашање. „Претседателот Первез Мушараф смета дека нашите пријатели треба да разберат со какви предизвици се соочуваме ние во однос на исламскиот ...

Приведени над 50 адвокати

Вечер - 06.11.2007

Адвокатите повикале на национален штрајк во знак на неодобрување на одлуката за вонредна состојба во државата Полицијата во Карачи употреби палки за да растера адвокати-демонстранти кои се собраа пред зградата на Врховниот суд во знак на неодобрување на одлуката за вонредна состојба во државата, ...

Запад го повика Мушараф да го почитува Уставот

А1 - 05.11.2007

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави денеска дека пакистанскиот претседател Первез Мушараф треба да се откаже од функцијата главен командант на вооружените сили и оти е потребно да го воспостави уставното владеење во земјата.

Мушараф почна да апси водачи на опозицијата

Време - 05.11.2007

ПО ПРОГЛАСУВАЊЕТО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ПАКИСТАН Пакистанската полиција почнала да апси водачи на опозицијата, адвокати, судии, активисти на организациите за човекови права по одлуката на пакистанскиот претседател, генералот Первез Мушараф, да прогласи вонредна состојба во земјата, јави Би-би-си.

Мушараф прогласи вонредна состојба и апси противници

Вест - 05.11.2007

ИАЛАМАБАД, 5 ноември (Ројтерс) - Пакистанската влада ќе закаже избори, но не може да одлучи кога, изјави вчера премиерот Шаукат Азиз, еден ден откако владата прогласи вонредна состојба за да го реши проблемот со растечкиот милитаризам и лошиот правен ИАЛАМАБАД, 5 ноември (Ројтерс) - Пакистанската ...

Мушараф ја апси опозицијата откако прогласи вонредна состојба во Пакистан

Утрински - 05.11.2007

Полицијата и паравоени единици вчера изутрина поставија контролни пунктови околу парламентот и претседателската палата во главниот град Исламабад Уапсен е првиот човек на опозициската партија, се притвораат адвокати, а врховниот судија во земјата е разрешен од функцијата ИСЛАМАБАД - Лидери на ...

Мушараф масовно ја апси опозицијата

Дневник - 05.11.2007

Полицијата во Пакистан има нулта толеранција за опозицијата Еден ден откако прогласи вонредна состојба во земјата, пакистанскиот претседател генерал Первез Мушараф нареди масовни апсења на активисти на опозицијата и на борците за човекови права, јавуваат агенциите.Со објаснување дека во земјата ...

Полицијата во Карачи приведе адвокати кои протестираа

Канал5 - 05.11.2007

Полицијата во Карачи употреби палки за да растера адвокати-демонстранти кои се собраа пред зградата на Врховниот суд во знак на неодобрување на одлуката за вонредна состојба во државата. Исламабад, 5 ноември (МИА) - Полицијата во Карачи употреби палки за да растера адвокати-демонстранти кои се ...

Апсат без пардон!

Вечер - 05.11.2007

Уапсени се неколкумина истакнати опозициски лидери и се ограничени информациите што ќе се објавуваат во медиумите Пакистанките власти вчера уапсија неколкумина истакнати опозициски лидери, во рамките на мерките преземени согласно вчерашната одлуката на претседателот на Пакистан, генерал Первез ...

Шариф и Буто се обединуваат против Мушараф

Макфакс - 05.11.2007

Исламабад Дваjцата поранешни премиери на Пакистан, Беназир Буто и Наваз Шариф, кои беа големи противници во 90 – те години, ќе ги обединат силите против претседателот Первез Мушараф и ќе бараат укинување на вонредната состојба во државата.

Висок американски дипломат на средба со Мушараф

Макфакс - 05.11.2007

Исламабад Заменикот американски државен секретар, Џон Негропонте денеска треба да допатува во работна посета на Пакистан. Според најавите, американскиот дипломат ќе се обиде да го убеди пакистанскиот претседател Первез Мушараф да ја укине вонредната состојба и да одобри одржување на слободни избори.

Претседателот на пакистанскиот Сенат - премиер на преодната Влада

Макфакс - 05.11.2007

Исламабад Пакистанскиот претседател Первез Мушараф ќе го номинира в петок претседателот на Сенатот Мохамедмиан Сумро за премиер на преодната Влада. Ова вечерва го соопшти извор од кабинетот на Мушараф, пренесуваат западните агенции.

Уште еден поранешен премиер се врати во Пакистан

Макфакс - 05.11.2007

Лахор Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф денеска се врати во татковината по седум години поминати во егзил, јави државната телевизија на Пакистан. Шариф, кој престојуваше во Саудиска Арабија, слета на аеродромот во Лахор, каде што го пречекаа поголем број негови приврзеници.