TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Триесетдневен притвор за 13-темина кои полицијата ги приведе по акцијата во тетовско Бродец

Канал5 - 11.11.2007

Триесетдневен притвор за 13-темина од групата на Шити и нацист кои полицијата ги приведе по акцијата во тетовско Бродец. Десет од нив се во истражниот затвор во Шутка, двајца се на лекување на Карил, а еден е во Идризово. Триесетдневен притвор за 13-темина од групата на Шити и нацист кои полицијата ...

Советниците се раскараа за акцијата во Бродец

Време - 10.11.2007

СОВЕТ НА ОПШТИНАТА ТЕТОВО Членовите на Советот на општината Тетово од македонските партии, поддржани од советниците од ДПА, не прифатија дел од заклучоците на градоначалникот Хазби Лика во врска со полициската акција во селото Бродец.

Затишје по бурата

Време - 10.11.2007

ПОЛИЦИЈАТА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БРОДЕЦ Вториот ден по полициската акција „Планинска бура“ во Бродец беше мирно, а полицајците се повлечени од селото и од патиштата во овој дел од Тетовско. Низ улиците сега веќе има поголема раздвиженост на месното население, но и свежи сеќавања за она што се случуваше ...

Оружје за половина армија

Вест - 10.11.2007

МВР ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЗАПЛЕНЕТИТЕ ПАРЧИЊА ВООРУЖУВАЊЕ ОД БРОДЕЦ Во касарната "Ѓорче Петров" вчера беше презентирано целото оружје кое беше запленето во акцијата "Планинска бура" во шарпланинското село Бродец, кога во престрелка со полицијата загинаа шестмина од криминалната банда, предводена од ...

Топови, снајпери и зољи запленети во Бродец

Време - 10.11.2007

ПРИКАЖАНА НАЈГОЛЕМА ЗАПЛЕНА НА ОРУЖЈЕ ДОСЕГА Топови, модерни ракетни системи со далечинско наведување, противвоздушни ракети, нагазни мини, бомби, снајпери и автоматски пушки доволни да вооружат една мала армија заплени МВР во селото Бродец.

Уапсените во „Луња“ ќе одговараат за тероризам?

Утрински - 10.11.2007

Судот ги испрати осомничените на издржување 48-часовен притвор Запленетото оружје на Шара вчера беше изложено во касарната во Ѓорче Петров ЉУБИША СТАНКОВИЌ ЈУЛИЈАНА КИМОВСКА Седуммина од тринаесеттемина што беа приведени во полициската акција „Планинска луња“ во четвртокот ноќта беа спроведени во ...

Затишјето носи бура

Дневник - 10.11.2007

По глорификацијата на полициската акција, треба да одговориме на прашањето како можевме да дозволиме во едно село да се складира оружје доволно за да се освои цел еден град Не верувам дека досега бил во Бродец некој од државните функционери кои ги обиколуваат општините во рамките на владината ...

Полицијата трага по четворица бандити

Дневник - 10.11.2007

Во акцијата, која беше тактички совршена, запленето е досега најголемо количество илегално оружје, оцени МВР по средбата со специјалците Полицијата трага по четворица членови на вооружената група од Бродец, кои не биле фатени во акцијата „Планинска бура“, која полицијата во средата ја изведе на Шар ...

Бандата го изеде и волот на селскиот кмет

Вечер - 10.11.2007

Распрснатите ќерамиди, тули и прозорци од селските куќи крцкаа под нозете на секој минувач што вчера го обиколуваше Бродец. На полињата и ораниците околу куќите и покрај патот лежеа полураспаднати тела на коњи, а реата од нив се ширеше насекаде низ воздухот - Луѓето што дојдоа во селото носеа ...

Полицијата ја гони групата на Јакупи за тероризам

А1 - 09.11.2007

Терористи организирани заради непријателска дејност. Криминалната група предводена од Лирим Јакупи - Нацист сега полицијата ја гони за тероризам, здружување заради непријателска дејност и нелегална трговија со оружје. МВР поднесе кривични пријави против 17 лица.

Потребна е стабилност во Тетовско

Време - 09.11.2007

ПАРТИИТЕ ВОЗДРЖАНИ ЗА АКЦИЈАТА ВО БРОДЕЦ Партиите се воздржани во коментарите за завчерашната акција на МВР. Сите сметаат дека е потребна целосна стабилност во Тетовско. Единствено ДУИ обвини дека полицијата употребила прекумерна сила врз цивили.

Купишта оружје на Шара

Време - 09.11.2007

ПО ЖЕСТОКАТА АКЦИЈА ВО БРОДЕЦ Емил Зафировски Шарпланинското село Бродец каде што завчера се водеа жестоки пресметки со екстремистичка вооружена група, вчера беше под целосна полициска опсада. Специјалци на македонската полиција беа распоредени буквално во секое сокаче од селото во кое и вчера беа ...

Шестмина загинати и 13 приведени

Вест - 09.11.2007

ВО ОПЕРАЦИЈАТА НА МВР Во полициската акција Во полициската акција "Планинска бура", која полицијата ја спроведе завчера во шарпланинското село Бродец, загинале шестмина членови на криминално-екстремистичката група, а 13 биле приведени, информираа вчера во МВР.

„Планинска луња“ ги одвеа криминалците од Шара

Утрински - 09.11.2007

Шестмина убиени, 13 уапсени и 11 ранети е билансот на полициската акција во Бродец ГОРАН АДАМОВСКИ ГОЈКО ЕФТОСКИ БРОДЕЦ - Шестмина убиени криминалци и тринаесет уапсени нивни пријaтели е конечниот биланс на завчерашната престрелка меѓу полицијата и групата на Лирим Јакупи - Нацист во шарпланинското ...

Полициската акција доби позитивни оцени од партиите

Утрински - 09.11.2007

Меѓународната заедница ја поздрави операцијата во Бродец, бидејќи е изведена со мултиетнички полициски сили Згмечени автомобили во Шипковица кои им биле испречени на патот на „хермелините“ кон Бродец СВЕТЛАНА УНКОВСКА Полициската акција „Планинска луња“, која завчера беше изведена во шарпланинските ...

Бурен ден во Бродец

Утрински - 09.11.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Нужна и професионално изведена. Вакви се првичните оцени на акцијата која полицијата молскавично ја изведе во шарпланиснкото село Бродец за апсење на тајфата на Лирим Јакупи – Нацист, избеганиот затвореник од косовскиот затвор „Дубрава“.

ДУИ: Да не се малтретираат цивили

Дневник - 09.11.2007

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера го обвини МВР дека употребило преголема сила против групата на Лирим Јакупи-Нацист и Рамадан Шити. Коментирајќи ја полициската акција „Планинска бура“ во тетовското село Бродец, Ахмети се огради дека ДУИ ги штити криминалните банди.

Затишје по бурата во Бродец

Дневник - 09.11.2007

Жителите не зборуваат јавно за злоделата на бандата, но потврдуваат дека долго барале полициска интервенција Фала Богу што заврши оваа драма, велат жителите на шарпланинското село Бродец, каде што по завчерашната полициска акција „Планинска бура“ заврши тримесечното владеење на бандата на Рамадан ...

Шити ликвидиран, Јакупи во бегство

Дневник - 09.11.2007

И ПРИВЕДЕНИТЕ ВО АКЦИЈАТА “ПЛАНИНСКА БУРА„ Во престрелката загинаа Косовците Хисни Амети-командант Чевај и Имер Гавази (42),Беким Мемети (21) од Тетово, Ферат Шахини (20) и Фидан Фејзулаху (24) од Бродец, потврди полицијата Косовецот Рамадан Шити (24), еден од водачите на ...

Полицијата не знае каде е Лирим Јакупи Нацист и дали воопшто бил во Бродец за време на акцијата

Канал5 - 09.11.2007

Ова се уапсените од групата на Лирим Јакупи Нацист и на Рамадан Шити приведени во полициската акција во Бродец. Полицијата, во потрага по вооружената група, предводена од косовските затвореници и помогната од селани на Бродец, приведе 13-мина.

Притвор за 13-мината уапсени во акцијата Планинска бура

Макфакс - 09.11.2007

Скопје Тринаесетмината уапсени во полициската акција Планинска бура завршија во притвор, соопшти МВР, кое денеска го презентираше воениот арсенал запленет во селото Бродец. Против сите се поднесени кривични пријави за „тероризам“, „здружување заради непријателска дејност“ и „недозволено ...

Ахмети: Мала вооружена група не може да биде опасна

Вечер - 09.11.2007

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера го потврди ставот на Централното Претседателство на партијата дека МВР, во акцијата против криминалните групи предводени од Лирим Јакупи-Нацист и Рамадан Шити, во тетовското село Бродец, употребило прекумерна сила.

Сите волци сити, настрада само Шити

Вечер - 09.11.2007

Два дена по полициската акција во селото Бродец, ситуацијата вчера во Тетовско беше мирна. Силно полициско обезбедување, проследено со оклопни возила на македонската полиција и вчера патролираа низ селото и неговата околија. Мештаните сега комплетно слободни се движеа низ улиците на селото и кон ...

Групата на Јакупи планирала организирано пружање отпор

А1 - 08.11.2007

Рововите над Бродец од кои дејствувале членовите од групата на Лирим Јакупи, се направени според сите воени правила, на стратешки места од каде се контролираат приодите кон Бродец и околните села. Овие позиции биле подготвени за долготрајно војување, снабдени со залихи муниција, храна, облека, ...

Потврдено загинувањето на Шити

А1 - 08.11.2007

Ниту трага, ниту глас од Лирим Јакупи-Нацист. Го нема меѓу убиените, не е ни уапсен. Во „Планинската бура“ загинаа шестмина, а 13 се уапсени. Сите се со дебели криминални досиеја, осудени за убиства, барани со меѓународни потерници за тероризам.

Четворица криминалци настрадаа во "Планинска бура"

Вест - 08.11.2007

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР НА ШАРА Министерката Гордана Јанкуловска вчера на прес - конференција соопшти дека во акцијата "Планинска бура" што почнала вчера утрото полицијата уапсила шестмина, а четворица криминалци кои пукале во специјал Шестмина приведени и четворица загинати е билансот од полициската ...

„ПЛАНИНСКАТА БУРА“ ги одвеа бандите на Шара

Време - 08.11.2007

УСПЕШНА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО БРОДЕЦ, ВЕШАЛАИ БОЗОВЦЕ Емил Зафировски Огнен Чанчаревиќ Десетина припадници на вооружените групи на Шар Планина се убиени вчера во жестока полициска акција, спроведена во раните утрински часови во селото Бродец, а неколкумина се уапсени.

Во „Планинска луња“ на Шара убиени четворица криминалци

Утрински - 08.11.2007

Повеќе од осум часа траеше престрелката меѓу специјалците и криминална група, кај која е пронајден голем арсенал оружје Сите приоди на излезот од Тетово кон Попова Шапка, односно селата Шипковица, Вешала, Бозовце, како и патот од Калето кон Селце и Вејце, беа блокирани од силно полициско ...

„Планинска бура“ уништи криминална банда

Дневник - 08.11.2007

Акцијата, во која беа убиени шест члена на криминалната банда, министерката Јанкулоска ја оцени како високо професионална, со мерки за заштита на цивилното население Шест убиени и десетина уапсени е резултатот на полициската акција „Планинска бура“, која МВР вчера ја спроведе против ...

Денеска во Бродец - ден по акцијата е мирно но напнато

Канал5 - 08.11.2007

Во шарпланинското село Бродец е мирно ден по акцијата на полицијата и разбивањето на групата на Лирим Јакупи – Нацист. Конвојот на новинарски екипи влезе во селото придружуван од полицијата, на повеќе пунктови на патот од Тетово во Шипковица и Бродец се стационирани безбедносни сили.

Четворица убиени и шестмина приведени во полициска акција „Планинска бура“ - во тетовско Бродец

Канал5 - 08.11.2007

Шесторица убиени, 12 уапсени, без цивилни и полициски жртви – ова, според МВР, е епилогот од денешната полициска акција во шарпланинското село Бродец. Не се исклучува дека има и други убиени. Меѓу загинатите, неофицијално, е и Рамадан Шити, кој наводно се саморазнел со бомба.

Тројцата организатори на вооружената група од Бродец меѓу уапсените

Канал5 - 08.11.2007

Водачот на вооружената група од Бродец Хебиб Амети и организаторите Невзат Зибери и Невзат Аријани, кои од Косово транспортирале оружје во шарпланинското село се меѓу 13-те приведени кои пукале во полицијата при вчерашната акција во Бродец.

Полицијата и истражниот судија вршат увид и го собираат оружјето од Бродец

Канал5 - 08.11.2007

Новинарите со своите возила доцна вечерва беа единствените кои се движеа на локалниот пат Тетово- Бродец, преку Шипковица каде што во текот на денов македонската полиција ја спроведуваше акцијата. Новинарите со своите возила доцна вечерва беа единствените кои се движеа на локалниот пат Тетово- ...

Хемиско чистење на Шара!

Вечер - 08.11.2007

Силно полициско обезбедување, околу 15-тина хермелини, џипови, автомобили и останати оклопни возила на полицијата ја обезбедуваат 15-километарската асфалтна патека во тетовските села Бродец и Шипковица. Кога екипата на ВеЧер минуваше низ овие тетовски села беа видливи траги на вистински воен ...

Рамадан Шити меѓу шестмината убиени на Шара

Макфакс - 08.11.2007

Скопје Рамадан Шити е меѓу шестмината убиени во полициската акција во средата против вооружена група во реонот на Шар Планина, потврдија за Макфакс од полицијата. Шити заедно со водачот на групата Лирим Јакупи, за кого полицијата претпоставува дека е во бегство, пред повеќе од еден месец избегаа од ...

ДУИ изрази загриженост поради полициската акција во тетовско

Макфакс - 08.11.2007

Тетово Опозиционата Демократска унија за интеграција (ДУИ) изрази загриженост поради интервенцијата на специјалните сили на полицијата во неколку села во тетовсково средата и ги осуди упадите на полицијата во домови на поранешни припадници на ОНА и нивно апсење во неколку скопски населби.

Без инциденти во тетовско

Макфакс - 08.11.2007

Тетово Ситуацијата во пошироко подрачје на Тетово изутринава е мирна, а без какви и да е инциденти мина и ноќта, јави дописникот на Макфакс, повикувајќи на полициски извештаи. Пунктовите на полицијата се уште се присутни на излезите од Тетово кои водат кон шарските села Бродец и Вејце, каде во ...

Завршен официјалниот увид во тетовско-шестмина загинати

Макфакс - 08.11.2007

Тетово Загинување на шест лица при вчерашната операција „Планинска бура“ е констатирано во официјалниот увид извршен од заменик јавен обвинител и истражен судија. Како што јави дописникот на Макфакс од Тетово, истражните органи изнеле претпоставка дека едно од телата на загинатите, кој бил разнесен ...

Нема загинати полицајци и цивили во акцијата во Тетовско

А1 - 07.11.2007

Нема загинати ниту повредени полицајци и цивили во акцијата „Планинска бура“ во Бродец. Убиени се шестмина од групата на Лирим Јакупи-Нацист. Во акцијата за неутрализирање на екстремистичко-криминалната група, уапсени се шестмина, соопшти министерката за внатрешни работи Јанкуловска.

Полицијата не пушта да се влезе во Бродец

А1 - 07.11.2007

До Бродец, но не понатаму. Полицијата, иако чекаше наредба новинарските екипи да бидат пропуштени во селото, не ни дозволи да влеземе во Бродец и да го регистрираме одземеното оружје до кое дојде при акцијата и претресот на куќите во ова село.

ДУИ:Загриженост за полициската акција во тетовско

Макфакс - 07.11.2007

Тетово ДУИ изразува загриженост од денешната интервенција на полициските специјални сили во неколку села на општина тетово, јави дописникот на Макфакс. Истовремено, од ДУИ ги осудуваат и упадите на полицијата во домови на поранешни припадници на ОНА и нивно апсење во неколку скопски населби.

Најмалку осум убиени во полициската акција на Шара

Макфакс - 07.11.2007

Скопје Најмалку осум лица се убиени, а петмина се уапсени во големата полициска акција против криминални банди во повеќе села на Шар Планина. Како што јави телевизијата А1, повикувајќи се на неименувани полициски извори, во полициската акција во селата Бродец, Вешала и Вејце, има најмалку осум ...

Вкупно шестмина убиени и 12 приведени во акцијата во тетовско

Макфакс - 07.11.2007

Скопје Полицијата пронајде дополнителни два трупа и приведе нови шест лица, со што вкупната бројка на загинати во денешната акција во тетовско е шестмина, а приведени се вкупно 12 лица. Ова вечерва за Макфакс го изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски, кој ...

Голема полициска операција во тетовско

Макфакс - 07.11.2007

Тетово Специјални единици на полицијата изутрината започнаа акција во шарлпланинското село Бродец и има престрелка со вооружена група. Официјален претставник на полицијата за Макфакс не можеше ниту да потврди, ниту да демантира дека во тетовско има вооружена престрелка.

Нема загинати и ранети цивили или полицајци во акцијата кај Бродец

Макфакс - 07.11.2007

Скопје Нема загинати или ранети цивили, ниту пак, има загуби кај полицијата, но, има жртви меѓу криминалците што ги гониме. Ова на Макфакс му го изјавија најмалку два извора во полицијата, кои додаваат дека акцијата што започна од изутрината, се уште е во тек.

Најмалку еден убиен во полициската акција на Шара

Макфакс - 07.11.2007

Скопје/Тетово Најмалку еден припадник на криминална група е убиен во полициската операција што од изутрината се спроведува во неколку села на Шар Планина, потврдија за Макфакс полициски извори. Убиениот е македонски државјанин, кој неодамна избегал од затворот во Тетово.

МВР: Четворица убиени и шест приведени екстремисти во тетовско

Макфакс - 07.11.2007

Скопје Најмалку четворица убиени и шестмина приведени лица, припадници на „екстремистичко-криминална“ група, е официјалниот биланс на денешната полициската акција во тетовско. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, оценувајќи дека акцијата била успешна.

Владата ќе ги санира оштетувањата во Бродец

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Македонската Влада целосно ќе ги санира оштетувањата на џамијата и на куќите во село Бродец, предизвикани од полициската акција „Планинска бура“. Како што информираше владиниот портпарол Ветон Ибрахими, Владата го задолжила министерството за култура, во соработка со Исламската верска ...

КШ на Бродец бара ослободување на приведените

Макфакс - 05.11.2007

Тетово Кризниот штаб (КШ) на селото Бродец, апелира до сите институции во земјата и до меѓународните фактори да влијаат за ослободување на приведените од тоа село, јави дописникот на Макфакс. Кризниот штаб на месната заедница од село Бродец од слики поставени на интернет заедно со членови на ...