И ОБСЕ УСЛОВУВА ОБСЕ нема да испрати набљудувачи на терен во Македонија, ако не се исполнат претходно договорените услови. Ставот го пренесе претседавачот на ОБСЕ, романскиот министер за надворешни работи Мирчеа Џоана, кој вчера беше во Скопје.
НЕДЕЛАВА ПОЧНУВА РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА АСИСТЕНТИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА ДОВЕРБА Наредниве денови може да се очекува распоредувањето на новите набљудувачи од ОБСЕ, кои треба да асистираат во имплементацијата на мерките на доверба, предвидени со Рамковниот договор.
ОБСЕ ќе испрати нови 159 меѓународни офицери во Македонија, како дополнение на 51 кои се веќе разместени во земјава. Овој дополнителен број ќе вклучува и 72 монитори за изградба на доверба, плус 60 полициски советници, 17 полициски тренери и уште 10 меѓународни службеници за поддршка.