TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракомет: Шафхаузен - Вардар 36:30

А1 - 18.11.2007

Ракометарите на Вардар Про загубија на гостувањето против Шафхаузен со 36:30, во натпревар од 5-то коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Денеска на програмата е вториот меч од нашата група, а ќе се сретнат Загреб и Адемар Леон.

Вујовиќ: За Вардар сега почнува ЛШ

Време - 17.11.2007

ЛШ, КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН - ВАРДАР ПРО По денешниот дуел Кадетен Шафхаузен - Вардар про (18.15 часот, МТВ-пренос) во 5. коло од Лигата на шампионите (ЛШ) ќе се знае дали македонскиот првак ќе го освои 3. место во групата Ц и ќе го продолжи натпреварувањето во Купот на националните куп-победници (КПК).

Вардар про не смее да загуби во Цирих

Утрински - 17.11.2007

Само победа и реми ги доближуваат „црвено-црните“ до третото место во групата Ц од ЛШ, кое води во КПК САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Само победа или реми им оди во прилог на ракометарите на Вардар про попладнево (18:15 ч., МТВ пренос) во Цирих во дуелот со незгодниот состав на Кадети Шафхаузен во рамки на ...

Најтежок испит сезонава за вардарци

Дневник - 17.11.2007

Единствената надеж за Вардар про да остане во европските купови е од гостувањето во Цирих денеска (18,15 ч. МТВ пренос) против Кадетен Шафхаузен во 5. коло на Лигата на шампионите да се врати непоразен. Македонскиот првак може да загуби и со еден гол разлика, но да постигне повеќе од 26 гола.

Вардар без Неданоски и Вукчевиќ

Вест - 16.11.2007

РАКОМЕТ - ПРЕД САБОТНИОТ НАТПРЕВАР СО ШАФХАУЗЕН Владо Неданоски и Марко Вукчевиќ нема да му бидат на располагање на тренерот Веселин Вујовиќ за претстојното исклучително важно гостување на вардарци кај Кадетен Шафхаузен в сабота.

Вардар запиша нови три бода

Време - 16.11.2007

РАКОМЕТ Македонскиот претставник во Лигата на шампионите (ЛШ) Вардар про ја имаше последната проверка пред саботниот настап во најквалитетната европска ракометна лига, откако завчера дома го совлада Младост со 43-31 (22-17) во заостанатиот натпревар од машката Суперлига и со ова се комплетира 10.

Вардар е еден

Време - 16.11.2007

ВАРДАР ГО ПРОСЛАВИ 60. РОДЕНДЕН Никола Богојевски Сеќавањата за најблескавите моменти на македонската фудбалска гордост Вардар барем малку не вратија завчера децении назад за фудбалското лудило што со денови надвиснуваше над Скопје за мечевите во силната југословенска лига, при гостувањето на ...

Вардар го прослави 60. роденден

Вест - 16.11.2007

Со пријателскиот меч со Партизан "Комитите", кои го одбележаа 20-годишниот јубилеј, беа главни актери на спектаклот Со дефиле на легендите од шампионската генерација и на младите категории од сопствената фудбалска школа, пиротехничко шоу на "комитите" и со пријателскиот меч со стариот ривал од ...

Црвено-црн спектакл на Градски

Утрински - 16.11.2007

Вардар го одбележа 60-годишниот јубилеј со реми 1:1 против белградски Партизан МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Мошне студеното време беше причина што само околу седум илјади гледачи на Градскиот стадион присуствуваа на еден ретко виден спектакл што го приредија навивачите на Вардар, популарните „Комити“, во ...

Ој Вардаре, македонски...

Дневник - 16.11.2007

Мечот симболично заврши во 87. минута, со мирољубиви 1-1 против гостинот Партизан Со многу симболика, навивачки занос од старите добри времиња и присуство на фудбалските легенди што му донесоа слава и трофеи, Вардар го прослави 60-годишното постоење со пријателски меч против белградски Партизан, ...

Ново мачење за Вардар про

Дневник - 16.11.2007

Иако гостите од Богданци допатуваа со 10 ракометари, не му се предадоа лесно на шампионот Вардар про, кој со 43-31 (22-17) го победи тимот на Младост. Мечот беше одложен поради настапот на скопјани во Лигата на шампионите. Само во првото полувреме Вардар про му дозволи на противникот лесно да ...

И Комитите славеа јубилеј

Вечер Прес - 16.11.2007

Поларните услови за игра, зачинети со повремен дожд не беа сериозна закана со искрените љубители на фудбалот и фанови на Вардар, кои во неколкуилјадна бројка дојдоа на Градски во Скопје, со цел да бидат дел од спектаклот и на најдобар можен начин да му го честитаат јубилејот 60-години постоење на ...

Како во добрите стари времиња

Вечер Прес - 16.11.2007

Ревијалниот натпревар со белградски Партизан по долго време на трибините од Градски ги собра сите "виновници", кои од "црвено-црниот" тим направија бренд Како и што доликува, во прекрасна атмосфера опкружен со најверните фанови и почестен со гостувањето на еден од најголемите фудбалски клубови од ...

Вардар прослави 60 годишен јубилеј

А1 - 14.11.2007

Ревија на легендите и на новите сили, шоу на навивачите и пријателски натпревар го големиот ривал од старата држава, Партизан за обележување на 60-годишнината на фудбалскиот клуб Вардар. Прославата ја дополнува и тоа што годинава се навршуваат 20 години од единствената шампионската титула во ...

Вардар е нивната религија, нивната партија, нивниот живот...

Време - 14.11.2007

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ОД ЦРВЕНО-ЦРНОТО ДВИЖЕЊЕ „КОМИТИ СКОПЈЕ“ Златко Крстевски Пред 20 години на мечот од Првата лига на поранешна СФРЈ, помеѓу екипите на Вардар и на Црвена звезда се создаде нова религија, некои ќе ја наречат и „болест“, наречена навивачка група „Комити Скопје“.

Историја полна со трофеи, ѕвезди, големи победи...

Време - 14.11.2007

ВАРДАР - МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛСКИ БРЕНД Никола Богојевски Шест круни, шест национални купа и учество во сите европски натпреварувања, најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар го издигнаа во изминативе 60 години во македонска фудбалска гордост.

2.500 пати со Вардар

Вест - 14.11.2007

Драгомир Гашевски-Гашо, најголемиот вардаров навиваЧ Чичко Гашо во изминативе шеесет години има гледано речиси 2.500 мечеви на кои настапиле вардарци, а често присуствувал и на нивните тренинзи. - И порано се местеле мечеви, но тоа се правело многу поинтелигентно Денешниот ден, кога се одбележува ...

Вардаровата везилка срце што ни пара

Дневник - 14.11.2007

Црвени, но и црни се конците со кои се ткаеше најуспешната фудбалска приказна кај нас Фузијата на спортските друштва Македонија и Победа во јули 1947 година, на Македонија и' го донесе фудбалскиот клуб Вардар, најзначајната спортска приказна кај нас. Денеска, во ревијален меч против Партизан (17 ч.

Вардарци најавуваат фудбал, спектакл и уживање

Време - 13.11.2007

ВАРДАР УТРЕ СЛАВИ 60 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ Сеќавањата од аферата Шајбер пред две децении и најзначајната круна во тогашна СФРЈ, сега со новата пресметка на Вардар со белградски Партизан ќе го одбележат 60. роденден на најтрофејниот македонски фудбалски колектив, утре, на ревијалниот дуел на Градскиот ...

Партизан доаѓа на "Градски"

Вест - 13.11.2007

ПРОСЛАВА НА ФК ВАРДАР Долгонајавуваниот ревијален натпревар помеѓу Вардар и Партизан по повод 60 години од формирањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб ќе се одржи утре (17 часот) на Градскиот стадион во Скопје. Свој јубилеј ќе прослави и навивачката група "Комити", која наполни 20 години.

На јубилејот на Вардар, утре Партизан на Градски

Утрински - 13.11.2007

Организаторот најави многу изненадувања, кореографија, дефиле на вардаровите легенди и млади фудбалери Од вчерашниот прес на раководството на Вардар До големата јубилејна прослава шеесет години од постоењето на нашиот најтрофеен клуб Вардар останаа уште нешто повеќе од 48 часа, а раководството на ...

Мајсторка на Вардар и Партизан

Дневник - 13.11.2007

Вардар и Партизан, двојните шампиони од иста сезона, во 1987 година, симболично утревечер (17 ч.) во ревијален натпревар ќе играат меѓу себе на прославата на 60-годишнината на скопските „црвено-црни“. Лутите ривали и добри пријатели, пред 20 години ја оставија дилемата кој беше шампион во ...

Црно - белите за спектакл

Вечер Прес - 13.11.2007

Освен фудбалскиот јубилеј, значајна улога на Градскиот стадион во Скопје ќе имаат и најверните фанови на Вардар, популарните "Комити", кои ќе го прослават јубилејот 20 години постоење Со цел на најдобар можен начин да се прослави големиот јубилеј 60 години постоење, раководството на најтрофејниот ...

Вардар ќе прослави 60 години постоење

А1 - 12.11.2007

Само три дена пред натпреварот Македонија - Хрватска, на нашиот најголем стадион и еден друг меѓународен настан кој ќе го привлече вниманието на овдешната фудбалска јавност. Јубилејот 60 години од постоењето, кој се совпаѓа и со 20-годишнината од формирањето на навивачката група „Комити“, ...

Кометал и Вардар Про далеку од европските текови

А1 - 12.11.2007

Многу горчина кај нашата ракометна публика предизвика изминатиот викенд, во кој македонските водечки екипи, Кометал Ѓорче Петров и Вардар Про конечно сфатија колку се далеку од модерните европски текови. Требаше да наниже три порази, па континенталниот женски првак од 2002 да ја согледа нереалноста ...

Сурово освестување

Вест - 12.11.2007

РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ - ВАРДАРЦИ ПОТФРЛИЈА ПРОТИВ ЗАГРЕБ Вардарци се вратија во реалноста на македонскиот ракомет. А, таа не вклучува високи цели во Лигата на шампионите. Еден месец, од ремито со Загреб на негов терен, Вардар живееше со желби, апетити и со атмосфера кои во саботата добија свој ...

Три победи со пресврт, инцидент во Куманово

Време - 12.11.2007

ПРВА ЛИГА, 14. КОЛО Александар Ставрев, судијата на мечот во Куманово, помеѓу Башкими и Победа, бил нападнат од гледачите по завршувањето на средбата, јави „Македонско радио“. Средбата заврши со победа на прилепчани со 4-3, по големиот пресврт што го направија по водството на кумановци со 3-0.

Загрепчани ги спуштија на земја вардарци

Утрински - 12.11.2007

Кроација осигурање со победата од 34:26 во Скопје наплати за ремито во Загреб и речиси го исфрли Вардар про од игра за следната фаза во ЛШ Зајмениот Мите Караиванов од Младост постигна дури пет гола, со кои беше меѓу тројцата најефикасни во Вардар про САШКО Ѓ.

Од една шанса, три бода за Милано

Утрински - 12.11.2007

Во Куманово, и покрај многуте шанси што ги имаше Вардар, загуби од Милано со 1:0 МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Секогаш е така во фудбалот. Кога еден клуб во текот на мечот не ги искористи своите шанси, некои дури и кога беше тешко да се промашат, на крајот следи казна, пораз, што друго.

Враќање во реалноста

Дневник - 12.11.2007

Треба да работиме многу за да бидеме втори во групата, вели Алушовски По едномесечно сонување за пласман во втората фаза од ЛШ, Вардар про доби лекција и се врати во реалноста, на местото каде што припаѓа. Хрватскиот првак Кроација Осигурање не дозволи изненадување како на домашен терен, кога ...

Загрепчани како машина

Вечер Прес - 12.11.2007

Вардарци и покрај големата желба и инспирација да го кутнат на плеќи двојниот европски првак, не успеаја против загрепската ракометна машина, која цело време го "мелеше" домаќинот Вардар падна во "Кале" пред ракометната машина на Загреб, која во текот на сите 60 минути го "мелеше" домаќинот, не ...