TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Допрва ќе се испитува спорот за клучката

А1 - 15.11.2008

Правните служби на град Скопје допрва ќе испитуваат дали во проектот клучка кај „Континентал“ е повредена приватната сопственост на скопјанецот кој најави тужба против скопскиот градоначалник. Клучката е пуштена во употреба, но адвокатот Зоран Георгиевски тврди дека трасата минува на негов имот што му е незаконски одземен.

Дел од клучката лежи на приватно земјиште

Време - 15.11.2008

Елена Мачевска На скопскиот градоначалник Трифун Костовски в понеделник ќе му биде поднесена кривична пријава од адвокатот Зоран Георгиевски, кој тврди дека дел од клучката кај хотелот „Континентал“ е изградена на негово земјиште. За Георгиевски се спорни 60 квадратни метри, каде што се изградени тротоар и дел од скалите, а притоа, како што вели, за тоа никој не побарал дозвола од него.

Преку клучката побрзо до Бит-пазар

Време - 14.11.2008

Елена Мачевска Клучката кај хотелот „Континентал“, која има две нивоа и функционира на принципот на кружен тек на возење, вчера, на Денот на ослободувањето на Скопје, и официјално беше пуштена во употреба. Со клучката на булеварот Александар Македонски ќе се олесни сообраќајот во правец на Бит-пазар и на пластичарската улица, а ќе се овозможи и излез на западниот дел на градот, без притоа ...

Графити и балони за клучката кај "Континентал"

Вест - 14.11.2008

Во чест на Денот на ослободувањето на Скопје-13 Ноември, градските власти вчера свечено ја пуштија во употреба клучката кај хотелот "Континентал", која ја градеа една и пол година. За новата сообраќајница градските власти пуштија балони во разни бои, а студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје по потпорните sидови на клучката цртаа графити.

На Денот на ослободувањето на Скопје пуштена клучката „Континентал“

Утрински - 14.11.2008

Традиционално, вчеравечер, Костовски ги додели и наградите „13 Ноември“ на годинешните добитници. Сања Наумовска. Клучката „Континентал“ од вчера и официјално е предадена во употреба. Градоначалниците на Скопје, Гази Баба и на Чаир - Трифун Костовски, Коце Трајановски и Изет Меџити, на Денот на ослободувањето на главниот град, 13 Ноември, ја пресекоа лентата на еден од најважните објекти ...

Тргна сообраќајот по клучката кај „Континентал“

Н.Македонија - 14.11.2008

По 16 месеци изградба и по неколку пробиени рока, вчера свечено беше пуштена во употреба клучката кај хотелот „Континентал“, која овозможува директен пристап од населбата Автокоманда кон Железничката станица и се избегнува најфреквентниот булевар Крсте Петков Мисирков кај Бит-пазар.

Пуштена клучката кај „Континентал“ - Костовски на суд

А1 - 13.11.2008

Две тужби го чекаат градоначалникот на Скопје за новата клучка кај хотелот „Континентал“. Адвокатот Зоран Георгиевски на отворањето на оваа клучка се закани дека утре ќе поднесе една кривична пријава за злоупотреба на службена должност и една граѓанска тужба против Трифун Костовски. Тој вели дека градот незаконски ја градел клучката на дел од неговиот имот.

На 64 годишнината од ослободувањето на Скопје пуштена клучката кај Континентал

Алсат-М - 13.11.2008

Пуштена е во употреба клучката кај хотелот Континентал, која треба да овозможи растеретување на сообраќајот во главниот град во реонот кај Бит Пазар. Проектот вреден три милиони евра е финансиран од градот Скопје, а црвената лента беше пресечена симболично на денешната прослава на 64 годишнината од ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.

Сообраќајот останува најголемата болка на Скопје

Алфа - 13.11.2008

Според градските власти, клучката кај Континентал е најзначајниот инфраструктурен проект реализиран во последните неколку години во Скопје. Од новата сообраќајница, најмногу корист ќе имаат возачите кои транзитираат низ Скопје, но и автобусите кои сега многу полесно ќе стигаат до меѓуградската автобуска станица.

Отворањето на клучката кај „Континентал“ - празник за градот

Дневник - 13.11.2008

Изградбата на клучката е најголемиот зафат од осамостојувањето на Македонија. Клучката кај хотелот „Континентал“ вчера официјално беше пуштена во употреба по петнаесетина месеци интензивни градежни зафати. Црвената лента ја пресекоа скопскиот градоначалник Трифун Костовски и градоначалниците на општините Гази Баба и Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити.Со пуштањето на оваа сообраќајница во голема ...

Пуштена клучката кај Континентал

Сител - 13.11.2008

По повод Денот на ослободувањето на Скопје - 13 ноември, скопскиот градоначалник Тифун Костовски и градоначалниците на општините Гази Баба и Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, денеска ја пуштија во употреба клучката кај хотел „Континентал“. Клучката ќе овозможи излез кон западниот дел на градот, без поминување преку Бит-пазар и булеварот „Никола Карев“.

Клучката „Континентал“ подготвена за употреба

Утрински - 12.11.2008

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, утре ќе биде предадена во употреба клучката „Континентал“, проект во кој Градот Скопје инвестираше близу 3 милиони евра. Клучката ќе ги поврзе булеварот „Александар Македонски“ и улицата „Беласица“ и ќе овозможува брз влез и излез на патнички автобуси кон новиот мост и меѓуградската автобуска станица.

Нова клучка и голем концерт за 13 Ноември

Н.Македонија - 11.11.2008

Отворањето на клучката кај хотелот „Континентал“ и концертот на повеќе македонски и балкански музички ѕвезди во Младинскиот културен центар ќе бидат главните настани со кои што градот годинава ќе го одбележи 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.