TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Беџети демантираше дека го купил станот

А1 - 14.11.2002

Денеска единствено директорот на Агенцијата за информации Веби Беџети демантираше дека го откупил станот кој го користи, бидејќи немал ниту намера, ниту пак можност да го купи, поради високата цена. Според информациите на А1, меѓу корисниците кои ги вратиле становите кога им завршил мандатот е и ...

Како и кој од предходната власт купил државен стан?

А1 - 13.11.2002

Владата на Георгиевски на своите сопартијци и екс функционери, корисници на државните станови во таканаречената фунционерска зграда кај Железничката станица, им дозволила да ги откупат по цени многу пониски од вистинската пазарна вредност.

Елитата си купи евтини државни станови

Утрински - 13.11.2002

Од 70 стана во функционерската зграда во Скопје, продадени се 68, а два се диво вселени Владата на ВМРО-ДПМНЕ додели 68 службени стана, а потоа им дозволи на нивните корисници да ги откупат по цени што се далеку под вистинската пазарна вредност.

Владата остана без службени станови за новите министри

Дневник - 13.11.2002

ПО ПРОДАЖБАТА НА "ФУНКЦИОНЕРСКАТА" ЗГРАДА За новите министри што не се од Скопје нема службени станови за привремено користење, бидејќи претходната влада им овозможила на 70 функционери да ги купат тие станови. - Станбениот фонд на Владата е исцрпен.

Во социјални станови се вселиле и владини чиновници

Дневник - 13.11.2002

ПО ПРВАТА ПРОВЕРКА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА Во шест згради од вкупно 13 било утврдено дека не биле почитувани критериумите за распределба на социјалните станови според условите од конкурсот објавен во почетокот на септември од Министерството за транспорт и врски.

Бивши функционери си откупиле 70 функционерски станови

Утрински - 12.11.2002

ВЛАДА НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Електростопанство на Македонија, Фондот за земјоделство и Македонски железници, се наоѓаат пред колапс, констатирала Владата на вчерашната седница. Владиниот кабинет има и информација дека се правени големи злоупотреби при доделувањето на социјалните станови, така што ...

Клучот за социјалните станови кај новиот министер за транспорт и врски

Дневник - 11.11.2002

ЌЕ ИМА ЛИ НОВ КОНКУРС ЗА СТАНОВИ? Од новиот министер за транспорт и врски, Милаим Ајдини, ќе зависи дали ќе го поништи целиот конкурс за распределба на социјалните станови или само спорните решенија за вселување. Народниот правобранител Бранко Наумовски, кој по поплаките од одбиените кандидати ...