НА БАРАЊЕ НА ИСТРАЖНИОТ СУДИЈА ВО ВЕЛЕС Истражниот судија на Основниот суд во Велес, на барање на велешкото Основно јавно обвинителство, вчера му изрече мерка притвор од 30 дена на лицето Тони Петрушевски, поранешен благајник и архивар во Повардарската епархија, за сторено кривично дело затајување.
МПЦ Синодот на Македонската православна црква в четврток ќе одржи редовна седница на која ќе го изгради својот став по скандалозниот чекор на Српската црква, именувајќи го расколникот Јован, до неодамна владика на МПЦ, за српски егзарх на охридско-плаошката епархија.
Тони Петрушевски подигнал 57.180 евра од Трифун Костовски ВЕЛЕС - По скандалозното признавање од разрешениот владика Јован за подигнатите пари од велешката банка, вчера Секторот за внатрешни работи од Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Тони Петрушевски, поранешен ...
ПОРАДИ СОМНЕВАЊЕ ЗА ПРОНЕВЕРА Светиот синод на МПЦ в четврток ќе го каже дефинитивниот став за потегот на СПЦ Полицијата го притвори поранешниот благајник и архивар на Повардарската епархија, Тони Петрушевски, поради основано сомневање дека сторил кривично дело - затајување.
По одлуката на српската црква Епископот-скандал, митрополитот Јован (Вранишковски), кој смета дека (како Христос) секогаш може да направи точна процена и така со право да "направи бич од врвци и да ги истера од храмот сите (Јован 2,15)" што не мислат како него, деновиве уште еднаш ја потресе ...
Тони Петрушевски, поранешен благајник и архивар во повардарската епархија, денеска е притворен и против него е поведена истрага во основниот суд во Велес под обвинение дека сторил кривично дело затајување. На Петрушевски му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, потребни за истрага во која ...
„Српскиот патријарх и Саборот не можат да се помират со фактот дека Македонија е суверена држава со своја автокефална Охридска архиепископија“, изјави денеска претседателот на Комисијата за верски односи Ѓорѓи Наумов, кој смета дека поставувањето на Јован за српски егзарх во Македонија претставува ...
Го повикувам Зоран Вранишковски, поранешен владика Јован, да и ја врати донацијата од 57 илјади евра на Велешко-повардарската епархија, чиј привремен надлежен архијереј е владиката Тимотеј, за да се употребат за намената за која се донирани.
Јавно обраќање на донаторот на пари за црквата "Св. Пантелејмон" до поранешниот владика на Повардарската епархија Доколку партите во рок од една недела не бидат вратени во Епархијата, следи кривична пријава Повод за моето јавно обраќање е информацијата што се појави деновиве во македонската јавност ...
ПО ОДЛУКА НА СПЦ Светиот синод на МПЦ ќе мора да го расчини владиката Јован откако Српската православна црква го прогласи за "егзарх" во Македонија. Во спротивно, највисокиот црковен врв ќе биде соочен со големо незадоволство на верниците, предвидуваат познавачите на состојбите во македонската ...
Коментар - Катерина Блажевска Српската православна црква најави и експресно именува свој егзарх во Македонија, а Светиот синод на Македонската православна црква тоа го "регистрира" идентично на веста дека во земјава влегол уште еден влажен воздушен бран.
„Повод за моето јавно обракање е информацијата која се појави деновиве во македонската јавност дека донацијата во износ од 57 илјади евра што ја дадов со намена да бидат извршени поправки во соборната црква „Св. Пантелејмон“ во Велес биле подигнати од поранешниот секретар на повардарската епархија ...
Синодот на Македонската православна црква најверојатно ќе ги отфрли ултиматумите поставени неодамна од страна на Српската православна црква и ќе побара од српската црква да ја поништи одлуката за прогласување на владиката Јован за охридско - плаошки егзарх, пренесува „Дојче Веле“, повикувајќи се на ...
СПЦ ГО ПРОГЛАСИ РАЗВЛАСТЕНИОТ ВЛАДИКА ЗА ЕГЗАРХ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА Развластениот владика ги одбива инсинуациите за велепредавство и упорно тврди дека со стапувањето во канонско и литургиско единство со СПЦ и со прифаќањето на титулата егзарх, тој се бори за признавање и на државата, и на ...
Македонската јавност изненадена од скандалозниот чекор на Саборот на Српската православна црква ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА "Чекорот на Саборот на Српската православна црква, со која го наименува некогашниот владика на МПЦ, Јован, за егзарх архиепископ пеќски и патријарх српски, е уште една глупост од ...
Зоран Вранишковски во Битола ја промовира својата нова титула "српски егзарх за Македонија" Вранишкоски призна дека ги подигнал 57.000 евра, донација од Трифун Костовски, за велешката црква "Св. Пантелејмон" БИТОЛА - Битолчанецот Зоран Вранишковски, поранешен епископ Јован во Велешко-повардарската ...
српската црква назнаЧи своЈ управител во МПЦ За Македонската православна црква ова е уште една глупост на српските свештеници, насочена кон нарушување на односите меѓу македонскиот и српскиот народ Српската православна црква завчера го именува владиката Јован за егзарх на архиепископот пеќки и ...
По вчерашната одлука на Српската православна црква разрешениот владика Јован да го постави за канонски владика на СПЦ за Македонија, Синодот на Македонската православна црква ќе заземе став дури во текот на следната недела на редовна седница бидејќи повеќето македонски архиереи се надвор од ...
Расчинетиот владика Јован денеска се декларираше како егзарх на Охридската архиепископија со седиште во Битола и митрополит на велешко-повардарската епархија назначен од Саборот на СПЦ, најавувајќи дека ќе богослужи во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитри“, во што ќе му помогнеле верниците.
ОТКРИЕНА НОВА ПРОНЕВЕРА НА ПОРАНЕШНИОТ ВЛАДИКА НА ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА Донацијата на бизнисменот Трифун Костовски на барање на поранешниот владика Јован била префрлена на лична девизна сметка во Стопанска банка на теологот Тони Петрушевски, кој на 18 овој месец ги подигнал парите во присуство на ...
СОБОР Српската православна црква на вчерашниот Сабор со која претседавал патријархот Павле, го наименува разрешениот владика Јован за егзарх на Пеќката архиепископија и српската патријаршија, со напомена дека оваа одлука ќе биде во сила сў до воспоставувањето на целосен канонски ред во Македонската ...
Нов скандал на бившиот владика на Повардарската епархија ВЕЛЕС - Донацијата на фирмата "Кометал" од Скопје вредна 57.000 евра, со која требаше да бидат реновирани 12-те столба во соборната црква "Св. Пантелејмон" во Велес од филијалата на Стопанска банка во готовина на 18 септември ја подигнал ...
Српските владици го играат докрај сценариото за разнебитување на Македонската православна црква преку „тројанскиот коњ“, разрешениот владика Јован. Врвот на СПЦ, и покрај укажувањата за штетноста на одлуката која ќе се одрази на добрите односи на двете држави и двата народа, на денешната седница на ...
НОВ НАЛЕТ НА СПЦ ВРЗ МПЦ - Јас сум во Белград и секој момент очекувам Светиот архијерејски сабор на СПЦ да ме назначи за егзарх охридско - плаошки и за поглавар на Православната црква на Поранешната Југословенска Република Македонија", ни изјави вчера донеодамнешниот владика повардарски г.
Српската црква на вонредна седница на Соборот крои нов план за растурање на МПЦ ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Разрешениот владика на МПЦ Јован, наспроти најавите, ќе биде назначен од страна на Српската православна црква за српски владика со титулата егзрах охридско-плаошки, најверојатно, на денешната вонредна ...
Коментар - Бранко Ѓорѓевски Без оглед каква одлука деновиве ќе донесе српскиот црковен врв за разрешениот владика Јован, јасно е дека приказната со него и со експозитурата на српските интереси во Македонија штотуку почнува, или дека се уште не е завршена.
ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СПЦ Светиот архијерејски собор на Српската православна црква (СПЦ) вчера го одржа вонредното заседание во Белград, на кое се очекува да биде донесена одлука за прогласување на разрешениот владика на МПЦ г. Јован за "егзарх охридски и плаошки".
Светиот архиерејски синод на Српската православна црква денеска го започна дводневното вонредно заседание. На него, според најавите, ќе се разговара за црквената просвета за веронауката, но се очекува да стане збор и за односите со Македонската православна црква.
Светиот архијерејски сабор на Српската православна црква, утре има намера да го избере расколникот Јован за"егзарх охридско-плаошки и за поглавар на Православната црква на Поранешната југословенска Република Македонија". Ваквата намера на Српската православна црква ја обелодени Светскиот македонски ...
Прота Стојко Ристовски ја опишува неправдата спрема него и неговиот манастир во Теово Јован ми забрани да доаѓам во Велес, но и во Теово, плашејќи се да не му се случи бунт ВЕЛЕС - Во 1998 година кога се исправи како величествено црковно здание манастирот "Св.
СПЦ ќе постави свој човек, како што се вели, на црквата во ПЈРМ ВЕЛЕС- Поглаварот на СПЦ, патријархот Павле, според она што деновиве може да се слушне во Велес, се очекува на 24 септември да го интронизира владиката Јован во поглавар на, како што се вели, црквата на поранешната југословенска ...
НАЈАВЕН ЦРКОВЕН ПУЧ Портпаролот на МПЦ, господин Тимотеј, не верува во ваквите најави, коментирајќи ги со зборовите "гладна кокошка просо сонува" Расчинетиот владика Јован очекува Светиот архијерејски сабор на Српската православна црква на утрешната вонредна седница да го прогласи за егзарх ...