Собранието вчера го избра Исмаил Дарлишта, поранешен министер за правда и бивш член на Републичкиот судски совет, за нов уставен судија. Тој вчера потпиша свечена изјава со која се обврзува дека совесно ќе ја извршува функцијата и ќе ги почитува законите.
Ако до вчера гледавме партиски и претседателски драми за формирање непартиски судски совет, од денеска имаме ново, слично сценарио - претседателски драми за комплетирање на Уставниот суд. Црвенковски нема да предложи двајца уставни судии додека опозицијата не се врати во Парламентот.
Со 65 гласа "за" и со потребното Бадентерово мнозинство, Собранието вчера го избра Исмаил Дарлишта за судија на Уставниот суд. Дарлишта е поранешен министер за правда и член на Републичкиот судски совет.
Собранието избра судија на Уставниот суд, претседателот не даде кандидати Скопје /31/07/ 13:37 Македонското собрание го избра Исмаил Дарлишта за судија на Уставниот суд, сепак судот и натаму не е комплетен бидејќи шефот на државата на денешната седница не предложи двајца кандидати.
Претседателот на државата и претседателот на Собранието, Бранко Црвенковски и Трајко Вељаноски, вчера преку писма се расправаа за (не)изборот на двајца нови судии во Уставниот суд. Црвенковски одбива да даде предлози за двајца уставни судии поради неприсуството на опозицијата во Собранието.
Комисијата за избори и именувања вчера ги изгласа предлозите и Светлана Јакимовска и Рафиз Алити да бидат потпретседатели на Собранието.
Во моментот кога ќе има редовна процедура за закажување на собраниската седница, и кога како Претседател на Собранието ќе обезбедите враќање на опозицијата, јас ќе ги дадам своите предлози за членови на Уставниот суд, стои во одговорот на Црвенковски до спикерот Вељановски Изборот на нови членови ...
Македонскиот претседател бара враќање на опозицијата во парламентот и редовна собраниска процедура за да ги предложи двајцата судии на Уставниот суд.