По ослободувањето од притворот изутрината, во раните претпладневни часови струмичкиот градоначалник Зоран Заев , стигна во Струмица каде во седиштето на општинското Собрание, им се заблагодарил на сите оние кои го поддржувале.
Првата прегратка за добредојде струмичкиот градоначалник Зоран Заев утрово во Струмица ја доби од видно растреперениот татко Панче.
Претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица денеска во изјава дадена пред Парламентот во Скопје обвини приврзаници на Зоран Заев за упад во неговиот дом во Струмица и за малтретирање на неговото семејство. „Поддржувачите на Зоран Заев ова утро околу 6:15 ч.
Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите петмина соработници, кои беа во притвор поради кривично гонење за случајот „Глобал“ во Струмица, изутринава од истражниот затвор „Шуто Оризари“ беа пуштени на слобода.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој што изутринава заедно со своите пет соработници беа пуштени од притвор со одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, а врз основа на потпишаната аболиција од претседателот Црвенковски, на денешната пресконференција истакна дека власта со сите ...
По блокадите кон Скопје и Бугарија, денеска еден час беше во прекин сообраќајот на патот од Струмица кон Валандово. Членови на здружението „Правда за праведните“ и симпатизери на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници, уште еднаш дојдоа да го искажат својот револт за нивното притворање.
Последните сведоци во случајот со струмичкиот градоначалник Зоран Заев за трговскиот центар „Глобал“ вчера сведочеа пред истражниот судија со што заврши распитот.
Личната судбина на Зоран Заев, младиот и харизматичен струмички градоначалник, на искушение во притвор, се претвара во типична одредница на македонското општество во една деликатна историска фаза.
Сведоците Ефтим и Гиго Цуреви, наводно, пред истражниот судија негирале дека добиле надомест за земјиштето на кое е изграден Трговскиот центар „Глобал“ Струмичани нудат имоти како гаранција за ослободување на Заев Љубиша Станковиќ Со распит на последните четворица сведоци, вчера во Кривичното ...
Имот вреден половина милион евра нудат струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите пет соработници како гаранција за да се бранат од слобода. Секој од нив понудил имот вреден околу 80.000 евра или 5 милиони денари.
И јас сум Зоран Заев, упасете ме мене. Со оваа максима се завршуваше говорот на секој кој вчеравечер застана пред микрофонот на протестниот митинг во Струмица давајќи подршка за притворениот градоначалник Зоран Заев и петмината негови соработници.
Јавното обвинителство денеска до Судот го достави негативното мислење за ослободувањето на струмичкиот градоначалник, Зоран Заев за што се нудела гаранција од половина милион евра во недвижнини, со која адвокатите гарантираат дека осомничените ќе останат достапни за судот.
Јавното обвинителство не ја прифати кауцијата за Зоран Заев и неговите соработници. Одговорот на барањето за мислење е негативен, обвинителство смета дека треба да останат во притвор. Заев и соработниците немаат можност на кауција коментира јавниот обвинител.
Граѓанското здружение Правда за праведните денеска го блокираше магистралниот пат Струмица-Валандово на клучката кај селото Куклиш. При едночасовната блокада се пропуштаа само возила на Брза помош и други итни случаи.
И јас сум Зоран Заев, упасете ме мене. Со оваа максима се завршуваше говорот на секој кој вчеравечер застана пред микрофонот на протестниот митинг во Струмица давајќи подршка за притворениот градоначалник Зоран Заев и петмината негови соработници.
Јавно обвинителство е против пуштањето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев од притвор. Негативното мислење на Обвинителството за понудената гаранција од половина милион евра во недвижнини, со која адвокатите гарантираат дека осомничените ќе останат достапни за судот, денеска го доставија до ...
Членови и симпатизери на СДСМ, како и граѓани кои се револтирани од апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите соработници, претпладнево го блокираа меѓународниот пат кон Република Бугарија.
Стотина граѓани, членови на СДСМ и симпатизери, вчера го блокираа патот Струмица - Скопје, кај клучката за селото Добрашинци, во знак на протест поради апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев.
Сообраќајот на патниот правец Струмица - Радовиш вчера околу еден час беше блокиран од членовите на здружението за поддршка на градоначалникот на Струмица "Правда за праведните".
Пред истражен судија говореа семејствата Божинкочеви и Трендови, кои го побаруваат земјиштето Љубиша Станковиќ Две од трите семејства кои го побаруваат земјиштето на кое е изграден Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица вчера сведочеа во Кривичното одделение на Основниот суд Скопје 1 во предметот ...
Првите сведоци во случајот што се води против струмичкиот градоначалник Зоран Заев вчера беа сослушани од истражен судија во кривичниот суд.
Членови на Социјал демократскиот сојуз и граѓани кои се револтирани од апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите соработници денес до 14 часот ќе го блокираа меѓународниот пат кон Бугарија.
ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ОДБРАНА ОД СЛОБОДА НА ЗАЕВ И СОРАБОТНИЦИТЕ 30 милиони денари за слободата на Заев и неговите соработници. Адвокатскиот тим на шестмината осмничени го предаде барањето за укинување на мерката притвор.
Едночасовна блокада на регионалниот пат Струмица - Ново Село - Бугарска граница. Со вообичаениот декор од транспаренти, свирчиња, и скандирања групата се движеше кон Струмица. За момент крстосницата од влезот на градот се блокира. Не се дозволи движење на возилата.
Претставници на, како што тврдат, 33 граѓански организации од Струмица, вчера, пред истражниот затвор во Шутка, дури по шест дена од притворањето на градоначалникот Зоран Заев, решија да дојдат во Скопје и пред истражниот затвор да го изразат својот револт.
Семејствата Божинкочеви и Трендови по три часа кај истражниот судија ги избегнаа дополнителни прашања преку задниот влез на судот. Адвокатите на Заев тврдат дека по распитот на четворицата сведоци, се покажало дека семејствата немаат основа да тужат, ниту да се обвинува струмичкиот градоначалник.
Со блокади и протести струмичани трет ден им даваат поддршка на градоначалникот Зоран заев и неговите соработници. Денеска два часа беше блокиран патот Струмица-Скопје.
Сузана Тасева Наташа Јанчиќ Општинската администрација и комуналците во Струмица, во знак на протест за апсењето на нивниот градоначалник Зоран Заев, од вчера почнаа „бел штрајк“, а граѓани на Струмица одржаа протестен марш по улиците на градот.
Од вчера струмичани не можат да добиваат никакви документи кои се во надлежност на Општината бидејќи цела општинска администрација одлучи да штрајкува поради притворањето на градоначалникот Заев и неговите соработници. Паралелно, замрзнати се и сите проекти кои ги работеше Општината.
Вкупно 34 градоначалници од СДСМ и од ЛДП бараат еднаков третман за сите Почитување на уставните принципи и на начелата за владеење на правото, правна сигурност за сите, заштита на основните човекови права и почитување на пресумпцијата на невиност, се барањата на 34 градоначалници од редовите на ...
СТРУМИЦА - Вработените во општинската администрација и ЈП „Комуналец“ од вчера протестираат со неисполнување на работните обврски. Причина е притворањето на градоначалникот Зоран Заев и на неговите соработници. „По притворањето на Заев и неговата екипа, Општината не може да функционира.
Со осум сведоци и со материјално-финансиско вештачење ќе продолжи истрагата за струмичкиот градоначалник Зоран Заев, кој со петтемина соработници е во притвор во затворот „Скопје“. Тие се осомничени дека злоупотребиле 7 милиони евра при изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Притворот на Зоран Заев прекина концерт Целовечерниот концерт на Оркестарот за изворна музика на кочанскиот Центар за култура „Бели мугри“ во понеделникот вечерта во Струмица бил прекинат од поголема група граѓани, кои протестирале против притворањето на градоначалникот Зоран Заев.
Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) вчера ја одложи манифестацијата на која градоначалникот на Струмица Зоран Заев требаше да ја прими наградата за најдобар проект во општината.
Струмичани коси кубат поради притворот на нивниот градоначалник Зоран Заев. Му го скандираат името (Зоки, Зоки....), не и го даваат на полицијата, бабите солзи леат, мажите даваат жестоки заканувачки изјави во камерите, сите потпишуваат петиции за ослободување на градскиот челник, осомничен за ...
Со марш по улиците на Струмица и со блокада на патот кон Скопје, неколку илјади члена и симпатизери на СДСМ и граѓани вчера продолжија да им искажуваат поддршка на струмичкиот градоначалник и на неговите петмина соработници, кои се во притвор во истражниот затвор во Скопје.
Крива Паланка останува во ЗЕЛС Крива Паланка како општина останува во ЗЕЛС, а градоначалникот, кој е кадар на СДСМ, нема да учествува во работата на комисиите и на телата на Заедницата, додека не се средат некои работи и не се обезбеди заштита на правната држава.
Претпладнево струмичани го блокирале магистралнит пат Струмица-Радовиш кај винарската визба на Грозд, во знак на револт и поддршка на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на неговите петмина соработници.
Струмичките семејства Божинкочеви и Трендови двапати наплатиле отштета од државата за земјиштето на кое е изграден трговскиот центар Глобал - еднаш за експропријација и вторпат за денационализација.
Три часа влезот во Струмица од правецот на Радовиш беше блокиран од стотина членови на здружението на граѓани Правдина за праведните. Блокадата е нивен израз на незадоволство од притворањето на градоначалникот и петтемина негови соработници. Блиските контакти со нервозните возачи беше неодминлива.
Првите сведоци во случајот Заев ги завршија своите искази. Семејствата Божинкочеви и Трендови ги објасниле постапките за сопственоста на имотот, на кој е изграден трговскиот центар Глобал.
Утре кај истражниот судија ќе се појават првите од неколкуте сведоци за случајот Заев, пред се семејствата кои тужат за земјиштето каде што е изграден деловниот центар. Токму адвокатите со документи и денеска убедуваа дека ниту обвинението, ниту притворот не се издржани по ниедна точка.
Вработените во Општинската администрација и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ денеска ќе седат на своите места, но нема да ги извршуваат работните задачи. Вака ќе протестираат се до ослободувањето на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници.
Струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петтемина негови соработници од неделата вечер се наоѓаат во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 им изрече 30-дневен притвор.
Шокирани, изненадени и револтирани беа вчера многу струмичани по завчерашното спроведување на градоначалникот Зоран Заев и неговите петмина соработници во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Зоран Заев и неговите соработници, осомничени за злоупотреба на службената должност за изградбата на трговскиот центар "Глобал", од завчеравечер се во 30-дневен притвор.
На решението на Кривичниот совет се чекаше цели шест часа за да се обелодени дека има притвор за сите осомничени Љубиша Станковиќ Судскиот совет на скопскиот кривичен суд смета дека постои реална оправданост за определување мерка притвор за струмичкиот градоначалник Зоран Заев, бидејќи проценил ...
Вчера беа отворени неколку пункта за собирање потписи во знак на поддршка на градоначалникот СТРУМИЦА - Струмица вчера беше во шок од завчерашното притворање на градоначалникот Зоран Заев и неговите соработници.
Шефицата на СДСМ, Радмила Шекеринска, побара рамноправен третман на сите граѓани пред законите Одлуката на Кривичниот совет за одредување мерка притвор за струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петмина негови соработници и' пресуди на правната држава во Република Македонија, им пресуди на ...
Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, нема да присуствува на доделувањето на признанието од Советот на Европа за изградбата на трговскиот центар „Глобал“. Еден ден пред доделувањето, Заев и неговите пет соработници завршија во притвор - токму поради изградбата на трговскиот центар.
Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба да застане зад интересите на локалната власт, беше апелот што до ова тело го упатија 34-те градоначалници од СДСМ и од ЛДП.
СТРУМИЧАНИ НА МИРЕН ПРОТЕСТ ЗА ПОДДРШКА НА ЗАЕВ ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО СТРУМИЦА Над 200 вработени од општинската администрација и во ЈП за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица денека започна мирен протест на неодредено време во знак на поддршка на ...
Истрагата против Зоран Заев продолжува утре со испрашување на петмина сведоци. За неколку дена, откако ќе биде направено и вештачење, истражниот судија ќе го врати предметот во Одделот за борба против организиран криминал на одлука дали ќе има обвинение против шесттемина осомничени за изградба на ...
Од ЗЕЛС повикуваат политиката да се исклучи од работата на Заедницата, како и влијанието на политичките партии во функционирањето на институциите.
ЗЕЛС ГИ ПОВИКА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД СДСМ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗАЕДНИЦАТА - Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на Република Македонија денеска со соопштение ги повика градоначалниците од СДСМ да се вратат во Заедницата.
Адвокатскиот тим на струмичкиот градоначалник реагираа на обвинението против шестмината осомничени. Прашуваат чиј интерес брани обвинителство, јавниот или на приватни лица.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев беше пренесен во Истражниот затвор „Скопје“, откако Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1 определи притвор за него и за четворицата осомничени за случајот со трговскиот центар „Глобал“.
Опозициската партија СДСМ денеска информира дека на денешната свечена церемонија за доделувањето на наградите за најдобри практики, проект подржан од Совет на Европа, Европска Агенција за реконструкција и УСАИД, градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, е еден од наградените за проектот за јавно ...
Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ги повика градоначалниците на СДСМ да ја променат својата одлука за излегување од ЗЕЛС.
Градоначалникот на Струмица и потпретседател на опозициониот СДСМ Зоран Заев доцна синоќа е пренесен во истражен затвор , по одлуката за притвор што ја донесе Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1.
Заев од половина час полноќ е во келијата во Шутка. Заедно со петмината обвинети беа донесени со силно полициско обезбедување, кое остана уште некое време, откако беа внесени во затворот. Заев заврши зад решетки по упорноста на Обвинителството и на Кривичниот совет така да биде.
Политички жртви казнети заради добрата работа и угледот на градоначалникот. Вака лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска го оквалификува притворањето на потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев.
Синоќа околу 22 часот, струмичкиот градоначалник Зоран Заев пред своите сограѓани беше испратен на пат кон затворот во Шутка. Солзи и извици „Не те даваме Зоки“ громогласно одекнуваа пред општинското Собрание.
Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на струмица Зоран Заев од синоќа се наоѓа во истражниот затвор во Шутка. Во затворот се и петтемина негови соработници кои заедно со него се соминичат за злоупотреба на службената положба и овластувањата околу изградбата на трговскиот центар Глобал во ...
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера со часови расправаше дали струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петтемина негови соработници да бидат притворени, но до затворањето на весникот одлуката не беше соопштена.
Кривичниот совет на Одделението за борба против организираниот криминал при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за 30 дена притвор за струмичкиот градоначалник. Совет заврши со заседавање, но одлуката засега не ја соопштува јавно.
Заев за одлуката за притвор беше известен во општинската зграда во Струмица, каде се собраа голем број граѓани, кои реагираа на судската одлука и се обидоа да го спречат градоначалникот доброволно да замине во истражниот затвор.
СДСМ КЕ ИМ СЕ ОБРАТИ НА СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција најави дека градоначалниците на Социјалдемократскиот сојуз нема да учествуваат во работата на ЗЕЛС.
Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд вчера во најстрога тајност расправаше дали на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на неговите пет соработници ќе им се одреди мерка притвор.
СДСМ вчера испрати писма до сите меѓународни организации што се занимаваат сочовековите права, а неговите градоначалници се повлекуваат од ЗЕЛС со образложение оти притворањето е „удар врз процесот на децентрализација“ Градоначалникот на Струмица Зоран Заев завчеравечер беше пренесен во Истражниот ...
јавуваат дека градоначалникот откако бил запознаен со одлуката на советот, која ја чекал во зградата на општината во Струмица, со сопственото возило ја напуштил општината и заминал на издржување на 30-дневната казна притвор.
Цели шест часа Кривичниот совет на скопска единица одлучуваше дали струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговите петмина соработници ќе одат во притвор или ќе останат на слобода за време на истрагата за случајот со трговскиот центар Глобал.
Судскиот совет на скопскиот Основен суд 1 синоќа одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, Заев бил однесен во Истражниот затвор во Скопје.
Скопје, 28 јули (МИА) - Судскиот совет на скопскиот Основен суд 1 синоќа одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, Заев бил однесен во Истражниот затвор во Скопје.
Откако Кривичниот совет на скопскиот Основен суд еден, реши да му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и на петмината соработници, Заев и петмината обвинети сами се јавиле во затворот во Шутка на издржување на притворот, нешто по полноќ.
- Она што се случи вчера, и пресуди на правната држава, им пресуди на човековите права во Македонија и на презумпцијата на невиност- рече Шеќеринска коментирајќи ја како скандалозна мерка, одлуката за притвор на Кривичниот совет на Скопска единица, и поради како што рече преседанот, што обвинителот ...
СДСМ останува надвор од Собранието, а од денеска нејзините градоначалници го напуштаат и ЗЕЛС. Со писма до европските институции ќе реагира за непочитување на човековите права во Македонија.
Нема никакви аргументи за одлуката на Кривичниот совет на судот кој одреди притвор за Зоран Заев - таа е паушална и е против законската одлука на истражниот судија - коментира тимот адвокати на струмичкиот градоначалник откако час по полноќ Заев и неговите петмина соработници беа пренесени од ...
- Добар беше, види што направи. Фонтани прскаат, убавина. Не смеат да го затвораат - вели една жителка на Струмица. Огорчени и лути, струмичани денеска со потписи во знак на поддршка за својот градоначалник кој од синоќа, по одлука на кривичниот совет на скопска единица, замина на издржување на ...
Зоран Заев и петтемина соработници заминаа во притвор. Во неделата по полноќ со полицско комбе од Струмица беа пренесени во истражниот затвор. Специјални единици и полициски екипи ги пречекаа Заев и неговите соработници. Затворот во Шутка беше под силно обезбедување.
УТРИНСКИ ВЕСНИК: Кривичниот совет со одлука за притворање на Заев Неофицијално Кривичниот совет на Одделението за борба против организираниот криминал при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за 30 дена притвор за струмичкиот градоначалник, објави “Утрински весник“ на својата интернет страница.
Судскиот совет на скопскиот Основен суд1 вчеравечер одлучил да му биде изречен 30-дневен притвор на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев. Веднаш по изрекување на мерката, заменик претседателот на СДСМ, бил однесен во скопскиот Истражен затвор.
Социјалдемократскиот сојуз вечерашната одлука на Кривичниот совет за мерка притвор за градоначалникот на Струмица Зоран Заев и неговите соработници ја сметаат за пресуда на правната држава, на човековите права и пресумпцијата на невиност како основен уставен и демократски принцип.
Градоначалникот на Струмица и потпретседател на опозициониот СДСМ Зоран Заев доцна синоќа е пренесен во истражен затвор, по одлуката за притвор што ја донесе Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагираше на притворањето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев, најавувајќи бојкот и на работата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.