TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахмети: Груевски сака да воведе раздор меѓу Албанците

А1 - 29.07.2006

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го обвини мандаторот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека еднострано го прекинал преговорите за состав на новата влада и оти сака да воведе раздор меѓу Албанците. „Коалицијата ДУИ-ПДП со жалење констатира дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за составување на ...

ДУИ ќе ги блокира законите со двотретинско мнозинство

А1 - 29.07.2006

ДУИ ќе го блокира донесувањето на законите за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Ова се неофицијалните најави на партијата откако мандатарот ги затвори вратите за ДУИ во новата влада. Одлуката на Груевски за прекин на преговорите за партијата претставува чин без преседан, ...

ДУИ не влегува во владата

Време - 29.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПРЕКИНА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОАЛИЦИЈА Сунчица Стојановска ДУИ дефинитивно нема да влезе во идната влада, потврди вчера Никола Груевски, претседател на ВМРО - ДПМНЕ, откако го доби мандатот од претседателот Црвенковски.

ДУИ испадна од комбинациите за влада

Утрински - 29.07.2006

Груевски ја покани ПДП, која е во коалиција со ДУИ, да учествува во неговата влада Соња Крамарска Албанската партија ДУИ испадна од комбинациите за влада, изјави вчера лично мандатарот за состав на новата влада и лидер на победничката коалиција и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Влада без ДУИ, шанса за ПДП

Дневник - 29.07.2006

Од вчера почна да тече рокот од 20 дена, во кој Груевски треба да му го предложи на Собранието новиот владин состав По двонеделни преговори со ДУИ, вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски конечно пресече - во владината коалиција нема место за партијата на Али Ахмети.

ДУИ-ПДП: Во Македонија се гради коалиција за поделба на државата

Канал5 - 29.07.2006

ДУИ денеска ги изнесе синоќа донесените заклучоци на партиското раководство. - Коалицијата ДУИ - ПДП со жалење констатира дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за составување консензуална, легитимна и репрезентативна влада во интерес на сите граѓани беа еднострано прекинати од мандатарот Никола Груевски ...

Груевски ја составува владата - ротации во договорот.

Канал5 - 29.07.2006

ВМРО ДПМНЕ не ги коментира обвинувањата од ДУИ дека мандатарот води политика на дволичност и незрелост ВМРО ДПМНЕ не ги коментира обвинувањата од ДУИ дека мандатарот води политика на дволичност и незрелост. Најавуваат дека може в понеделник да излезат со реакција на нивните условувања дека нема да ...

Засега нема реакција од ДУИ за одлуката на ВМРО ДПМНЕ

А1 - 28.07.2006

Засега нема реакција од ДУИ и Али Ахмети за информацијата дека нивната партија дефинитивно не влегува во владата. Врвот на партијата цело попладне на состаноци, далеку од очите на јавноста. Неофицијално за вечерва во 20 часот во седиштето на ДУИ во Мала Речица ќе се одржи седница на централното ...

Разговорите продолжуваат, денеска решение за ДУИ

Време - 28.07.2006

СРЕДБА НА ЏАФЕРИ И СЛАВЕВСКИ Трајко Славевски Муса Џафери Денеска и дефинитивно треба да се знае дали ДУИ ќе добие место во владата на ВМРО-ДПМНЕ или ќе биде опозициска партија, најавија потпретседателите на партиите, Муса Џафери и Трајко Славевски, по вчерашната двочасовна средба во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја спуштаат топката и се приближуваат до договор

Утрински - 28.07.2006

Двете партии ги обвинија медиумите дека се виновни за нивните недоразбирања БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги обвинија медиумите дека се виновни за досегашните недоразбирања во разговорите меѓу двете партии за формирање на новата влада и се договорија да ги продолжат разговорите на таа тема.

Новата влада тежок камен за мандатарот

Утрински - 28.07.2006

Кои се причините за тишината во ВМРО-ДПМНЕ? ДУИ, внатрешни проблеми, нови калкулации? Соња Крамарска Изминаа дваесетина дена од победата на „портокаловите", а новата власт што треба да ја воспостават сж уште ја нема. Со оглед на тоа дека мотото на нивната изборна програма беше „Преродба во сто ...

Калашниковите ја погодија целта?

Дневник - 28.07.2006

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славевски вчера го прифатил објаснувањето на Муса Џафери од ДУИ дека изјавата за калашниковите била извадена од контекст и напумпана од медиумите Делегации на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ денеска ќе го продолжат дијалогот за евентуална коалициска соработка.

Има ли договор меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ? - партијата на Груевски нуди логистика на локални ниво

Канал5 - 28.07.2006

Пред Груевски да ја соопшти одлуката дека ДУИ не влегува во владата, преговарачите Славевски и Милошоски ова веќе јасно им го кажале и на Теута Арифи и Муса Џафери. Пред Груевски да ја соопшти одлуката дека ДУИ не влегува во владата, преговарачите Славевски и Милошоски ова веќе јасно им го кажале и ...

Утре нови преговори ДУИ - ВМРО ДПМНЕ

А1 - 27.07.2006

ДУИ се врати на преговори со ВМРО ДПМНЕ. Ќе продолжат и утре но, не кажуваат за што преговараат, ова го најавија двете партии. „Ние ги расчистивме тие прашања кои беа во медиумите. Утре ќе има меѓу двете делегации средба и ќе се продолжува со разговорите.

Миловановиќ: ДУИ ќе биде конструктивна партија

А1 - 27.07.2006

Амбасадорката Миловановиќ се надева дека ДУИ ќе биде конструктивна партија и нема да доведе до дестабилизација на односите во Македонија. „Не предвидувам дестабилизација на Македонија. Мислам дека не се соочувате со какво било нарушување на стабилноста.

Денеска преговори ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ

Време - 27.07.2006

ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА НИКАКО ДА ПРЕСЕЧЕ Уште денеска ќе продолжат преговорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за евентуалната можност партијата на Ахмети да остане во власта, но шансите за такво нешто се само теоретски, тврдат за „Време“ партиски извори.

Врховниот суд ги одби жалбите на ДУИ и на ДПА

Утрински - 27.07.2006

Врховниот суд како неосновани одби девет од десетте поднесени жалби од ДУИ - ПДП и од ДПА, информираше Државната изборна комисија. Според одлуката која беше соопштена во вторникот вечерта, делумно била уважена жалбата на ДПА, што се однесува на избирачкото место 1.985 во Голема Речица, но со оглед ...

Сагата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе заврши куртоазно

Дневник - 27.07.2006

Партиите на Никола Груевски и на Али Ахмети ќе се разделат пријателски на средба, која ќе е крај на меѓусебните пресметки преку медиумите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе се сретнат деновиве, но шансите партијата на Али Ахмети да влезе во власта се минимални.

Откочен дијалогот меќу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ - Муса Џафери се правда ме извадија од контекст

Канал5 - 27.07.2006

ДУИ и ВМРО ДПМНЕ го скршија мразот, Трајко Славески и Муса Џафери по заладените односи денеска на средба на неутрален терен, во македонското собрание. Има ли шанси Ахмети да стане коалициски партнер на Груевски. ДУИ и ВМРО ДПМНЕ го скршија мразот, Трајко Славески и Муса Џафери по заладените односи ...

ДУИ се враќа на преговорите со ВМРО ДПМНЕ

А1 - 26.07.2006

ДУИ се враќа на преговорите. По медиумските препукувања и по интервенција на странците, ВМРО ДПМНЕ го омекна ставот. Сакале лице в лице да им кажат на ДУИ што мислат за понатамошната соработка со нив. „Ние сме отворени за дијалог, мислам дека во наредните денови ќе се создадат услови за еден таков ...

ДУИ чека покана, а Груевски веќе ги дели министерствата со ДПА

Време - 26.07.2006

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ВЛАДА Додека ДУИ се уште чека покана од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на разговорите за составот на новата влада, во партијата на Груевски молчат и ги делат ресорите со ДПА. Во ДУИ велат дека се уште нема покана од Груевски за продолжување на разговорите што беа прекинати пред ...

Ахмети се сретна со Џилиен Миловановиќ

Време - 26.07.2006

ЗАВЧЕРА ВО ТЕТОВО Али Ахмети, лидерот на ДУИ, завчеравечер се сретнал со американската амбасадорска Џилиен Миловановиќ. Неофицијално се разговарало за опцијата ДУИ да остане во опозиција. Според соопштението на ДУИ, Ахмети го повторил ставот дека мнозинството Албанци гласале за ДУИ.

Доста плачење, пораснете!

Време - 26.07.2006

БОБИ ХРИСТОВ Нема повеќе увозни палома-марамчиња за расплаканите функционери на ДУИ, кои не сакаат да се разделат од функционерските фотелји. Ваква порака до партијата на Ахмети може да се насети во двете пораки испратени завчера од Брисел.

ДУИ ја спушта топката

Утрински - 26.07.2006

Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, вчера изјави дека во јавноста намерно е наметната атмосфера дека ако ДУИ не влезе во власта, ќе предизвика дестаблизација што, како што рече, е погрешно. Според Мехмети, не треба да се навлегува во меѓусебни обвинувања или барања на извинувања.

Миловановиќ и Паиш повторно во мисија за владата

Утрински - 26.07.2006

Амбасадорите на САД и на ОБСЕ на летачки консултации со штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Соња Крамарска Амбасадорската двојка Миловановиќ-Паиш вчера и завчера изврши уште една обиколка на канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во обид да помогне да се спушти топката меѓу двете партии и да се забрзаат ...

Николас Вајт: Тактиките на ДУИ нема да дадат плод

Дневник - 26.07.2006

Тактиките со кои се користи Демократската унија за интеграција (ДУИ) за влез во новата влада нема да додат плод, изјави Николас Вајт од Меѓународната кризна група во интервју за македонската редакција на Би-би-си. - Мислам дека тактиките што се користат за да се влезе во владата не се од помош и ...

Каква партија е ДУИ?

Дневник - 26.07.2006

Зарем ДУИ е албанска партија?! Јас сум Македонец од Кочани, член сум на ДУИ токму затоа што Ахмети ни зборуваше дека ДУИ е партија со граѓанска социјалдемократска ориентација. Токму поради тоа се одлучив да станам нивни член уште во 2003 година.

Виза за Груевски, црвен картон за Ахмети

Дневник - 26.07.2006

Владата е работа на мандатарот, а ДУИ треба да се однесува конструктивно без разлика дали ќе влезе во власта, порачала амбасадорката на САД Нема да се мешаме во составувањето на новата влада. Тоа е работа на мандатарот, а ДУИ треба да се однесува конструктивно без разлика дали ќе влезе во власта ...

Арифи: ДУИ е подготвена да разговара со ВМРО-ДПМНЕ, но не преку медиумите

Канал5 - 26.07.2006

ДУИ е подготвена за сите нејасни прашања да разговара со ВМРО-ДПМНЕ, но не преку медиумите, изјави денеска по почетокот на собраниската конститутивна седница потпретседателот на ДУИ Теута Арифи Скопје, 26 јули (МИА) - ДУИ е подготвена за сите нејасни прашања да разговара со ВМРО-ДПМНЕ, но не преку ...

Не можам да видам како ДУИ би влегла во Владата

Вечер Прес - 26.07.2006

ДУИ треба да разбере дека во демократија понекогаш се губат избори и треба да им биде апсолутно јасно дека ако не бидат дел од новата влада нема ризик да ја дестабилизираат земјата, смета Николас Вајт од Меѓународната кризна група.

Вајт: Тактиките на ДУИ нема да вродат со плод

А1 - 25.07.2006

Тактиките со кои се користи ДУИ за влез во новата влада нема да вродат со плод, бидејќи на тој начин никого нема да убедат дека тие се соодветен владин партнер, изјави Николас Вајт од Меѓународната кризна група во интервју за македонската редакција на Би-Би-Си.

Дури двајца министри ќе привлекуваат инвестиции

Време - 25.07.2006

ГРУЕВСКИ ПРАВИ ВЛАДА СО КАДРИ ДОКАЖАНИ ВО СТРАНСТВО Сунчица Стојановска Двајца Македонци што подолго време успешно работат во странски мултинационални компании и консултантски куќи ќе бидат назначени за министри без ресор задолжени да привлекуваат странски инвестиции, најави вчера Антонио ...

ДУИ се уште чека покана од ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 25.07.2006

ДУИ се уште очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја повика на разговори за влез во владата, изјави вчера Теута Арифи, по церемонијата на доделувањето уверенија за пратеници. Пратеничката на ДУИ Арифи не смета дека треба да се огради или да се извини за изјавите кои наведуваат на насилство, онака како што ...

Писмото на Ахмети не го потресе светот

Вест - 25.07.2006

МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА НЕ РЕАГИРАШЕ СПЕКТАКУЛАРНО НА ЖАЛБИТЕ НА ДУИ ЕУ потврди дека го добиле писмото од ДУИ, на кое одговориле дека "очекуваат сите политички играчи во земјата да градат конструктивен дијалог за формирање на новата влада", а во амбасадата на САД вчера рекоа дека допрва ќе го ...

Груевски ќе ја засилува владата со гастарбајтери

Утрински - 25.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ ги дели ресорите, продолжувањето на преговорите со ДУИ неизвесно БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Најмалку петмина министри или советници во идната влада, која треба да ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе бидат луѓе кои моментно се на високи позиции во странски компании или ...

ДУИ има план за федерализација

Дневник - 25.07.2006

Првиот чекор на ДУИ најверојатно ќе биде регионализација на земјата, бидејќи тоа го дозволувал и Законот за локална самоуправа, но во перспектива не се исклучувале и варијантите за федерализација или за кантонизација Поранешните команданти на ОНА и највисоките тела на ДУИ се согласиле дека следниот ...

ДУИ поднесе пет жалби до Врховниот суд за прегласување

Канал5 - 25.07.2006

ДУИ денеска поднесе 5 жалби до Врховниот суд за прегласувањето за 7 избирачки места во првата и шестата изборна единица. ДУИ денеска поднесе 5 жалби до Врховниот суд за прегласувањето за 7 избирачки места во првата и шестата изборна единица.

Американската амбасадорка на кафе кај Груевски - ВМРО ДПМНЕ составува влада

Канал5 - 25.07.2006

По средбата со Ахмети, американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ денеска во седиштето на ВМРО ДПМНЕ- разговарала со Груевски. Детали од средбата не се соопштуваат - Миловановиќ не сакаше да ја коментира посетата на Груевски.

Меѓународната заедница не реагира на заканите на ДУИ

А1 - 24.07.2006

Засега се уште официјален молк од меѓународната заедница во однос на се поголемите закани од ДУИ, дека ќе прават проблеми доколку не влезат во владата. Освен потврда од американците и Европската унија дека го примиле жалбеното писмо на ДУИ, оцена за неговата содржина нема.

Жешко лето и пеколна есен

Време - 24.07.2006

ЕМИЛ ЗАФИРОВСКИ ДУИ најавува жешка и пеколна политичка есен. Претпоставките и прогнозите дека Македонија ќе се соочи со сериозна политичка, а можеби и безбедносна криза стануваат се поизвесни откако 14-те градоначалници на ДУИ решија да истапат од Заедницата на единиците на локалната самоуправа, ...

ДУИ ќе одговори со референдум за отцепување на Западна Македонија!

Време - 24.07.2006

ОТКАКО ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОТКАЧИ ОД ИГРА ЗА НОВА ВЛАДА Емил Зафировски Градоначалниците на ДУИ се подготвуваат да распишат референдум за отцепување на Западна Македонија и делови на Кумановско доколку партијата остане надвор од новата влада, дознаваме од високи партиски извори.

Бранко молчи за калашниковите на ДУИ

Вест - 24.07.2006

Саботната парада на командантите од сите пет некогашни бригади на ОНА, кои се сретнаа со лидерот на ДУИ зад затворени врати во седиштето на партијата во Тетово, вчера никој не ја коментираше. Единствено партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ реагираа каде е во целава ситуација претседателот и врховниот ...

Арифи: ДУИ не прифаќа да биде опозиција

Вест - 24.07.2006

"Демократската унија за интеграција е легитимниот претставник на Албанците во Македонија, која со победата на парламентарните избори го доби од нив мандатот да води политика и да учествува во власта, а не да биде опозиција. На Генералниот совет на партијата врз основа на ваквиот став може да биде ...

Во ДУИ драматична средба на командантите на распуштената ОНА со командантот Али Ахмети

Утрински - 24.07.2006

ТЕТОВО - Околу сто припадници на командната структура на распуштената ОНА во саботата во седиштето на ДУИ имаа едночасовна средба со идејниот воен водач, сега лидер на партијата, Али Ахмети. „Разговаравме за довербата што му ја дадоа Албанците во Македонија на Али Ахмети и му ја честитавме победата.

Пратениците на ПДП „златна тројка" за Груевски

Утрински - 24.07.2006

ПДП остана воздржана во изминатите драматични денови на закани и уцени од страна на ДУИ Соња Крамарска По кризата во преговорите со ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ја мерка тројката на Вејсели, велат најновите информации од штабот на десноцентристичката коалиција на Груевски, која собира парламентарно мнозинство ...

Командантите на вежба

Дневник - 24.07.2006

Се' понервозно, се' понелогично... само така може да се опише однесувањето на Демократската унија за интеграција, кое во саботата кулминира со средбата на партискиот лидер Али Ахмети со неговите команданти Се' понервозно, се' понелогично...

ДУИ бара влада по своја рамковна верзија

Дневник - 24.07.2006

Во државата има две мнозинства, македонско и албанско и победничките партии треба да ја формираат владата, велат во ДУИ Средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со поранешните команданти на ОНА, во ВМРО-ДПМНЕ ја толкуваат како директна уцена да продолжат разговорите за влез на ДУИ во владата.

ВМРО ДПМНЕ:Нема откочување на преговорите со ДУИ додека не се оградат од радикалните изјави

Канал5 - 24.07.2006

ДУИ очекува но ВМРО ДПМНЕ нема намера да ги продолжи разговорите со партијата на Ахмети за нивен влез во владата. Не е исполнет главниот предуслов, категорични од партијата на Груевски – бараат дистанцирање од реториката и уцените.

ДУИ да одигра позитивна улога како опозиција

Вечер Прес - 24.07.2006

Меѓународната заедница ги повикува сите партии во Македонија да се воздржат од насилство и да продолжат со конструктивен и отворен дијалог. Ова е ставот на западни дипломати кои сакаа да останат анонимни, посочувајќи ја Демократската унија за интеграција на Ахмети.

ПДП чека покана од ВМРО-ДПМНЕ

Вечер Прес - 24.07.2006

Ако Никола Груевски реши да остане во коалиција со ДПА и партијата на Ахмети остане во опозиција, неизвесно е дали и натаму ДУИ ќе ја има поддршката од ПДП како коалиционен партнер. Портпаролот на партијата за демократски просперитет, Сафет Незири вели дека се зависи од тоа дали Груевски ќе им ...

НСДП и ДПА кадровски усогласени

Вечер Прес - 24.07.2006

На Тито Петковски, лидерот на НСДП му било неважно која од албанските партии ќе коалицира се до заканите на високите функционери на ДУИ, Муса Џафери и Ахмети, дека доколку ДУИ не биде во владата „таа ќе има проблем”. - Ми беше сеедно дали во новата влада ќе биде ДУИ или ДПА, се додека ДУИ не почна ...

ВМРО-ДПМНЕ нема да разговара со ДУИ под уцени

Вечер Прес - 24.07.2006

По четиричасовен состанок на Извршниот комитет во петокот вечерта, ВМРО-ДПМНЕ реши дека нема да продолжи разговори со ДУИ доколку партијата на Али Ахмети се служи со уцени и со негативна реторика. Партијата смета дека негативните изјави на високи раководни функционери на ДУИ и заканите со оружје за ...