TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Запленуваат имот на 600 рудари стечајци за неплатена струја

Вест - 24.12.2005

ВО ПРОБИШТИП И ЗЛЕТОВО Група судски извршители од Основниот суд во Штип деновиве посетиле 600 семејства од Пробиштип и Злетово за кои биле донесени извршни судски решенија за измирување на сметките спрема ЕСМ. Извршителите овој пат ги посетиле домовите кај неплаќачите само како опомена во рок од ...

ЕСМ да се приватизира кога ќе влеземе во ЕУ

Време - 24.12.2005

ВМРО-НП СО НОВ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ВМРО-НП бара да се одложи приватизацијата на ЕСМ-дистрибуција до влегувањето на Македонија во Европската Унија. Поради тоа партијата подготвила предлог-закон за дополнување на Законот за преобразба на ЕСМ и веќе го доставила до пратениците.

Ќе се исклучуваат големите потрошувачи

Време - 24.12.2005

ПОЧНУВААТ РЕСТРИКЦИИ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА По хаваријата на трансформатор во трафостаницата „Скопје 5“ барем засега ќе нема рестрикции на електричната енергија, за домаќинствата, но такви мерки ЕСМ-Дистрибуција веднаш ќе ги воведе ако затреба.

Празнични рестрикции

Време - 24.12.2005

МИРЧЕ КОТЕВСКИ Им текна на домашните енергетски фирми да ни соопштат дека лесно може да се случи Новата година да си ја дочекаме на свеќи. Не поради одлучноста на Владата да го приватизира ЕСМ, туку поради фактот што електромрежата е нестабилна откако згасна еден трансформатор што пренесува струја ...

За Нова година купете си кандило

Вест - 24.12.2005

РИКНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРАНСФОРМАТОРИ ЕСМ вчера апелираше граѓаните помалку да трошат струја поради дефект на единствениот трансформатор од 400 на 110 киловолти во трафостаницата Скопје 5, чие санирање може да трае цела зима, бидејќи сервисот се наоѓа во Хрватска, а трансформаторот теж "Намалете ...

Италијанци, Германци и Чеси во трка за ЕСМ

Време - 24.12.2005

ЗАВРШИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈАТА Италијанското електростопанство „ЕНЕЛ“, германски „Ерве“ и чешки „Чез“ се меѓу главните фаворити за купување на ЕСМ-Дистрибуција, дознаваме од неофицијални извори во ЕСМ. Вчера заврши претквалификациската фаза во која според информациите за финалето во трка за компанијата ...

Скопјани можат да останат без струја за новогодишните празници

Утрински - 24.12.2005

Поради драстично зголемената потрошувачка на струја деновиве и зачестените дефекти Апел до граѓаните да почнат повеќе да ја штедат струјата и да не вклучуваат по неколку електрични апарати во исто време МАЈА ТОМИЌ Во цела Македонија во последните денови е драстично зголемена потрошувачката на ...

ВМРО-Народна бара одложување на продажбата на ЕСМ

Утрински - 24.12.2005

Прес ВМРО-Народна бара да се одложи продажбата на ЕСМ до приемот на Македонија во ЕУ. Пратениците од оваа партија вчера во Собранието поднесоа предлог за дополнување на Законот за преобразба на ЕСМ, со кој бараат приватизацијата на дистрибутивната компанија да се направи во моментот кога Македонија ...

Осум компании ќе се тркаат за ЕСМ

Дневник - 24.12.2005

ПРОДАЖБАТА ПОЧНА Осум странски компании се заинтересирани за купување на "ЕСМ-дистрибуција". До вчера, до 16 часот, писма со намери и апликација за учество на тендерот доставија американската корпорација "АЕС", австриската "ЕВН АГ", чешкото електростопанство "ЦЕЗ", италијанското "ЕНЕЛ", француското ...

Готов планот за рестрикции на струја

Дневник - 24.12.2005

ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА Граѓаните да штедат за да не останат без струја во текот на новогодишните празници, повика вчера "ЕСМ дистрибуција". Снабдувањето со струја е нарушено поради дефект на трафостаницата "Скопје 5" и поради зголемената потрошувачка, објасни компанијата и најави дека критични денови ќе ...

Прво во ЕУ, па продажба на ЕСМ

Дневник - 24.12.2005

ВМРО-НАРОДНА ВМРО-Народна до Собранието поднесе предлог за измена на Законот за преобразба на ЕСМ со кој бараат дистрибуцијата да се приватизира кога Македонија ќе влезе во ЕУ. - До влегувањето во Унијата ќе добиеме време за преобразба на компанијата според европски стандарди и за поголема ...

ЕСМ да се приватизира по влезот во ЕУ

Вечер Прес - 24.12.2005

ВМРО-НП бара приватизацијата на ЕСМ да се одложи до полноправното членство на Македонија во ЕУ. Партијата вчера во Собранието поднесе предлог за дополнување на Законот за преобразба на ЕСМ, за кој веќе има поддршка од опозициските партии ЛП, ЗНП, НСДП , ДОМ и ПДП.

Македонија под закана од енергетска криза

А1 - 23.12.2005

Освен во некои населби, на други места нема поголеми проблеми. Но, опасност од рестрикции се закануваат на половина Македонија. Само уште еден мал дефект е потребен за Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар во мрак да ги дочекаат Новата година и Божиќните празници.

Седум кандидати за купување на ЕСМ

А1 - 23.12.2005

Истече рокот за доставување на понудите на странските компании за купување на највредното парче од македонската економија. Седум компании доставија понуди за купување на ЕСМ - американската „АЕС“, австриската „ЕВН“, италијанското електростопанство „ЕНЕЛ“, чешкото „ЧЕЗ“ и германските „RWE и EnBW“.

Се заканува рестрикција на струја во северозападна Македонија

Време - 23.12.2005

ХАВАРИЈА НА КЛУЧНИОТ ТРАНСФОРМАТОР ШТО ГО СНАБДУВА СКОПЈЕ Мирче Котевски Скопје, Тетово и Гостивар, сосе селата, може да бидат подложени на рестрикции со електрична енергија поради хаварија на клучниот трансформатор „Скопје 5“, преку кој се снабдуваат скопскиот и полошкиот регион.

Цели населби и по три дена без струја

Вест - 23.12.2005

ЕСМ ТВРДИ НЕМА РЕСТРИКЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Електростопанство честото снемување електрична енергија вчера го оправда со големиот број корисници кои и годинава се грејат на струја. И така кревката електрична мрежа, велат оттаму, ја оптоваруваат и големиот број диви приклучоци кои уште повеќе ...

Законот за преобразба на ЕСМ пред Уставен суд?

Утрински - 23.12.2005

Иницијатива Портпаролот на здружението "Глас за светлина" , Марина Христовска, информирајќи за средбата со заменик-претседателот на Владата, Минчо Јорданов, вчера најави дека до Уставниот суд ќе биде поднесено барање за оценување на уставноста на последните измени на Законот за преобразба на ЕСМ.

Продажбата на ЕСМ пред Уставен суд

Дневник - 23.12.2005

"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" Здружението "Глас за светлина" ќе побара оценување на уставноста на последните измени на Законот за преобразба на ЕСМ, јави МИА. - Во моментов експерти ја разгледуваат оправданоста од поднесување на барањето.

Монопол пред избори не се продава!

Време - 22.12.2005

КАКО СДСМ ВО ОПОЗИЦИЈА ГЛЕДАШЕ НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ЕСМ Ако власта го продаде „Електростопанство“, ќе се доведат во прашање интересите на потрошувачите, ќе биде зголемена цената на струјата, а ќе има и отпуштања на вработени од претпријатието.

Лазаров не кажува колку барале да поскапи струјата

Утрински - 22.12.2005

ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО "Електрани на Македонија" (ЕЛЕМ) нема доставено барање до Регулаторната комисија за енергетика за нова продажна цена на електричната енергија, туку за нова производствена цена на струјата, што не мора да значи и нејзино поскапување, појасни на вчерашната прес-конференција првиот ...

Рестрикции на струја во Скопје, Волково пет дена со прекини во напојувањето

Канал5 - 22.12.2005

Рестрикции на струја во Скопје. Повеќе населби со прекини во напојувањето. Волково петти ден има па нема струја. Премрзнавме, велат жителите Рестрикции на струја во Скопје. Повеќе населби со прекини во напојувањето. Волково петти ден има па нема струја.

Струјата нема да поскапи, ама само до Нова година

Време - 21.12.2005

БУЧКОВСКИ СЕ ИСТРЧАЛ СО ИЗЈАВАТА НА МТВ Мирче Котевски Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не гарантира дека струјата нема да поскапи по Нова година. Без желба за официјална изјава, тамошни членови не застануваат зад изјавата на премиерот Бучковски, кој тврди дека цената на електричната ...

За увоз на струја в година ќе се платат 120 милиони евра

Утрински - 21.12.2005

Двојно зголемени потреби од струја кај големите потрошувачи, но и кај домаќинствата за идната година Годинава беа потрошени околу 60 милиони евра за увоз на струја МАЈА ТОМИЌ Во 2006 година Македонија ќе троши двојно повеќе струја од увоз отколку во годинава што завршува, или за три пати повеќе од ...

Со новиот тарифен модел струјата ќе поскапи 70 отсто

Утрински - 21.12.2005

ВМРО-ДПМНЕ Изјавата на премиерот Владо Бучковски, дадена пред три дена, дека струјата нема да поскапи сў додека ЕСМ е во државна сопственост, е осмислен популистички и демагошки потег, изјави на вчерашната прес-конференција, Атанаско Туневски, претседател на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Струјата во јануари ќе поскапи за 70 отсто

Дневник - 21.12.2005

ВМРО-ДПМНЕ Новиот тарифен модел чија примена е најавена од јануари идната година ќе предизвика струен удар врз џебот на граѓаните, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. - Сметките за јануари ќе бидат повисоки во просек за 70 отсто, дури и под услов цената на електричната енергија да не се зголемува, како што тоа ...

Буџетот предвидува поскапување на струја

Канал5 - 21.12.2005

Спротивно на јавно изречениот збор на премиерот Бучковски, Владата предвидува поскапување на струјата и тоа пред да се продаде ЕСМ. Тоа го напишала во буџетот за наредната година. Навела дека се очекува зголемување на цената на струјата најдоцна до април догодина.

Струјата нема да поскапи до 2007

Вест - 20.12.2005

ПРЕДИЗБОРНИ СПЛЕТКАРЕЊА СО ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА Премиерот завчера изјави дека цената на струјата нема да се промени до крајот на оваа и следната година, што е спротивно на сите досегашни експертски најави дека трансформацијата на ЕСМ налага цената да се зголеми за најмалку 18 отсто Цената на струјата ...

Низ радовишкиот водовод, наместо вода, тече политика

Утрински - 20.12.2005

Поради спорот со ЈП "Прогрес" и локалната електродистрибуција добиваат вода на лажичка Марјан Јованов вели дека водата им се исклучува од политички причини, а Павлина Стефанова поради неплатени сметки за струја Иван Бојаџиски РАДОВИШ - Зимава радовишани почесто остануваат без вода, отколку што ја ...

Струјата немало да поскапи додека ЕСМ е државно

Утрински - 20.12.2005

Премиерот контра официјалните изјави на владината Регулаторна комисија за енергетика МАЈА ТОМИЌ "Струјата сигурно нема да поскапи додека ЕСМ е во државна сопственост", децидно изјави премиерот Владо Бучковски во неделното интервју за Македонската телевизија.

Со струјата не се игра!

Дневник - 20.12.2005

СпасиЈка Јованова Со струја не се игра. Опасно е! Ова очигледно не го научил премиерот Владо Бучковски. Затоа и дозволи Владата и Електростопанство цела година да ги тренираат нервите и буџетите на граѓаните и на стопанството со најави за поскапување на електричната енергија.

Бучковски незаконски се меша во цената на струјата

Вечер Прес - 20.12.2005

Во ВМРО-ДПМНЕ се изненадени од изјавата на премиерот Владо Бучковски дека цената на електричната енергија нема да се зголеми, додека ЕСМ се наоѓа во државна сопственост. "Сметаме дека оваа изјава е испровоцирана од растечкото незадоволство на македонската јавност од приватизацијата на ...

Куртуливме од струен шок

Вечер Прес - 20.12.2005

Струјата нема да поскапи. До крајот на идната година. Која е изборна. Така кажа премиерот. А ако тој тврди, тогаш е така. Тоа што Регулаторната комисија за енергетика како "независна" институција треба да го каже последниот збор околу цените на електричната енергија, нафтата и гасот нема врска.

Регулаторната комисија се спрема за поскапување на струјата

А1 - 19.12.2005

Регулаторната комисија ги направи пресметките што треба да послужат како основа за новата цена на струјата, сега чека на официјално барање од ЕСМ, ЕЛЕМ и Мепсо. Премиерот Бучковски пак, тврди, струјата нема да поскапи. Од Регулаторната велат дека до крајот на годинава мора да се знае дали и колку ...

Американски и европски енергетски гиганти во битка за ЕСМ

Време - 19.12.2005

КОИ СЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ГАЗДИ НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА? Владимир Николоски Американската „АЕС“ со годишен обрт на средства од околу 29 милијарди долари и германската „РВЕ“ со околу 23 милијарди евра, се енергетските концерни што според моќта за инвестирање се издвојуваат од другите четири компании што ...

"Дистрибуција" ќе се продаде евтино, а струјата ќе поскапи драстично

Утрински - 19.12.2005

Ако набргу не се утврди новата цена на струјата и не се формира банка за порамнување За странските компании секоја дистрибуција е сладок колач затоа што се купува чист бизнис, кој со мали инвестиции носи милионска заработувачка МАЈА ТОМИЌ Новиот газда на АД ЕСМ "Дистрибуција и снабдување со ...

Граѓаните бараат да се сопре тендерот за "Дистрибуција"

Утрински - 19.12.2005

Протести низ земјава против продажбата на ЕСМ Организаторот "Глас на светлината" инсистира на средба со премиерот за да се стопира продажбата Граѓаните на Македонија вчера и завчера одржаа протести во неколку градови низ земјава поради продажбата на АД ЕСМ "Дистрибуција" и најавеното зголемување на ...

За влакно избегнат судир со полицијата

Дневник - 19.12.2005

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОДАЖБАТА НА ЕСМ Протестот против продажбата на ЕСМ пред Владата вчера за влакно не заврши со тепачка и крвопролевање. Бесни, револтирани и измрзнати неколку стотини граѓани двапати ги урнаа оградите пред Владата, фрлаа со снежни топки по обезбедувањето, а за малку беше избегнат ...

Кој ја одредува цената на струјата-премиерот или регулаторната комисија

Канал5 - 19.12.2005

Кој ја одредува цената на струјата - Премиерот во дебатните емисии или Регулаторната комисија како независно тело? Додека регулаторите, финишираат со анализите треба ли да поскапи струјата и за колку, премиерот Бучковски прати порака до граѓаните- поскапување нема да има ниту сега ниту догодина.