TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕХФ ќе го почека Судот

Утрински - 18.04.2002

Во Ракометниот Сојуз на Македонија стигна најавеното писмо од Виена Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе ја почека одлуката на Основниот суд во Скопје околу легалноста на одржаното Собрание на Ракометниот сојуз на Македонија што го организира Иницијативниот одбор за промени.

Огњановски кај Видерер, Петковски го чека судот

Вест - 17.04.2002

РАКОМЕТ - ПО ОДЛУКАТА ЗА БОЈКОТОТ НА ПРВЕНСТВАТА По вонредното собрание на РСМ, на кое беше сменета раководната гарнитура на чело со претседателот Душко Кадиевски, Иницијативниот одбор за промени мирува. Во понеделникот неодиграниот суперлигашки дуел Пелистер-Борец не се одигра, што значи дека ...

Клубовите да размислат што прават

Утрински - 17.04.2002

Огњановски по средбата со Видерер во седиштето на ЕХФ Генералниот секретар на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер, им порачал на клубовите-иницијатори за промени во Ракометниот сојуз на Македонија да размислат што прават "за да не бидат заведени како во случајот со судиите, па ...

Продолжуваат превирањата во Ракометниот Сојуз на Македонија

А1 - 16.04.2002

Нови моменти од ракометниот хаос кај нас. Повторно соопштение во очекување на враќање на ракометарите во салите. Раководството на сојузот предводен од Душко Кадиевски во посета на европската куќа на ракометот во Виена. На денешниот состанок со генералниот секретар на ЕХФ Михаел Видерер, првиот ...

Ѓорчепетровки го поддржуваат барањето за ослободување на просториите на РСМ

Дневник - 16.04.2002

иако немаат став за боЈкотот на натпреварите Управата на Кометал ЃП се уште нема официјален став во врска со последните неодиграни натпревари од ракометните лиги во машка и женска конкуренција, но го поддржува барањето од клубовите за сменетиот претседател Душко Кадиевски да ги напушти просториите ...

Борец им се придружи на клубовите што бојкотираат

Дневник - 16.04.2002

РАКОМЕТ - СУПЕРЛИГАШИТЕ ОСТАНУВААТ НА СВОЈОТ СТАВ И Борец од Велес им се приклучи на клубовите што најавија дека нема да играат се додека сегашното раководство на РСМ не ги напушти просториите на Сојузот Седум од вкупно десет машки ракометни суперлигашки екипи нема да ги одиграат натпреварите од ...

Клубовите со бојкот на лигите ја изнудуваат оставката на Кадиевски

Вест - 15.04.2002

СОСТОЈБИТЕ ВО РАКОМЕТОТ ДОБИЈА НАЈНЕПОСАКУВАН ТЕК Настаните во македонскиот ракомет по вонредното собрание на РСМ, организирано во средата од Иницијативниот одбор за промени, добиваат најнепосакуван тек. Со намера да ја изнудат оставката на сменетиот претседател на Сојузот, Душко Кадиевски, ...

"Судот ќе ја каже вистината"

Вест - 15.04.2002

РЕАКЦИЈА НА РСМ НА БОЈКОТОТ -Тој што ја смисли оваа режија, од која македонскиот ракомет доживеа шок, треба да се избрише од ракометниот спорт - се вели, меѓу другото, во вчерашното соопштение од РСМ, како реакција на бојкотот на клубовите и се додава: - Да се употребат играчи и деца за да се ...

"Режисерот" да се избрише од ракометот

Утрински - 15.04.2002

Соопштение од РСМ за последните случувања За настаните што се случија викендов во домашното ракометно првенство и одлуката за прекинување на натпреварите во сите конкуренции, канцеларијата на РСМ се обрати со соопштение до јавноста, во кое се вели: "Тој што ја смисли оваа режија, од која ...

Прекин на домашните натпреварувања!

Утрински - 15.04.2002

Кулминација на војната меѓу двете спротивставени страни околу РСМ САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Дерби натпреварот од претпоследното коло во машката ракометна Суперлига меѓу двата наши најтрофејни клуба, Вардар Ватростална и Пелистер, кој требаше да го даде освојувачот на пол-позицијата пред стартот на ...

Суперлига!

Дневник - 15.04.2002

Коментар - Милорад Стојмановски Остарениот ракометен храм, СРЦ "Кале", повторно ја потврди својата крепост. Шест ракометни члена на Лигата (навистина била Супер) му го кажаа своето решително "не" на Кадиевски. Има да платат за тоа сите што дојдоа да навиваат за ракометот и тие што ги вклучија ...

Дефиле на незадоволство во СРЦ "Кале"

Дневник - 15.04.2002

Шест машки суперлигаши завчера наместо да ги играат натпреварите од 17. коло, продефилираа во знак на протест за раководството што го смениле, а не сака да си оди Шест прволигаши од машката Суперлига завчера не играа ракомет.